25 Китки Ајдучка трева. 5 Литри вода. 2-3 сечени лимони. Да стои од 24-48 часа се цеди низ газа, се дотура уште 5 литри вода и 2 пакетчиња лимонтуз, 1,300 грама шеќер се меша да се стопи па се собира. Собран стои 12-15 денови по што е готов за пиење.
И мајками мислам дека слично го праеше ии е многу вкусноо аеее сега кај да барам ајдучка трева завршена е мислам ( мисла ми стави)
И мајка ми го прави овај сок убав е за пиење само што мн кратко трае. И мене ми текна утрово на овој сок Рецептот е од кај незе од тетратка
Знам во стаклени шишиња се собира и сличен вкус има на швепс мајками стално дупла доза го праеше знам некои го прават со ајдучка трева и како сок за растворање ама нз како.. Ама сок за растворање домашен од дренки мхмм милина.. и еден пробав со лимони кај една пријателка преубав
Незнам за тој што е за растворање од таа трева можеби има рецепт и за тоа ама овај сам си од себе е газиран и е мн јак за пиење, а е мн фкусен
@ELIDavor Друштво, не знам дали добро разбирам, ако не коригирајте ме, но дали соков има сличен вкус на оригиналниот швепс? (знаете, оној сок кој го купуваме во продавница).
Мислам дека сок од Бозев има малце поинаква подготовка. Па и јас првпат слушнав за овај сок од како го пробав, малце не верував. И викам на мајка ми: - Де бре мајко и од трева сок, што нема да ви текни на вас жениве и сок од мртовци. Па после по неколку дена видов како го приготвува и се уверив. Па сличен фкус не баш таков но е доста добар и фкусен.
Побарај рецепт и сподели, посебно тој од лимон, имам домашни лимони па ќе го пробаме Исто се подготвува само не се чека 14 дена туку после 24 часа се цеди и се складира во стаклени шишиња. И тој има вкус како швепс слично
Имам пробано да правам сок од нане ... 20китки нане ги зовривате ги оставате 24саати после 2кила шеќер и 2лимонтус и пак 12саати да отстое по желба ако сакате повеќе да стое конзерванс ... И доаѓа како раствор го раствараш или со обична или со кисела вода ... Преубаво е
Квас од лимон - нешто слично на ова 2 литра вода 2 лимона 250 грама шеќер 8 грама квасец од кесичка грст суво грозје - 20 зрна Се топли водата и во неа се растопува шеќерот и се остава да се излади. Додека водата се лади од едниот лимон ситно се ренда кората (претходно добро измиен) Потоа од двата лимона се цеди сокот. Изденданата кора од едниот лимон и сокот од двата лимона се додава во водата со шеќер и се меша и се остава да се излади до 40-35 степени. Квасецот се размешува во мал сад или чаша со топла вода 150мл (35 степени) и се остава 15 минути. Потоа квасецот се додава во изладената течност се размешува и се точи во пластични шишиња од 1,5 литри-по еден литар во две. Во шишињата претходно се додава по 10 зрна суво грозје. Шишињата со подотворени капачиња се оставаат на собна температура 3 дена потоа се затвараат и се ставаат во ладилник и по неколку часа може да се послужите. Напомена: За време на тридневната ферментација никако не ги затворајте шишињата бидејќи може да експлодираат поради бурната ферментација од квасецот и сувото грозје. Исто така да напоменам дека содржи алкохол неколку проценти.