Штотуку почнав да размислувам за начин на кој малава би можела да го потроши вишокот на енергија која ја има поради ограничените активности во природа оваа зима. Гимнастиката, односно верзија на истата, прилагодена за дечиња на нејзина возраст ми се виде како одлична шанса за да поминуваме време заедно, а истовремено она да се забавува и да се "истрча". Конкретно активностите се одвиваат во релација дете-родител, односно едно лице ги дава насоките и објаснува како да се одвиваат истите, а родителот активно учествува во истите и "пази" на детето. Првичниот впечаток беше одличен, многу деца кои трчаат, скакаат, се качуваат... тон насмевки на едно место. Иако сме на листата на чекање, и на жалост не знам сеуште кога би започнала со истата не се откажувам од првичната идеја што поскоро да ја упишеме. Би било еднаш неделно по 45 минути. Што мислите за спортски или било каков вид на активности за деца на оваа возраст? Дали сте размислувале за истите или можеби веќе посетувате некоја па би споделиле искуство со другите мајки.
Малата има скоро 3 години. Во градинка ни понудија "вонредни" активности како: гимнастика,ритмичка гимнастика,фолклор и јазик. Некои еднаш,некои два пати неделно. Ние решивме ритмичка гимнастика да ја запишеме. За англиски ми е мала,не збори саглам македонски. Мора некаде да троши енергија,а зимава не е почната. Незнам..гледам родителиве и на англиски ги запушуваат децава.. Се прашувам,да не грешам?!
Јас сметам дека во моментов градинката му е доволна, бидејќи до 15 часот е на градинка, а веќе се стемнува рано и таман ми е за дома со мене да поминува време. Ако го запишам на плус активност ќе ни се скрати нашето време, а и многу би му дошло. Сепак е мал. Градинка докај 4-5 год ми е сосема доволна како место за социјализација и трошење на енергија.
Моиве одат на спорт turnen веќе оддамна. Еднаш во неделата е . Во спортската сала кај нас во местово. Еден час. Ги оставаме таму и си играат, трчаат. Една мајка ги води. Ги пази и тренира. Освен тоа малата оди на балет веќе година дена. Час од 45 минути. Почетен балет. Ама веќе имаа една претстава,лани. И супер се покажа. Балетот е добар за добро држење на телото. И педијатрите го препорачуваат. И тоа се нивните активности. Малата како претшколско дете, секој четврток оди од градинка на гимнастика. Не викнаа родителите во салата. Имавме еден час, со вежбање. И многу ми се допадна. Видов што и како вежбаат. Подавање на топка, со хулахоп подавање . Искачување по скалите, качување на гредите и сл. Овие активности им се доста. Со оглед на тоа што оди и на логопед еднаш неделно. Нон стоп сме излезени. Им пријаат активностите. Малово сакало на фудбал.. па да најдеме и тоа и дефинитивно ќе станам таксист. Гледам времето после градинка да им е исполнето. Одат кога како до 13ч или ако работам до покасно. Ама во.глобала не Ги оставам покасно од 13часот. Еднаш во неделата се среќаваат со другарчиња. Се договараме, дали кај нас или кај нив. Сум за спорт. Дали гимнастика или балет. Што ќе му се допадне на детето
Јас за трошење енергија и размрдување пуштам youtube-shake brake и среде соба вежбаме сите заедно. Многу ги сакаат децава и по сто пати ги враќаме. Големиот има скоро 3,5 години, а малата 1,5 година. Не сум размислувала да ги праќам некаде за вакви активности и не сум се заинтересирала каде и што има. Секако, игротеката зима ни е најпосетена.
Инаку што сакав уште да кажам. Со балетот се стекнува и дисциплина. За класичен балет требаше малата да има наполнети 5години. Сега е таман да оди ама тргна на друг балет и оставивме за понатаму. Балерината беше една русинка. Строга ми се слушна по телефон . Прима балерина . Нашава учителка е исто дипломирана балерина. Зумба се нуди кај нас за девојчиња. Ама ова е за поголемки.
Најдобро трошење на енергија е добро и квалитетно истрчување надвор во природа. Ама... многу често и тоа не и е доволно Имаме еден тон вишок енергија. А тек сега со зимово што ќе правиме, се плашам и да помислам. Јас интензивно последниве два-три месеци размислувам да ја запишеме на боречки вештини, конкретно карате. Најдов еден клуб каде што се согласија да обидеме, ама многу ми е далеку. Да не знаете некој клуб во Аеродром и околината каде што запишуваат помали дечиња?
И ние сме во план да ја запишеме на некоја активност за после градинка. Сакавме гимнастика. Но Во наша близина не најдов. Затоа решивме да пробаме со Спортска градинка, во Арена Јане Сандански наменето за деца 3-5 години. Ме прашаа дали е мирна, дали би слушала. Им кажав дека е многу хиперактивна и дека многу трча. Не знам дали би стоела на место за да изврши некоја активност Па затоа утре или во вторник ќе одиме на еден час пробно, ако се вклопи ќе ја запишеме. Ако ја запишеме ќе оди 2 пати неделно по 1 час. Лесни биле вежбите, вежби преку игра. Добро ќе биде ако ја запишеме. И онака лето-зима после работа го вадиме детето надвор, да се измори, да се истрча. Иначе маста ни ја вади дома
Нема во градинката такви активности? Јас така немам време после работа да ја разносувам. Ова во нашата градинка е додека децата се таму. 350 денари е месечно и два пати неделно децата вежбаат.
На родителска не спомнаа ништо. Имаат физичко секој понеделник, тоа знам. Накај 20 минути им трае часот. И часови по англиски, бесплатно за сите деца. По 15 минути им трае часот
Вакво нешто имаш и во салата во школото Александар Македонски во Н.Лисиче,мислам дека ги има на фб Штурчиња мислам се вика групата.
Знам дека имаа нешто но не ми текнуваше на името на школото. Фала многу. Ќе се јавам баш да прашам што точно нудат и дали ни одговараат термините
За мали деца не се препорачуваат структурирани активности зашто сеуште треба да го истражуваат и осознаваат светот со свое темпо. Двајца професори што навистина ги ценам уште во студентски денови истакнуваа дека неструктурирана и полуструктѕрирана игра е најдобар начин за поттикнување на развој на детето. Дури и за корекции на одредени развојни пореметувања. Како што се надградував така сфаќам дека се во право. Одење во градинка на возраст до поаѓање на училиште е сосема доволно. Сепак поттикнати од оан што другите го прават и добар маркетинг на одредени активности поттикнуваат рано укалупување на децата во организирани, структурирани активности. Некогаш и за нас да ни е полесно, да се одмориме и слично.
Со структура Мислам дека сака да каже децата треба да прават што си сакаат кога им се скока да скокаат, да трчаат кога им се трча и колку им се трча, да не бидат приморани да прават нешто што не сакаат или за што не се спремни. Во гимнастиката имаш некој редослед од вежби, па по колку мин. временски се извршуваат,дисциплина....баш ме интересира што вежбаат предшколски деца на гимнастика...ете некој ако знае нека пиши...Инаку и јас мислам дека се мали за такви работи...тоа мислам тек кога ќе тргнат во школо. Има интересни вежби на јутјуб може да пребарате за 2-3 годишни деца...едноставни, ако сакаат да вежбаат со вас.
Гимнастика со музика е тоа. Трае по 20-30 минути. И јас сум ЗА,бидејќи освен самоволието во слободни активности мора да се учат на дисциплина и мора да се третира нивното внимание. Во почеток кратко да се задржи ама и тоа е доволно. Задоволна сум што е во рамки на времето додека е во градинка.И така се по 8 часа во затворена просторија,барем нека има се менуваат активностите за да им биде интересно. Не е на одмет два пати неделно оавежување со музика и ритмика. Подобро тоа отколку ништо.
За англиски не грешиш мислам воопшто. Мене ми е многу исфорсирано одење на курс англиски па уште и пред 4г. Кај син ми во градинка имаа бесплатни *часови* по 15етина минути со песнички учење некои основни работи и тоа е ок. Ама попладневни дополнителни часови нема потреба толку рано. А и во школска возраст со оглед на тоа дека сега почнуваат со јазици не знам колку е потребно. За спортски активности да ама мислам од 4г нагоре. Во секој случај 1 вон школска активност мислам дека е доволно, некои родители си ги преоптеретуваат децата со активности цела недела, им треба време за играње, за дружење со родителите со оглед на тоа што се по цел ден градинка, школо. Плус ум е премногу напорно мислам. Јас имам проблем со големиот што не можеме да се убедиме да тренира нешто. Пробавме со карате одеше без воља се откажа. Се запишаа топтан со дригарите на фудбал и беше супер, многу сака да игра фудбал и мислам дека има и доста осет за тоа ама после неколку месеци нагло се пресече нешто и не сака да слушне да оди, најверојатно нешто му има искоментирано тренерот и толку. Блокада, никаков муабет не помага, а надвор со децава игра секогаш фудбал. И од тогаш навака се убедуваме да се одлучи за нешто ама не сака, не е мрзлив има нешто против моментот на тренер, инструктор, одење по тренинзи во строго определено време. А морам некако за нешто да го убедам важно ми е само да се раздвижува. Инаку за помали деца има и мн интересна опција, школото се вика Штурчуња и часовите им се нешто како физичко со разни активности, од гимнастика, вежбање надвор кога дозволува времето ... ги има на фб кој е заинтересиран.
И кај нас во градинка имаат еднаш неделно англиски по 15 минути и јас мислам дека е доволно,не би ја запишувала дополнително барем до кај 4-5 години,а за спортски активности е убаво сега зимоска ама пак и тие затворени простори многу не ги сакам. Инаку карате е многу добар избор. Сепак мислам дека се мали и многу не треба да се оптоваруваат,они ќе си покажат со тек на време што ги интересира.
Лично сметам дека под 5-6 години нема потреба од слободни активности за децата. Поголемиот син не го запишав на ниедна од слободните активности во градинката, и не се каам. Ниту малово не планирам, ама здравје Боже, има време. Освен училиштето единствена слободна активност во моментов што ја има големиот се часовите во Young Engineers на Стем Академијата во Скопје, каде учат за принципите на математика и физика преку користење на Лего коцки. Сакам да го запишам на некој спорт, ама потребно е некој постојано да го носи и зема, бидејќи ништо немаме во наша близина, а во моментов тоа не е баш изводливо. Сметам дека пливањето е најдобриот спорт за деца и возрасни и единствено нешто за кое не се двоумам да го запишам детето да имам базен во близина каде што се одржуваат вакви часови. За жал, засега ќе остане само на ова, понатаму ќе видиме. Физичката активност е многу важна во рана возраст, пред се за зацврстување на целото тело, особено на мускулатурата што овозможува правилно држење и седење, за да не дојде до искривување на 'рбетот поради преголемат тежина од училишните ранци и неправилното седење. Токму затоа пливањето е идеален спорт.
moeto ima 4ipol godini i tolku e aktivno sto vejke od dosada pocnuvada se nervira da razviva agresija da se kara. ili pravi nekoja belja ili igra na telefon. jas licno ne sum za da pominuva vreme na telefonski igri. se dvoumam da go zapisam na igraorna. ednas posetivme proba i tolku mu se svide sto i toj posaka da tancuva