Форумџика на годината

Следења, обид за насилство и демнење на улица - лични искуства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Curious cat, 3 декември 2023.

  1. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Сметам дека има огромна потреба од ваква тема.
    Во последниве неколку месеци имам забележано страшна ескалација на демнеење на девојки и жени.
    Темава ја отварам со цел да ги споделите вашите лични искуства, или искуствата на вашите блиски со цел да ни се подигне свеста многу повеќе одколку што е сега и да направиме безбедно место за сите ние кои сме најранлива категорија на вакви предатори и манијаци.
    Тука е место за да дискутираме исто така и за начини на како може да се одбраните себеси и кои места/делови и улици од градот според вас се ризични за шетање во одреден дел од денот.
    Што повеќе созревам, толку поенебезбедно се чувствувам. Последниве неколку месеци е точно кога таа реченица "Its a mans world" ја сфатив во целост. Не е ни до самата негатива од вестите и медиумите, туку обзервацијата на околината околу мене, се повеќе станува дувло на манијаци, демнеечки очи и предатори на жени и деца. Ова е нешто што одсекогаш за жал било присутно, но во последно време, од некоја причина се повеќе се чувствуваат комфортно да ги изразат тие гнасни нагони и болни фантазии.
    Како треба јас да се чувствувам кога ќе имам желба за креирање на нов живот кога толку многу underground групи на предатори го шетаат светот? Времето станува посовремено, но својата современост носи темнина и опасност.

    Кои се вашите случки? Како изреагиравте?
    Дали вашиот инстинкт е fight or flight?
    Кои се вашите рутини и мерки за претпазливост кога одите некаде?
    Дали сте биле сведок на ваков обид?
    Вие кои сте родители, особено во странство - кои се безбедносните мерки кои ги превземате за вашите деца? Без разлика дали се тинејџери или малечки.

    Споделете искуства.
     
  2. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Летово во парк бев скоро секој ден, обично со роднина или друштво, но секој пат здогледував еден висок дечко, и секој пат одеше сам.
    Дечкото е насмеан значи цело време, многу језиво е наклештен и се движи од нов дел во стар и пак во круг.
    Кога седев со тетка ми на клупа, околу нас дојдоа семејство со неколку малечки девојчиња на ролери и се движеа на патеката. Дечково доаѓа од еден крај и се врти зад нас па отиде до кај нив, забави и се движеше споро по нив додека ги гледа девојчињава, они свртеа со ролерите и се вратија околу нас, а он си продужи по патека и си го искрши вратот да ги гледа назад додека се движи. Го имам видено неколку пати слично да направи, мислам дека некој ќе го препознае за кој станува збор.

    Второ, со другарка ми во сабота, пред некој месец во 9.30 одевме по партизанска, беше точно кај Диор салонот за коса, се движевме накај Соборен храм додека црна кола со група на албанци дојде до нас, забави и се движеа толку споро колку нас затоа што друга кола на таа лента немаше, ги игнориравме ама станаа се поагресивни и почнаа да се закануваат, тргнавме побрзо ама се паркираа пред нас во уличката кај соборна, очекувавме да излезат па се свртивме и трчавме назад во спротивната насока, да не можат да се вратат во таа лента.
     
  3. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Трето, во средно, имав 14 години и се враќав од школо еден зимски ден, додека сеуште имаше сонце надвор. Имаше гужва на луѓе па не се мислев многу, само се движев. Од спротивната насока гледам висок и пуничок лик како поминува покрај мене, но има нешто во рацете и го мрда наоколу, го погледнав на секунда и сватив дека тоа му е половиот орган, он се наклешти а ја почнав да трчам дома. На добра дистанца се свртив и го видов како од толку далеку сеуште ме гледа.

    Четврто, кај судот се движев еднаш, 8 саат вечер. Одеднаш осеќам како некој убаво ме зграби за гз, мислев дека другарка ми ме познала некако и ме заебава ама се свртив и едно гадно човече насмеан избега, го извадив пепер спрејот ама беше касно, почнав да трчам по него ама ете ти пичка како бега. После продолжив да одам на роденденот ама плачев по пат, се осетив како некој да ја украл таа човечност од мене.

    Искрено луѓе, јас денес не можам да седнам на клупа без човек да ми досаѓа, дали група дали самец, онака да ми дојде да почне да ме замара или само да ми префрли нешто.
    Споделете и вие.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Имав од поодамна таква случка. Ама ми остана во памет. Ќе пробам да ја разкажам со скриени детали поради приватност, бидејќи се се чита.
    Одам за да си завршам формална работа/обврски. И секој пат одиш кажуваш добар ден, ми треба тоа, ми треба она..
    Најформален муабет, ништо приватно, ништо посебно. И помина некој период ми дое чуден еден што го гледав таму. И иско јас немам слики од мене на социјални медиуми, ми стигна рендом порака од сомнителниот човек. И секако не возвратив. Ама немам ниту мои слики на инста, фб, ниту заеднички пријатели. Ништо. И ми дојде многу страшно што реално ако некој нашол социјален медиум, утре може адресата да ми ја најде. У страшно време, живееме. Не може некој да ме предомисли во ова
     
    На Cinnamon Bun, Spicy Senorita, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Не знам дали е вистина но имам само чуено дека според телефонски број може да најдат адреса. Сеа какви ментални има... не им треба ни тоа.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Имав јас една случка во Ѓорче. Одев по една споредна уличка. А таму никој не поминуваше. Како што одев, така се движеше и колата. Црна кола и со затемнети стакла. Јас застани, таа застани. Јас појди, таа појди. Се пикнав во двор од една куќа. Колата ја снема. Двајца мажи беа внатре. Секогаш одев по главната улица, ама тој ден не. Ова се случи среде бел ден.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Еден период, ама ова зборам пред 8-10гпдини можеше да побараш на еден телефонски број (нешто како информации се викаше) да ти кажат нечиј контакт. Пример ако имаш број да ти кажат адреса. Или обратно. Се надевам таа глупост не постои повеќе
     
    На Curious cat и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Да те следи на чекор е едно, ама повеќе мажи во кола.. Тоа ми е најголем страв, одсекогаш ми бил.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Машки
    Постои, ама за фиксни броеви.
    За мобилни броеви, убаво се сеќавам дека пред многу години, купував припејд број од Телеком и ме прашаа дали сакам податоците да бидат достапни ако некој ги побара, и им реков не.
    Потоа, знам А1 нудеа опција, за 200 денари да дознаеш информации за некој број.
    Сега во последните години мислам дека такво нешто не се нуди, но ако имаш близок во некој оператор може да ти провери.

    On topic, мислам дека знам кој е типов.
    Движи цело време низ тој дел, парк, Дебар Маало, центар. Не е опасен ниту насилен, меѓутоа мислам дека само не е добар психички, им досадува на сите, и мене ми има досаѓано, или игнорирај го или повиши му глас и ќе си отиде.
     
    Последна измена од модератор: 4 декември 2023
    На eliesaab, Curious cat и Selena01 им се допаѓа ова.
  10. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Висок тенок така?
    Едино језа ме фати како ги гледаше малечките... :puke:
     
  11. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Машки
    Да, така изгледа, прилично сум сигурен дека за истиот човек збориме.
    Пак ќе кажам не е насилен, само досаден.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Понеделникот нешто чудно се случи.
    Стоиме пред пешачки 4 жени, поминува со кола млад дечко, немаше повеќе од 30 години сигурно, и снимаше со телефон, телефонот во нас насочен! И малку намали брзина кога помина пред нас, ко - поубаво во кадар да влеземе... :worried: Чудно, многу чудно, се почувствував загрозено, не можам да си објаснам што беше тоа. Зошто да ме снима некој што не сакам да ме снима?! Што ќе му е воопшто, која му беше намерата?! :@
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Не знам баш не се совпаѓа со демнеење мојава случка. Ама еве најново од денес. Се враќам во бус накај дома, зборам за градска линија. Не за забутан автобус скоро предградие. И приметив дека човекот пред мене чудно се врти накај мене. И тоа неколку пати и ме загледува. И го вади телефонот и божем се мести во косата ме фаќа мене со камерата. И сигурна сум дека ме сликаше. Не направив драма, само си се симнав. Ама да беше брат ми со мене дефинитивно ќе имаше сега на телевизија за физичка пресметка во автобус. Човекот беше скроз непознат.
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    И јас исто. Кога и да седнам на клупа, обавезно доаѓа некој да ми досаѓа. Дури и со децата кога сум. Не им е гајле ни оти деца имаш, попалени се до немај каде.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Знам дека сте се исплашиле сигурно но сте требале да му ја забележите регистрацијата па да го пријавите.
    Кај смее вака да слика/снима некој непознат.
    Шо им е на луѓево ја стварно не сфаќам, многу манијаци се накотиле, не е нормално ова у последно време.
    Реално и требало драма да се напраи, да му го зел телефонот и да му го скршел брат ти па и него исто од ќутек.
    Само не знаеш со која будала си имаш работа.

    Убаво вика @Curious cat и @Feminka22 дојде време да треба наоружан да шета чоек, поготово девојка, манијаци и психопати на секој чекор.
     
    На Curious cat, Feminka22, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Јас искрено ги жалам тие шо ме праат луда шо носам ножеви во мене. Као они многу силни, на нив демек неможе тоа да им се случи. Абе кога најмалку се надаш, тогаш може да се деси.
    Пред две три недели шетав во град со ќерка ми во количка, и еден почна да ме следи, одма го приметив. Одев напред а тој позади мене, и влегов во еден бутик за да се тргне од мене. Но и тој влезе по мене и одеше бавно позади мене. Се завртев го изгледав убаво од глава до пети за да види дека го приметив и излегов надвор му звонав на мм да дојде да не прибери. Манијакот излезе од бутикот, ме виде дека на тел зборам, се исплаши и фати на друга страна.
     
    На Anyshka, Cinnamon Bun, Curious cat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Тебе те забораив, после ми текна дека и ти си носиш ладно оружје ради претпазливост и треба, скроз те оправдувам, а и деца имаш, плус сама викаш со каков калибар на луѓе секојдневно се среќаваш по улици.

    Остај ги другите шо мислат, зашо после ако не дај Боже им се деси нив нешо тогаш те сфаќаат, така да не им се замарај.
     
    На Anyshka, Curious cat и Adidas888 им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Бевме излезени пред околу 5 Год со маж ми еден другар негов и син ми (тогаш имаше нецели 5 г) и ајде јас ќе одам по булевар со детево да се прошетаме уште малку а маж ми и другар му заминаја по пократок пат. Инаку да напоменам ноќе беше летен период. И ме застанува некој рандом човек, млад,дали имаше 35 год и ми вика дали сакам кафе да пиеме. Не знаев искрено како да му одговорам а да не бидам вулгарна бидејќи нели со непознати не знаеш што луѓе се па лошото може уште полошо да стане. Реков само не фала и продолжив. После 20тина мин повторно го сретнувам, свртел круг обратно и пак не пречека. Му викам нели гледаш со дете сум што ќе ти сум јас кафе да пиеш со мене. Во меѓувреме му се јавив на маж ми и ме пречека. Стаса навреме кога типов ме пресретна по втор пат.

    Има уште неколку случки ама тоа друг пат.
     
    На Cinnamon Bun, Curious cat и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ме имаат следено, и до дома, и надвир, и познати и непознати, пробаа еднаш на улица да ме опљачкаат, со кола ме имаат бркано, манијак ми има застанато, и некои др полични работи (да не пишувам пошто гарант не му се десило на секој, а крипи е поише)
    У главном, ептен безбедно да..
    Значи не е дека е генерално НЕбезбедно. Ама има многу непрегледани случаеви низ Скопје. Дефинитивно. А и ја ко да сум магнет за такви ситуации, или да се карам со некој абдал. Треба жените дефинитивно да имаат пепер спреј, тејзер, нож, да се тепаат, ватевер, ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ. Не за мафијашки нешто филм. Не знам шо замишљавате вие, ама можда не дај Боже ќе ви затреба нешто, и може да ви се најде.
    Пошто во елемент на изненадување, се укочуваме на секунда и не може е одма да изреагираме секогаш.
     
    На Cinnamon Bun, Curious cat и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Фала Богу до сега не сум се нашла во некоја сериозна опасна ситуација, се надевам така ќе остане и во иднина.
    Паметам една случка, мала бев, трето или четврто одд. Едно дете од клас не покани навечер на роденден, неговите имаа кафуле, оддалечено од мојот дом на некои 15 минути пешки и таму беше прославата. На враќање мајка ми ме чекаше, било еве да кажеме 10 часот навечер. Тргнавме пеш кон дома. И кога се закачи еден тип упорно по нас да не следи. Ние ќе убрзаме, и тој ќе убрза. Како што наближивме, свртевме намерно од друга улица за да не види каде ќе влеземе. И покрај тоа, пак некако налетавме на него. На крај влеговме во блиската продавница и кога излеговме веќе беше заминат. Дали било се само случајност и сме си замислиле дека не следи не знам навистина.
    Друга случка, во парк, сред бел ден, шетаме со неколку луѓе од средно. Наеднаш од позади грмушка ни се појавува лик со изваден полов орган. Да бев сама немаше да ми е сеедно но ова дури и беше смешно кога машките почнаа да го бркаат а он да бега со раскопчани панталони. :D:D:D
    Како мерка на претпазливост, внимавам колку што е можно да избегнувам осамени места, особено навечер. Ако веќе мора ретко некогаш да поминам на некое такво место, секогаш гледам да разговарам со некој близок на тел. кој ќе знае каде сум во моментот.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.