Ми треба совет за 9 месечно бебе. Има слаба крв, што би требало да јаде, пие, за да му зајакне? Што смее а што не?
давај му варени цвекла, брокули, моркови,па потоа блендирај ги и нека јаде од нив секој ден, а сок од боровници можеш да му давш и обавезно ц-витамин за деца мислам дека ќе му се подобри крвта. ЈАс ради превентива од грип на ќерками и давам секој ден ц-витамин и обавезно свежо лукче во храната што и ја подготвувам. Најдобро е ти да ја подготвуваш сама дома немој да купуваш готови кашичи.
Многу е важно колку е слабокрвно. Доколку е под граница се препорачува терапија пропишана од педијатар, во спротивно може да се подобри преку исхрана. Некаде имав прочитано дека жолчката од јајце (доколку ја имаш давано претходно) за неколку денови може значително да го зголеми нивото на железо во крвта. Исто така црвено месо, може да му даваш телешко месо, темно зелен зеленчук, пр. спанаќ и што е многу важно витамин Ц. За почеток купи си од оној што се дава во капки, јас му давам на моето ( исто 9 мес.) по препорака од педијатар по 4 капки дневно, бидејќи вит. Ц помага во подобра апсорпција на железото, а после може преку исхрана богата со вит. Ц пр. брокула. Исто не се препорачува кравјо млеко да му даваш до годинка, бидејќи ја блокира апсорпцијата на железото. Пробај да пиеш чај од камилица, пиј го наместо вода, доколку е стомачето, нема штета. И обавезно подригнување после секое јадење.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци мамички имам 7 месечно внуче кое има бронхит не му дадоа никаков шируп само инхалации дали некој има искуство и дали можи да се дава белслез и домашен шируп (локум ментол бонбони и барбароса- вујнами му го даваше на брачетми како бебе за бронхитот)
бел слез мислам дека може за домашниот сируп не знам има ли детето температура баш ме зачуди зашто не му дале антибиотик и уште нешто тапкајте го пред јадење легнето го на меше на голема перница не преку нога раката свиена како во лопатка и почнувате оддолу нагоре по градите при тоа раката д ае слободна слободно и лесно д апаѓа на грбчето за да излегува шлајмчето
Стефи малиот мој има 6 полни месеци и 10 дена ,пред три дена почна да поткашлува и да ми хрчи на градите ај викам ништо не е ,мрсули немаше температира не весело детево одеднаш ,и викам дај да го однесам на лекар и таму др ми вика малиот црвено грло шлаем полн ,му направи крвна слика и вика вироза е ,ми даде алмацин сируп и салбутамол сируп (кој е за деца над 2 години,и болни од бронхит,асма,или проблеми содишењето а малиот не ми рече дека има ништо од наведеното). претходно му имам давано бел слез а и сега почнав пак и повеке кашла дали дека се растечнува шлајмот па и од сирупиве незнам. Јас пак сакав да прашам кој имал искуство со Салбутамолот бидејќи многу ме плаши ова што го пишува .
ако ти го даде доктор нема за што да се плашиш. барем така мислам.... докторката на внук ми не сакала ни антибиотик да даде одвај ја убедија..... поарно така отколку да се чека само да му помини а за белиот слез доктор ти препорача???
Да др ми препорача бел слез (малиот нејќеше да го пие од шише па зедов шприц и така му давав) и тоа повеќе пати на ден и за искашлување е стварно добар. И тоа на 4 месеци малиот беше настинат и тогаш сакаше да му даде антибиотици ама јас не дозволив поминавме со слез,Капки за нос, витамин ц и бебевит капки и се оправи. Мене па ме нервира што одма препишува антибиотици не остава простор ич дали за да и биде мирна главата или стврано така треба незнам. Јас и овојпат немаше да му дадам антибиотици но многу сум упашена од грипот што владее ,а и дека така на гради хрчи .
незнам што да ти речам на син ми кога беше 1 недела му препишаа антибиотик заради тоа да не му премини на градите носето му беше затнато. па машала последно беше само со течење на носето беше нема настинато многу
салбутамолот помага многу при бронхит, ќерка ми го пиеше на 10 месеци и мислам дека треба да му го даваш оти не дај боже да стане полошо
Еве денес повторно на контрола бидејки уште шлајмот не го исфрли ,па сега деновиве треба брис од нос и грло да правиме ,а во меѓувреме со бронлес и салбутамол преку два дена да давам. Незнам што беше ова две недели и со антибиотици и пак шлајм ,сакам да одам на друг педијатар на приватно. Само за Смоковска имам слушнато како една од подобрите ако имате некој предлог кажете сакам второ мислење многу ме плаши ова со антибиотициве па сега и втора доза да се даде некако премногу ми е .
Јас кај Смоковска не сум задоволна ич бев еднаш кога малава имаше 22 дена и ништо не добив за после на своја рака да си праам брис и излезе стафилокока а она ме убедуваше дека станот мие претопол затоа биле мрсулите во нос кај новороденче направи си брис од нос игрло за второ мислење само систина или ремедика таму д-р марина е супер ама јас не можев да дојдам до неа во систина сите ете меу ги пофали Вратогеров а јас по форуми имам читано дека е супер
Во петок ќе правиме брис во Пролече првпат одам таму резултати да не знаеш за колку дена даваат.? После тоа со резултатите ке одам на второ мислеше сега ке се паспрашам за докториве.
Резултати за 48 часа секаде толку се чека со тоа што во приватните лаборатории ако после 24 часа се негативни ги издаваат како негативни а ако се сомнителнии таму 48 часа мене малку не мие логично ама може е друга подлога а во пролече и микро посекако чекаат 48 часа
мамички ве молам за совет...сабајле кога го пресоблекував малиот забележав црвени точки на стомачето никаде на друго место ги нема само на стомакот дали имате вакво искуство и од што може да се појават
Може од некоја храна да му е ,ако си дала нешто ново ,или може од алишта перени од прашок или омекшивач, незнам претпоставки.
нова храна не сум му вовела ама со прашокот може да е тоа затоа што пред 3 дена немав од бебешкиот и ставив друг ама и предходно ми се има случено да ставам др прашок па немало реакција...а може ли да ми препорачате нешто со што можам да го мачкам за да му поминат побрзо?
сакам да ве прашам од кога почнавте да давате разредено кравјо млеко или козјо кравјо мислам да купам за варење од тетовска млекара а козјо имам домашно т.е од домашно одгледувани кози