Здраво женски, ме интересира дали некоја знае дали е дозволено сончање во бременост? Бидекќи топлина нели не е убаво за плодот, па незнам сончањето како може да влијае на тоа дали змаете?
Мене ИВФ докторот ми рече дека директното изложување на сонце во саатите кога сонцето е најјако, може да попречи во развојот на мозочето на бебето. И рече обавезно под сенка. Затоа јас оваа година го скокнав одморот. Можеби на планина, кога ќе попуштат температурите. Рече дека планинскиот воздух супер влијае и на крвната слика.
Матичната мене исто ми рече дикрено изложување на сонце не. Искрено не прашав зошто не се препорачува но ја послушав. Инаку нема ни да можеш да издржиш на сонце многу верувај со хормоните. Седи под шарена сенка тоа е дозволено таман и малку витамин д да те фати
Јас прашав во Германија, таму ептен лабави ми викаат смееш се, само нормално да не изгориш, користиш заштитен фактор итн. Се дури тебе ти е пријатно, не ти е прежешко, не дехидрираш, на голиот стомак му годи сончева светлината( му прелева и на бебушко). Во Мк. ми вика не ти препорачувам, подобро не итн. Во Мк. на контрола бев после фул одмор со авионско летање, со капење, со сончање и ми вика малку ти е ниска постелката, не треба да стоиш, да имаш односи поретко и така ме загрижи малку. Се вратив Германија пак авион, бев на контрола супер се, вика не ниска постелката, функционирај нормално, имаш супер бременост. Така да...не знам, некако нашите гинеколзи се попретпазливи, тука ептен лабави ☺
Плодот ја осеќа сончевата топлина и светлина 100%, така да влијае на самиот плод, преку стомакот. Светлина може да гледаат штом им се развие доволно сетилото за вид, околку 20-та недела ретината е развиена. Во 4-5ти месец од бременоста имав многу мал стомак, не се ни приметував дека сум бремена, иако имав осетено движење на плодот. Одев на плажа наутро или доцна попладне, па секој пат кога бев на директно сонце, бебето мрдаше како лудо. Ова истото го правеше и кога бев со стомакот блиску до извор на топлина, шпорет, печка и гледав да веднаш да се тргнам. Второ, печење со саати на јако сонце кога телото веќе се носи со товарот на бременоста и се што таа му носи како промена, не е баш паметно. Притисок покачен, вени проширени, ризик од дехидрација, сончаница...Со усул треба да се излегува на сонце.
Во Македонија дека им е тешко да зборуваат и најлесно е да речат “не”, во Германија кога ќе прашаш ќе ти објаснат се до детали. Се разбира зависи и од гинеколог до гинеколог во иста држава. Мене и македонскиот и германскиот исти ми се погодија, се е ок и чао пријатно ми беа контролите.
Јас бев во 11 та недела на одмор. Бевме цел ден на плажа. На сонце не лежев на пладне, бев или под сенка или во вода. Користев детска крема за сончање на природна база и не изгорев. Гинеколог не прашав за совет.
Се утепав од бањање сончање под сенка преку ден, рано наутро и пред зајдисонце од вода најголем рај ми е трет триместар ко ќе влезам во море, само тогаш ништо бе ме боли, се ми е лесно
Скоро цело лето го пројдов на море и плажа во трет семестар. Последно во 37 недела се прибрав во Скопје. На плажа цел ден, ама под сенка. Многу течности, овошје, лесна храна. 50 ка фактор низ текот на денот, посебно после бањање во море. Одма пресоблекување со суви купачи и ептен пријаше позитивно. Да лежам да се сунчам тоа не правев ради склет и жешко, ама и под сенка фатив супер боја Од докторката имав дозвола само во море. Базен и езеро не.