Преку широката лепеза науки и средствата за масовна комуникација осознавајќи ги луѓето секојдневно воочуваме разлики, но и сличности меѓу себеси и др. луѓе. Без разлика дали станува збор за надворешен изглед, темперамент, карактер, ставови или било која др. карактеристика веројатно побргу ни паѓаат во очи и побурно реагираме на разликите, како да сакаме да го одбраниме несвесно своето, често навидум наивна забелешка се сфаќа како атак врз сопствената личност. Луѓето кои поседуваат одлична смисла за хумор често во вакви случаи реагираат смртно сериозно бидејќи секој се сфаќа и сака себеси сериозно, да се разбереме . Разлики има веројатно колку и луѓе на планетава, но ајде да ги разгледаме сличностите. Еве, прва сличност сите имаме заеднички потреби за изобилство од љубов, грст мир во себе и во светот и трошки среќа(сам себеси се инспирирал од пост ). Друго, мислам дека сите луѓе тераат инает, сега некои се поистрајни и подемонстративни при чинот, ама мислам дека нема човек кој ама баш никогаш не се инаетел за нешто. Трето, мислам дека сите имаме по некој каприц, сега славните се на тапет за исмејување бидејќи нивните каприци се јавни, меѓутоа верувам дека ама баш секој од нас има по некоја малку налудничава каприциозна цртка во однос на јадење, гардероба, активности и така натаму. Ајде да видиме, по што друго луѓето се слични меѓусебе? Слободно изнесување претпоставки и тези од лично туѓо и слично искуство апсолутно е дозволено, не мора само научни факти да се во игра .
Само ќе нафрлам неколку сличности без анализирање, преуморна сум.... Сличности...па секој од нас сака понекогаш да биде во центарот на вниманието, секој од нас посакува да биде приметен дека нешто ново има на неговиот/нејзиниот надворешен изглед, секој сака комплименти, секој сака да му се укаже макар и мало внимание на посебен за него/неа значаен ден....итн.во иднина ќе дополнам.
vo coveckata priroda e seto toa mislam covecki e sekoj da saka da bide zabelezan da dobiva komplimenti skoro kaj site luge e slicno kako sto spomnav toa e vo coveckata priroda
Најголемата сличност која ја имам забележано досега кај луѓето - е нивната реакција кога дознаваат дека некому му се допаѓаат. И реакцијата која ја имаат потоа, кога тој / таа им врти грб и ги игнорираат. Оваа сличност е универзална - не дискриминира пол, ниту место на живеење.
Кога ќе положат или ќе паднат испит. Сите се радосни кога ќе положат,а не им е сеедно кога ќе паднат. Кога некоја мува им ги тестира нервите. Мислам дека сите сме исти тогаш,и кога тогаш,ќе ти пукне филмот и мораш да ја убиеш. Исто и комарците. Што сите велиме ''само да видам што има на фб,одма станувам'',а таму заседнуваме два саати. Сите сме исти кога станува збор за нашиот Тоше или пример,за 11 септември. Уште нешто за учењето. Најдобрата универзалка - се е поинтересно кога треба да учиш. И тогаш почнуваш да периш,да чистиш,да си го средуваш шкафот или собата.. Се освен учењето. Мислам дека сите ја имаме истата реакција кога ќе се видат со некоја личност со која не се виделе со години,или случајно ќе се присетат на неа.. Мислам дека сите го имаме оној поглед во далечина,како да сме се вратиле во времето и повторно сме искусиле нешто... Не ми текнуваат други моментално...
Секој човек има некој комплекс! Безразлика колку и да е површна личноста и да се смета за совршена, сепак длабоко во себе крие некој комплекс кој го таи и не сака да си го признае. Секој човек има потреба од психички и физички задоволства. Секој човек се плаши од смртта.
Можам да најдам сличност со некој но не и со друг. Е сега ако се земат сите, ама баш сите луѓе и меѓу нив да се бара сличност...тешко. Од моиве карактеристики нема ниту една што може да ја поседуваат баш сите луѓе.
Сите некогаш сме биле на некој љубоморни,сите имаме озборувано(барем еднаш).Тоа ми текнува сега за сега,ќе дополнам другпат.
Сличности помеѓу луѓето постојат, можеби и тоа е хемијата што ги привлекува и зближува, иако има и некое мислење дека спротивностите се привлекуваат, но јас мислам дека напротив сличностите се тие што ги спојуваат луѓето. Или, накратко, сличностите се препознаваат!