1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сообраќај и случувањата во него

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 18 ноември 2014.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    По последниве зголемени бројки (за жал) на се поголемиот број несреќи и невини загинати лица,...дефинитивно ова станува една актуелна и секојдневна тема во нашите животи.
    Рекламите кои беа направени се инзвонредни - но за тој што нема ни gr во мозокот и свеста, што не му е мил личниот живот а не па туѓиот, џабе е се.
    Убаво е што се трудат МВР спроведуваат кампањи и слично....но како што гледам некој позитивен ефект нема, секој ден се полошо и полошо е.

    Исто така,...се прашувам дали властите работата и следат на FB само кога е нападнат премиерот и слично, или има санкции и за вакви случаеви:
    [​IMG]

    Еве нов предлог закон:
    Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е изготвен и треба да се најде во собраниска процедура, потврдуваат за „Мета “ од МВР.

    Како што информираат од таму, ова е најголемата и единствена измена во законот за безбедност во сообраќајот во делот на ограничувањата на брзината на патиштата. Оваа измена е заснована на препораките и искуствата на најголемиот дел од земјите – членки на ЕУ, кои од поодамна го имаат воведено лимитот од 50 километри на час во градските средини, а ова ограничување веќе функционира и на градските сообраќајници државите од регионот.

    – Ограничувањето на брзините, како и казнената политика во новиот закон за безбедност во патниот сообраќај остануваат исти, единствена промена има во максималната брзиан на движење во убрани средини, каде максималната дозволена брзиан е намалена од 60 на 50 километри на час, согласно европска пракса – велат од МВР.
     
  2. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Леле значи колку сум револтирана од такви психопати.....Ги има на секој чекор...И ќораво и сакато зема возачка.....Тоа е уфилмани деришта....Тато им купил јака кола и сега ќе глумат по улициве.....И што е уште пожално таквите психопати секогаш преживуваат ...трагично невини завршуваат....Да ти се плукнам у државата....Пробај во Швајцарија да возиш вака...мочко некој!
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    прва кола на синчето, и мора да е најнова и да вози најбрзо. Даваат по 30-40 илјади евра за правење јаки штикови низ град, а всушност едно дете од 18-20 години нема толку исксутво да се снајде во сообраќајот. Треба прво да им дадат по едно фиќо, да не можат повеќе од 50 км на час да возат, нека научат ко што треба, па после давај им бе луди коли и џипови.

    Родителите се криви, децата ги следат нив.

    Инаку, она што сум го забележала во Скопјево, скоро секој ден ја гледам амбулантната кола како пишти свири и свети, а идиотите од возачи не се поместуваат! Човекот во колата испушта душа, а они и застануваат на амбулантата напред и си стојат и си чепкаат у нос. Лично имам видено како шоферот на амбулантната излегува надвор и му вика на еден дебил, де бе дечко помести се, женава умира позади со бебето. Не сфатив дали се пораѓа или што и да беше, ама дебилот му вика - па и мене ми се брза. Јас не знам како шоферот не му бапна една у фаца. Веројатно се навикнати. Секој ебен ден го гледам ова. Секогаш помислувам како им е на тие внатре, се борат за секоја секунда живот, а некој фраер за обичен хир не се трга, или некоја пичица се шминка на ретровозор и не се поместува. И колку и да сакам да сум фина, секогаш помислувам - да даде Господ нив да ги носат во амбулатна и никој да не им се трга.

    Крајно рум разочарана од неетичноста и од себичноста на скопските шофери. Во помалите градови не е така. Дебиливе тука треба да се казнуваат дебело. Да мора колата да си ја продаде за да ја плати казната, оти луѓето умираат од нив. После јадење трици, јас малце бев пијан, државата е крива што ме казнија... Морон еден, кога ќе згазиш нечие дете клку пијан ќе бидеш? Казни само и по 100 стапа за морониве. Пак нека им е државата крива што возат пијан и што се глупи.

    Над 100 мртви за една година во Македонија во сообраќајки се доволен доказ дека на секој километар треба да има камери и казни.
     
    На IronLady, Victorian, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас незнам камерите што ги поставија и за кои се фрли куп пари за што служат?:^)
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Незнам и јас за кого постојат тие закони и казни, како да е џабе се.
    Да возиш со 50км на час нема шанси да изгазиш човек, секој може веднаш да реагира и да закочи со таа брзина. Ко божем ќе казнуваат, а јас жив цајкан немам видено по улициве. На Партизанска кој вози со 50, сите возат ко луди и покрај сите знаци и покрај тоа што една лента не е во функција. На Илинденска ист случај, улица Железничка навечер ко за трки да е направена, а нема никаде значи никаде нема полиција. Штом тука се вози вака можам да замислам во Аеродром, на Првомајска и низ Чаир, Бутел...
    Да не ги изоставиме и автобусите, леле како возат од кај мене во наслеба до Центар, тоа ми е хорор филм. Каква кривина има кај МВР секој пат мислам дека ќе летнеме натака, секој втор ден има сообраќајка таму, де мотор, де кола мора нешто да се случи, затоа што не ја почитуваат пропишаната брзина.
    Ни пешаците немаат никаква култура. Баш пред некој ден мајка ми ми кажува пред нејзини очи удриле пензионер како поминувал на улицата кај Градска и Зелено Пазарче, летнал неколку метри, а сега е на машина, којзнае дали ќе преживее. Си поминал он битно, знаете колку е непрегледно, стои автобусот на првата лента, на втората си возат коли, од автобусот не се гледа ништо и оп ќе си претрча некој. Тоа е страшно за возачите, гледам како некогаше двај ги избегнуваат да не се случи некоја несреќа, ама пак ќе кажам, ако и тие возат со 50км на час ќе можат да закочат и нема да им изгледа тоа толку ненејадено.

    Во однос на коментарите за тоа дека секој втор добил возачка нема да се сложам. Барем сега е многу строго полагањето. Ти ставаат камера во колата и нема врски и нема мамење тука, или знаеш или незнаеш. Сепак ќе кажам секој нормален човек е способен да научи и да положи за возачка, а комисијата неможе да знае како тој понатаму ќе се однесува во сообраќајот.
    Виновни се родителите, вчера положил и ајде одма купи му нова кола, по можност некоја од 100 кубика троа појака да е. Јас од кога положив уште не ми даваат сама да возам, а не мангупите нека креваат 200. Кретенов уште и имал време да се сликне. Доживотен затвор за ваквите идиоти и за тој што го згази момчето кај Католичка.
    Малку се паричните казни, треба трајно одземање на возачката дозвола.
    Уствари па што фајде од тоа, ќе си вози без возачка, нема полиција по улициве кој ќе го фати. :?:
     
    На SV1911, sanjaeva и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  6. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Мн се глупи вакви закони.

    Ги огранилуваат обичните луѓе на 50 на саат што е моронска брзина. Тој што ќе вози брзо ќе вози над 100ка каков и да е лимитот. Ако нешто, требаше да го накачат легалниот лимит на 70, а повеќе да санкционираат опасно возење.

    И ако сакаат веќе да го пунат буџетот со пари од казни, нека казнуваат за паркирање на троатоари. Не постои помалце прооден град за пешаци и точаци од СК.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Уште гледам на Facebook статуси, МВР вакво, МВР такво... скапи им биле казните на господата. Па ако возиш полека како човек нема да правиш прекршоци и да ги плаќаш тие казни.
    Да не даде Господ никому ама нека ги крене некој нив на хауба на пешачки или нека ги забере сосе кола и семејство на раскрсница па да видиме тогаш дали ќе им биде скапо.
    И не 300-400 евра казна, туку нека бидат по 4000-5000 евра па нека ги продаваат колите за да платат.

    А и овие дојдениве од западов како овој моронов горе... беше паркиран летово еден на сред пешачки во центар и нормално дојде пајак почна да му ја крева колата. Плачип***ата почна да цмиздри да вика, и мајка му му се придружи го кренаа цело маало на нозе, оти ако му ја земеле колата ќе требало да плати илјадници евра во Немачка за да ја врати во рент а кар. Како не се најде некој со палка да му ја направи сол па да научи дебилот да паркира како што треба... :@
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Со 50 km/h.....едвај чекаа да се случи вакво нешто и да ни стават 50 да возиме низ град. Не е Европски закон ова. Туку само во неколку држави го има само ова. Само пари да ни земаат. Заради тој неписмениот што не знаел да вози ние ќе го кркаме.
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    А според тебе колку треба да се вози низ градов, 70, 100?
    И како тој идиот се пола од возачите, да беше само еден ќе беше добро, ама пола од возачиве не почитуваат никакво правило ни пропис, битно им е само што побрзо да стигнат на посакуваната дестинација, а не е битно колку возат пред тоа и колку пешаци и други возачи ставиле во опасност.
    Гледам па дека сеа ставија 50 ограничување сите возат толку. Ха, секогаш ќе има такви паметњакович што ќе возат уште 50плус.
     
    На Doozy, Annath, fighter и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.288
    Допаѓања:
    101.295
    Пол:
    Женски
    Дека има морони шофери има. Ама дека и пешациве се цвеќина не се. Знаете како претрчуваат на сред улица зашто ги мрзи да чекорат 20 чекори до пешачки? Замисли колона коли позади тебе ти претрчува мочко на сред улица и која е веројатноста од верижен судир? За да избегнеш да удриш во него те удираат тебе. И сега? Не казни што сакаш стави ако на некој толку му сече тоа е.
     
    На SV1911, friendy, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Голем проблем настана со собраќајот во Скопје поради укинување на зелениот бран и тргањето на тајмерите од семафорите .Факт е дека Скопје сеуште функционира со актуелена шпиц гужва наутро од 7. до 9 и пополадне после 15ч .Немањето време или популарно брзиот начин на живот (динамичниот) на сите ни влијае негативно.
    Сегашното (ново) раководење на семафорите е софтверски |( .Поставени се сензори на улиците и треба да мерат густина на собраќај итн .Во различен дел од денот различно се раководат :^).Сето тоа било убаво замислено како проект (со помош на камерите,следење на собраќајот ,негово пренасочување и се разбира олеснет и сигурен собраќај за сите ).Праксата вели нешто поинаку ГУЖВИ,неорганизираност ,нервозни пешаци и возачи.Некултура и немање боб-тон собраќаен насекаде И од сите . Старото алтернативно решение со собраќаец демек е најидеално :fubar: (испаѓа во моментов) .
    Камерите што се поставени се само мониторинг ,немаат софтвер што може да снима за евентуални несреќи (како докази ) . Но сигурен сум дека и тоа ке биде (набрзо) , се разбира за да (имаат) доказ за казни ПОГОЛЕМИ . (ако се водат според поговорката страв куќа чува мислам дека не им е добра :D:D)
    При такви стресови,гужви и разно разни Х други фактори се случуваат и несреќи (ПОБРЗО да се стигне до целта ) .Во секој случај собраќајот има јасно дефинирани правила и нема што да се измислува топла вода.Се знае кој и каде има предност ,каде може да се направи отстапка мала а каде несмее да се погреши .
    Пешаците се мн важен фактор , но донекаде и ги оправдувам.Нема УБАВО бележани пешачки или едноставно возачите не застануваат (има решение за возачите казните се големи по 300 еу за незастанување на пешак ,сигурно дека нема некој намерно да даде цела плата за таков испад )
    Но како претрчување на партизанска,водњанска или пак познаната градска болница е :x .
    Власта пак има друг удел исто така во собраќајниов хаос .
    Нека размислат дали поправање ,и проширување на улици се прави во ноември (во најголемата гужва ) или на пролет-лето ( навечер,како кај повеќето НОРМАЛНИ држави ) .Некако како за инат да работат отежнувајќи уште толку во хаосот .
    Некоја напомена дена немало собраќајци доволно :x(wtf) .Можеби не си возач па не ги забележуваш но биди сигурна дека никнуваат како печурки после пролетен дожд .Статистички да објават колку полицајци има во сооднос на цивилни жители ке се почувствуваме како затвореници .
    Но ете секој својата работа нека си ја работи би рекол, сметам дека проблемите не ги прават само возачите туку едноставно они се на мета за било која несреќа .
    Забележав во последно време поединечни несреќи ке се актуелизираат (и наелектризира) целата ситуација бараќи кај сите вина . Секогаш имало несреќи ,но нека сменат некое законче таму и ние што веќе имаме положено и сме возачи да направи + некој мал тест или едноставно лекарски преглед .Мн работи ке излезат на виделина така .
    Кој ке си ја има мувата на капата ке си ја ишка после !
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Неколку дена пред да се донесе новиов закон за возење до 50, разговаравме со дечко ми дека треба да се намали ограничувањето. На еден од булеварите во нашата населба имаше ограничување до 60. Јас навистина не знам кој може да вози толку по таа улица. Има семафори и пешачки на секој чекор. За да возиш 60 треба или да поминеш на црвено или не дај Боже да кренеш некој пешак на хауба. И сите улици низ Скопје се такви. И не мора да биде булевар, дури и на споредна улица да возиш, која што се наоѓа меѓу населено место, треба да внимаваш, зашто може некое дете да ти излета од некоја куќа или зграда.

    Стојам на тоа дека ако ги почитуваш сите правила, нема ни да ти треба поголема брзина од 50 низ град. Дури и тоа е некогаш многу.

    А од друга страна пак, колку вина имаат возачите, толку вина имаат и пешаците и велосипедистите. Која сообраќајна некултура ја имаме како пешаци тоа нешто страшно е. Како што е противзаконско и крајно небезбедно со кола да поминеш на црвено, така незаконско и небезбедно е да поминеш како пешак на црвено. Само луѓево си мислат, ај ќе претрчам набрзина, ама заборава дека некој залетан со кола може за секунда да го удри, нема ни да го види. На сред улица каде што нема ни семафор, ни пешачки, ни бутур тој претрчува, а не гледа ни лево ни десно. Не гледа.

    И, крајно безобразни се велосипедистите. Крајно. И велосипед да возиш треба да познаваш одредени правила. Улицата е за коли, а не за велосипеди. Најмалку 30 пати сум видела како на сред улица возат заедно со колите, или покрај тротоарот, што е исто така многу небезбедно за коливе зашто дали него да го гледаш и да пазиш да не ти сврти накај улица или не дај Боже падне (пензионериве се многу несигурни), или да гледаш од другата страна коливе да не ги чукнеш. Дечко ми еднаш ќе ја удреше колата до него заради една неписмена на велосипед. Мисли улицата е нејзина. Толкав тротоар, таа на улица вози. Да одбегне некој камен, нагло сврте на лево со рачките директно во нас, дечко ми да ја одбегне зашто за малку ќе ја удреше, врти и он инстиктивно на лево, а до нас друга кола од другата колона. Среќа дечкото од другата страна закочи, па не се случи ништо. И кој е крив тука? Јас знам дека кај нас нема велосипедски патеки, ама улицата најмалку е за велосипед. Кога возиш, вози барем на тротоар, таму не можеш да предизвикаш несреќа, додека на улица и тоа како можеш. А да не збориме па што навечер возат без светла. Од далеку нема шанси да го видиш ако нема светла. Кола без светла нема да видиш, а не пак точак.

    Треба казни за сите, и за возачи, и за пешаци и за велосипедисти. И тоа тродупло поголеми, па валда ќе се свести овој народ еднаш засекогаш. Се' неписмен до неписмен.
     
    На Marossa, Doozy и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Околу тоа за точаците, смеат како и секаде во светот, да возат по улица

    Само што не смеат по било која лента, туку мораат да возат по десниот раб од коловозот. Така што местото на точаците им е на улиците заедно со колите, неам љутење тука. Искучок се само пошироките тротоари каде што има и зона за велосипеди.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Очигледно сме посетиле различни типови на земји. Во земјите каде што јас сум била, велосипедистите возат на улицата, да, ама на посебна лента која што е само за велосипеди, а не меѓу возила. Во некои земји си има посебни семафори за велосипеди кои се наоѓаат исто така на улицата ама во посебна лента. Улиците во светот и улиците кај нас не можат ни да се споредуваат. Таму се работи за огромни булевари каде што си има посебна лента за моторни возила, посебна пешачка зона за пешаци, посебна лента за велосипеди и посебен дел за трамваите. И никој не се меша во лентата на другиот зашто пред се' имаат култура. Кај нас кој, каде стигне таму оди. Нит улица се знае, нит пешачки се знае. Не знаеш за кого е наменет булеварот, дали за моторни возила, за велосипедисти или за пензионери на кои им текнало дека баш таму и на тоа место сакаат да ја преминат улицата иако нема пешачки. Никаде во светот не возат велосипедите на сред улица, меѓу возила како кај нас.

    А да не збориме па за паркирањето на кој каде му текне. Од улица со две ленти, ја претвориле во улица со една лента, зашто другата лента е зафатена со паркирани коли. Ама тоа е друг муабет.
     
  15. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Точно ама кај нас нема место за такви ленти, па законот тоа го заобиколува :/

    Пример, кај народна банка е доста широко, па таму има лента за точаци и таму они не смеат да возат по улица. Исто и на Партизнаска, ама таму има многу коли паркирано, па затоа и возат по улицата иако имаат нивна легална лента. На Партизнаска мора да се санкционираат колите што застануваат на тротоари или на десната лента.

    Тоа највеќе ме нервира - сите ја рачунаат десна лента за паркинг лента! Неможе така.

    Да продужам, на Рузвелтова нема лента за точаци, и таму они смеат да возат по десен раб, таков е законот. На бул. Јане Сандански има лента за точаци, таму не смеат на улица, итн. итн. Ваљда се разбравме :P
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Да, во законот стои дека доколку нема обележана велосипедска патека, велосипедистите се должни да се движат до десниот раб на коловозот.
    Инаку за се се согласувам, ретко кој и да вози до десниот раб, си возат во трета лента ич не се замраат.
    Поверојатно ми е дека точак ќе ме удри одколку кола. Немаат никаква култура и не почитуваат никакви правила, се лепат до коли, дури и претицуваат коли, на црвено си поминуваат, кога ќе им текне одат на пешачки па у случај да е зелено за коли одма се усмеруваат и одат со колите. :xНе се знае што е пострашно, коливе или велосипедиве...
     
    Последна измена: 19 ноември 2014
    На Doozy, Daydream, sanja.burgundy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    60 km/h е таман. А колку се криви возачите толку се и пешаците. А да, се сложувам со тебе, има многу неписмени возачи кај нас.
    Не се лутете, али за мене женско возач не постои. Највеќе мразам женски возач.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Е за ова не бев запознаена дека законски им е дозволено на велосипедистите да возат од десната страна на коловозот. Ми нема апсолутно никаква логика. Не може по една лента да вози и моторно возило и велосипед. Ама тоа ни е државава наша, ништо не е логично. Затоа и имаме таков сообраќај, каков што имаме.

    Јас не се сеќавам до сега во мојов живот да сум поминала на црвено како пешак. И да нема коли, јас чекам зелено. Дури и кога ќе се запали зелено, почекувам едно три, четири секунди, пак погледнувам лево, десно, да видам дали сите коли застанале, па тргам. Мора секој лично за себе да си внимава, не очекувам дека некое дете од 18 години што вчера земало возачка и го вози џипот на татко му, повеќе да ме пази мене од јас самата. Тој за самиот себе не се грижи со оглед на тоа како возат по улициве, а не пак за некој обичен пешак. Затоа секогаш велам на сите, и стари и млади ги карам. Отварајте очи, и како возачи и како пешаци, има секакви, откако ќе биде направена штетата, нема назад. Подобро ќе задоцнам 10 минути каде и да треба да одам, ама барем жива, здрава да стигнам.
     
    На SV1911 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај мајката. Од каде заклучоков?? Докторот да не ти е професор за женскиот пол?
    Нема врска и онака му дадоа отказ.
    Шофер сум веќе 27 години постојано во сообраќај и во Скопје и надвор од него.
    Се убаво што пешаците ги заштитија со закон да можат слободно да поминуваат на пешачки, а возилата да застанат да ги пропуштат.
    Ама АЛООО бре закон е за луѓе, а не за бескичмењаци. Секој ден поминувам од Градска до Холидеј Ин.
    Верувајте за тој пат од некаде 500 тини метра ми требаат добри 20 минути затоа што овци се шетаат по улица со мобилни, манекенки препичени,како на корзо.Да закон ама за луѓе, а не за стока.
    Немам ништо против ама нека се потсоберат 5-6 луѓе па нека поминат , а не вака.
    За велосипедистите немам коментар како да го ослободиле Скопје по сред улица.
     
    На nena2010, Marossa, Teodora* и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Со велосипедите па нит гледаат кај возат нит ништо. На сред кужен тек возеше една глупача пред некој ден и наместо да ја удрам, јас во шахтата удрив и оштетив амортизери на колата.
    Ако треба и ќе го згазам и ќе го лежам во затвор, само за да му дојде памет дека не се вози точан на сред улица.

    Во Саудиска Арабија или Дубаи беше мислам, има закон, ако го згазиш а да не е на пешачки, само плаќаш за чистење на патот од крв и коски.
    Така и овде треба, да се научи народов. А вака не го учат.