Сигурно има тука неколку луѓе кои во нивното минато имаат трауматични искуства со личност која емотивно, сексуално, психолошки (или/и) финансиски ги злоупотребила. Дај Боже да платиле за своето злосторство, но знаеме дека тоа е реткост тука... Поминале години, вие сте сосема друга личност, сте се изградиле повторно и сте ја надминале траумата... и од никаде ете повторно случајно се среќавате со таа личност (најслучајно, дали во маркет, на улица) Доколку имате искусено ваква работа, споделете го вашето искуство, како сте реагирале, дали траумата се вратила одма, дали некако сте се одмаздиле....како сте постапиле во тој неизбежен момент?
Ми се нема десено вакво нешто, мислам да ме силува некој или нешто слично, ама некогаш не дај Боже се деси, ќе пробам да го убијам ама најсериозно. А ако не успеам, ќе пробувам се` дур не ми успее. А ако го видам на улица, толку ќе му биде. Пошто јас не заборавам, злопамтило сум, а и преку таква работа никогаш не би можела да преминам, и бел ден нема да види дур сум жива, на нашево ,,правосудство" не верувам
и јас би сакала да се воздух и некои денови се, ама тоа е мнг тешко..... иначе тоа е најдобар совет, ако ја видиш личноста исто ко да не си ја видел ама кога станува збор за траума од мнг висок степен тоа е мнг тешко