1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скршеници (фрактури)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Xepp, 27 октомври 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Може и не ви е баш до тие теми итно е, битно е... Ама си имаме проблем бе луѓе,всушност татко ми си има. Си ја скрши ногата, поточно петата и друг дел, лом е де... Му ставија гипс пред некој ден, арно ама прстите на ногата кај што му е гипсирано кај кокалчњата му посинеле... Како модринка имаат, ајде бргу кажувајте што да правиме, алтернатива ова она, и го боли доста, а да и кажете нешто за побрзо зараснување на коските :)
    Ајде мои мили феминки брзо помагајте, како занете и умеете... за тато е не за друго :)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Итно е...

    Нема начин за коската побрзо да заздрави... барем јас не сум слушнала за такво нешто. Татко ти треба да ја држи ногата во мирување, да не ја малтретира многу, да пие нешто за болки ако му дале докторите и да не се нервира зошто си прави само полошо и на себе и на вас околу него. Тоа е што е...
    Со лесно нека му помине.
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Итно е...

    запобргу зараснување на коските младо сирење јогрут кисело и благо млеко во изобилство и телешки коски да се сварат и од водата да се прави супа со фиде морковце магданос било што да ставиш вазно телефки коски од месара ке си земите тоа е најбитно а му помодруваат затоа што му е пресно скршена и ја држи ниско значи нека ја крева ногата на столче или на кревет односно на повисоко ниво од срцето тоа подразбира да си лежи повекето време станување до вц и пак назад инаку ке му помодрува и ке го боли ова од искуство го пишувам не го тропам на памет
     
  4. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Итно е...

    Да за синилото највеќе ме интересираше, инаку пие и таблети и млеко, и сега супа од телешки коски... Ама значи за синилото ногата повисоко од срцето?
     
  5. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Фрактура на потколеница кај трудница... Освен парацетамол за болки, ништо друго не е дадено... Зарем не треба да пие калциум или нешто? Тоа барем не е штетно, или јас сум измешала некој поим? Имал некој ваква ситуација или некој совет да дадете? Освен по 2л млеко да се пие :rofl: Поздрав
     
  6. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    девојки...ве молам за помошшшшшш. :sweat:
    значит порано левата рака ми беше затворена..и сеа наболнивца ми ја отворија и ми ставија гипс.. но многу ме боли..ми кажаа да пијам аналгин па дури и витамини за зајакнување по мое си пијам ама ништо не помага...Што би ми препорачале? :(
     
  7. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    нема ли некој нешто да каже?
     
  8. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Друштво,
    Скршеница на нога, гипс 6 недели, не плашат дека не ќе може да стои, терапија ќе треба 2 месеци, саката..... дрн дрн...
    Мене не ми изгледа верно, па ако зарасне убаво, зошто да не функционира? Ај разбирам дека треба време за мускулатурата, ама па саката??? Од скршеница?
    Ај, ве молам, кој поминал вакво нешто нека не охрабри ;(
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Зависи од скршеницата каква била, целосна, нецелосна, отворена, затворена, на кое место, која коска, зависи и од лицето, поточно од општата здравствена состојба на организмот како и од возраста. Многу работи влијаат на тоа каква ќе биде состојбата после фрактура на ногата. Ама во принцип, брзо и чисто зараснуваат ако правилно се репозиционираат (макар и оперативно), и ретко има проблеми понатаму. Меѓутоа, ако се работи за постара личност (да речеме над 60 години) малку побавно ќе оди опоравувањето, може да има потреба од подолг период на физикална терапија и можеби ќе биде потребно помошно средство (штаки, бастун, дубак...).
     
  10. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Благодарам за одговорот, се работи за 30 год. девојка која цела е во паника, и рекле саката ќе остане, а скршеница е бре на нога, а не на рбет! Значи какви луѓе има, само да коментираат и да вадат од памет... а бидејќи немам сопствено искуство, реков да прашам и да ја охрабрам
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    горда
    да знаеш дека скрениците како што минуваат годините на промена на времето боли-ова од лично искуство ти кажувам, и јас имам неколку скршеници, некои болат, некои не
    а за можна сакатост постои решение-ортопедското здружение Славеј изработуваат специјални влошки што се ставаат во чевли за да се изедначат двете нозе-и ова е од лично искуство, носев ко помала бидејки како последица на сообракајка десната нога ми е пократка за 1цм и пол(здробена била коската) ама не се познава-јас чуствувам ако имам повеке тежина на десната страна функционирам најнормално и воопшто не се чуствувам помалку вредна заради тоа :)
    ова ме потсети на болни моменти на кои најискрено не сакам да се секавам ;(
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    и јас имав неколку скршеници за среќа добро поминаа но сега кога се менува времетоме вртат ме болат премногу но тоа е штое
     
  13. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    2.518
    Јас имам фрактура на скочен зглоб,не е голема скршеница.Ногата ми е во лонгета недела дена а ќе треба да ја носам уште 4 недели :devil: Постои ли некоја шанса да се извади малце порано пошто побудалев веќе неможам да ја поднесам.Иначе сега се движам со штаки ама ме интересира дали за отприлика 2 недели би можела по малце да одам без нив?Или па да не има некои последици?
     
  14. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Види, ни еден доктор не би препорачал рано вадење на лонгетата/гипсот бидејки постои шанса за неправилно или непотполно зараснување на скршената коска. Јади повеке калциум, ама не суплементи туку млеко, сирења, кашкавали(никако топени сирења, зденки).
    И тоа дали би можела да одиш без нив ти најдобро си знаеш но колку повеке можеш одмарај, и немој да мислиш дека откако ќе ти ја извадат лонгетата, дека зглобот веднаш ќе ти биде како порано, туку потребна е физикална терапија за да се врати пак во првобитната состојба.
     
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    2.518
    А колку време отприлика ќе биде потребно за пак да се врати во првобитната состојба? Иначе ако можам да одам без штаките нема да се деси нешто ако одам без нив? Нешто како на пример да се измести коска,да пукне нешто итн...?не мислам на којзнае колку одење туку онака по неколку чекори.
    Извинете што толку замарам ама прв пат ми се случува вакво нешто и премногу сум изнервирана,напната,нема искачања,нема штикли.. ;( ќе пукнам дома :@
     
  16. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Како мала бев мајстор за вакви работи.Имам кршено нога 4 пати а рака 5 пати.Фала богу сега за сега немам кршено ништо,се надевам така ке остане :D
     
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    2.518
    После вадење на лонгетата на нога колку време ќе треба да идам на физикална? И ако може да ми кажете како изгледа одприлика,што се прави? :)
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Извини не сум ги видел претходните прашања и затоа не ти вратив иначе времетраењето на физикалната ќе ти го одреди доктор, одприлика 10-14 дена, па вака се прават специјални вежби, потоа имаш масажи, терапија со ниски електрични шокови(се чувствуваат како вибрации ништо страшно), терапија со парафин...
    Времетраењето на една сеанса физикална терапија во еден ден трае од прилика 2 и пол можеби 3 часа. Но верувај сето тоа вреди бидејки многу помага. И без нервоза :D

    И ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
     
  19. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Знам дека млекото се користи за здрави коски, ама пукнатините да зараснуваат од него :^)
    Јас вчера си го пукнав колкот, и буквално се задавив од млеко во овие 20-30 часа. Има ли шанси пукнатината побрзо да зарасне ако пијам млеко ? :?:
    Ми се згрози веќе, не можам да го поднесам, па морам да прашам :) Барем да не пијам залудно ако не помага ;)
     
  20. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    :tmi:
    Калциумот дефинитивно помага во зараснувањето на коските, но ти може да испиеш и еден тон млеко за еден ден ама баш ништо нема да ти зарасне. Значи треба 3-4 недели додека да зарасне тоа комплетно и затоа се препорачува поголема консумација на калциум за да се забрза процесот. Спанаќот, зелката и проќељот имаат повеќе калциум од млечните производи, ако веќе неможеш да ги пиеш овие. Но немој и да претеруваш со калциумот бидејки ништо не е здраво во ненормални количини.