Еве женски, јас денес бев кај овој доктор и ми остави многу убав впечаток. Имавме разговор околу 40 минутки за мојот животен стајл и што јас очекувам од овој начин на исхрана. Диетата ќе ми биде изготвена во рок од 2 дена. Ме интересира има ли некој кој бил кај Др. Митов
Слушај си ги советите од докторот, одличен е. Моја блиска личност одеше кај него за да и направи режим на исхрана со оглед на состојбата во која беше и е презадоволна.
Маж ми беше поради проблем со шеќер висок холестерол и триглицериди. Следеше режим повеќе од 3 месеца (со постојани консултации со докторот) ама остана на тој животен стил и понатаму. Сега дома не купуваме сувомеснато (претходно цело време тоа јадеше) се храниме цело семејство поздраво и супер ни е. Маж ми има топ крвна слика и е презадоволен од докторот.
Се надевам на истото, покрај слабеењето и воведување здрави навики, секако кај мене имс вишок после породување.
Докторот е одличен, најбитно е што изработува индивидуални планови, наместо една диета иста за сите. Продолжи, нема да згрешиш.
И јас го препорачувам, иако не секогаш се согласувам со тоа што го кажува. Познавам луѓе што им правеше диети за шеќер, а имам слушано и негови вебинари за мотивација. Прво си мислев "о не, не уште една Валентина или Ана, со 3 месеци курс во Лондон или сликчиња со добар газ" но со тек на време видов дека се работи за професионалец. И не би сакала да ги потценувам другите што прават диети (секој клиент си одбира што е најдобро за него и за џебот), но мислам дека за вакви работи доктор си е доктор.
Татко ми пратеше режим на исхрана кај човеков, и мама знам беше на некоја диета.Ептен задоволни се. Докторов е баш доктор
Здраво, а каков му е методот на работа? Дава за секој ден мени, заедно со рецепти или само генерални насоки? Секој ден различно мени?
Секој ден различно, со рецепти и сето тоа некако ми е многу мотивационо и тоа што самиот доктор стои на располагање. Јас сум презадоволна и ептен мотивирана
Девојки која е процедурата за диета кај докторот? Дали со крвна слика се оди кај него? Или таму тој ги прави тие проверки. Дали некој ослабел кај него?
Razgovor i meni kaj MITOV se 3000 den? Te molam pisi ako sakas za menito kolku kosta hranata na mesecno ili nedelno nivo,i dali ima nesto posebno?
Која цена е консултација кај него? Не зборувам за месечен план на исхрана, туку само да отидам на разговор