1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Случки во сообраќајот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 19 октомври 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Во оваа тема може да споделуваме случки од сообраќајот, без разлика дали се интересни, смешни или страшни.
    Ја отворив темата затоа што мене често ми се случуваат работи кои ме изненадуваат во сообраќајот и тоа во различни улоги, како возач, пешак, случаен минувач (сеирџија :D ) или било што.

    За почеток сакам да го споделам тоа што ми се случи вчера.
    Требаше да се паркирам на едно место што не е во строг центар, ама има многу гужва. Наоѓам место, давам жмигавец културно, уште се тргам малку на страна да помине таа позади мене, а таа од позади, преку тротоар, за малку и едно дрво ќе собереше - ми го зема местото! Ме фати затечена, па не знаев како да реагирам. Секако немаше да се расправам, мислев да ја затворам, ама си викај, ајде уште колата да ја мислам, или не дај боже да па да плаќам казна ако ми дојде пајак, батали.
    Продолжив понатака, најдов едно место каде што паралелно требаше да се паркирам, одам понапред да се испаркирам, пак давам жмигавец, и оп-типот позади мене не ме пушта, се убутува на местото и се паркира :D

    Шокирана бев од (не)културата на возачите. Ретко се паркирам на вакви места, имам паркинг за редовните дестинации или се пракирам на зонско а таму се наоѓа место, па ова вчера навистина ме изненади.
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ох шуба тема да си ги кажам маките.
    Прво ке почнам со скорешна случка, толку ме шокира, и во сдк мислам дека пишав.
    Значи типац вози на точак ни всредина ни вдесно никаде, да не можеш да го поминеш и сите него го чекаме. И сеа јас му свирнувам малку и го поминувам. Понатаму имаше семафор, и застанав. Со точакот ме стаса, и ми слезе бе од точак АЛОО! И ми вика што сакаш мори ти??? Шо не ти е јасно или така нешто?
    Јас не ни очекував мене дека ке ми рече нешто, се вртам гледам мене ми се пекмези тука раздава раце, се дери како сепцијалка. Си викам да го отворам пенџерево да види што е врескање, ама си се сталожив и си почекав не му обрнав внимание. Убаво поминав, да почнеше да мава по тоа пенџерето :D јако ке беше. Ретардиран ниеден.

    Друго, едно сабалје ги носам мајками и една тетка на гробишта, ај викам ке ги однесам мајками имаше проблем со раката се пресече и од завоите не може да вози. И тераме, и сега пред семафори пред мене имаше кола, и наеднаш без жмигавец се престрои, и викам леле како одма сврти без знак, и теткава до мене совозач, отвара пенџера на семафори и му вика "Огно силен да те изгори гнасо една, не знаеше да кажиш дека че вртиш?" ц ц ц.. јас вземја пропаднав. И овај си спушта прозор и и вика кажи тетке шо те мачи? А оваа накондирена пак "Че ти кажам убо гнаси едни, волано не знајш да го ракуваш". брука значи брука, јас и викам еееј алоо затвори, таа ака ли ака, ми идеше да ја слезам и у три пизде материне да фати. И мене ме изнервира ама вакви екцеси?

    Останато, за паркирање абе ко последно да е, ако треба ке се чукни, ке ти влезе од којзнае каде, ама ке влези, денот да ти го расипе бе, животни.
    Ме нервира многу навечер со тоа долгите светла, мислам дека ослепена сум, а јас секогаш кај немам многу искуство, лесно се збунувам, пазам да не ми се запалени ако иди некој одма гасам.
    На работа кога одам, патот е многу лош и тесен, и непрегледен. Си возат ко ниедна кола да нема, и во моја страна. За тоа најмногу сенервирам, кажи барем пи**а ти мајчина јас да возам на твојата лента, а не мини срцеви удари да доживувам кога ке се појават.
    Ме нервира исто неосветлени возила, јас мислам навечер мотор тоа кола ц ц ц.
    За култура во возење кај нас, муабет да не се прави ич, мислам нема ни што. К од култура да се немало, основни работи.
     
    На Doozy, sesilija, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мене на последната што ми текнува е кога ми се развика еден токмак - жено боље иди нешто друго фати во рака, а не мењач!

    И од тогаш си ставив во кола дрвена лажица за мешање чорби, за ако го сретнам уште еднаш вицкастиот да му покажам - па и држам бре будало! :devil:

    А за други случки, да не почнувам. Повеќето се нервозни и што мажи доживеав у последно време кои не знаат да паркираат, о куку! Да се чудиш. На едниот кој ме блокираше додека паркираше излегов да му покажувам и да го загледам уште еднаш од блиску дали е навистина маж а не жена.

    Поштовање девојки, не ми се навредувајте но мислев дека само ние сме несмасни во сообраќајот :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Уф колку ги имам случки и добри и лоши

    првата беше пред 4 год , се возев со точак по тежок дожд и кај бензиската близу соборна црква возејки
    брзо да стигнам до дома ми излета кола и ме турна (успеав нагло да свртам и да избегнам целосен удар али ме поткачи) и паднав на сред бетонот и се одрав како овца . Бидејки бев цел со модрици и крвишта и женското што возеше се исплаши и избега .... а друга жена што работеше кај бензиската ме виде и вика
    - "Леле го уби детето" , Чекај бе госпого ,господ уште планови има за мене ... уште невиност не сум изгубил ке умирам .. немој така
    и добро после 2 дена успеав у нормала да се вратам (да идам нормално и да спијам нормално )


    втората случка исто со точак , исто кај бензиската само малце подоле ... возејки брзо да стигнам до Ентернет и една кола паркирана што беше , се запали и нагло искочи (изгледа не ме виде) и ја кочејки се бапнав во колата и не е како на филм да летнеш 10 метри туку остануваш на место ... искочи човекот ми се извини виде дали сум повреден нешто ова она .. имав мали рани ама сепак другарите ме очекуваат да се појавам тамо ... неможам да ги изневерам и си продолжив патот

    трета случка кога почнав да возам кола , т.е да зимам часови ... и инструкторот ми објаснува ова она како што ... и наидовме на пешачки јас се разбира видов една згодна девојка и одма застанав да ја пуштам ... ама бидејки збореше на телефон и многу полека идеше , инструкторов низ прозор ни две ни три :
    - "БРАВО госпого ја откривте Америка , Ајде неможете уште поспоро да го движите газот :envy: "
    Јас поцрвенев и брзо у прва втора да бегам ...


    Четврта случка кај аеродром , има една раскрсница која е многу зезната и глупа ... јас на семафор чекам зелено да тргнам .... се пали и тргам , ама не видов дека од моја лева каде што беше црвено една фацка со bmw и 100ка на саат поминува и ич не го боли дали е црвено ... среќа инструкторот забележа и закочи иначе ке ме гледавте во дневник ....


    Пета случка на пешачки се изнервирав дека никој не ме пушташе и тргнав ., тој едниот закочи убаво и споро а тој позади него го мавнува силно .... тој првиот искача од кола и иде накај мене
    и јас спремен да се тепам ако има потреба , доага и ми вика
    -"Фала друже ми требаа пари и сега ке си ги добијам кога ке го тужам овој позади мене"
    ми пружи рука и отиде да вика полиција
    јас WTF??!?!??!?!? ок ...

    иначе сум бил сведоци на тепачки кога ке се опцујат и овој искача од кола се газат од котек истотака сум видел како девојки пцуеле по машки и машки по девојки
    најсмешно ми е старата фора ...
    "Иди у кујна зготви нешто , не ми вози тука глупачо"


    интересен е сообракајот , секој за себе :D
     
    На Papillon.Papi, Umbrella22, kika13 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Си имам најтазе спомен од вчера :$ . Бев излезена да завршам нешто работа и на крај лепо фино се паркирам на платен паркинг пред златната ни УЈП да си поднесам даночна пријава за ДДВ и излегувам и што ќе видам дупната-испуштена задна гума. Стојам и мислам што да правам, вадам мобилен да ,,повикам пријател,, :).
    Оди еден чичко и ми вика ,,еј девојче гумата,, да бе да му велам јас а во себе си мислам дојде де помогни ми да ја сменам си имам резервна :D а целата :devil: . Го чекам колегата да дојде и поминува уште еден човек и пак истиот муабет ,,еј абе гумата,, да да да да.
    И така никој не ми помогна, си дојде колегата и ја заврши работата а од страна ме видоа милион сеирџии :$
    Да не зборувам за оние паркинг ситуации или кога највеќе ми се брза некој се влечка пред мене :)
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ах кога само ќе ми текне...Беше доцна на сабајле си идевме со мужето од провод кај пријатели и пред кола после еден кружен тек ми излага зајак. Среќа бавно си возев по правила а мм ме боцка нагази бре жено и подзакочив и продолжив среќа зајчето неповредено се тргна. И се подзавртив малку и гледам 20тина зајаци кај автобуската постојка. Му велам на мм убаво што еден беше да ми скокнеа сите каде ќе бегав... и до дома умревме од смеење. Среќа немаше автомобили фала му на бога
     
  7. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    ја видовте ли денес сообраќајката на бит пазар?! секој ден гледам по некоја сообраќајка :) туф лошо
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Заборавив

    еве неколку слики кој ке прикажат сообракајот во Скопје

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Ми падна во очи сообраќајната „култура“ на сограѓаните во зимски услови...

    Одам јас по улицата на која живеам, полупроодна затоа што имаше изгазена патека едвај за една кола, значи во една насока можеше да се оди, и гледам еден му се улетува на тој пред мене, мисли на булевар е. Овој сиротиов нема кај да оди, па пробува да се тргне на страна, и оп- заглавува! И пробува да се одглави, ама не може. Сите си седат во коли, никој не излегува да помогне. Таксисти нервозно свиреа, луѓе пцуеја, тоа 8.30 - 9 сабајле, брза народ за на работа...

    На крај, видоа - не видоа, излегоа неколку мажи, и ја кренаа заглавената кола на раце.

    И после видов уште сто слични случки. Се бутаат луѓе како да не се лизга, и како улиците да се сосема проодни. Треба да паѓа снег секоја година, па да се научи малку народов...
     
  10. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Последно што ми се случи...си возев во споредна уличка цела подмрзната а пред мене исто жена возач имаше заглевено на мразот,јас си чекав позади неа и кога гледам од назад некој засилен.... си викам алллооо цела улица е замрзната полека како ке закочиш??? :^) и во тој момент свати дека е време да кочи ама....почна да се лизга и бууум во мене.Нормално излегов немаше голема штета само сјаличката ми се распадна,не бев безобразна и не повикав полиција...
     
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Еднашка се враќаме од гости и застануваме на семафори (татко ми возеше, јас уште сум мала :$ ). Така чекај, чекај, уште беше црвено и само гледаме на колата пред нас отворена врата на предното седиште (не возачкото, она другото) и некој човек испружил главата и ко мртов беше (онака ко да е легнат на седиште и само главата му се гледа). Ние вакви останавме :o . Сеа викаме што се случува, да не му се слошило нешто на човекот, ова она и татко ми му свири дека светна зелено и требаше да тргнат. И овој само се врти. Офф леле, ама ни олесна. Изгледа си ја проверувал нешто гумата или незнам што. Хахаха :D
     
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Минувам низ населено место, сред бел ден и на тротоарот стое 2 жени ама размуабетисани.. Едната буткаше количка за бебе, т.е стоеше баш кога минував и среќа моја што ја забележав госоподичната на време, значи замислете луѓе завртена со грбот накај патот , ја пушта количката на коловозот а таа си муабето без да се сврти да виде дали случајно минува некоја кола.
    Закочив, отворив прозорчето и и викам, добро знаеш ли ти што направи сега, замисли да возев брзо и да не можев да прекочам, што ќе се случеше :swear: Во најмала рака количката ке летнеше во свемир.
    Прв пат во мојот живот се испокарав со возрасна жена ама и сега кога ќе помислам притисокот ми се крева. :@
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Излегувавме со дечко ми од мојот сокак, сабота навечер, и врнеше. И пред нас еден таксист. Излегува до пола пак од сокакот, и дечко ми нели тргнува по него, и овој се врака из чиста мира. |( И скоро му се качи на шофершајбна. Си плати за штетата, и вечерта беше уништена бидејки цел саат чекавме да дојде полиција. Па и се караше, зошто дечко ми тргнал веднаш по него. Тоа е исто кога се чека на семафор и кога ке светне зелено кога ке тргнат тие пред тебе, да не тргнеш веднаш во случај некој да се предомисли и да се врати. |(
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Еве една случка како ПЕШАК.Се случи ден-два пред Нова Година.Јас излегувам од oriflame и се симнувам од тротоарот.Потоа правам неколку чекори.Наеднаш забележав една Докторка (која ми ја излечи алергијата)сакав да ја поздравам ама за несреќа..јас така свртена по неа.. и не гледав кај сум!! И ете долета една кола и ме удрии..Јас летнав и така.......... :swear: :?:
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Еднаш кога бев мала се сеќавам дека оѕидовме со мама и тато да пазаруваме и кога се враќавме една девојка со мотор едноставно се тресна во нас. Немаше повредени (освен што си го скрши стаклото од моторот. :D
     
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Паметам врнеше многу ,навечер после 01 :geek: ...се враќав од некаде малце :drunk: ...Замаглени прозорците од колата но за еден момент од подалеку видов СТОП светло црвено :geek: (полиција ) но си се направив како да не го видов :tmi: и си продолжив :fubar: (имав среќа ,не тргнаа по мене има-ле друг по приоритетен за казна :lol: ) ...
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Мојава е ептен потресна, мислам како не умрев тогаш, ден денес не ми е јасно.
    На раскрсницата пред Веро Тафталиџе, накај кружен тек, си стојам на семафор, како беља бев сама, август месец, плус 50 степени прежешко, некое шпиц време накај 3-4 часот попладне, сите уморни, бесни, брзаат накај дома, ужас.
    Стојам на семаформов, пред мене имаше две коли, ама пред да се уклучи зелено му ја шибнаa и двајцата.
    И баш си прокоментирав, дека за буквално 5 секунди се уклучи зелено, до толку нестрпливост да ти кошта живот не може да е здрави во мозокот луѓево.
    И ставам во прва, полека си минувам, ама некоја будала позади мене почна да ми свири и брзо стиснав на гаста, да прекине и одма сменив во втора, па одма трета.
    Ова беше секунди, буквално 3-4 секунди, ама како што го одминав семафорот на сред раскрсница, гледам едена БУДАЛА возеше можда стотка, од лево доаѓа од моја страна и ми свири, ама не знаете како свиреше, у паника, само убрзав уште толку и свртев на десно малку, се поткачив на тротоар ама битно за сантим се изминавме.
    Како што беше улетан, на место ќе ме остаеше. Па уште и ме пцуе, мајки шајки, жени не знаат да возат, и што да му кажам на фраерот, кај поминува на црвено па уште и силен.
    Некогаш има право мајка ми, само господ да не чува зашто друго решение со лудациве нема. Мислиш рели возачи се, ако имаат БМВ мора 100ка да возат, чиниш ние со другите коли не сме им у ниво нашиве коли не креваат поише од 50.

    Тоа ми била така настресна случка, имало и други недоразбирања, ама тоа биле моја кривица само не бидел олку стресни и по живот опасни, претежно на паркинг, зашто мака си мачам со паркирањево, сеуште :(
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Моето возачко искуство како и на секое машко е започнато од тинејџерските години.Секогаш бев одговорен и не правев непромислени работи (да украдма кола од дома и сл,едноставно не ми беше предизвик такво нешто.Ако сакав да си повозам си кажував и тоа е тоа .. ).Својата 1ва кола (југо ) си го купив на 20тина год од 1 те плати :lol: ... (лична заштеда 8) ) .... поминав низ се и сешто со него ... и деф ми беше нај авантуристичка кола хехе
    Имам заменето 3 коли и сега за сега сум задоволен од тоа што го имам
    (мало но скромно количе :emo: ).... Имало секакви случки но последнава навистина ме потресе ....Се случи пред некој ден кога врнеше снег Враќајки се дома навечер кај кружниот тек на саем (за миг пред да се разминеме со една кола што возеше пред мене, незнам како сеуште се деси и се чудам како успеа 1 таксист да се лупне во една од бандерите за светло ) .Немаше други возила,не му предизвикав никаква несигурност или нешто сл.Претпоставувам несоодветни гуми и непромислен потег во возењето .Среќа не беше повреден и не ми наштети мене :!: ,возилото беше оштетено а човеков изнервиран (нормално ) ....Срце ми застана од глетката , ич несакам да гледам несреќи такви.Незнам зошто луѓево секогаш се ѕверат при некоја собраќајка а НИКОЈ ништо не помага ако е потребно.... (во 90% од случаите е така ) .Сакам да кажам колку и да имам-е возачко искуство има момнети кога и на нас срце ке ни застане и нема совршен возач што СЕ знае :fubar: (а најсмешна дешавка кога дечко со својата веспа се плесна сам ,го станаа не беше повреден .. и си ја галеше веспата како некоја
    жена да гали
    :D .Моментот беше дали да се смеш или да го жалиш што се утепа хехе ]:) ) ...
     
  19. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Нај случка во сообраќај ми е кога тип ми се удвараше во сред возење. Long story short јас си возев типот ми се залепи од десно и ми кажа дека ме следел од кога сум тргнала од кафич да ми каже дека многу сум била убава и он го остаил другар му да го чека ама морал да ми каже дека сум многу убава. И се тоа во возење. Среќа долг беше булеварот иначе ќе се убиевме негде. :rofl:

    И исто една од поинтересните е од летоска, имав табла на колата danger blonde и на раскрсница стојам и на ретровизор ги гледам тие позади мене се убиваат од смееше и му се смешкам на типот јас а овој ми покажува :up: и се смее. Многу ме расположи некако тоа :lol:

    Иначе една од за мене пострашните (исто у скопје ми се има десено)на илинденска возам тип со рено меган 100% беше надрогиран и до ден денес го колнам, ми се улепи од позади намерно ја возев негде 50-60 он беше сигурно на 20цм до мене, јас убрзувам колку можам он уште поише ми се лепи, у секунда ми доаѓа од десна страна и се лепи исто преблиску до мене и почиња некои гримаси да праи. Нормално си легнав на свирката, он ме претица и вози пред мене, и јас толку ми сече отварање прозор и вадење некое као сукало ли беше појма немам што беше (селевме ствари од стан некој на дечко ми и кесата беше доле кај неговите нозе) не знам од кај ми текна да го извадам тоа како ли го дофатив и ден денес не ми е јасно, и почињам да мафтам и да се престројам десно до него. Дечко ми се дере ко луд и ме влече да ја соберам раката а ја само стискам на гас. Штета што ми избега типот негде не видов каде, ама мислам дека нервен слом доживеав тогаш. Мразам возачи што се занесуваат така.
    И да ејт мантс лејтр Лола се врти по секој меган што ќе го види у скопје и ако го видам типот жими се мислам дека нема да одговарам за моите постапки, толку да се изнервирам во секунда не ми се десило.

    Иначе сум ептен толерантен возач али ова ми беше врв на безобразлукот и некултурата колку од негова страна толку и од моја, ама ем не почнав прва ем не можев да се исконтролирам се тресев саат време после тоа.

    И најскората морам да си ја кажам вртен прво 25мин кругови околу една банка да паркирам не најдов место, отидов до еден трговски и таму вртев едно 15 минути безуспешно, зовриена, нервозна најдов место и еден чичица таков у некој бизнисменојебачки стил у средни 50 години ми го фати местото. Јас си стојам со 4 жмигавци пуштени чекам да искочи тип еден, овој искача и додека излезе овој више се упика, ја го буљам со благошокирана фаца :o а овој ми се смешка. И коа ми се насмеа ми прекипе, и си отворив прозор и си одржав еден монолог добро дали си реален? Имаш ли мозок. И си поминав покрај неговата кола и културно ја обележав со кључот, па преку глава више.
     
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Поминувавме улица еднаш со една другарка на враќање од чаршија и сега од напред доаѓа кола,гледа дека преминувам и наместо да подзапре на 5 секунди да допреминеме идиотот уште се засили и за малку другарка ми ќе ја удреше...Гнаса неписмена,само кој му дал возачка јас не знам.Исто еднаш,со мајка ми се шетавме и исто преминувавме едно мало уличе и сега сакаше еден да враќа рикверц со колава,гледа дека преминуваме уште се сили.Богами под кола ќе појдевме со мајка ми,сме имале среќа.Секому возачка дозвола не треба да се дава,секакви идиотишта има.