1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Случка од животот

Дискусија во 'Канта' започната од I.N, 9 јануари 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. I.N

    I.N Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Некаде во средината на декември започна се... Еден ден кога отидовме на училиште со мојата другарка Марија,таму сеуште беше Тамара,која исто така е една од моите најдобри другарки и е една година помала од нас,учиме во иста гимназија,беше со уште неколку нејзини другари.Меѓу нив имаше и едно момче со многу убави небесно сини очи.Неговите очи ми оставија посебен впечаток,и го покажав на Марија таа само потврди дека има убави очи и ништо повеќе.Неговото име беше Стефан,навидум изгледаше совршен,но само навидум..Со Тамара често пати се шегувавме за то како би изгледало доколку тој би бил мој партнер,преку неа си праќавме поздрави,по извесно време почнавме да се допишуваме.Се течеше во најдобар ред,ние бевме заедно,кога и кажував на Марија за настаните таа имаше насмевка на лицето за која тогаш мислев дека е искрена,но сега знам дека беше лажна.Марија ни велеше дека сме прекрасни кога сме заедно,дека ние сме еден за друг,сето тоа беше само уште една фарса.Времето полека течеше,а Марија се повеќе и повеќе се држеше понастрана од мене,но не знаев зошто..Јас сеуште бев со Стефан,но тој во своето однесување сеуште беше дете.Одностие меѓу нас оладија,а Марија зад грб ми работела..кој би рекол.Таа и Стефан беа заедно,нас тоа ни беше сомнително,но сепак.Во меѓувреме дознав дека Марија пуши цигари криејќи се од мене,бидејќи јас бев против тоа.Сите тоа го знаеа само јас не,се чувствував како најголемата будала во светот кога ми го кажаја тоа.Тој период бев многу осамена се дружев само со момчињата од класот.Ако не беше Даниел и неговите шеги не би можела да го издржам сето тоа.Се разбира тука беа и Ирена и Тамара,кои секоја можна прилика беа покрај мене никогаш не ме оставија сама.Марија не беше повеќе дел од нас,имаше нови другарки.Сомнежот растеше се повеќе и повеќе дека таа е во некаква врска со Стефан.Еден ден сомнежот беше толку голем што го искористив моментот кога Марија излезе од училницата,и посегнав по нејзиниот мобилен телефон,во нејзините пораки имаше непријатно изненадување за мене,здогледав порака од Стефан,во почетокот не сакав да отворам,но сепак сакав да ставам крај на сите сомнежи кои ме убиваа ја отворив пораката и таа гласеше:
    „Види не дека не ми си убава,и таква работа,ама не можам повеќе едноставно,со тебе сум ама знаеш на кој мислам..тешко ми е“
    Во тој момент помислив дека цел свет се срушил врз мене.Избезумена отидов кај Ирена,кога и кажав што видов едноставно не можеше да поверува.Се вратив назад во училницата,се двоумев дали да и се јавам на Тамара,рано беше..но сепак одлучив да и се јавам.Кога ми крена започнав да плачам не можев да и кажам што ми се случува.Седнав на местото ја ставив главата врз клупата и плачев,во тој момент дојде Марија се загрижила..Ја побарав Ирена да дојди да биди со мене,успеав да се смирам и и реков да и кажи на Тамара што ми е,и Тамара дозна се..коцката беше фрлена.Марија ме праша што ми е,дали е за Стефан,дали е за неа,ја излажав негирав се.Помина некое време,Марија и понатаму ја криеше вистината.Срцето ми се кинеше кога ќе помислев дека дека тоа ми го направи баш таа..и верував..Еден викенд бевме кај Ангела школска другарка на Ирена,планиравме цела вечер да останиме кај неа,но сепак излеговме да прошетаме,и..повторно изненадување за нас..Марија беше со Стефан во еден кафич,првиот пат кога поминавме не не виде или се направи дека не не гледа не знам,вториот пат јас застанав до нив им зборнав Стефан стоеше со главата наведната Марија имаше насмевка.Сите зборнаа со нив само Англеа ги одмина бидеќи не можеше да ја поднесе Марија,и таа била во слична ситуација.Сите беа гневни кон неа,а јас..јас едноставно во тој момент не чувствував ништо.Се вративме кај Ангела,помина и тој ден,времето поминуваше но Марија и понатаму немаше храброст да зборува со мене за тоа.На денот пред нова година Марија ми се јави сакаша да разговара со мене,призна се,но се имаше напиено некоја чашка од поќе,рече дека повеќе нема да се гледа со него..повторно лаги..на крајот ми рече за ова да не и спомнувам ништо,тоа и така беше.Но јас бев толку гневна што истата вечер повторно бев со Стефан.Не бе само јас таа што го предизвика тоа,туку и т тој цела вечер беше во моја близина,но се разбира тој беше таков гад што целата приказна подоцна ја сврти на негова страна.На нова година Марија беше со класот,јас бев со Ирена и Тамара бидејќи од класот не сакаа тие да бидат со нив,затоа решив јас да останам со нив,сепак повеќе ми значат.Марија која рече дека нема повеќе да се види со Стефан,тој ден таа отиде кај него,не стоеше зад кажаното.Но тоа тој ден не ме допре толку,сепак не дозволив ништо да ми ја уништи новогодишната атмосфера. многу солзи имаше пред и после тоа,длабоки беа раните кои ми ги нанесе.Бев опкружена со луѓе кои ме сакаат,на Стефан не ни помислувам,тој не ми значеше повеќе,но за разлика од него Марија сепак сеуште ми значеше,некогаш дури и ми недостигаше..но голема беше болката што ме стегаше во градите.Помина подолг период,беше 02.02 бевме излезени со Марија,тоа ми беше еден од најсреќните и еден од најтажните денови.
    Среќен беше затоа што тој ден по некаква случајност запознав едно момче кое што од тој ден па се до денес сеуште цврсто ми ја држи раката и не дозволува ништо да ме повреди,а тажен затоа што Марија разговараше со Стефан,а тој ја сврти приказната во своја полза за денот пред нова година,таа можеби му поверува,можеби не,но едно беше сигурно таа сакаша да го прекини пријателството со мене а за тоа сведочи пораката која ми пристигна во доцните часови во која на кратко тоа го пишуваше.Беше како кошмар,но цврсто стоев зад својата одлука,ќе и простам за тоа што го непромислено го направи,ќе поминам преку се,но заради момче другарка која ми е блиску до срцето нема да изгубам.Разговарав со Марија ги решивме проблемите и сеуште сме другарки кои споделуваат и добро и лошо,Стефан стана минато.Но сепак таа требаше на самиот почеток отворено да кажи што чувствува,но ете така требало да биди,не и судам за ништо.Сето тоа го оставивме зад себе,но од друга страна тоа за секогаш ќе остани како црна дамка во нашите животи.
     
  2. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Добро, и што сега? Шпанска серија. Не знам зошто воопшто трошев време да го прочитам цело.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    ...баш ради ова немав другарки порано....сега и да иам-мажени и со деца се ... :D
    се арно али ја на твое место не би и ја забораила подлоста.
     
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Чекај да идам и во Последната глупост што ја направив да напишам оти ова го прочитав. Ох боже, не ми се верува дека па и цело го читав, изгубени минути.
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Добро е што не го прочитав целото,туку онака меѓу редови :D

    Од разбраното,сметам дека вие веќе не можете да бидете другарки.Колку и да пробувате и да се 'правете на Тошо'. :D
    Сепак,тоа е непријатно искуство за двете.И при секој нареден конфликт,таа случка ќе се споменува.
    И секогаш кога ќе имаш потенцијален нареден дечко што и таа ќе го запознае,ќе размислуваш дали има нешто меѓу нив.
    Не мора да се расправате и пријателството да има бурен завршеток,само пробај да ја избегнуваш.
    Пријателството да се сведе само на здраво,во име на убавите моменти.
    Се понатаму,е само лицемерство и ништо повеќе.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.