Сигурно на некој од вас му се случило да му вртат на скриен број и вие да вртите ...но сакам да знам како се снаоѓате во ваква ситуација???
Кревам, ако не одговара на второтомое АЛО, тогаш спуштам и после и да звони не кревам. А доколку мене ме бараат, ако не се претстави и не знам кој е, одма спуштам и повеќе не кревам.
Колку пати ми вртеле со скриен број. Ми ѕвони мобилниот и јас секако не знам кој е, се јавувам ќе речам „ало“ и ако не збори или пак почне да се смее знам дека некој се зафркава и одма спуштам. Еднаш некој/а ептен упорен/а пола саат без престан ми титкаше (некогаш и подолго ми ѕвонеше моб.) ама го баталив и го ставив на нечујно. После пропуштени повици колку сакаш.
Не ми ѕвонат многу често со скриени броеви,ептен ретко, им дигам и ако видам дека сакаат да се зафркаваат им спуштам.
А дали некоја од вас феминки знае како може да се дознае бројот кој врти всушност како непознат број???
Едноставно, не кревам. Сигурно е за заебанција ако врти со скриен број. Друга причина не гледам. Во секој случај нема да дознаете кој ви врти, затоа и вртат со скриен.. сигурно нема да ви се претстават. На кој му требам ке ѕвони без тараба.
Jас уште повеќе сум “параноик“. Не кревам на скриени броеви и на броеви што не ги знам. Се' се мислам дека се луѓе кои не сакам да ги чујам, а купиле нов број. Едноставно таков принцип и точка што да правам. Ако сакаш да ми се јавиш, претстави ми се како човек, пиши смс да знам кој/а си и после може комуникација. That's how awesome I am.
Кревам ќе речам ало и ако не одговара или се смее спуштам Ми се случило еднаш за една бројка да го згрешам бројот на мајка ми и ми се јави едно дете и јас спуштив и цел ден ми вртеше последниот пат му се јавив и му реков извини грешка беше ама ти навистина претера со ова Потоа ниту се осмели да титне
Е да ти кажам и јас по ист принцип се водев, ама, ете пред некое време ми ѕвонеше број што не го знам и не дигнав, А тоа да ти биле од едно место кај што сум пратила цв за работа а јас и веќе сум заборавила. И ете ти си испуштив прилика. Понекогаш едноставно не бара некој на кој вистински му требаме, а ние не дигаме. Никогаш нема да знаеш кој е ако не дигнеш, мислам на оние кои вртат со број. А за скриениот број дефинитивно некој што нема храброст да се покаже кој е
Често ми се случува да ми звони некој со скриен број. Но, не се јавувам. Ако е многу упорен ќе се јавам од радозналост и ќе одлучам дали да зборувам или не.
Мене едно време се скриен број ми ѕвонеше и кога ќе се јавев,ништо,молчи..и потоа ставив reject на скриени броеви...
Еднаш еден ми ѕвони и со другарка ми паднавме од смење... Ѕвоне телефонот и вика -АЛО! И он со кој разговара (не си го кажам името).. И во моментот ми текна Цветанка... -И јас викам-Со Цветанка и овој вика аааа Петранка е многу убаво име... Му спуштив полсе ѕвонеше едно 20 пати а јас не му кревав...и на крајо ми пукна филмот и му викам Ако ти го викнам дечко ми нема да знаеш кој си и што си ...спушти и не се јави... И после дознав чии е бројот мислам го пријавив...на некој шиптар бил... Многу често ми ѕвонат ама не кревам..освен кога сум расположена за зафракавање..
па да ми ѕвонат со скриен број...јас најчесто не кревам но некогаш кревам зависи како сум расположена а дека и јас на некој му ѕвонам со скриен број...да ..то да хаха
Мноогу често ми звонат со скриен и потоа само молчат ало ало и толку... Пред некој ден ноќта околу 4 ми звонат викам ало молчат ама мене мнгу ми се спиеше и сум заспала молчејки на телефон сабајлето гледам 21 мин разговор уау
Многу често ми вртат од скриен број, а и јас вртамм се разбира Им кревем дека мн често знаат тоа да бидат мои другари/ки, но и некогаш коа ќе ми биде досадно па ќе кренам кој и да е се зезам со него. А и братучедка ми така го запозна нејзиното сегашно момче. Некој му го дал бројот нејзик и он и вртеше од скриен број, она му се јавуваше и така си збореа. Уште од првиот пат коа и се јави знаеше дека е он му го позна гласот. И така се роди голема љубовв