Славење родендени!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Steff.Unique, 1 април 2012.

  1. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Дали ги славите вашите родендени Феминки? Како и каде сакате да ги славите? Дали ги доживувате како нешто големо или сепак тоа е само обичен ден за вас? :) :* :party:
     
  2. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Зависи кога како.Кога бев помала сакав да имам многу гости,другарки,голема забава и слично.Како проаѓаат годините се повеќе си го доживувам роденденот како обичен ден и најчесто си ги собирам најблиските во некој кафич или ресторан и во имтимна атмосфера си го прославувам :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум родена на 2ри мај, моите секогаш ми правеа роденден во вид на излет додека не наполнив 11-12 години. Одевме во нашата викендичка, ни доаѓаа еден куп роднини, па правеа скара, печеа јагниња, правеа салати и пола од моите родендени ги поминав под ведро небо.
    После тоа почнав да славам со школски другари и другарки, блиски братучеди и одевме во пицерии, или бевме кај мене дома.
    Сега си имам оформено мал круг на луѓе со кои го славам роденденот.
    Порано премногу се замарав со тоа што ќе послужам, каде ќе славам, што ќе облечам, ама тоа веќе не ми е ни толку важно. Важно ми е луѓето кои ми се блиски да бидат со мене кога ќе си замислам желба и ќе ги дувнам свеќичките :)
     
  4. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Мене роденден ми е на лето, 24 јуни. Порано го славев заедно со мојата најдобра другарка по пицерии кога бев помала на неа и беше на 26 јуни роденден. Блиску ни беа родендените и затоа. :)
    Сега осмунаесетиот роденден планирам да го славам дома во кругот на моето семејство, некои луѓе со кои сум блиска и секако дечко ми. :)
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.414
    Допаѓања:
    17.002
    Прво дома, па по слаткари, па пицерии, послем кафич и сега пак по дома, ама со најблиските другарки. :)
     
  6. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    порано најмногу дома го правев и во пицерии. Лани во кафич правев, а оваа година планирам дома да го правам.Нема уште многу време две недели но сепак ке размислам. :)
     
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не го славам веќе, прво ми е во лето кога ретко кој е тука, второ голем трошок би ми било да правам вистинска журка. Така да ги частам во кафич најблиските, другарки, другари и дечко ми нормално. Иако искрено баш ми се слави роденден, ама сега за сега јок :D
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Порано сум славела родендени по пицерии,слаткарници,дома,а сега најчесто собирам мал круг пријатели и славиме во некој кафич,а потоа во некоја дискотека.Какои да е не придавам големо значење,само колку онака да се одбележи.
     
  9. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сум славела до сега во еден кафич сама со девојчињата од клас,и пред некоја година со другарка ми кај неа дома бидејќи во ист месец ни се родендените,а за оваа година планираме јас,истата другарка и уште еден другар да славиме заедно.Да биде журка со многу деца ама ќе видиме има уште месец дена :)

    _________________________
    I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://s.exps.me
     
  10. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    порано славев секаде низ пицерии, слаткарници... сега повеќе сакам дома оваа година бевме со другарите и другарките во кино а потоа кај мене дома најубаво си поминав :)
     
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Порано роденденот мој го прославувавме со многу гости,со голема торта.А сега си го одбележувам само со неколку одбрани другарки,ќе ги почастам во пицерија,кафич или сеедно.А дома само најблиските роднини. :) Сега мислев негде во центар да ги викнам,ама со автобус не ми изгледа баш добро.Ако најдам превоз таа идеја ќе се оствари.Ако не некаде во нашата околина повторно или пак дома. :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Му се радувам, со нетрпение го очекувам, го славам и ќе го славам до последниот здив!
    :D
    Има луѓе што се киселат кога ќе им спомнеш роденден, јас се радувам и на мојот и на родендените од блиските и саканите.
    Ги предупредувам бајаги порано - леле, за 2 месеци ти е роденден, се радуваш ли?
    ^_^

    - Не.
    |(

    Јас дури имам желба да славам 2 пати во годината - мојот роденден и еден не-роденден (ден кој очигледно не ми е роденден, ама ќе биде генерална проба, неколку месеци порано за вистинскиот). :D

    И така почна од дома, па слаткарници, па мали кафиЌи, ресторан и се сврте магичниот круг - пак дома, ооооогромни журки со многу луѓе, гласна музика, караоке, дување свеќички, на стари години :D , држење говори...
    За последниот демек, не сакав луѓе, сакав само најблиските, петорица, ама попатно собрав уште неколкумина, па се сторија десетина, и излезе исклучително забавна вечер, јадење, пиење, турнир во пикадо, другар ми имаше свирка со бендот, па ми посветуваше песни, :lol: па ме натераа да пеам на сцена, (нормално, при неалкохолизиран ум и разум, тоа не би го сторила, ама запеав) и беше просто магично.
    ^_^

    И така, си го сакам роденденот, едвај чекам да ми дојде наредниот, ќе правам журка секако и јас сум од оние што викаат - задолжително донесете подарок.
    :D
    Не сум од онаа баграта што вика - леле, не требало.
    Требало, требало!
    ]:)
    :D
     
    На Monna.Monna, Buttterfly, Steff.Unique и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Да си го славам сакам да го славам и сакам туѓи родендени .....торта , луѓе, муабети ,мераци абе радости за што д ане го славиш еднаш годишно радост да се одбележе со драги луѓе....спремањето правењето торта исчекувањето .....
     
  14. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Oдсекогаш сум го славела роденденот со многу гости и сеуште го славам,едноставно не гледам причина да не го славам тој ми е најзначајниот ден во годината и најнормално ќе го прославам како што треба и најважно тортата мора да е уникатна,освен музиката тортата ми е многу важна како ќе изгледа..обично го славам во кафич,ресторан,дома,дискотека..,а оваа година сакам на отворено да го стаам дали покрај некој базен или слично,иначе во јуни ми е. :party:
     
  15. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Порано правев големи роденденски забави,па вакви торти,ваков фустан ова она.
    Сега со најдобрите другари и другарки во кафич,ќе ги почастам пијалок,и после тоа или у парк или низ населба ќе се мангупираме.
     
    На dangerous woman му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Јас од први март си го почнувам планирањето. Чиста случајност (или не) е тоа што мојот роденден, 27-ми март ми е воедно и најубавиот ден во годината, па морам достојно да го одбележам. Минимум една недела пред роденденот знам колку луѓе ќе бидат поканети, локација и гардероба.

    Си го љубам денот и не се срамам да признаам! :D

    Па тоа после 12 кога ќе почнат да фрчат пораки, јавувања, честитки у живо, па сите те сакаат, па поклони еден куп, па, па, па. Имам навика да го славам еден ден порано, за во стилот на Нова Година да можат да ми честитаат. Јебига, си сакам пажња за роденден. :D

    Последниов роденден ми беше тематски, сите носевме бркови и бевме господа. Еден од најдобрите родендени досега. И на крај мерачки кога ќе станам наредниот ден со мамурлак до јаја, си седнувам на фејсбук и ги читам честитките со фаца:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, babybelle, Buttterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  17. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Роденед се слави додека си жив! И се дотогаш ќе му се радувам без разлика колку години полнам.
    Како помала обично ми доаѓаше друштво дома со музика,торта се.
    Сега еве последниве 2 родендени ги прославувам заедно со дечко ми и ми се најубавите
    родендени :inlove: .
    Последниов роденден ми беше преубав,во мој стил :wasntme: Дечко ми ме однесе во еден огромен нов трговски центар,шетавме,шопинг,па бевме на ручек,па кафенце во Старбакс.Си дојдовме дома,дував свеќичка :^: и преубаво ми беше.Го славевме од сабајле до вечер :mm:
    За најблиски од секогаш ми доаѓале првите братучеди дома на мезе и на торта.
    Не сум тип што сака прославувања родендени по дискотеки.Повеќе сакам домашна атмосфера,на ручек,вечера или баш како што ми беше последниов 23 роденден.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    10.139
    Уште од мала не сум се променила по ова прашање, му се радувам од лето на роденденот што ми иде, а родена сум во есен. Последните 2 недели се веќе тешка еуфорија :D Поим немам зошто, некои и ми се чудат, као демек голема си веќе :^) Одбивам да бидам некогаш доволно голема за да престанам да дувам свеќички, да ми помине еден ден со сите најблиски на куп во одлично расположение, по повод мојот роденден.

    Особено минатиот роденден, цел ден го поминав со насмевка од 8-ца до 8-ца. Се надминаа со организација, почнувајки од утринското кафе.

    Последниве години го славам дома само со најблиските и луѓе со коишто секојдневно се дружам. Обавезно приготвувам некои интересни јадења, коктели и сл. Сакам квалитетно поминато време, со луѓе што одлично ги познавам, смеење, пеење, урлање до сабајле, добра храна, пиење и музика.

    Им се радувам на подароците, секогаш ми се погодени во последниве години, им се радувам и на честитките, а особено на сликите што се штракале цела вечер, па утредента обично се разгледуваат и придонесуваат за задржување на расположението од претходниот ден.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    За роденденот на дечко ми, станав тотално неподнослива.
    Многу рано го сконтав совршениот подарок, и едвај успеав да не ми се испушти или да не му кажам.
    На денот на роденденот, веќе вриев, му се јавив и му се развикав буквално:
    Ги гледам подароците за тебе и МНОооооГУ се убави, сакам МЕНЕ да ми е роденден!
    ]:)

    И тој кутриот, ко што го дал Господ мирен и зен ми вика оттаму - Па ако толку ти се допаѓаат, земи си ги за тебе.
    :(

    Леле бе.
    :D

    А инаку, на најдобрата другарка и е роденден на 4ти мај, во главата веќе имам замислено тематика врзана за Тито и славниот наш Гоце Делчев :D , и секако - тортата ќе биде мое дело.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Најтешкиот дел од секој роденден ми е бирањето подарок. Никогаш не знам што да купам, па многу ми е полесно кога купуваме заедно со некој за друг да избере.