Совети и практики за живот со помалку токсини и разни штетни нешта

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MissChievous, 7 ноември 2024.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Да, не можеме да живееме живот целосно без токсини и разни штетни нешта. Тоа е факт и нема да глумиме дека не е така. Темава не е за да се убедуваме себе си дека можеме да живееме совршено "чист" и природен живот, но исто така не е ни за да се демотивираме, да кренеме раце од трудењето и да си врежеме во себе заклучок дека за џабе вложуваме.

    Темава е за да си споделуваме совети, и да си даваме идеи и предлози како да си го подобриме секојдневието, и како да се бориме за подобрување на сè позитивно што модерниот живот ни го нарушува.

    На пример, еден од најголемите проблеми е микропластиката која е насекаде околу нас, јас има во почвата, во водата, во воздухот, буквално насекаде. Но што може да превземеме за да го намалиме внесот на микропластиката, на пример? Главен совет за овој проблем логично е да се избегава користење на пластика што е можно повеќе, поготово ако е поврзана со храна, односно на пример, храната да не се држи во пластични садови (а особено да не се загрева во неа), да не се пијат пијалоци спакувани во пластични шишиња, да не се користи пластичен прибор и пластични даски за сечење, да не се готви во производи со тефлон, итн. Препораката е да се користат производи изработени од дрво, метал и стакло.

    Микропластиката е само еден од многуте проблеми на денешницата, па ајде да споделуваме на што сè друго треба да обрнеме внимание, да се информираме меѓусебно и да се советуваме како да направиме најдобар избор во секојдневието.

    Пишете за сè што сакате, храна, облека, козметика (има свои теми, не мора претерано да се задлабочува тука), воздух, светлина, сон, итн.

    За пример еве, дали размислувате и внимавате каков тип на материјал облека купувате? И чаршави и прекривки?
    Со што ја перете облеката?
    Со што ги миете садовите?
    Со што ја миете храната? Колку внимавате на каков тип на храна купувате и внесувате? Дали запазувате како ја пакувате? Дали сами приготвувате храна од типот на sourdough леб, ќефир, разни скиселени зеленчуци, broth за супа, итн, со намера да избегнете повеќе процесирана храна? Дали растете своја храна?
    Дали користите прочистувач на воздух? Навлажнувач? Одвлажнувач?
    Дали размислувате често околу негативните последици од "сината" светлина и потребата од "црвена"? Дали размислувате за потребата од природна светлина и колку се трудите да се осигурате дека ја добивате што повеќе во текот на денот?

    Секако додавајте прашања и области за разговор, моиве се само за да ја започнеме темата и да поттикнат муабет за понатаму.

    Исто така, може и да споделуваме фотографии од производи кои ги користиме, и информации каде може да се купат.
     
    На merriel0, eliesaab, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Ај за да ја изнесам темава во "нови теми", ќе споделам 2 одлични подкаст епизоди за микропластиката, ако некој го интересира:


     
    На merriel0, eliesaab и Lorasss им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.725
    Пол:
    Женски
    Оваа е научна фантастика за народов кај нас! Ние дури сакаме да си јадеме
    токсини и разни штетни нешта!

    Еден совет од мене: Остајте конзервирана храна!
     
    На Realist1, eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на темава не знам дали сте го гледале филмов има цел огромен случај за тефлонот што трае со години, во меѓувреме си се продава на велико иако производителот ги знае последиците https://css.viber.com/?udid=449a67a...b660a&url=https://m.imdb.com/title/tt9071322/

    Ние во последно време внимаваме на некои работи зашто новите болести земаа страшен замав :(
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.104
    Допаѓања:
    49.140
    Пол:
    Женски
    Ја пример се уплашив коа видов од даските за сецкање шо може да искочи. Сабајле им зборев дома да ја фрлиме даската.
     
  6. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    И јас, веднаш ја фрлив
    Да пробаме да ги смениме работите на кои можеме да влијаеме
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Од кој аспект е лоша конзервираната храна?

    Дрвена е океј, само што треба да се одржава.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.725
    Пол:
    Женски
    Поголемиот дел на пазарот е веќе опасна по здравјето.
    Самите состојки, конзерванси, боја...
    Сувомеснати, паштети, месишта, (се што стои во пластика.
     
    На Realist1, eliesaab и Rozevata им се допаѓа ова.
  9. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.450
    Пол:
    Женски
    Види сите тие исполнуваат некои стандарди, не дека се пуштени онака од чиста мира за продажба на големо во промет, ама да си имаат додатоци кои и служат за да им ги задржат подолго време одредени карактеристики за да исполнуваат стандарди за таков тип храна.
    Искрено и јас избегнувам конзервирана храна или ја редуцирам на минимална употреба бидејќи ми прави желудочни надразби некои видови сардини, туни итн.
    Кога можам секогаш спремам свежо по дома или си правам тековно подготвени манџи.
    Да јадам гравови, гулаши и не знам ти што од конзерви :shake:.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Во конзервираната храна има конзерванси за да може храната на рафт подолго време да стои. Меѓутоа нутритивните вредности не се загубени, единствено што може да има додаден шеќер или повеќе сол. Па така според мене не е толку страшна. Секако, не е идеална, сепак свежо и тазе е најдобро. Но за оброк помеѓу баничка од пекара и туна со грашок од конзерва, го бирам второто. (иако темата не се нутритивни вредности)
    Језда во видеата погоре што ги постирав кажаа дека во конзервирани супи специфично (ваљда конзерви што се загреваат?) во внатрешниот дел од конзервата има пластика.
    Истото е и со пакувањата пуканки за во микробранова.
     
    На Mumoftwo30 и Malesia им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Ве молам ислушајте ја епизодава, може ќе сфатите дека самите на себе си правите многу штетни работи:



    Во принцип:
    - пиј филтрирана воза
    - чувај храна во и пиј/јади и готви од алуминиум/стакло/керамика/дрво;
    - батали антиперспиранти и разна козметика (фактички, што помалку користиш, тоа помали шанси дека ќе се труеш);
    - батали свеќи (фактички ни поприродните не вредат, пошо пак гориш, како и да е);
    - батали парфеми, наголем отров;
    - батали омекшивачи и марамици за во машина;
    - носи памучна, волнена или ленена облека; истото важи и за сè друго, било да е постелнина, било да е... не знам... завеси;
    - луфтирај често;
    - имај одвлажнувач, пошо влагата праи мувла, а мувлата е најотровна;
    - имај прочистувач на воздух;
    - пиј мача (ваљда и обичен зелен чај помага колку толку);
    - јади што е можно понепроцесирана храна;
    - не шетај внатре обувен.

    Или во во превод, биди ултра претпазлив што внесуваш и што ти стои на кожа и што вдишуваш и со што си опколен, подобро помалце за секој случај.
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.937
    Се обидувам да исфрлам тефлон пд употреба (или многу да намалам), сега барам тостер без тефлон зошто често го користиме. Може да е и од тие за топлење 2 лепчиња, зошто најчесто топлиме леб. Ако имате препорака пишете тука.
    Од тоа што сум видела по продавници, невозможна мисија е, ама и немам многу време за да ги шетам сите

    @MissChiеvous интересна тема, јас можам да додадам дека одбегнувам пластика во кујна, а и максимално користам тави и тенџериња од не'рѓосувачки челик. Не користам силиконски и пластични лажици, само метални и дрвени. Ќерка ми јаде со нашиот прибор, ама со мала лажичка о вилушка, во мали чинии. Не и купив силиконски и пластични, не дека не скршила, ама правосмукалката тука е :)
    Правам сапуни и тие ги користиме, ретко купувам (ако се потрошат моите а не сум направила подолго време), а кога купувам земам од тие што се рачно направени (има во дм). Најново откритие за чистење плочки ми е парочистач, значи не морам да користам средства.
    Инаку многу ми сметаат мириси, од парфеми, сапуни, кремови, детергенти, и кога можам ги одбегнувам.
     
    Последна измена: 18 ноември 2024
    На Трагедијаупмм, merriel0, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Реално, јас користам хартија за печење на тостерот... Така наумив дека не продира низ хартијата... Си купив тефал тостер на попуст во сетек, ршум праи лепчиња.
     
    На eliesaab и Elenpelen им се допаѓа ова.
  14. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    22.137
    Пол:
    Женски
    Интересна тема...
    Избегнувам преработена храна(чипс,паштета,сокови,готови супи,салами итн.(),прочистувач на воздух коростам,исклучително памук (алишта/ постелнини)
    За табчињата,у фаза на промени сме,едно по едно.
    Е сеа,од хемии за чистење-тоа премногу коростам.Кај можам,против бигор на пример ,употребувам оцет+содабикарбона
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Во Стокомак нудат сет инокс тенџериња и тава, и прочистувач и навлажнувач:

    Screenshot_20241123_163603_Instagram.jpg Screenshot_20241123_163429_Instagram.jpg
     
    На zence и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    258
    Добра тема за споделување искуства. Се трудам да намалам користење на пластика, ама за носење вода надвор не сум нашла алтернатива, гледам да не бидат на сонце и на топло. Стаклените се тешки и кршливи, алуминиумските имаат некој мирис неубав. Алишта се трудам да бидат со поголем дел природни материјали- памук, лен, вискоза , но тешко се наогаат џемпери волнени или се многу скапи. Постелината е 100% памук . Свеќи и мириси за простории не користам, одамна имам прочитано дека имаат штетни состојки. Деодоранс исто не користам, еве и полека и децата прифакаат дека се штетни. Јас користам сода бикарбона под пазуви , а за децата купувам Део кремата на Алверде од ДМ или некоја слична. Парфем исто користам без штетни состојки од Алверде ( само тој од ружа ), козметика не користам, а хигиенски средства исто гледам да се без хемикалии проверувам со апликацијата INCI.
     
    На MissChievous и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    7.252
    Пол:
    Женски
    Јас најпрво од сè гледам да јадам цела храна. Под ова подразбирам месо, риба, млечни производи, јајца, овошје и зеленчук.

    Пластика гледам што помалку да користам. Даската за сечење што ми е пластична, исто треба да се фрли.

    Од козметики за бањање, парфимишање и слично, гледам поминимална рутина да имам. Се знае, сапун обичен и плус некое природно масло ко јојоба плус вазелин за коа ми е сува кожата.

    Парфеми имам два скапи брендирани и си ги користам само за специјални прилики, посебно едниот.

    Дезодоранс правам домашен. Сода бикарбона, кокосово уље и густин, некад и етерично масло, али не секад.

    На лице и на тело користам крема со спф само кога е лето и кога е горештина.

    На лице ставам масло од јојоба и сминката исто така ја вадам со него.

    Е сега слаба точка ми се козметиките за пролепшавање ко шминка и лакови. Али не мислам дека некад ќе се откажам од ова.

    Алкохол не пијам ич од ич. Чоек сум што е 24/7 трезен.

    Најголем отров што свесно го внесувам се цигарите, и си го признавам тоа.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Кои улошки се најбезбедни?
     
  19. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    258
    Види на инста ttj.pure.world жената има многу совети, меѓу другото за улошки, тоалет хартија и пелени.
     
    На theowndemon и MissChievous им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    24.501
    Ги земав овие, ваљда се океј:

    Screenshot_20241205_155649_Instagram.jpg Screenshot_20241208_162442_Gallery.jpg

    Проблемот е што се без крилца, тоа не ми се допаѓа ич. Иначе тенки се, за мене таман, за некој може нема да му одговара тоа.

    А на Sleepy какви се, ги користи ли некој?