Многу често сакам да пишам нешто, но не наоѓам соодветна тема и затоа се решив да ја отворам оваа. Гледам има повеќе дечиња на оваа возраст, а и ја узурпиравме темата 6-12месеци Една мака ми е пресоблекувањето кое ни е жива мака. Се препотуваме двете. Писка, плаче, се превртува, со ништо не се залажува. Незнам дали и другите имате ваква мака, но мене живците ми се истенчија веќе. Едно пресоблекување не е без плачки. Чаре?? Друг проблем е што многу плаче по мене, не ме остава ни за миг, не можам раат ни до вц да отидам, а да не зборувам за нешто друго. Плаче до помодрување. И по цел ден сака во раце да ја држам. Фаза ли е, кога ќе помине???
Најпрво лајк за темава..за пресоблекувањето борб водиме и ние..и тоа не од сега туку од шест месеци..откако почна да се исправа борби има...го залажувам со некој играчка или пееме песни заедно па некако успевам ..ко гуми што менуваат на формула 1...најбрзо што можам А за оставањето нема некој проблем..не е синко многу врзан за мене...и двеѕе деца ги оставам со баби од бебиња па навикнати се...
Ајде и тука само ќе потврдам дека истото е и кај нас. Најтешка дисциплина во одгледувањето на син ми е пресоблекувањето. Многу често се случува да не му ја залепам пелената убаво од што не седи мирен и да пропушти. За плачки и рикања да не зборувам. И кај нас овој проблем е многу одамна. За оставање кај други...па со оглед на тоа дека само јас си го чувам секако дека е приврзан со мене. И тоа е сѐ поизразено како расте и разбира повеќе. Веќе не сака кај друг да оди и не сака друг да го патка. Само мајка и точка. И да има кој да ме замени, тешко, оти кога ќе ме види збеснува по мене. И кога ќе ми дадат од страна совети: Па не го учи само со тебе, после мака ќе си имаш, ќе треба до ваму-таму да појдеш... Да, така е. Јас детево вчера го родив и не знам како е да треба да отидеш негде сам. И не го давам да ми го чува никој оти ми одговара по цел ден да бидам свиткана, да јадам "од нога", да не можам 5 минути во денот да седнам на раат... Ама пусти луѓе се загрижиле за мене па не можеш да им докажеш дека некој нема избор. Се извинувам што забегав малку... :/
најпривин браво за темава ..требаше ваква тема зошто незнаев ни јас каде да пишам! за пресоблекувањето- некогаш е ужас ама јас гледам ако можам некако да го зауздам ..му давам нешто интересно, некоја играчка , клуч од кола (обожаваме!) и гледам колку што можам побргу да завршам... а за приврзаноста - па нормално е да се приврзани со нас а особено со Вас мајки кои сте постојано со детето.Јас одам на работа , и мајка ми го чува...Научен е на неа, затоа што е од бебе со неа...играат, пеат , и е многу мирен со неа.можам слободно да кажам дека со неа е помирен додека мене знае повеќе да ми додева и гњави Кога доаѓам од работа да го земам , јас сум најбитна , нормално! се што работи во моментот фрла и веднаш ми подава раце да го земам.мафта со рачето чао и си одиме домче... за викенди кога сме сами (ако мм е на работа) јас едвај и да можам да јадам и да одам до вц...јадам од нога или двајцата седнати на маса...тој фрла , сам јади демек , јас кулирам ...само ќе му кажам ајде мама да те облечи да одиме на папа...мафта со рацето папа па седи мирен додека го средам и излегуваме надвор... сега сме во фаза на одење..уште не е преоден ама се пушта и на велико оди по мебелот..пие вода, сокче во чашка со сламка или онаа со клунче..уште цица само за заспивање, а млеко друго не сака никако! се си јадиме, имаме 12кг
За пресоблакањето имаат периоди кога несакаат да се пресоблакаат или бегаат кога треба пелена да им се смени,еве кај нас има моменти иако ќе полни три години да плаче ако и облечам нешто а на неа на пример не и се допаѓа.И плаче толку многу,збори дека и смета,дека и е мало а нема врска така да само јаки нерви за пресоблакањето За тоа дека плачат по мајките и тоа е фаза и поминува.Ќерка ми беше цело време само по мене,јас да ја пресоблакам,да ја ранам,до вц ако отидев тропаше на врата и плачеше ама и тоа помина.Сега е и со двајцата,си бира со кого што да прави А за држењето во раце е навика.Јас од кога се роди избегнував да ја држам во раце,си лежеше,се гушкавме ама во раце многу ретко.Ни успивањето не ни беше во раце и со нишкање и не беше зависна од тоа,еве затоа и ден денес не е.Пробај да ја одвикнеш со тоа што ќе си играш со неа на под,шутирајте со топка,трчкајте заедно,седете заедно и гледајте цртани,играјте и пејте на песнички па ќе види дека е многу поинтересно тоа него држењето во раце,мене бар секогаш тоа ми успевало
Za presoblekuvajneto i kaj nas se slucuva cesto da ne e mirna,ili pampers da i smenam nikako ne sedi mirna stanuva i taka si setka Ceto vo tie momenti ili i pejam ili gleda crtan pa da ja oblekuvam mirno. Kaj nas nedela dve malava kako ne pie mleko kako porano,pred spiejne so sila 150ml pie a piese 210ml. Nautro pie dobro 150 a preku den edvaj 90koga treba da spie i toa nie. Neznam dali od sto izvadi zapce ili?.. So hrana e kako sekogas,jade kolku saka.
Temava e top. Mami da ve prasam dali seuste im gi obaruvate krusite i jabolkata na vasite deca? Nie imame 12+ i ne znam sto da pravam.
Нема потреба и досега што си ги обарувала. Многу мајки од сам старт даваат свежи. Мене никако не ми ги јаде.
Јас одамна не ги обарувам. Само на почетокот кога почнавме со дохрана. Или ако ептен се тврди крушите, за да можам полесно да ги блендирам. Ама гледам да земам помеки.
@iki26 не ги обарувам , ги давам свежи...во почетокот само ги обарував. сега веќе не! жени а риба колку давате, каква риба и како ја приготвувате?
I jas sekoe obosje ubavo izmieno izlupeno i vo blender uste od prvata dohrana sega veke seceme parcenca i maliot gricka obavezno edna krusa i banana na den
Мајки, ние подолго време се мачиме со нејадење. Вчера ќерка ми со сласт си изеде скоро две чинивчиња овошје сецкано на парчиња. Да не претерам, ама одприлика си изеде една банана, две помали праски и еден грст јагоди. Значи не сакала блендирано,а јас упорно само тоа и нудев. Денес за ручек ќе понудам парченциња тиквица и компир, па ќе видиме. Што би можела да додадам како зачин, да има некој вкус, во случај да не јаде??
@НаталиЛили стави магдонос, лукче и маслиново масло @Mrs.Bass јас имам воведено ослиќ, бела и црвена пастрмка. До сега само варена, а еднаш му ја приготвив и на скара. Планирам да му спремам деновиве и печена пастрмка со лукче, маслиново и малку лимон. Ќе ја печам без кожата (ако успеам да ја извадам), за лукот и лимонот да се впијат во самото месо. Инаку риба му спремам еднаш до два пати во неделата.
Мојов со одвај 3 запчиња исто повеќе сака да јаде од нашето (парченца) отколку блендирано. До вчера се давеше, сега некако наеднаш смени. Му стана интересно изгледа. Се дави и сега, ама многу се труди. Почна и да пика храна во уста сам (досега ништо не ставаше во уста).
Ајде ако знае некој: дали раствор за испирање на очи е исто што и вештачки капки, зошто ' физиолошки раствор' за очи нема.
За деца нема потреба од раствор за испирање на очи, доволно е превриена вода. Инаку обичниот физиолошки раствор може да се користи и за очи ( иако јас не би го користела).
@НаталиЛили Зеленчуковите пробај да и ги топкаш со лепче. Еве на пример јас храната грубо и ја пасирам со вилушка или ситно сецкам (одамна не јадеме блендирано) и со интегрално лепче и топкам а таа си јаде. Лажица одбива, сака со раце да ја хранам или таа сама да јаде(читај лом да се прави). Пробај така, може повеќе ќе ти јаде, кај нас многу ,,пали,, хранењето со прсти а од лажица бега и плаче. За пресоблекувањето јас и давам пелена во рацете да се занимава додека јас и менувам. Бидејќи и се забранета ,,играчка,, ептен интересни и се пелените па ги вртка во рацете а јас брзо, нааајбрзо менувам додека не и текне да стане па гола да се шетка низ станот. Или пак и мачкам на рацете крема која некогаш завршува во нејзиното муце и така некако со лажење успеваме да ги менуваме пелените. Јас сакав да прашам какви чевлички за преодување им купивте на малите? Дома одиме боси или со чорапчиња, но кога сме излезени на шеткање некогаш ја пуштам да оди па ме интересира какви чевли треба да носи. Тврд ѓон? Мек ѓон? Имам слушнато дека се проодувало со подабоки чевлички, а мене ко за инат сите сандалчиња кои ми се допаѓаат се поплитки а напред затворени. Чекам термин за преглед кај ортопед па ќе прашам и таму,но ме интересира и вашето искуство!