Македонија со своите планини и високи врвови има можност за висококвалитетен зимски туризам. Моментално како активни ски центри се водат: Маврово Попова Шапка Пониква Копанки Нижополе Пелистер Галичица Но, колку всушност кај нас е развиен зимскиот туризам и зимските спортски активности? Дали според вас овие цени се прифатливи за нашиот стандард? Јас бев изненадена од цената за жичара во Маврово, 500 ден. А пред две години беше некои 150-200ден. Дали сте посетиле оваа година некој ски центар во Македонија? Споделете искуство, импресии и цени. Како сте задоволни од услугата и квалитетот кои го нудат? Овде може да ги погледнете цените на сите ски центри : https://skimacedonia.mk/cenovniki-i-rabotno-vreme/ Спојлер: Цени Маврово 2023 Спојлер: Цени Попова Шапка 2023
За Нижеполе некој да не има информација, каде може да се изнајми ски опрема? Има горе или од градот треба?
Јана Атанасовска освои подиум и постави НОВ РЕКОРД во македонското женско скијање! https://libertas.mk/ana-atanasovska...i-nov-rekord-vo-makedonskoto-zhensko-ski-a-e/
Зимата е одличен период за посета на нашите ски-центри. Иако сме далеку од тие во соседството, сепак можеме да се задоволиме со некои од нашите, кои не се за потценување. Јас не сум скијач и не знам да скијам, па не би можел точно да ви кажам која стаза е најдобра за скијање. Иако сум летен човек, сепак ја сакам и зимата и сакам снегче. На 1 јануари беше пуштен ски-центарот Михајлово со патека околу 200-300 метри. Се очекува да бидат пуштени уште две патеки од по 2км. За жал можевме да го имаме еден од најдобрите ски-центри на Балканот, но политиката и алчноста за злато, си го направи своето. Се надеваш дека во иднина ќе се надминат препреките и повторно ќе заживее ски-центар Кожуф. Дали оваа зима имате посетено некој од ски-центрите во Македонија и кој? Какви се вашите искуства? Доколку не сте посетиле, кој ски-центар планирате да го посетите? (Фото: ски-центар Михајлово)