Слом (The Undoing) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 13 декември 2020.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Серијата се фокусира на Грејс Фрејзер (Никол Кидман), успешна терапевтка, нејзиниот сопруг (Хју Грант) и нивниот млад син. Преку ноќ, во нивните навидум совршени животи се отвора бездна: насилна смрт и низа страшни откритија.
    https://hbogo.mk/serii/slom
    [​IMG]

    Се води како мини серија и има една сезона. Јас сега ја почнав, па ми се чини како интересна.
    Може тука да споделите впечатоци и ве замолувам да користите спојлер бидејќи серијата е нова и многумина допрва ќе почнат да ја гледаат.
     
    На thelittle17, sia.bella, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Серијава... Ја мислев за подобра. Добар кастинг и сѐ тоа. Ама...
    Како пресликана Големи мали лаги ми е. Никол Кидман истата улога како да ја има. Изгледав две епизоди, но не сум нешто посебно импресионирана.
     
    На 1209, thelittle17, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна.
    Ама не сум толкав филмоман, па игнорирајте ме:D
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.393
    Една од подобрите серии,одлична тематика, кастинг.
    @RainBow не ли може коментарите од 40 ка овде да ги ставете?
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Не, тие се постари и ќе дојдат пред првиот пост. Може да се цитирате и надоврзете овде.

    Морам да забележам Хју Грант колку остарел... Значи и ние сме остареле. :worried:
     
    На andrejko82, 1209, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.393
    Многу, и јас изненадив. Стварно не го мислев за толку стар.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    ја па мислев за улогата е поправен..
    Никол преубава ми е..
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Многу, и тоа не баш шармантно остарен. И хбо и нивната опсесија со цицки значи :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.180
    Допаѓања:
    81.701
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше многу добра серијата, но ме нервираа пресвртите и тоа привидното префрлање на топката од еден на друг - ајде сега ќе буцнат нешто плус за да го набедат дедото, па еден шокантен кадар за детето, па сопругот на Елена, па не знам кој, а толку кристално јасно беше кој стои позади убиството, јасно ми беше од старт и личноста ми беше прегадна.
    Но сфаќам зошто беше така и оправдано е.

    Сепак оваа серија ми беше од тој тип на серии кои си вложиле во ликовите, они ја водеа целата приказна, а не текот и расплетот на самиот судски процес како што е случај со некои други серии.
    Многу добро прикажани ликови, ептен.

    Не знам зошто глумата на Никол Кидман по нет добиваше лоши коментари, ја реметеа под објави на многу сајтови. Мене ми се допадна нејзината збунетост, отсутност, ко да лебдеше во облаци баш реално ми беше, се најде запрепастена од ситуацијата. Да дознаеш дека те лажел и те предал толку бедно некој кој се колнел во тебе и љубовта твоја, некој со кој си го прошол пола живот, па не е баш лесно.
    Башка што, секогаш знаеме (навидум) како би реагирале кога се работи за некој друг. Но кога сами би се нашле во ваква ситуација, тешко, многу тешко се симнуваат розовите очила. Секогаш си наоѓаме причина да подзамижеме за оние кои ни значат и ете колку скапо тоа може да кошта некогаш.
    Многу ми беа тажни некои сцени, да не издавам баш спојлери, ама се фаќаше како давеник за сламка со цел да си го спаси бракот.
    Се надевам нема да им текне да прават продолженија, скроз доволно и заокружено си беше вака.
     
    На 1209, thelittle17, sia.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.393
    Она беше во улогата кога за другите знаеш како, ама кога тебе ќе ти дојде на глава, обично ја бараш сламката за спас и се убедуваш себеси дека може и не е така.
    Никол и мене ми беше солидна за улогата на изневерена жена, на која буквално живот и се руши во минута.
    Сосема нормална и очекувана реакција на почетокот и на крајот. Треба време за да се прифати вистината и да легне.
     
    На HaleemO, raww, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Да ја догледам, па ќе пишам поопширно.
    Тебе не ти личи иста Никол како во големи мали лаги? Истата улога, исто глуми. Па исто мистерија убиство, whodunit...
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.180
    Допаѓања:
    81.701
    Пол:
    Женски
    Не баш, Селест беше помека, малку послаб карактер, овде во оваа ми изгледаше поостра. Другачие ги доживеав двете улоги, па можеби затоа.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав. Не ме импресионираше нешто многу. Најмногу и дадов шанса ради актерската екипа, али Хју го сакам повеќе во улоги како Синоокиот Мики или Нотин Хил. Не му стојат некако сериозни улоги, бар според мене.
     
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    17.171
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и јас, супер серија. Како што рече @Mishela погоре, во секоја епизода имаше материјал дека секој може да е убиецот, што всушност ја прави серијата неизвесна за гледање до самиот крај.
    Ми се допадна и крајот, сведочењето на Грејс и како фино му го скрои кога најмалку очекуваше.

    На моменти и мене глумата и улогата на Никол ме потсеќаше на Селест, таму жртва на насилник, тука жртва на социопат, но во секој случај одлична. Хју Грант и малиот Хенри исто, за Сатерленд не се потребни зборови.

    Се на сѐ една од подобрите серии на HBO, супер кастинг, одлична глума. Атмосферата кадрите, сцените ме потсеќаа на The night of, може rewatch на неа деновиве.
     
    На Mishela, raww, g8lQQk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Мене ми се допадна, во секоја епизода имаше по некоја нова ситуација да те насочи кон погрешниот убиец иако од самиот почеток беше јасно кој е тоа.. според мене ефектот го постигнале во тој дел. Исто така самите кадри, бои кои преовладуваа во филмот беа на место. Се на се одлична серија, трејлерот им е исто предобро сработен, а не како пола од сериите кај што се ти е раскажано уште одма.
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна ептен серијава, не ме потсети на ни една друга, не знам зошто, ама така ја доживеав, многу непредвидливости, секоја епизода различна приказна, како нова серија да гледаш. Глумци, кастинг.. се предобро одиграно. Реално и Хју Грант, и Никол, ми се остарени, не се како порано, иако Никол ми е прубава, ама остарена е и она, во секој случај.
    Крајот не ме воодушеви, веќе очекувано ми беше, повеќе сведочењето на Никол ме воодушеви.
     
    На venividivici му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.131
    Допаѓања:
    188.765
    Инспирирана од некој онлајн коментар, не знам дали може поинаку да глуми со толку ботокс:?:
    Цело време лицето и беше безизразно, што знам, мислите намерно беше?
     
    На RainBow, Nausicaa, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    17.171
    Пол:
    Женски
    Ќе да е до ботоксот :D
    Нејзината глума јес да е таква, ладна, безизразна, но последната сцена кај што трча на мостот ептен беше видливо, лицето како бетонирано, ни една фацијална експресија, ни едно мускулче и нервче не ѝ мрдна, а нели напната ситуација :D
     
    На RainBow, venividivici, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    20.082
    Серијава е..not great, not terrible :D:D:D

    Супер е што се само шест епизоди па брзо се гледа, таман за мрзливо слободно попладне. Макар што, можеше и уште пократка да биде, немаше ништо да изгуби приказната.

    Без спојлери, уште во првата епизода се сумира целата „дилема/ мотивација“ на Грејс. И насловот на книгата не е случаен.

    Никол Кидман делува како да има маска, упропастена е скроз додека Хју Грант си личи соодветно на годините :) Дури би рекла дека и добро се држи :) Сепак, Notting Hill излезе пред 21 година. И ние остаревме :)


    Ако барате слична приказна, но посупериорна (спред мене де) би ви ја препорачака Defending Jacob. Тематиката е таа- можно ли е тој што го сакаш (дете во овој случај) да е чудовиште и до каде ќе одиш за да го заштитиш. Штета само што не го оставиле оригиналниот крај од книгата, многу подобро ќе се дефинираше целата мистерија.
     
    Последна измена: 14 декември 2020
    На thelittle17, JuLleE, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.180
    Допаѓања:
    81.701
    Пол:
    Женски
    Дали ја прочита книгата? Не Џејкоб, туку оваа по серијава - You should have known.
    Ми беше премногу наративна, некако чудникава, не знам, па ја баталив. Мислам дека е една од ретките кај што серијата ми била позабавна.

    Во серијава општо така, најмногу ми се допаднаа ликовите. Обработени ко што треба и баш реални, барем еве мене ми оставија таков впечаток.
     
    На thelittle17, JuLleE и Nausicaa им се допаѓа ова.