Смоки

Дискусија во 'Бебе' започната од maja.ivona, 28 јануари 2010.

  1. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    290
    Јас мислам дека е најдобро додека детето не разбира сеуште да не му се даваат смоки бидеќи несе баш здрави,а со самото време како што ќе расте веќе ќе неможете да го спречите да не конзумира смоки,КОЈ МОЖЕ БЕЗ СМОКИ БРЕ.
     
    На girl.23 и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Ги јаде и ги обожава, посебно со јогурт сабајле.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.952
    Да де, порано сите јаделе се е па еве гледам поцркаа!? |( Мислам во ова така наречено модерно време веќе се претера со тоа ... ова не смее, тоа не смее ... испаѓа ништо да не се смее да се јаде, пие и воздухот ќе го забранат нели е загаден, и после?? Ајде ... колку повеќе еден организам посебно на мало дете го лишуваш од доста работи толку тоа е посклоно на болести, алергии и сл. И самиот имунитет слабее. Не треба и да се претерува ама и ако ептен се пази и намали од се во исхраната само има ризик да добие некое заболување.
     
    На NB86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.449
    Допаѓања:
    63.908
    Пол:
    Женски

    Извини ама не се согласувам со твојот пост. Па не ли е подобро да му дадеш да грицка ореви , бадеми , лешници. Што има толку добро во смоките и др. грицки? Тоа е се хемија внатре , мириси , и други глупости. Ако ние сме јаделе сега треба и детето да го трујам? И не е точно колку повеке му забрануваш да не јаде толку повеке ке фати болести , алергии. Па од смоките поголем алерген не постои. Сега ајде да оди на роденден па ке проба малку и толку. Но родителите уште од 7 месец со јогурт ги растопуваат па им ги даваат така смоките , на што личи тоа? Не е само алергијата , има можност и да залетне некое парче и да се задави детето. Додека е мало треба да го научиш што е добро , што не. Кога постојат подобри работи зашто овие пржени глупости да ги јаде? А кога ке порасне , кога ке почне да излегува итн. неможеш да го спречиш да не купува такви работи , треба самото да си знае дека тоа не е добро ;) Не се лути сепак ова беше мое мислење :hai:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.747
    Многу родители не се думаат што да им дадат на децата за јадење, само бапни им смоки, бисквити во рачето и демек се најало....
    Дека не се здрави сите знаеме, полни со адитиви се, и тогаш зошто со сила да им даваш од мали кога не разбираат ништо нездрава храна??? :?:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    633
    немам деца рано ми е (дај боже да имам) но смоките се лепат многу по цревата не се здрави за да се даваат на малецко дете :!:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.940
    Допаѓања:
    104.723
    Пол:
    Женски
    Ќе се навратам на претходните размислувања во кои се зборува за тоа што смее, а што не смее да јаде мало дете до година дена.
    Искрено, како медицинско лице, сметам дека докторите малку претеруваат кога забрануваат некои работи. Се сложувам во однос на артиклите кои што се познати и докажани алергени, ама за останатото, мислам дека колку повеќе рестрикции се прават, толку повеќе е на штета на детето во однос на имунитетот, но и општо за организмот. Затоа јас на син ми сум му дала доста работи кои докторите ги забрануваат до 8 месец, па фала му на Бога, не сме имале никаков проблем.

    Што се однесува до смоките, јас не би му дала до година дена, ама после тоа не можам пак да го чувам под стаклено ѕвоно, ниту пак ќе му бранам ако сака да проба. Затоа што, нели, ако му браниш, послатко е. А никогаш не би му ги дала како замена за оброк, секогаш инсистирам да се јаде она што треба, а не грицки. Ама ќе видиме како ќе биде со малиов.
     
    На sofi2107, julie77 и Sunshine88 им се допаѓа ова.
  8. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11

    Е извини ама јас не се согласувам со тебе. Ај дај му на дете од 7 месеци да грицка бадеми, ореви и лешници па после пофали се. Велиш ако ние сме јаделе нетреба да го труеме нашето дете, па зарем нашите мајки не труеле нас. Јас уште како бебе сум јадела смоки па до ден денес немам никаков проблем ни со алергија ни со нешто слично.
    Плус еве на пример јагодите се природен производ без вештачки мирис, вкус и хемикалии а сепак се алергени.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.747
    Таа сигурно не мислеше на 7 месечно бебе да му дадеш ореви, лешници!! Туку на поголемко, кога ќе почне да грицка. А, замена за смоките сигурно има! Но, не, малку пари имаат прехрамбените индустрии, па уште ние мора по цена на здравјето, да ги богатиме. :^)

    Јагодите биле алергени, ама не сум чула на некој да му е нешто поради јадење јагоди. :?: И сигурно никој на едно јадење нема да ги изеде едно кило.

    За тоа дека ништо не ти било од смоките - млади сме, енергични и ништо не ни е, ама на постари години ќе си платиме за се` што сме го труеле организмот. (уште на 40 год. колку луѓе имаат дијабетис, штетен холестерол, срцеви проблеми, мигрени итн.)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.940
    Допаѓања:
    104.723
    Пол:
    Женски
    Малку смирете ја топката. Секој има право да му даде на своето дете што сака и кога сака, ама има правила кои мора да се почитуваат пред се' поради здравјето на самото дете.

    Биле смоките здрави или нездрави - јас не ги препорачувам додека детето не наполни една година, поради тие кикириките што ги содржат (макар и во траги). После полна година може да јаде скоро сe', ама и тогаш претпазливо.

    Ореви, бадеми, лешници, кикирики, јагоди, малини, шумско овошје, киви, чоколадо - сето тоа се дава на дете после година дена, или пак после три години ако во блиското семејство има докажана алергија на некој од овие продукти - се работи за силни докажани алергени кои можат да бидат опасни по живот!

    Girl23, не е работата дали ќе изеде едно кило јагоди или не, работата е што кај некој само со лизнување на јагода може да се јави многу силна алергиска реакција, а за другите овошја и артикли да не зборувам.
     
    На koritsaki и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.784
    Јас место смоки на ќерка ми и давам да си грицка корнфлејкс, експандиран ориз и сл. житарки, најмногу кога гледа некој да грицка, па и таа сака. И вкусни и се и се радува кога ќе си види во чинивче. Се е навика. И ОК, секој има право да му даде на бебето/детето што сака, ама и секој има право да си каже мислење. Мене секогаш многу повеќе ме напаѓале мајки кога ќе кажам дека на ќерка ми не сум и дала (и немам намера) да и давам смоки и дека не сакам ни синот, ако е поголем, да ги јаде. И тие мајки што даваат веднаш рипаат во напад „па под стаклено ѕвоно ли ќе ги чуваш“ (аман бе, за смоки зборуваме, не за нешто од животно значење!), па „што им фали на моите што јадат“, па „глупости, смоки да не се давале“ итн итн. Мислам, не ми е јасно зошто (скоро) секогаш мора да се нападне оној кој ќе каже нешто такво.
     
    На blond, girl.23, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.449
    Допаѓања:
    63.908
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека на 7 месечно бебе би давала ореви, лешнаци..? Мене зборот ми беше некои мајки на таа возраст им даваат смоки на децата да ги шмукаат. Па постојат поубави работи од смоките.Еве на пример корнфејкс, оризни снегулки итн. А за јагодите, има луѓе што се алергични не само на јагоди туку и на др. работи , но сакам да кажам дека овошјето и зеленчукот се далеку поздрави, а во смоките да не има случајно витамини?? Детето незнае што значи грицки каков е вкусот се додека мајките не им ги `тупнат` во уста.Или некои деца не јадат па дај му смоки барем да јаде нешто, не е важно што. Ова е жива глупост. Па нека огладне убаво па да видиш како ке јаде и спанаќ, и морков и брокула, а не како ужинка дај му смоки.
     
    На Li0ness и girl.23 им се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    157.971
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште немам деца но ќе напишам за мене, кога бев дете не јадев ни смоки ни еурокрем, чипсови и останати грицки исто не! Сето тоа беше од едноставна причина што не секогаш но често добивав алергиска реакција од нив, најинтересно е што и сега на 30 години ми се случува ако ги јадам во подолг временски период (да најверојатно ми се презасити огранизмот) па да се нафрлам пак :devil:
    На крај краева убаво написа Лионес не се смоките нешто од животно значење за детето па да неможе без нив.
    Секое дете е различно па така и мајките се однесуваат кон нив-индивидуално.
     
    На ana-banana и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.747
    Навистина, не дај Боже да кажеш нешто против денешната `мода`. Се` што е нормално не чини!

    Ај за мене да кажам, ме хранеле со здрави намирници, но ми купуваа еурокремче, смоки, чоколади, итн. Никогаш не сакале да ми ускратат на тие слатки задоволства (иако ми кажуваа дека се штетни). Но со тоа добив само повеќе расипани запчиња како дете, поголема тежина, а и голема зависност од таа храна, која и ден денес не можам да ја оставам!
    Да ми бранеа тогаш, можеби ќе се лутев, но денес сигурно ќе ги разберев и ќе им бев благодарна за тоа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    474
    Смокичкиии :clap: :clap: Кога ке имам дете ке ги делеме пола мене пола него!!!!
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    66.634
    Пол:
    Женски
    Смоки треба да се избегнуваат ...особено кога детето е болно односно има секрет...со смоките уш :) те повеќе му се залепува за грлото и го тера уште повеќе да кашла...е сега не чини па никогаш да не му се даде..ама со ред.. :)
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.116
    Допаѓања:
    4.660
    Смоките се голем алергенс за детскиот организам, освен што имаат пченкарно и пченично брашно кое е пржено во зејтин има и конзерванси кои се претерано штетни за младиот организам. Наместо тоа ако толку сакате дајте му обична палента на бебушот разматена со јогурт.
    Се е ствар до навика. Ние бидејќи како мали имавме аутопичен дерматитис и за да го нормализирам колку можам не сум давала ни смоки ни грицки, ништо од тоа. И ден денеска не купувам тоа по дома и тој не ни знае што е тоа, па нешто да се тегли по смоки. Кога одиме на родендени гледам дека не ги ни приметува грицките.
    За разлика од мене, на една пријателка малиот само тоа јадеше со јогурт. Живи маки беше, ама се тешеше дека бар јогурт ќе се напиеше, али затоа имунитет 0.
    Кога ќе порасне и ако сака нека јаде, ама кога веќ ги јаде ќе ги јаде после оброк. Уште од мали сме научени дека ако сака чоколадо, сокче, ужинка само после оброк (и до ден денес не му попуштам во тоа, ако треба само пола чинија нека изеде ама потоа десерт-поголем инат сум од него :) )
     
    На Natasha2012, girl.23, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  18. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    7
    Јас на моето му давам смоки,ужива да јаде и кога имам работа ке и остабам отворено кесе и само едно по едно ги грицка :rofl:
     
  19. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    Мене досега сите ме прашуваат зошто не и давам смоки, ама јас одолговекувам, гледам до година дури не направи такви работи да не јади, не само штетни биле или не, туку помалку ќе ми јади друга храна, а и има кикирики во смоките...
     
  20. pipi1975

    pipi1975 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    jas na moite deca im davam, dodusa ne precesto no smokite se gricki koi se omileni skoro kaj site deca