1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снобизам и лажна елита, дали постојат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 17 август 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Длабоко сме навлезени во однесувањето на ,,западот,, и слепо прифаќаме превземени шаблони.

    Снобизмот во слободен превод значи :придавање преголема важност себе си во однос на сите други,изигрување господин/госпоѓа без да постои основа.

    Постои и материјална но и интелектуална ,,елита,, а тоа се бизнисмени, писатели, доктори кои сами себе си дозволиле самољубие и замислуваат дека се нешто над останатите.

    Дали мислите дека постои снобизам и лажна елита околу Вас и како реагирате на тоа кога Ви се пласира ?

    Дали голем дел од населението кое живее покрај снобови и лажна елита смета дека најтешко е чесно да се живее?

    Дали мас-медиумите помагаат и ги воздигнуваат снобовите и ја ставаат лажната елита на пиедестал?
     
    На Aleksandar1212, nina123, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Одамна постои лажна елита, ама во последните неколку години како да е помодарство да си дел од некои високи друштва, ратоаријанци, самопрокламирани политички кругови...

    Додуши и социјалните мрежи потпомагаат за нивна самопромоција, па најчесто ја користат за да се прикажат во најдобро светло.

    Често го слушам и изразот ,,џет-сет,, ама некако нашиот џет-сет е мнооогу далеку од она што вистински значи овој израз.

    Лично мене не ме нервира, напротив ми е смешна оваа појава:lol:, посебно ми се интересни личности кои изигруват кловнови мислејќи дека се елита.
     
    На Волкот, Alm., Dadusicka и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Све је снобови околу нас , као зомби епидемија се шират али мање битно и самите во себе знаат дека тоа нималку не наликува на елита ... А всушност и што ако си елита кој к*р мене тоа да ми смета или тешко да ми паѓа .. Моето правило е не ми се занесуј ти мене а за себе шо сакаш мисли си и шо сакаш прај
     
    На Црна Ружа, Mini90, nina123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Лесно е проверливо кој е сноб а кој вистинска елита.
    Треба само да му пријдеш, да му се обратиш.
    Оној кој заслужено е на некоја повисока позиција и покрај тоа е љубезен и топол, отворен за разговор и помош.
    Колку поголем човек толку попријатен и попитом карактер.
    Овие другиве, случајно воздигнати илити снобови се смешни воглавном. Дури и кога зависиме од нив, можеме преку внимателно набљудување да ја видиме нивната немоќ, сокриена позади лажниот сјај.
    Комедија обична.
     
    На Bella •••, winnie02, Alm. и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Има лажна елита. Работев јавна професија и од многу јавни личности сум разочарана. Сум соработувала со нив, и можам да ви кажам, дрски, некултурни, арогантни, неначитани, прости. Ретки се оние кои се елита кај нас.
     
    На Волкот, Alm., Ladybug98 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Снобизам не е самата висока позиција и плата, поседувањето имот, моќ, врски итн., туку она ,,дали знаеш кој сум јас“ однесување, дрскост, ароганција и мислење дека повеќе вредиш од другите поради тие материјални достигнувања. Ги има многу, за жал.
    Скорешен трагикомичен доказ е оној профилот на инстаграм Rich kids of Skopje (facepalm)
     
    На Alm., dunika, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  7. bjorn

    bjorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Секогаш постоела, а и ќе продолжи да постои таа лажна елита на овие балкански, интелектуално заостанати простори.

    Ќе споделам една минорна, дури за некого и смешно-глупава случка од денес како пример. Возејќи се во еден од искршените украински автобуси на јсп (оние ниските, еднокатните), автобусов го фаќа црвено и застанува на семафорот. И така јас седејќи си покрај 4 години неизбришаниот прозор, гледам дека до автобусот се паркира некое најново Опел џипче. Во него фраер од 18-тина годинки, со раката висната на рамката од прозорот и со цигарата измеѓу прсти. Иако, нормално, не разменивме зборови, погледот негов кој ми го упати, преточен во зборови беше, види го просјаков, со што се вози а постар е од мене, а уште нема ни своја, каква-таква кола.

    Таквата елита, кои наследуваат повеќе од што можат да истрошат пари, коли и недвижнини, го креираат јавното мислење и перцепција за тоа кон што треба да се стреми еден млад човек на овие простори, со ултимативна цел да биде прифатен како успешен човек во очите на потесната или пошироката за него јавност.

    А за мене се повеќе елита оние кои можат да си дозволат и цел ден да се возат со такси, а сепак се жртвуваат себеси for the greater good и не испуштаат по едно кило јаглероден моноксид и диоксид во нашиов кутар скопски воздух.

    Се' извинувам за малиот дитур / офтопик.
     
    На Alm., Mini90, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Еве ќе ви наведам пример како една народна пејачка требаше да дојде кај нас на работа, и кога дојде си спомнуваше како одвоила време, а тоа беа 15 минути и прво алудираше, а потоа и си кажа дека сака ручек, така требало. Која елита кога се гребе за јадење и пиење?
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Снобизмот постои секаде низ светот, а општата перцепција кон тоа да се биде сноб е негативна. Е сега, работата е во тоа што постои разлика помеѓу сноб во Америка, и сноб во мкд, ова второто е некоја пародија, оти условите таму и ваму се небо и подземје разлика. Сум чула дека постојат тетки кои не влегувале во КАМ маркет, бидејќи бил за сиромашни :D Сирота јас, мислев дека кога ти треба нешто да купиш, влегуваш онаму каде ти е чекорот поблиску.
    Елитата во мкд е чисто лажна, сето тоа во предкомунистичката ера и нешто подоцна, шетало по опинци и искинати крпи во селата, па партиска книшка им овозможила работа во град. Некои нивни директни потомци мора да си ги лечат комплексите некако.
     
    На kankus, Someonespecial, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Скопје подолго време пати од синдромот снобовски град со лажна елитата и авангарда
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Елита и РМ се два тотално спротиставени поими.
    Има богати особи, тајкуни олигарси, има милионери а има и мултимилионери (20+ милиони евра богатство).
    Но тоа се само богаташи, не се никаква елита.

    Работата е што во РМ нема традиција на раја која е богата. Немало кога, немало како. Во последните четврт век се накотиле секакви ликови кои преку политиката, хаосот на транзицијата, монополските односи, кодошките служби и наместените тендери се стекнале со големи пари.

    Но тоа е све тешка сељачана, мусави ретарди на кои им рикаат говеда во главата, како оваа екс-министарката за култура која спиела во Риц и Хилтон и си купувала брендирана облека, парфеми, обувки и што све не на државна сметка. Но таа истата е проста сељанка која се брука кога и да отвори уста на која претците и биле стока и никаква штикла од 1500 евра и флаша вино од 300 долари нема да го сменат тоа.

    Тука е и оној Ангушеф или како и да се викаше. Ликот возел кола од 100К еура но делува како цел живот да бил на ајвар и леб, језиво и тупо, целиот посивен а облеката му стои како коа на шимпанзо би го облекле за 25К гардероба.

    Мијалкоф, што дека има пари? Би се менувал некој со онаква појава?! Што е она бре, скифлен целиот, мизерен во изразот како да нема пет денари во џеб.:party:

    Особи како Зегин, Штерјо, Минчо, тринчо, финчо, све кој од кој.
    Со што би импресионирал некоја женска особа некој таков, ок швалерки ќе се најдат се има пара, не може да си го види курот од стомачиште кое оди 5 минути пред него, некои смркнати фаци кои наведуваат на повраќање, дикција, говор, понашање на ниво на ретардиран питач од Калкута, вкусовите и светогледот им се движат од турбофолк до гнетење скара до посерувачка, ќе лаже дека му се свиѓа Хенеси пред други а одвај чека да се изналока ракија уз чварки...:devil:

    За Елита е потребна традиција, аристократија, однесување, посебен начин на живот.
    На Балканот нема ништо од тоа, дно.
     
    На Ladybug98, Bankarkata, Anacid и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Ова е сепак претерување и не е вистина.
    Постојат луѓе кои со самите свои квалитети, однесување, образование и морал успеале да станат дел од тн. елита.
    Без оглед на своето потекло.
    Ретко е ама можно.
    Нема врска со снобовштина.
    Истото важи и во обратната насока.
    Во богатство и традиција, добро потекло и аристократија, празни личности колку сакаш.
     
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема такво нешто, нема таква класа, секако дека има професионалци кои се подобри од други но тоа не е елита.
    Има раја која си замислува дека е елита но не е.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Читав еднаш ама не ми текнува за која држава, или за повеќе, каде си имаат клубови во кои новопечени богаташи без педигре, без достигнувања во културна, научна и образовна сфера не примаат па макар имале и билиони на сметка. Крем де ла крем во (по нивно) вистинска смисла на зборот, соодветно на општеството во кое живеат и квалитетите што се земаат како стандард. Во Мк тоа би било -дедо ти бил еким, татко ти доктор, ти исто и тоа е повеќе од доволно. Или во министерство работеле 2 или 3 генерации наназад. Или најчесто -приватен доходовен бизнис кој ви овозможил живот на (по)висока нога. А дали освен основни работи во своја област знаеш (шансите дека не знаеш се големи оти фактор врски и фактор никој не бара од тебе повеќе) небитно е, оти го имаш она што поголем дел од населението го нема а посакува -пари. Па колку се "виновни" тие што се наметнуваат како елита, толку и народот што прави тие да се чувствуваат така. Кога ќе се запрашаме -за кого збориме, за кого полниме страници по форуми и трошиме муабет во живо, кого копираме макар и несвесно, на кого се угледуваме и кој ни е репер, модел, инспирација, кого не можеме да игнорираме...тие се таа лажна, снобовска елита. Вистинската така не се експонира, ако и воопшто се експонира.
     
    На Yowannty, Bankarkata, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Да, но за жал, кај нас во Мк, кремови и елита изигруваат и тие што се од просечни работнички семејства, па се прават некои големџии. А, две реченици незнаат да сврзат. Те игнорираат, несакаат да те дружат, те меркаат од глава до пети како си облечена, преку глава ми е од такви дигнати. А, не постигнале ништо посебно во животот во сферата на образованието, на културен и професионален план. Од секогаш постоела таа класна подвоеност кај нас и ќе постои. Тоа до некаде е и дел од домашното воспитување. Сум слушала случаеви каде родителите им сугерираат со кого да се дружат нивните деца, а со кого не.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нуво Риш е фенси име за новопечени богаташи, оние од типот кога би купиле Бентли би ставале кука одзади, со топче од сладолед за влечење приколка, пошто ќе се најде еден ден.
    Или оние кои би платиле прва класа во авион, би се поднапиле нешто и би ја штипеле за задник стјуардесата feat. барање ако може да се отвори троа прозорчето ако може во авионот пошто е горештина.

    Повици Вози Мишко и изрази како Мајсторе за пилотот се во склад со елитистичката природа на таквите ликови.
    По слетување во Рим/Париз/Лондон ќе се мотаат низ некој хотел и ќе се вратат назад по два дена со заклучок дека никаде нема забава како кај нас, западњаците се ладни и не знаат да живеат, во Париз нема фешта како во Владимирци кај Пепи на певаљка, десетка со кромид и полна пепељара.
     
    На Bankarkata, dunika и Bridget им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога снобизмот и лажната елита е толку вешто замаскирана да доволна е мала наивност да постанеш жртва на нивна манипулација
     
  18. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Постојат многу луѓе што гледаат од високо затоа што се умислиле дека се некој но се никој.
     
  19. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Многу е мал бројот на луѓе кои заслужуваат да се наречат елита. Обично таквите не сакаат и не чувствуваат потреба да се експонираат ниту пак да глумат "кој сум јас" пред "обични" смртници. Прошетани, образовани, начитани, успешни со култура на ниво.
    За жал кај нас елита глуми некој кој има малку повеќе од другите. Некој кој можел да си дозволи еднаш одмор во Шпанија и два пати годишно Џек Даниелс во клуб со главно сепаре. Некој кој работел 10 години надвор од државата па по враќање отвара некое кафуле или маалска продавница и глуми бог бидејќи има двајца вработени. Познавам вакви фаци во мое блиско опкружување и ги избегнувам колку што можам.
    Не дискриминирам според потекло на родителите и финансиски статус но некој од работничко семејство кој повеќе од 20/30 години живеел сосема скромно смешно е да глуми висока класа.
     
    На Dadusicka и stetoskop им се допаѓа ова.
  20. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Од секогаш постоела, и ќе постои елита. Но не треба да се експонираат до степен да не доведат нас скромните во ситуација да се комплексираме. Неможеме сите да имаме луксузни возила, станови, викендици и сл. Но сум забележала, едни фармерки брендирани да купат ќе се испофалат, а камо ли нешто покрупно. Не им љубоморам, нешто што не ми излегува од џеб, немам право да критикувам, си имаат, си купуваат, но нека не не потценуваат нас посиромашните за сметка на нивниот капитал и пари.