Слушање гласови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од DirtyQueen, 4 јуни 2011.

  1. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Значии знам дека е малце чудно ама, кога бев малечка секогаш кога ќе си легнев да спијам слушав некој гласови, обично спиев со мајка ми или татко ми во спалната и неможев да заспијам дури не прекинат ( телевизорот не беше пуштен )..Никогаш не ги разбирав ама сеуште се сеќавам како низ магла дека беа женски гласови.. Не знам зашто ама не кажував на моите дома бидејќи мислев дека нема да ми веруваат .. сепак имав само 9 години..Траеше се додека не се исселивме од тој стан, после тоа никогаш не ги слушнав.
    Во последно време се збори во друштво за оваа тема, па си реков да прашам што мислите.. :worried:
     
    На Valerin и AndyHipst им се допаѓа ова.
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па претпоставувам дека било нешто до вашиот стан, можеби пред вие да се доселите некој умрел или нешто слично штом престанале кога сте се иселиле!
     
    На Twinkles и Srce01 им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случуваше истото до пред 2-3 години (имам напишано и во друг пост). Неможев да разберам што ми зборуваа но знам дека многу јасно слушав гласови. Дури пред 1 година и реков на мајка ми за ова работи и таа ми рече и таа порано слушала гласови. Чудно али истинито. :^)
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    дека биле некои гласови на некој кој умрел, не верувам, сепак можеби ти биле потсвесно во главата, некогаш кога си била бебе си ги слушнала, па дури и кога мајка ти била бремена со тебе, можеби некако се вгнездиле во твојта меморија, и како и некои случки кои во сонот ни се враќаат така и гласовите исто,ништо страшно.
     
    На mesecar, LoveYourNails и Angiie им се допаѓа ова.
  5. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Дали некогаш ви се случило во некој одреден период од животот да разговарате сами со себе т.е. со внатрешен глас кој ве советува,разговара со вас...
     
    На LoveYourNails му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Досега ми се нема случено да слушам гласови,освен ,секако ,мојот внатрешен глас со кој секојдневно си се консултирам ;)
    Затоа пак еден период слушав дишење ,тешко и забрзано.Секогаш кога ќе влезев во зградата во која живеевме го слушав ,а и не бев единствена ,им се случило на сите соседи.
    Една вечер еден од соседите слегол во подрумот да види дали има некој ,бидејќи многу јасно и реално слушнал дишење ,пребарал се и не нашол никаков човек.
    Тоа траеше околу година и половина,за потоа спонтано да прекине.
     
  7. Eileen

    Eileen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Не е страшно да разговараш сам со себе тоа е норамално за мене бидејки јас сама со себе разговарам од како знам за себе се прашувам си разговарам абе никад не ми е досадно ;) :rofl: и некако како во мене да има две личности и едната ке каже нешто другата негира и никогаш не сум успеала да не мислам на ништо се си мслам фантазирам брборааам хехе уживанција :inlove: а за гласови никогаш не сум слушнала и ми стои страшно :( а за тропање чекорење крцкање да повеке навечер бидејки е потивко хахх и кажувам на мајками дека слушам такви звуци и тоаа скоро секоја ноќ и таа не ми верува многу ми е гајле јас важно знам што слушам и како слушам ;)
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ова сето е психолошки ти едноставно си осеќала потреба да бидеш поблиску до твоите и да спиеш со нив и си викала дека слушаш гласови што е вообичаено за таа возраст 8)
     
  9. taylor.swift

    taylor.swift Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    и мене ми се има случено да слушамм гласови во мојата кујќа на третиот спрат не зивее никој таму стојат моите играчки а и се што не користам а можи да се искористи а зафајќа место еднас појдов таму на тој спрат да земавам нешто и кога застанав под отворот каде што се одии на татав (мене од секогаш ме лажеле дека таму е ѓаволот) и слушнав еден глас кој беше многу груб и беше машки а не разбрав со ми рече зборуваше многу нејасно а и тоа траеше само 5 секунди
     
  10. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Мене нон-стоп ми се случува да слушнам како ме вика мајка ми од другата соба и коа ќе појдам и викам -кажи, ме викна ? .. таа ми вика - не -.-
     
    На LoveYourNails му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    25.276
    Пол:
    Женски
    и мене ми се има случено повеќе пати :^)
     
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    На една другрка и се има случувано ова можеби подолг период.Знам ми раскажуваше но незнам колку е точно. Неа и се слушале женски нејасни, задушливи тивки и многу "познати" гласови.Секој ден кога ќе си легнела незнаела што да прави.Знам дека сега веќе не е така.Едноставно ги игнорирала и со текот на времето тие постепено исчезнувале. Сеуште не сум сигурна дали тоа било плод на нејзината фантазија или реалност .. ???? Инаку јас лично не сум имала такво искуство ! :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. b.monroe

    b.monroe Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Јас така на зафрканција отидов со другарка ми во новите гробишта во Битола..Здогледав еден гроб каде што имаше слика од една почината жена...Дојдов до гробот, ја гледав сликата..Жената беше многу убава.. Забележав убава црна коса , црни очи, црвен кармин, црвена јакна и црни пантолони..Одеднаш слушнав смеење од никаде..Морници ме полазија ја фатив другарка ми за рака и да ме нема..наеднаш почна ветер многу да дува да чука на знаците лелелеле луѓе ден денес немам стапнато на тоа место од страв
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    И мене неколку пати ми се има случено :) и вчера баш си реков се мрднувам ли , на тренинг 5 -6 пати како гласно машки глас да ме викна по име од горе, погледнувам накај скалите никој нема :^)
     
  15. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Еве и јас имам едно слично искуство,додуша не со гласови ама слично нешто.Се случи можда пред година ако не помалце.Другарка ми спиеше кај мене,беше негде накај 11-12 вечер.Гледавме филм па нешо си праевме муабет и одеднаш слушнав нешто,беше како тешко дишење-влечење по ќилим,дишење-влечење по ќилим.Не сум таква шо се плаши од се живо и диво ама се зачудив,се погледнавме со другарка ми со поглед не го слушам само ја нели? :worried:
    Од прва мислев дека нешто се случило со моите или со брат ми или сестра ми пошто дишењето беше тешко и ужасно како нешто повредено и болно се влече по земја мислев нешто да не им се случило.И скокнав јас да проверувам а другарка ми беше толку преплашена не се ни помрдна,само пребледе,и нормално ја морам се да видам и проверам одев низ станот(прилично е голем), прво бев кај брат ми во соба,па кај сестра ми-ништо а дишењето уште се слушаше,после бев кај моите во спална-ништо спијат ко топови,после низ 2те купатила,па во дневна и кујна-ништо нема,другарка ми почна да паничи,ме викаше да се вратам во соба од страв.Врти-сучи ништо немаше низ цел стан а дишењето уште се слушаше,само јас да го слушав ајде-ми се причинило али и другарка ми го слушаше и двете си седнавме и ко попчиња си ќутиме.Помина некое време пола саат ваљда и почнав ја да си мислам,може некој се повредил,ама сигурно нешто не беше нормално.Ужасно беше,како нешто да умираше полека и да се влечеше а само стануваше погласно. :| Више стана касно и ми се приспа али бев убедена да видам што е.Другарка ми ме моли да не одам страв и било. |( И ајде пуста Блу си седи си се чуди.После едно време заспавме ама уште се слушаше,сабајлето ништо веќе немаше,се до пред некој ден си лежам спремна за спиење и слушам едно издишување грубо од спроти мене.Не ми беше до станување и си заспав. :?:
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    незнам колку се слушање гласови но често ке чујам како ме викаат децата и ке чујам само мамооо
    а они се на гости и ке се јавам кај баба им кај со се гости онака да прашам со прават и ке ми кази несто дека некое паднало се ударило или многу пати кога не се дома и само слусам мамо и нема 2 минути си доагаат на вратат и ми звонат како некое сетило да ми казѕва кога ме бараат и кога се повредении а се километри далеку од мене незнам или некој мајчински инстинкт
     
  17. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Мојт те зафркавал некој, а мојт и дух да било :^)
     
  18. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Не верувам во типот * Може пред вас живеел некој,насилно умрел блабла *.Гласовите незнам зашто се слушаат дали е до психата или навистина постојат,но не се оптеретувам со тоа,го сфаќам како некој дух што си нема попаметна работа па смара луѓе. :lol:
    Знам дека до смрт се исплашив кога заспав горе кај дечко ми во соба и одеднаш некој рече МАЈА (така се вика мајка му) и јас не реагирав си викав во себе Стефанијо прекини со таа твоја психа.Гласот се појача само (онака страшно) МАЈА! повторно си најдов сила од некаде и си реков дека е до психата и третиот пат буквално..ме стресе МАЈА!!!!!! станав и незнаев главата кај ми е,гзот кај ми е.Упалив светло и се симнав доле со брзина на светлината.Незнам што беше тоа и не сакам да знам.Баба им е умрена во таа куќа одамна и ја знам како доста "лоша" жена односно ја тепала снаата. :?: :?:
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Секому се случува да слушнал дека некој го вика, а немало никој. Ништо страшно.

    А сум била сведок на вакви работи. Језиво е, жално и страшно како не може човек да помогне и да убеди таква личност дека се` е во ред.
    Личноста беше убедена дека тие гласови гледаат се` што таа прави.
    Одела во WC и го гасела секое можно светло и затварала секоја можна врата за демек да не гледаат.
    Навечер следи будење на се` живо оти наводно гласовите кажувале дека има некој во куќата кој снима се` и ќе наштети на луѓето внатре.
    И на крај пак следеше таа убеденост: Не, мене ме гледа некој. Ако не ме гледа како знае што правам? Од кај знае каде и со кого живеам?
    Па после следеле закани од тие гласови, ма ужас. Тешка и’ душа.
    Се беше и опседнала дека е под црна магија, па ко за беља во тој период фрчеа оние unexplained mysteries, па дојде и до степен дека ја пратат баш тие гласови на „неспокојни“ души.
    Ма одеше и по бајачки и по психијатри...сегде.
    Чиста психа. Премногу работа и нервози, а премалку одмор и се откачила жичка.
    Апчиња за смирување, одмор од работа и полека почнале да стануваат далечни и нејасни.
    Сега е исто ко порано и си се смее себеси за тоа. А дотогаш, не сакам ни да ги замислам стресовите.
     
  20. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Мене еднаш ми се има случено да слушнам вресок, а од тогаш ништо слично.
    Кога почина брат ми, јас иако бев поголема, со брат ми заедно спиевме со моите стуткани на спална. Зошто не беше ни една недела уште поминато, не можев да заспијам често и мајка ми со мене. Од спална, отидовме во дневна, пуштивме телевизија и седевме, за да ни се приспие. Дека уште беше топло, навечер беше отворен прозорот од дневна. Одеднаш слушнавме врискање на жена од нашиот двор, каде што најчесто седевме. Се погледнавме и ме праша дали и јас слушнав. Седнав до неа и после дури легнавме. Сабајлето кога му кажавме на татко ми и на блиските роднини не ни веруваа, од стресот ни било. Ама неможе исто да слушнеме и двете, од стрес. Се заборави и веќе не збориме на таа тема.
    Имам страв од такви работи, ама фала богу повторно не сум слушала.