Скок од една во друга професија-дали оправдувате?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 12 декември 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Сме ја начнале темата. Пејачи стануваат водители, актери, манекенки стануваат презентери, доктори стануваат градоначалници, па и дипломати. Во животот сретнав ветеринарен техничар и угостител кои преведуваат филмови и се преведувачи. Ваквите примери ме тераат да мислам дали е ова ок и веројатно не е. Кое е вашето мислење?
     
    На elimkd и Need for Speed им се допаѓа ова.
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    На Аргентина *, WildMk и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Сосема е ок да менува човек професии додека не ја најде онаа која го прави среќна.
     
    На golemiotmalisan, raww, Waverly Raven и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Нека се пробаат луѓето во повеќе области, не гледам ништо лошо.
     
    На oblace1, theBride, темјанушка и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Апсолутно ок. Од ова исклучувам политика кај што пример Коста Петров оти е партиско пионче стана некоја битна фаца без некоја посебна квалификација, ама настрана тоа дупкава од општество, има еден куп случаи на луѓе надвор од јавниот живот кои успешно се преквалификувале за друга професија што им носи поголем просперитет, подобри услови или сатисфакција.

    Не гледам ни една причина зошто да не е ок, секој има право со своето време и труд да прави што сака и да ги искористи своите знаења и способности.
     
    На oblace1, темјанушка, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.083
    Мислам дека не е од аспект на компетентност не е поентата да се пробуваш во нешто за кое што немаш доволно квалификации затоа што реално ретко кој може добро да извршува две или повеќе различни професии.
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Јас сум повеќе на пример, дипломат од кариера да биде амбасадор, отколку лекар кој и онака им е потребен на пациентите. На Филолошки постои разлика помеѓу оние кои студирале да бидат наставници, и оние кои ќе станат преведувачи, преведување и толкување. Во пракса сум видела дека не секогаш и професорот кој работи во настава може да се нафати да преведе книга, а како преведува ветеринарен техничар, не знам и дали е воопшто компетентен. Модели стануваат новинари, а за новинарство посебно телевизиско, има строги правила, па дури и до степен кои бои се телевизиски, а кои не, само што кај нас и без знаење можеш да се пробаш кај сакаш.
     
    На Seli20, Snowflake97 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.790
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е?
    Јас како правник а ме бидува за странски јазици и ги имам изучувано зошто да не бидам утре судски преведувач?
    Или имам талент за сликање, зошто да седам во канцеларија кога можам да бидам уметник?
    Или ме интересира политика, зошто да не бидам пратеник во Собрание?
    Што е тука толку погрешно ако некој сака да се испробува во различни полиња?
     
    На dunika, Izaabella, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Познавањето на 2 јазици на нејтив ниво е условено од факултетот што го имаш завршено?
     
    На Angie1432, Just.do.it, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Секако дека оправдувам.
    Можеби некој се пронашол подоцна во животот, во друга професија. Па дури и ако таа е сосема различна од првата.
     
    На Izaabella, oblace1, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.083
    Затоа што има посебен факултет за преведување и толкување и нормално постручен би бил судскиот преведувач кој што го завршил тој факултет и сл.
     
    На Anie93, elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Модели стануваат водителки на квази емисии, има разлика од водителка до новинар. Ни една моделка не станала новинар, јас не сум видела сериозна емисија кај што модел има улога на новинар.

    Тоа што кај нас на Балканот уживаат слава турски серии, реалити, Елена живот без стил и други бакрачи, тоа е мерило на глупоќата на народот, нормално дека ќе се сервира тоа што се бара па и такви ликови ќе уживаат медиски простор.
     
    На dunika, oblace1, Pea и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Jaс сум имала шанса да се префрлам во друга струка, и да земам хонорар на некој кој реално се образувал за таа струка, и си поседува знаење за тоа ( не дека ќе земав повеќе од тоа што денес го земам на пример). Пред повеќе години преведов документарен филм на еден колега, чисто да му помогнам, значи без хонорар, без ништо, на добра волја, и ме праша оти знаеше дека го знам јазикот. Преведов. Замислете да му направев утки од незнаење, а тие документарци се скапи и се емитуваат во странство. Темата беше сериозна. Потоа имав шанса да се пикнам да преведувам преку една колешка која знаеше за тој превод, одбив. Не сакам да земам нечие работно место, кое и онака е за ситна пара, а и не можам да потпишувам нешто за што јас диплома немам. Пред некој месец, ме бара писател, да преведувам книга ако можам. Веднаш одбив. Муабетот беше „да се договориме, што бараш...“. Демек услуга за услуга. Која сум јас да потпишам превод на книга која ќе се печати во странство, а при тоа не сум преведувач по струка. Ем земам работа на некој друг кој од тоа треба да си живее, ем поткопувам свој кредибилитет. Ме нуделе да пишувам рецензија на книга. Не дека не можам, ама која сум јас тоа да го правам кога за тоа најстручен е професор по македонски јазик. Патем, Сузана Турунџиева пишувала рецензија на една книга која ја читав, и тоа не е рецензија.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.880
    Пол:
    Женски
    Некогаш мислиме дека се насочваме кон нешто шо го сакаме, или можда и вистина го сакаме во моментот. Ама не се пронаоѓаме во работата или развиваме нови интереси. Супер е некој да се насочи кон 1 нешто цел живот и да е експерт, ама ако му здосади, која е цената? Несреќа? Нарушено ментално здравје? Ако нешто друго ги прај посреќни - go for it hun! Еве сум сега со мојава професија среќна, иако на почеток планирав да остам факултетот. Сега доучвам. Ама ако некогаш ми тргни со уметност, кладете се дека оставам се и ќе бидам слободна хипик уметкќиња шо си збора со лисјата од адамот. :D Уствари, можи ќе се пронајдам во нешто 10то. То сега шо го прам со стажот дур учам терапевтски правец, ми беше дел од најнеомилените предмети дур студирав и не се гледав тука. И сега тука сум. И сама не знам како и зошто. Ама засега ми е убо. И то засега е многу важно. Кај некои луѓе дури и преважно.
     
    На mode-kristina, crimson, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Toчно. Замисли кога Вера Мештеровиќ би била на ниво на Менче Точи која разбиваше со ексклузивни вести на времето. И Вера води сега емисија на Канал 5. Инаку, за познавање на јазици, на еден семинар собрани беа професори по англиски јазик, и имаше една Американка која е овде долго време преку мисија, таа го знае македонскиот јазик, но жената почна да се обраќа на англиски јазик и повикаа некој да преведува, оти тоа беше за професори. Една професорка сама скокна, се јави со еуфорија да преведува, по 3 реченици, Американката почна да клима со глава и прекина да зборува, и побара да стане друг да преведува. Професорката умре од срам и се правдаше после пола час дека таа имала завршено наставно, не била преведувач. А какви книги сум читала, преводот стих со стих не се вклопува и тоа мислам дека само на Балканот поминува.
     
  16. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Џабе кажуваш за демек алтруистички причини, причината поради која си одбила е тоа што си свесна дека не го знаеш доволно јазикот. Никој што е на нејтив левел на 2 јазици нема да се плаши од грешки во преводот, затоа што тоа едноставно не е можно. Уште еднаш ќе повторам, апсолутно не треба диплома од факултет за да имаш нејтив левел.
     
    На Izaabella, oblace1, ani23 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Ти кажав дека преведов документарец. Превод на книга од македонски на друг јазик не е исто што и од тој јазик на мојот мајчин јазик. Aма ти ме уведуваш дека не сум знаела, а не не сум можела. Дечко, за 1000 денари не одам да земам филм во Скопје, да го преведувам, титлувам, и враќам назад. Пола пари за пат ќе ги дадам. Имам двојазична франкофонска гимназија и диплома од положена француска матура, ни тоа мене не ме прави преведувач. Зошто при работа да земам нечие место за кое не сум компетентна, немам диплома. И не се работи за алтруизам, туку затоа што кредибилитетот е поважен.

    Патем, за книгата пари не ми понудија, ниту знам колку чини превод, оти не сум преведувач. Услуга за услуга значи да завршам работа, да те искористам и ете ти како паѓа цената на трудот.
     
    Последна измена: 13 декември 2021
  18. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Премногу сме "мали" уште од основно, средно да знаеме што сакаме да бидеме во животот.
    Луѓе сме, менуваме разни мислења и во ред е да се менуваат професиите додека не се најде вистинската.
     
    На Ajronmen и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Пола од ова не ти го разбирам, али океј. Тоа што имаш француска матура положено не значи ама баш ништо. Јазикот или го знаеш или не го знаеш. Парчето хартија не гарантира ништо.
     
    На oblace1, lovestoneddd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.627
    Пол:
    Женски
    Има разлика од менување професии во обид да се пронајдеш себеси и зграпчување професии преку врски и газење на други луѓе со цел да земаш поголема плата или некоја слична корист. Првото е океј за второто дали е океј не знам ама сме сведоци на истото.

    Исто мислам дека е океј доколку си завршил факултет, а не гледаш како можеш да напредуваш во таа област, да се снаоѓаш, да дознаваш што друго можеш да понудиш и тоа да го правиш. Ова важи било каде во светот, пошто не секој може да си најде работа во посакуваната област, ама особено во држава кадешто е тешко да дојдеш до можност, шанса.
     
    На темјанушка, Snowflake97, crimson и 4 други им се допаѓа ова.