За конкурирање на работа ми барат да испратам CV , досега немам пишувано , Ве молам ако има некој кој досега направил , да ми испрати како пример .
CV- help ! http://www.crewvacancies.com/mk/jobs/writing-a-cv/ Еве тука има објаснето како се пишува, и неколку примери да ги видиш и да си составиш. Во глобала еве ти читам од моево што ми содржи: прв дел солични инфомрации, односно име и презиме, датум на раѓање,адреса, телефон, емаил, националност. После имаш дел со образование и искуство, каде има информации за назив на средно училиште, година на матурирање, назив на факултет, магистерски, докторска дисертација евентуално, и ке напишеш што предмети си слушала,понатаму дали имаш некакво рабтно искуство, каде, како, кога и што си рабтела, односно ке напишеш назив на позиција, и овластувања, и на крај јазици кои зборуваш, мислам дека ке ти е доволно. Поздрав
Во cv-to не смее да има ниту една згрешена буква,треба да биде перфект...значи пазете на правописот...кога бев на обука ни рекоа дека цв то го гледаат само неколку секунди,значи мора да е правилно скоцкано за да им остави впечаток
Не смее да содржи ни погрешни податоци, односно лага за претходно работно искуство или лажна адреса (во кратката биографија мора да ја пишува вашата адреса од лилна карта, односно на живеење, а не адресата на престојување). Треба да содржи само основни податоци, а не цели реферати, т.е. не смее да биде опширно, зашто во секој случај е замислено на кратко да го опфати тоа што е потребно. Никој не би сакал да чита на 2-3-4 страни каде се' вие сте работеле, која била вашата функција и активности, датуми на вработување и прекин на работниот однос.
Еве стандардизирано CV, може и онлајн да се пополни: http://europass.cedefop.europa.eu/europ ... ass+CV.csp
http://jas.mk/ Повелете доколку ви затреба, онлајн креатор на CV, и тоа на македонски... Нема шанси да се промаши со нешто вакво, одлична апликација.
Црнокоса погоре има ставено линк, еве пак http://europass.cedefop.europa.eu/europ ... ass+CV.csp Кликај на Create your Europass CV online.
Не го проверуваат во детали но внимавај да не претераш со напумпани работи зашто ако ставиш дека си работела во фирма икс ипсилон а они се јават таму и испадне твоја нога таму не стапнала леташ одма од интервју. Сите го пумпаат Cv-то ама тоа се прави со усул зашто сакаш да ја добиеш работата и да бидеш квалитетна а ако напишеш дека знаеш Ексел а ти дадат прости податоци кои ти немаш поим како да ги внесеш пак ќе видат дека си лажела. Ќе го улицкаш и малку напумпаш ама без круцијални лажги и многу битно интервјуто мора да го потврди напишаното во Cv-то а искусен работодавец (најчесто) ќе може да те познае колку си искрена . Пс. Ова важи за почетници, кога веќе имаш 10 години искуство немаш веќе потреба од пумпање и ќе си ги напишеш реално работните искуства и знаења .
почетник сум затоа прашувам не не мислев до толку да го пумпам цв-то само некои работи да исфиловам малку но далеку од тоа да измислувам е сега скоро секаде бараат со искуство ама мора од некаде да се започне де
Кога сме веќе кај тоа што се се гледа... Пред извесно време баравме помошник за административни работи. Секое ЦВ кое го добив внимателно го разгледав и секогаш (сакала или не) прво нешто што ми паѓаше во очи беше сликата. Оние со 2 тона шминка на нив и деколте до пупак, наместо на интервју отидоа во Trash. Мој совет ако немате соодветна слика - сликајте се ( миме со оглед на тоа што веќе разговаравме за какво место аплицираш - кошулка, нежна шминка и средена коса би била вистинска слика за тебе). Ова незначи дека некој небара поинаков аутфит. Кога би имала да речеме парфимерија - на интервју би повикала девојки ( кои освен квалификации) имаат да речеме интересна убава шминка ... На интервју - накинџуреност никако. Првиот впечаток е многу важен. Бидете позитивни, гледајте право во очи и говорете гласно, концизно и без гестикулации. п.с. за елиминација на кандидатите имав голема помош од google. Избришете ги сите недолични и вулгарни постови на вашиот ѕид на FB....ставете забрана за читање на вашиот ѕид ... нека приватните фотографии бидат недостапни за секого... пишете си го името на google и што ви боде очи пробајте да го снема ( читав статија - „ децата на возраст од 15 - 20 год ќе бидат приморани ( своеволно) да си го променат името заради глупостите пишувани по интернет“ Со среќа на сите
ќе аплицирам за работа на рецепција искрено немам некоја кој знае каква формална слика Цв-то и мотивационото писмо може и по маил и по пошта да се пуштат па незнам која е подобра опција помош малку? инаку цв-то го имам онака добро скоцкано на англиски но мотивационото писмо ми е на македонски напишано за 2те мн.се потрудив мислите дека ќе има проблем ако ги испратам така цв-то на англиски а мотивационото писмо на македонски напишано?
мислам дека подобро е и цв и мотивационото писмо да си бидат на ист јазик, значи или на македонски или англиски, во огласот не беше наведено како да бидат?
не не беше наведено едното значи ќе морам да го преправам незнам колку ќе се исплати трудот оти само 2 работни места се и знам дека скоро секаде ги ставаат однапред вработените огласите ти се мачкам очи ама ајде да си ја пробам среќата и јас
Јас мислам само ЦВ=то да го направиш и на македонски ( сепак сме во МКД). Значи ЦВ на англиски и македонски и мотивационо писмо на македонски. Мислам дека е подобро да ги испратиш препорачано по пошта ( кога ќе го примат ќе мораат да го заведат под архивски број)...во случај да некоја ЛОША го добие маилот и го прати по ѓаволите.
ви благодарам за советите да и така ќе направам сепак подобро цв то да го преправам и по пошта ќе го испратам посакајте ми среќа
до сега имам пракано повеке цв со мотивационо важно е да се ист фонт и големина така делуваш по професионално, е сега за рецепција мислам дека освен стандардната фотографија (онаа за лични карти, сега за виза што е) некои бараат и цело тело облечена постандарди -сукња до колена, класична, кошула и прибрана коса во репче, и обавезно затворени чевли ако е наведено да сепрате и на англиски јазик цв и мотивационо пракаш обавезно ако е даден меил можиш и по него сепак меилот секаде во светот го сметаат за професионален пристап а и секаде така се функционира а и вообичаено пристигнува во секторот за човечки ресурси-најдобро е ти да си процениш за какво место се работи