ДРАМА, КРИМИНАЛИСТИЧКИ, ТРИЛЕР Филмот има и друго име. Можете да го сретнете и како Пеперутка на тркало (Butterfly on a wheel ). Во главните улоги:Пирс Бросман како Том Рајан, Мариа Бело како Аби Рандал и Џерард Бутлер како Неил Рандал, режисер на филмот е Мајк Баркер додека писателот на приказната Вилиам Молисеј. Филмот ме фасцинира. Нема да ви ја раскажувам содржината, но би ви го препорачала да го гледате заедно со вашиот партнер, бидејќи има од се' по малку и се разбира нема да ви биде досадно ниту на двајцата. Интересна приказна која на почетокот ќе ви делува доста збунувачки, но со самото развивање на дејството можеби нештата ќе ви се разјаснат. Сепак крајот во глобала е неочекуван, иако веќе на средината од филмот може да се сфати сторијата или барем да претпоставите што е работата, во никој случај нема да се разочарате, барем јас не се разочарав. После овој филм долго време размислував за љубовта - општо. Се натерав да го гледам само поради мојот, омилен Џерард Бутлер, но останав со подзината уста од целиот сплет на приказната. Уште еднаш еве доказ дека не е се' идеално како што однадвор изгледа Оценка: 8,5 од 10 Еве ви и линк за трејлерот: http://www.youtube.com/watch?v=hFBzT_cyIzQ Спојлер Искрено и се восхитував на храброста на Аби, која по секоја цена сакаше да си го спаси бракот, но и да му одржи една добра лекција на својот маж. Лекција одржана на поинаков начин,терајќи го својот сопруг да почувствува на своја кожа што значи да се биде изневерен, изигран, понижен, напуштен. Можеби за некој таа тоа што го направи е свирепо, но целосно ја оправдувам, бидејќи таа имала доволно свиреп начин на живот со тој човек. Да би била на нејзино место би го направила истото
Го гледав скоро и тоа само заради Пирс Б. кој во тоа време беше во најубавите години. Филмот е неочекуван, со интересни случки кои не ти паѓаат на памет дека наредно ќе се случат, еден од нив е моментот со парите кога ги фрли во вода-дури и јас викнав неее интересна игра на психичка и физичка издржливост на главниот лик, тест до каде е спремен да ‘оди’ и направи за најблиските, интересен крај и разврска на целата приказна.