Сода бикарбона - примена во домаќинство

Дискусија во 'Дом' започната од sunfemina, 9 октомври 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мислам дека сода бикарбонава заслужува посебна тема за нејзината примена во домаќинството, односно чистење, перење и сл.
    Можеме да споделиме искуства и совети каде и како може да се употреби на едно место во темава.
    Содата се употребува и за други работи во служба на здравјето и убавината (пр. белење на заби, почисти ноки, чиста коса, помека кожа и др.), но во темава би сакала да се задржиме на нејзината делотвордност при како што реков домаќинските работи.
    Пред се многу е важно дека не ја загадува средината како некои други средства и хемикалии за чистење, а воедно е и многу поефтина и достапна во секоја продавница и маркет.
    Делотворноста веќе испитана, препорачана и докажана од некои феминки :)

    [​IMG]
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Оффф, имаше толку добри постови за Содата во другата тема, мислам дека модератор треба да ги префрли....посебно тие што се однесуваа за здравјето, каде се пишуваше за содата како еден од борците против ракот....мислам дека тоа заслужува посебно место тука.

    За чистењето не е проблем, пак ќе пишеме :lol:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да добро е тоа што има примена за здравјето ама тука баш напоменав ако може да се задржиме на примена во домаќинството, затоа и во насловот напишав како дообјаснување.
    Јас селектирав некои ама немам време сега инаку можам да ги ископирам како советчиња, секако со дозвола и на другите членови што ги напишале особено Моира која мислам дека има најголем придонес за советување околу широката примена на сода бикарбона во домаќинството.

    Еве за почеток преземен дел од фемина.мк

    Помалку миризлива канта за ѓубре. Пред да ставите нова кеса во кантата за ѓубре, напрскајте го дното со сода бикарбона за да ја намалите лошата миризба.

    Помалку мириси во фрижидерот. Во фрижидерот оставете мало отворено кутивче со сода бикарбона. Таа ги „впива“ миризбите. Менувајте ја сода бикарбоната на секои 3 месеци или порано ако започне да апсорбира премногу миризби. Доколку имате голем проблем со „миризлив“ фрижидер, исчистете го со вода и сода бикарбона.

    Чистење на микробранова печка. Ставете сода бикарбона на сунѓерче и со него истријте ја микробрановата печка.

    Чистење и освежување на даската за сечкање. За да ја исчистите и „одмирисате“ даската за сечкање храна, ставете сода бикарбона на суѓер и тријте. Потоа измијте со детергент.

    Безмирисни пластични кутии за складирање на храната. Пластичните кутии кои редовно ги користиме за складирање на храната лесно се замирисуваат. За да ја елиминирате миризбата, наполнете ги со раствор од вода и сода бикарбона и оставете ги преку ноќ. Утрото измијте ги.

    Чистење на загорени тавчиња. Направивте мала грешка во кујната и завршивте со загорено тавче? Можете на помош да побарате сода бикарбона. Ставете во тавчето сода бикарбона и налејте жешка вода. Оставете го да кисне барем неколку часа, а пред да го чистите можете малку да го загреете на рингла за водата да зоврие.

    Чистење на скарата. Исчистете ја мрснотијата од решетката на скарата со влажно сунѓерче на кое ќе ставите сода бикарбона.

    Чистење на тврдоглавото лепило од етикетите. Понекогаш врз новите предмети останува лепило од налепниците кое никако не сака да излезе. Во таков случај, ставете сода бикарбона на сунѓерче и протријте.

    Посјајно сребро. Измешајте сода бикарбона и вода во однос 3:1 (3 лажички сода бикарбона и една вода) и со смесата истријте ги сребрените предмети. На крајот, измијте ги со вода.

    Освежување на теписи. Ако одредено место на вашиот тепих поради една или друга причина има остра миризба, напрскајте го со сода бикарбона. Почекајте 2-3 часа, а потоа соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка.
     
    На pikolino и Annath им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Сори сунфеминке, сега видов дека си редактирала. Во право си, друго кажува насловот, до него ќе се држиме :)

    Еве, за употреба на содата во домаќинството

    http://www.minimagazin.info/2012/03/23/cudo-zvano-soda-bikarbona/

    Само да искоментирам од лично искуство за горенаведените примери:

    - За даската за сецкање - најдобро дезинфекциско средство е хидроген-сода смесата, оти убива 99% од бактериите и е појако од чистата сода. После тоа јас не ја мијам со сјај/детергент, пошто пробувам да се откачам од нив нели, затоа и барам алтернативни решенија :lol:

    - Пластичните садови не мора да ги оставате преку ноќ, по само 5мин тие се веќе безмирисни и чисти :)

    - За чистење на среброто мора да нагласам дека појако средство е солта, отколку содата. Сум пробала, сум видела - солта е незаменлива за ова :) Само малце да се протрие среброто (јас пробував на ланче) со сол и вода, и веднаш го враќа сјајот. Истото го направив и со содата, и не ми го даде тој резултат...

    Толку :)
     
    На Annath, sunfemina и girl1985 им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ох, кога ја прочитав темава се чудев зошто не е креирана од Moira? Кога и да користам дома сода бикарбона на тебе ми текнува бе златна! Хаха! И јас дефинитивно се навлеков на користење на сода бикарбона.
     
    На Phyramide, kravce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Ех, замисли да покренев некоја тема за секс? :wasntme:

    Содата служи и како замена на прашакот за печење.

    Исто (знам дека не е за во темава, ама што да правам бре, нема друга за сода) веќе месеци уназад, за затнат нос, ние користиме сода растворена во вода. Првиот пат кога решив да ја тестирам на мене, пред да прснам, застанав до мажот ми и му реков: Прскам СОДА со вода во нос, ја тестирам. Чисто колку информација, ако треба да ме носиш на болница :wasntme:

    Не знам дали сте доволно храбри да го пробате ова, ама е ДАААААЛЕКУ поефективно од Аква марисот и сличните „морски“ срања во фино пакување. Еве, јас сум ви пример дека преживеав (исто и мм, и другар негов кој има многу проблем со синусите, а од утрово - и ќерка ми) и ви ја потврдувам делотворноста. Која сака - нека проба, па пишете за вашето искуство :)

    п.с. Тргнав од размислувањето - ако содата уништува бактерии, зошто не би ги уништила и тие во носот/грлото? И така, дома и во нос почнавме да ставаме сода :D
     
    На DeMelo, kravce, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.262
    Допаѓања:
    89.982
    Пол:
    Женски
    Миора кој сооднос го правиш сода-вода за носот?
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.347
    Јас ќе потврдам за содата во нос. Инаку во аптеките има раствор што се препорачува за перење на синусите, кој не е ништо друго туку сода и сол.
    Малку сол и дупло од тоа сода(сепак мала е заедничката количина, колку едно кафено лажиче на 250 грама вода) се меша со вода, се раствора во гумено шише за оваа намена, главата се наведнува да дојде под прав агол на телото, се стиска шишето за да ушприца вода во едната шуплина на носот и вуала! Излегува млаз вода со сите гадотии од другата шуплина. :puke: Епа не ве јас терав да кликате на споилер :!: :D

    Изгледа и тоа некој друг пробал и не умрел...
     
    На DeMelo, Mikako и Moira им се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Во шишенце од обичните капки за нос - вода до пола, со пола лажиче сода....отприлика :lol:

    Во основа, добро е се` додека содата не остане на дното - тогаш значи дека премногу имало, и не се растворила :)

    имелда, жими Тасе не знаев за ова :o Сите што ги прашав, и што им кажав дека употребив сода, ме правеа луда, и само чекаа да видат кога нешто ќе ми се случи :D
    Фала ти на инфото! :d:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Имаше рецепт и за лечење на грло со сода, ќе го побарам може и на форумов некој го има пишано.

    Инаку мене ме интересира како се употребува содата во замена за пециво т.е. колкава количина на сода заменува на пример една ќесичка пециво? И секако дали влијае тоа на вкусот?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.996
    Пол:
    Женски
    Содата не мора да го замени прашокот, може да ставиш сода заедно со него. Помага за раснење на тестото... инаку, јас ставам пола до цела лажичка, доволно е. Ако немаш прашок за пециво, може и повеќе сода да ставиш ;)

    Моира, ова за носот ќе го пробам и јас... ај може уште некој марифет ќе најдеш со содава 8) и јас си ја користам редовно - нели има пакување од пола кило на YUmis во маркетиве, ептен се наоѓа :D
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас би ја користела целосно како замена, бидејќи пецивото не е баш здраво и пак врти сучи содржи некои ствари што не ми се свиѓаат ама од друга страна мислам дека содата во поголема количина би влијаела на вкусот затоа и прашав за количината.

    Туку за лична употреба читав дека треба чиста сода се употребува, а оваа што ја има најчесто во продажба не е баш таква. Наводно содржела алуминиум, а алуминиумот колку што знам е токсичен. За домаќинство не е проблем да се користи било каква ама за друго треба да се пази сепак.
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Јас гаргара си правам од раствор вода и сода, за друг начин не знам :?:
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Ма какво пола кило пакување, само килското го користам, на Алкалоид :D 90 и нешто денари е, топ!

    Санфеминке, искрено тешко е да се даде одговор на прашањето, со оглед на тоа што зависи нели од што правиш, колкава количина тесто е, итн.....и јас имам слушнато дека се мешаат прашакот и содата, ама искрено, до сега, само мајка ми има направено нешто со сода, без прашак, и ќе морам да се консултирам.
    И да, повеќе сода ДЕФИНИТИВНО влијае на вкусот и мирисот, сум го осетила тоа кај палачинки :x Дури и одбивни беа за јадење...
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.681
    Намерно не го редактирам горното мислење, оти нема врска со долново :D

    Направете домашен омекнувач за алишта

    Состојки:

    100гр сода бикарбона
    600мл алкохолен оцет
    700мл дестилирана вода
    етерично масло по избор

    Спремете сад кој би собирал околу 4л, за полесно мешање на состојките. Ставете ја содата и 100мл вода. Во овој момент не мора да мешате ништо, само додадете го оцетот.
    Со додавањето на оцетот, мешавината ќе почне да пени, заради реакцијата меѓу содата и оцетот. Оставете ја мешавината да пени некое време, за да се стопи убаво содата, и после додадете го остатокот од водата (600мл), како би се прекинало и пенењето. Дури тогаш можете да мешате, се` додека не се создаде хомогена течност.
    Во овој момент го додавате и етеричното масло. Ако се работи за купечко разредено масло, тогаш доволни се 10-15 капки, а ако се работи за чисто етерично масло, тогаш 5 капки се повеќе од доволни.

    На крај одберете шише со капак во кое ќе го чувате омекнувачот, а користете го исто како и купечките - по 1 мала чашка во делот за омекнувач :)
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Претпоставив дека има влијание, значи треба да го откриеме вистинскиот сооднос оти џабе да ставаме сода ако не е вкусно јадењето потоа.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.996
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека имало и килско пакување... не сум видела досега :?:
    Како и да е, јас на пример, во мафините, во сувите колачи ставам сода бикарбона, никогаш досега не се осетил чуден вкус или мирис. Ама јас повеќе од пола лажиче не ставам, независно дали сум ставила прашок за пециво или не.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Точно и мене баба ми ми ја кажа оваа тајна (инаку има 96 години опасна домаќица беше на времето :D ) пола мала кафена лажичка не се осеќа а и порана го употребувале во се кога немало прашак за пециво и воопшто не се приметува!
     
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    За ова си во право тешко е кај нас да се најде сода бикарбона која што е чиста односно без алуминиум кој и те како е добра да се користи а е и добра како превенција во многу болести,ако некој знае каде има чиста слободно нека не упати
    еве еден линк за содата
    http://www.alternativa-za-vas.com/index ... ikarbonom/