Сомбре е начин на бојосување на косата така што прамените се посветли во долниот дел од косата, а нагоре благо, постепено и суптилно преминуваат во природната боја кон темето. Сомбре техниката е слична на омбре, со таа разлика што на косата се нанесува посветла боја на долниот дел, но за разлика од остриот премин кој можевме да го забележиме кај омбрето, овде тоа изгледа поелегантно и малку поформално, давајќи ѝ на косата „исончан“ ефект. Светлите прамени во долниот дел постепено се шират нагоре кон темето, па на тој начин се постигнува природен ефект и бујност.
Ја отворив темава со цел да прашам за совет и мислења, а и ако ви е вас вака бојадисана вашата коса може да споделите искуства и ваши слики. Ова е мојата коса и сакам многу да и направам некоја промена. Досега ја немам фарбано. А несакам ни да ја фарбам во блиска иднина и затоа сакав да пробам некој ваков начин на промена. Секако со тек на време косата ќе порасни па лесно може ако не ми се допаѓа да ја скратам и пак ќе си биде мојата боја Но бидејќи ми е црна, темна незнам колку ќе биде изводливо зошто на посветла боја доаѓа повеќе до израз. Па ако има некој слично искуство нека сподели
Многу ми се допаѓа начинов на боење на косата,за сомбрето разбрав пред некој ден хаха,мислам дека ќе го применам на себе имам светло смеѓа коса со посветло супер ќе ми излезе ,не сум се фарбала до сега ама мислам со сомбрево ке се сефтосам
Jas odamna sakam da napravam vakvo nesto na mojata kosa so prirodni kafeavi pramencinja,ama mn mi e strav da ne mi ja zgresat mojata kosa e mn meka i tanka i mn tretiranje na vakov nacin ne mi treba a od druga strana sakam da napravam promena...
и јас сакам да напрам промена ама се плашам да не ми се оштети цела коса пошто и така мие танка...иначе многу ми се бендисва овај тренд поприродно изгледа од омбре
Лелее немој да ја фарбаш никако! Прекрасна коса имаш, верувај се вљубив во косатаа твоја! Уф се би дала да имам таква коса! и бојата ти е преубава!
Се согласувам со Векичка , имаш убава и долга кога ќе треба да ја осветлуваш со бланшеви , мене ми е криво што 1 година ставав бланшеви ама еве сега памет ми дојде скоро црна ја фарбав пред некој ден од плава
Јас се фарбав со кна во септември и од тогаш се немам фарфано, сега имам некој кафен сјај, решив да не се фарбам веќе да си ја оставам мојата кафена, и онака ми е темна нема потреба да ставам црна веќе, нешто како на аватарот ми е бојата
Ее баш убаво изгледа тоа сомбре, поубаво е од омбре. Ај можи па овој пат ќе ја реализирам желбата да го направам тоа, а не како со омбрето. Ми беше страв да не не ми ја погодат, па да ми се упропасти косата...
супер мене лично косата подобра ми е со фарба некако има убав сјај , ама со плавата дека се фарбав двапати месечно ми се уништи и сега пак црна.. пробав и тоа видов дека не ми стои ко темно кафена и црна така да веќе не се фарбам посветла , сакам и косата долга да ја пуштан ти имаш баш убава долга коса
Имам слушнато од фризерка косата кога се фарбала имала поубав сјај и била поздравај, а пуштија долга, ја обожавам долга коса. ама сега малку ја скратив до градите ми е, оштетена ми беше, и се каам па го купив тврдиот шампон за побрз раст од лаш што е 500 ден. Се надевам дека ќе ми порасте побргу. ама мене посекако и бргу ми расте, така да не е страшно
Фала ви многу, си ја сакам и јас косата ама ми здосади некако и затоа сакав некоја промена за пролетва а да не биде тоа фарбање. И фризерката ја прашав да ми даде совет што да правам и рече јас не ти дозволувам ништо да и правиш на косата ти е преубава вака единствено промена правам со фризурата некогаш на степени некогаш рамна и тоа е. Па затоа сега почнав да размислувам и за боја. А со ова се оштетува косата? Бидејќи коренот не се чепка
Мене многу ми се допаѓа овој стил, и да имам можност веднаш би го направила, но дека косата ми е црна, а и бремена сум, несакам да правам сега експерименти со косата.
Јас имам сомбре коса и можам да ти кажам дека не се оштетува многу барем не мојата. Последно кога бев на фризер да ја скратам ми скратија како и нормално кога претходно сум била а и косата ми расте со ист интензитет како порано