Сопругата на дипломатот(Пам Џеноф)

Discussion in 'Книги' started by Cynthia, Aug 12, 2011.

  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2011
    Messages:
    622
    Likes Received:
    2,368
    Gender:
    Female
    Сопругата на дипломатот

    Преживувајќи ја суровоста на германскиот концентрационен логор, Марта Недерман е среќна бидејќи успева да побегне. Закрепнувајќи од ужасот, таа го среќава Пол, американски војник кој и дава надеж за посреќна иднина. Но, нивните планови да се сретнат во Лондон пропаѓаат кога авионот на Пол се урива. Уништена и бремена, Марта се мажи за Сајмон, внимателен британски дипломат и почнува да го наѕира уживањето што можат да и го донесат домот и семејството. Но, нивната среќа е загрозена кога таа дознава за комунистичкиот шпиун во британското разузнување и дека единствената личност која може да го разоткрие предавникот е поврзана со нејзиното минато.


    Видов дека нема тема за оваа книга а сметам дека заслужува да биде напомената. Книга од која неможев да се соземам со денови од кога ја прочитав. Драматичен бестселер што следува по романот „Ќерката на командантот“ во кој Пам Џеноф пишува за едно време полно со несигурен мир и растечки страв од прогон, кога љубовта и очајот може сите нас да не претворат во лажговци. Трогателна приказна, исполнета со многу емоции и возвишени зборови кои ја доловуваат целата приказна.

    Кои се вашите импресии од оваа книга девојки??
    А на оние кои не ја прочитале им препорачувам веднаш да ја земат, нема да се покаат :*
    [​IMG]
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Ja прочитав пред 10тина дена,дури бев на одмор.Ја прочитав во еден здив,ми беше интересна.Но на крај се разочарав,оти незнам ама сакав она да остане со командантот,некако повозбудливо ми изгледаше,а не очекував тој да
    умре :worried:
    Го засакав командантот,стварно :lol: А пак интимните сцени како беа опишани,мммм... :P
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    За оваа книга веќе неколку пати се има пишувано низ темиве. Сопругата на дипломатот представува продолжение на Девојката на командатот и како самостојна книга губи од содржина, а и од убавина. На сите што ја немаат прочитано Ви препорачувам најпрвин да ја прочитате Девојката на командантот и целосно ќе бидете изненадени од пресвртот во Сопругата на дипломатот.
    Значи овој роман не само што го опишува животот на Евреите за време на холокаустот, како и желбата за преживување во тие најтешки моменти, Девојката на командантот плени и со својата едноставност и историската романса на жената која успева да ги преживее тие најтешки моменти!

    Тоа е 18 годишната Ема Гершман која го среќава Јаков Бау додека работи во универзитетот во Краков како библиотекарка.

    Тој, Јаков, студира физика, но неговата вистинска страст е политиката и се вклучува во многу активистички групи.

    Ема која е еврејка е изненадена зошто токму Јаков, кој е од добро ситуирана фамилија, е заинтересиран за неа, ќерка на сиромашен ортодоксен пекар. Набргу се венчаваат, но само по три недели Нацистите ја извршуваат инвазијата врз Полска и Јаков речиси веднаш се приклучува кон отпорот... исчезнува набргу потоа...

    Единствениот начин да се заштити себеси и да помага на отпорот е Ема да присвои нов идентитет и да се вработи кај командантот Рихвалдер како негова секретарка....

    Емоционалниот развој кој го доживува Ема овде е доста сликовито претставен - прераснувајќи од сиромашна еврејска девојка во една професионална борбена жена работејќи во гнездото на непријателот!!!
     
  4. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Joined:
    Jun 18, 2012
    Messages:
    44
    Likes Received:
    7
    Вчера ја завршив книгата, едвај чекав да ја прочитам целата...ме воодушеви, изненади и расплака убаво...ја обожавам и топло ја препорачувам.