1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снобизам и лажна елита, дали постојат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 17 август 2017.

  1. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Во Македонија поголем дел од новопечената елита се претежно млади мамички коишто јаделе леб и сол за доручек, ручек и вечера се дур нивниот маж не извадил бугарски пасош да работи како молер во Австрија (без никакво потценување на професијата) и да заработува 2000 евра месечно. Сега тие новопечени елити стануваат во 6 часот наутро за да стигнат пред време на училиште каде што учи нивното синче за да ја зачистат клупата и нивното детенце да не дише прав. И ова се случува во Република Македонија дами и господа. Примерите се вистински.
     
    На Sesil и Sv. Nikolka им се допаѓа ова.
  2. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам во сето ова што го кажуваш. А, се кочоперат, чиниш, ќерки на Министри се и на Директори. Што самите постигнале да ги запрашаш!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Парите сами по себе не прават Елита.
    Абрамович пример, газдата на Челзи иако има 10+ милијарди фунти не е елита туку е транзициски треш и стаорец, на прв поглед делува како нешто кое го исфрлила канализацијата на улица а на втор делува......па да, како нешто кое го исфрлила канализацијата на улица...
     
    На Biljarkata, Bankarkata и Ariel им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    Баш убаво опишува насловот - снобизам и лажна елита. Каква елита, има само новопечени богаташи без никакви вредности. Жално и смешно е да гледаш како некој кој едвај опстојувал успеал да дојде до пари и сега глуми лудило.
     
    На Feminka192 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Дали постои? Па само тоа и има кај нас.
    Лажна елита и снобизам колку сакаш, имаме и за извоз. Да се разбереме прво, немам ништо против новопечните па и старите богаташи кои не глумат лудило туку само онака си ги трошат парите без да се прават дел од некаква си елита, навистина познавам луѓе со многу пари кои искачаат на сите најобични места, јадат и пијат најобични работи и не гледаат никого од високо туку баш напротив, а можат пола Македонија да ја купат со пари, е таквите не се замараат.
    Оние кои ми се најинтересни се глумцитеееее, сакаат да бидат дел од некои јаки друштва, да искачаат у поскапиве места и да пијат Моети, Кристали и бла блааа. Глума на сите страни, нарачува флаши чуда у диско, а на крај бега да не ја плати сметката или си го забораил новчаникот, битно сторито е веќе објавено.
    Сакаат да возат јаки коли купени на лизинг, објавуваат слики од патувања, а сметката им е во минус, се фалат дека имаат бизниси и фирми, а тонат во кредити.
    Најсмешно ми е затоа што многу од тие луѓе ми се клиенти и многу добро знам всушност колку тежат во пари, погодете, ни приближно колку што се прикажуваат.

    Жалосно е што животите им се сведени на такви мизерни работи, сакаат луѓето да ги зборат, да се покажуваат лажно, да предизвикаат лажна завист, да створат лажна слика за себе ки се и што се.
    А девојкине па, лееее секој ден кафиња, козмаетички салони, нокти, надградби, сликање по сепариња, дрг ја финансира, а ми глуми елита.


    Елитата е во генетиката, а не во богатството. Елита се кралските семејства, ние сме радници тука бе на кого глумите, на кого не ми е јасно... Комплекси.

    Тие што имаат не се замраат некому да се покажуваат и докажуваат, у тренерки пијат кафе у маалски кафич и јадат у маалска биртија и не се замраат, а овие сиромавиве абе ќе пукнат да бидат видени на популарно место со скапа пијачка.

    Вистината е дека 90% од тие лажната елита се до гуша у долгови, таа да си знаете.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Лажна елита може да се сретне на секој чекор, неизживеани луѓе кои дошле до некој денар повеќе во животот, а немаат елементарни познавања од општа култура, недоволно едуцирани, без да имаат некое позитивно и корисно животно или професионално искуство, личности без “back ground”, а изигруваат висока класа со тоа што купиле најнов модел на мобилен, нов автомобил и брендирана гардероба.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    81.615
    Пол:
    Женски
    Во последно време често ја приметувам оваа појава кај луѓе кои биле нормални од фини семејства.
    Може некој да ми објасни како се станува сноб?
    Како еден образован човек стекнува ум кој единствено го интересираат пари, автомобили,скапи телефони, парфеми и други статусни симболи?
    Како да е некоја спонзоруша?!
    Има ли некој меѓу вас да објасни која е финтата, или дали сте доживеале нешто такво со луѓе кои ви биле пријатели и ги знаете какви биле порано?

    *Споена дупла тема
     
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.300
    Пол:
    Женски
    Ех... Имам доста да кажам во темава од сопствено искуство. Горе доле во моето професионално опкружување имам премногу такви, но воглаво ликови родени со златно лажиче во устата на кои очигледно им се подразбира луксузен живот. Имаат можност, го живеат и во ред е , се додека буквално не сфатите дека овие луѓе:
    1. Се, секого и сешто согледуваат низ призма на пари и за секоја тема на разговор делуваат како да се одлепени од реалноста и дискутираат како да е нормално да имаш куќа на два, три ката, кола која без проблем ќе се извози до која било дестинација, можност за патувања 3, 4 пати во година, чудење како некој нема жена за чистење, чудење како некој нема викендица и како некој размислува дали да проширува семејство зошто живее во 50 метри квадратни, а не во куќиште од 4 ката, со жена помошничка и жена за чување деца и средства за приватни градинки и така натаму. Да, тие луѓе се разбираат со само сличните на нив и не сакаат да разбират дека не секој живее таков живот.

    2. За другиот дел, да познавам луѓе кои буквално кубуреа за живот, имав таква другарка, делев со неа, ја советував и бев поддршка. Се зема со подобро стоечки тип и се овозможи на фино работно место да се стави и сега пара по небото со носот. Уште некој се нашол интервјуа да прави со неа (не е јавна личност, ниту има некакво посебно работно искуство) и буквално кога ја читам делува надмено, егоцентрично, арогантно. Знам и други од овој вид, буквално нон стоп се фалат кај биле, што правеле, што купиле. Не се дружат со поранешните пријатели, малтене не ги ни рецкаат, освен се разбира ако и тие не им парираат во богатсвото.
    Мое мислење, човек може да е богат, но не сноб, тој не се фали, не потценува. Ја разбира околината која го опкружува, го тера животот, не живее за другите, не боде очи. Овие буквално постојат за лајкови, восхит и уште вратот да ти го сврте за да видиш колку има. Материјално богати, духовно бедни.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Имам неколку примери. Се дружев со едно девојче од добро ситуирано семејство. Со тек на време парите и удрија во глава. Почна да се фали како она имала се, како и се можело затоа што е богата, како она не морала да се мачи за да успее. И да не набројувам. Буквално...девојчето добиваше се што ќе посака. И почна да се дружи со девојчиња од нејзината класа. Јас не спаѓав веќе во тие. Прав сноб. Почна да ги потценува тие што се пониска класа од неа. Гледаше на секој можен начин да ги понижи. Као демек...ние сме никој и ништо во споредба со неа. А се работи за крајно неписмено девојче. Во ред е да имаш пари, ама да се внимава со однесувањето. Затоа што некој може да повредиш. Немал секој среќа да се роди со златна лажичка.
     
    На Tanjamm и BlackNight им се допаѓа ова.
  10. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Κога неκој ќе добие паρи и ги смени статусот од сиρомашен во богат, тоа е устваρи сноб. Но, мислам деκа тоа е една особина κоја неκоја индивидуа си ја носи во себе и чеκа момент да биде изнесена на виделина. Не сеκој сноб има паρи туκу, пρави да изгледа таκа.
    Тоа е и талент, дρаги луѓе. Способност е тоа. Да можеш да убедиш неκој во нешто на измамничκи и пρеваρантсκи начин, тоа не го може сеκој. Па, ќе си ρечам после: види ја игρачκи си игρа со сеρиозни нешта...нешта κои не се за зафρκавање.
    Господ има и гледа.
    Богатството не е сеκогаш во паρите туκу и во душата. Ги има мал милион пρимеρи κаде нема паρи ама има сρеќа и весели и насмеани лица со цρвени обρази...:)
     
    На Limpan, SummerGirl и BlackNight им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.717
    Станало модерно да се праи чалам?:o
    Ваљда од фрустрации тн трауми од детството. Сум познавала луѓе што биле од имотни семејства, никогаш не се чаламеле т.е. докажувале. Сум чула за луѓе што отишле во бел свет па се пофалиле колку голем и скап телевизор си купиле.
    Ќе да е некоја финта, да немаш, па да имаш, па да му докажуваш на светот колку си јак. :|
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Камо да не постоеја. Едни од најодбивните одлики кај луѓето :puke: трагикомедии :rofl:
     
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.330
    Постои, особено во последниов период. Ама не го гледам како проблем искрено.
    Секој си располага како сака и како му е мерак со финансиите. Некој ќе купи една маица од Масимо Дути месецот на пример, а некој 5 од пазар- истите пари. Некој ќе пие два коктела во Интермецо, а друг за тие пари ќе јаде во маалска кафана.
    Ако сте вие остварени како личност, и не сте искомплексирани, нема да ви смета 18 годишен во убава кола додека вие се возите во прљав автобус. Нема самите да си помислувате што лошо си мисли дечкото, без да каже еден збор.
    Некогаш сте малце љубоморни, демек секој млад човек што ќе вози убава кола, или ќе јаде во убав ресторан е лигле и сноб и глуми елита.
    Ако сте свои, самоуверени, нема да ве навреди коментар или поглед од “сноб” .
    Ако не некој му е убаво да живее елитен живот, а може да си го дозволи тоа, па макар и крати од други работи, кои сме ние да му кажуваме да не живее така?
    А и ако е така лесно да се лажира, значи сите имаме избор да живееме така и не го правиме тоа. Нема љутиш.
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Елита-родителите, нивните деца-снобизам

    е сега делов лажна во насловов, оние кои живеат на висока нога до гужа заглавени со кредити
     
    На Tanjamm и Волкот им се допаѓа ова.
  15. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со напишаното.
    Секој си одлучува што му е приоритет.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Мислењево од пред неколку месеци, сега ја среќавам темава..не е битно...ама дали, дали озбилно напиша дека е избор и приоритет дали ќе пиеш коктели во интермецо или ќе јадеш во кафана?
    Не сте реални некогаш.


    Има луѓе што располагаат со многу многу пари и си ги трошат како сакаат, се разгалуваат и си дозволуваат многу, ама ја имаат задржано таа мала скромност да не ги прават парите нивен единствен personality trait.
    Од друга страна, класичен пример за снобови ми се луѓе што брзо се збогатиле - или нивните деца, и наеднаш единствено нешто за кое живеат е да ги импресионираат сите други колку се збогатиле, а истовремено и да ги потценат во секоја можна прилика. Луѓе што губат допир со реалноста и со тоа како живее поголемиот дел од населението. Ептен длабоко несигурни личности.
     
  17. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Женски
    Се сведува на тоа кого што го прави среќен во животот. Ако те прави среќен да искачаш по Интермецо, Мош и слични, искачај таму. Ако те прави среќен да искачаш на сворка во Маракана, искачај во Маракана.

    Многу погрешна е перцепцијата дека ако не искачаш по најевтините кафичи и кафани, тогаш глумиш снобизам и елита. Не, не глумат елита, само некој не сака да излегува по дупки кафани со лоша храна, лоша услуга и да ти е гад да влезеш во тоалет, бидејќи последен пат бил исчистен во време на Анте Марковиќ.

    Мене пострашен ми е обратниот феномен - луѓе што заработуваат многу, а цел живот ќе им помине во штедење, стискање, калапење на пари под перница. На крај ќе си умрат и тие 5-6 станови што ги заштедиле ќе им ги јадат снаите и зетовите.

    Но, како што реков, кој што го прави среќен во животот. Помалку замарање со животите на тие околу вас, повеќе уживање во вашиот живот.
     
    На Ekvador, Boomer, diskreten32 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.330
    Ама секој има право на различно мислење и различно да си го живее животот.
    Ако ти си среќна, задоволна, и остварена личност- ич нема да ги приметуваш оние во мерцедеси, додека се возиш во автобус. Со тоа што ти сметаат, малце им љубомориш. Они со тебе и со автобусот не се замараат.
    Ако на некој му е убаво на искачање да троши пари и да искача во Интермецо, Мош, Три итн, зошто да не искача? За да ви докаже вас дека не е сноб?
    Еве ја пре би да седам дома една недела ако немам пари, ама кога ќе искочам сакам да си поминам убаво, да не се стегам и да пијам едно кафе или еден џин тоник. Убаво се осеќам на убаво место, со дотерани луѓе, со перфектна услуга. Ќе си платам за тоа задоволство ако можам, ако не-јбг. Тебе можеби убаво ти е да искачаш секој ден на кафе. И се е тоа океј.
    Се додека некој не те навредува, понижува, нема зошто да ти смета.
    Самите со себе имате проблем.
     
    На Hotwife му/ѝ се допаѓа ова.