1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис- моден бренд

Дискусија во 'На работното место' започната од babyboy123, 20 август 2013.

  1. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Отсекогаш имам желба да разработам сопствен бизнис во модниот свет, сакам да инвестирам во некоја поголема фирма не во модно студио или слично туку да направам голем бренд и име кој ке извезува роба и во странство. Наследив добра сум на пари од дедо ми, лично мои се, на мое име кои можев да ги подигнам со полни 16 години.
    Со мајка ми и татко ми долго размислувавме во што да вложиме и полека бизнисот да се развива, јас да завршам школо и да седнам на чело на фирмата а до тогаш таа веќе да биде прочуена.
    Ја замислуваме како голема фабрика каде што ке се шие и ателјеа на модните креатори, во долниот дел подрум за материјали и сето тоа и друга зграда каде што ке бидат сместени салите за договори, канцелариите и слично. Навистина сакаме да изгледа светски.
    Што мислите вие за ваква инвестиција?
    Да се вложи во Македонија или во странство? Колку всушност Македонија е поволна за развивање на ваков вид бизнис и може ли да биде успешен?
    Дали Македонија е земја каде што се исплатат ваквите инвестиции и опстојуваат или ке биде напразно пропаѓање на парите?
    Мислите ли дека еден ден токму од Македонија може да излезе познато име во светот на модата?

    Во оваа тема може да си даваме совети, да споделме искуства и планови, да прикачиме слики како би можеле да изгледаат сите тие објекти :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако мислиш дека по завршување на школото веднаш да седнеш во фотеља и да бидеш директорка ќе ти пропадне бизнисот веднаш :worried: .
    Бренд се прави со години, за да извезуваш треба да најдеш купувачи во странство, за да бидеш позната треба да имаш добар бренд со квалитет и да бидеш поразлична од другите, за да вложиш во странство треба да играш по нивни правила т.е закони...нешто модната недела во пролет слабо ја пратеше па да знаеш каде се и што се работат мак. модните креатори.

    :!: а да запишеш ти е-бизнис на економски факултет :?: или да прочиташ како се создавале и растеле Зара, Бершка, Страдивариус.... а ?!?!
     
    На eliesaab, MacenceEna, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    сакав истото да го кажам ама ајде си викам да не викаат сите пак дека сум мрчатор за вакви работи.

    она што сакв да додадам е дека немора да иде толку далеку и АСТИБО е бренд. Имаше убва емисија за нивната работа, развој извоз итн.

    се работи за деликатен бизнис во кој што треба да вложуваш мнооооогу време, труд и пари. најлесно е да седнеш на тронот на развиен фирма и најлесно е таа фирма да пропадне од луѓе што мислат дека после факултет се многу способни за работа.

    потребен е силен менаџерски тим, а ти од кога ќе дипломираш треба на сите да им бидиш еден вид на потрчко за да разбереш како функционира секој детал од таа фирма за да можеш после успешно да ја водиш. на една фирма и се потребни 3-5 години само да почне да се развива, да си создаде систем на функционирање да се пробие на македонскиот пазар па после здравје во странство.

    јас би ви советувала да не брзате и да не вложувате во нешто за што немате искуство ниту идеа како тоа би функционирало. читајте ,истражувате направете реален финансиски и бизнис план.
     
    На imelda и slavica999 им се допаѓа ова.
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    ^^^
    Убава замисла убава идеја.
    АМА
    Ти, односно Вие сте мислеле на мали детали а сте пропуштиле најбитното...КАКО????
    Истражување на пазарот, квалитет, пробивање, пласирање, посветување.....кој , како , кога , дали???
    како што ќе започнете? Одеднаш голема фирма не се станува....
    Со што ќе започнете? Кој ќе работи? Какви професионалци ќе ангажираш? Шнајдери, кројачи. модни дизајнери?
    Што ќе работите, што ќе продавате?костуми за капење, машки одела, свечени тоалети, долен веш, трикотажа???????
    И најбитно каде ќе продавате? Македонски пазар, домашен? Странски?
    Строго по нарачка? Во слободна продажба?
    Имаш една гооолема предност. Имаш кеш и желба.
    Ама и уште мнооогу работи битни за реализирање на замислата.
    Со среќа....
     
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    освен прашањата на еспдрила јас би прашала дали ти мислиш или ти навистина имаш толкав капитал и не зборуваме тука за неколку илјади евра туку многу повеќе ако веднаш почнеш со сликава што ни ја објасни погоре
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не викам не, добра е идејата, ама не за во Македонија. Мислам дека во странство може да успее. А најдобро е да се консултирате и со професионалци, луѓе кои веќе успеале во таа бранша.
     
  7. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Убави совети доби од претходните феминки. Јас да надополнам по нешто...
    Преку ноќ неможеш да отвориш голема фирма, почни со малку па потоа ќе видиш како ќе оди...
    Обично се почнува сопствен бизнис во дејност во која имаш веќе некакво познавање... ако ти или мајка ти на пример веќе имате искуство во конфекција, имате знаење за материјали, кроење, шиење...тоа ќе ви биде предност. Во спротивно тешко можеш да ги контролираш работите, на пример ќе ангажираш професионални шнајдерки, ама може нема баш квалитетно да сошијат а ако газдата не разбира нема да го забележи тоа, па производот нема да биде со квалитетна изработка.
    Исто, не седнувак одма во фотелја, за твое добро, биди вклучена непосредно во работите, од најниско до највисоко ниво, така ќе стекнеш знаење кое ќе ти биде многу корисно кога еден ден ќе седнеш на менаџерска позиција, во спротивно ќе може да те мотаат тие под тебе а ти нема да бидеш свесна.
    Или друг предлог, незнам со колку средства располагаш, ама можеш и да купиш акции во некое веќе постоечко претпријатие во таа дејност. Позз
     
  8. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Значи го цитирав ова зашто ме заинтересира твојот предлог а инаку ќе одговорам на сите ваши прашања, мојот дедо добивал сретства од многу страни, имал приватни фирми во и вон Македонија, не би сакала да навлегувам во детали, но имал многу извори на пари, раководел со фирмите освен тоа работел и друга работа, на повеќе места, почнал човкот од нула и постигнал многу, закупил земјиште за кое сите сметале дека е непотребно но станало многу френкфентно место и почнал таа огромна површина да ја гради и почнал да издава работни простори и слично, баба ми пак од кога знае за себе е богата и единствен наследник на сите тие пари,а си работела и како државен работник (не би сакала да и го откривам идентитетот,беш висок функционер и авторитет во област на политиката), дедо ми кога стекнал доволно пари решил да одмара и за да не чувствува веќе тежина, тој секогаш велеше дека богатстото е тежина продаде се и во странство и во Македонија, освен една негова куќа во странство, оваа во која ние живееме и една во друг град во македонија во која сега има кираџии таа всушност од баба ми, ги земал сите пари, отишол во банка, отворил сметка на мое име и сите пари ги оставил таму, тој и баба живееа од пензиите.
    Ни остана и многу земјиште од баба кое не го продадоа, тоа е земја на нејзиниот татко, но што ке правиме со нив не сме размислувале се уште, нека стојат, не губи земјата.
    Јас всушност не сум постигнала ништо, освен тоа и мала сум за да имам постигнато било што, не се фалам со тоа дека имам нешто свое, бидејќи не е моја заслуга, некогаш мислам дека можеби никогаш нема да се чувствувам доволно успешна зашто почнав со туѓи пари, заработени со туѓа мака, но дедо така сакаше...Ги остави на најмалата внука која сега размислува што со нив. Дедо сега е починат.
    Значи се работи за голема, огромна сума на пари и тоа што го напишав го можам со нив, сега мајка ми и татко ми сакаат да ја забрзаат постапката на реализирање на планот.
    Во план ни е фирмата да работи со облека (вклучувајќи и долна облека и облека за спиење) за жени и девојчиња. Јас и не знам толку многу, повеќе размислуваат татко ми и мајка ми но постојано се консултираат со мене зашто тие пари биле "мои".
    Инаку сега ме заинтересиравте, како оди тоа со акциите? Воопшто не сум упатена. Секој ли може да купи акции? Каде можам да се обратам за нивно купување? Кој знае, што и да знае нека пише, сите совети се добредојдени.
    Благодарам :)
     
  9. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    http://www.mse.mk/mk/ Ова е линк на Македонска берза за хартии од вредност. Ти треба брокер, побарај некоја брокерска куќа на интернет, можеш да се консултираш со брокерот, му кажуваш од кои акции сакаш и колку и тој купува за тебе.
     
  10. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Девојче, ако имаш толку пари баш и не ти е добра идејата за инвестирање во акции, не сме ние Америка па да имаме стабилни фирми каде што можеш да инвестираш. Немој да го потрошите она што го створил дедо ти на некакви климави бизниси. Најдобро ќе ви биде да си ги ставите во добра банка на одреден период па ќе си добивате пристојна камата. Многу внимателно со твоите,кога имаш пари сите ти се пријатели и најдобро ќе ти биде да си ги држиш работите во тајност а не вака јавно. Тоа ти е мој предлог.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Според мене најсигурна инвестиција е вложување недвижен имот, барем додека да решиш што да правиш со нив. Земја или станови, можеш да ги издаваш под ќирија, да земаш пари од нив а на крај пак имотот ти останува. Инаку и во банка да ги чуваш, ќе добиваш камата ама пак поризично е да чуваш кеш пари, поради инфлации, девалвации и слично.
     
  12. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Размислуввме за во банка но сфативме дека сакаме да ги "реализирме" парите во нешто. А инаку за тоа не знае никој освен најблиското семејство и околината но не знае дека се работи за голема сума и дека таа сума останала кај нас.
    Навистина не знаеме што да правим. Им ги кажав јас и вашите предлози на моите но се уште не додлучивме, нема да брзаме но мислам декае подобро барем сега за сега така размислувам, откако вие ми дадовте идеја, декае подобро да инвестирам в онешто веќе готово, нешто кое веќе има име и ке ни иде полесно да го одржуваме то отколку да почнеме од нула.

    Да Бубуш, така всушност и е добиен еден дел од овие пари. За ова веќе имаме тргнато пари настрана и изградбата ќе почне во март следната година, ке се градат деловни простори кои ке ги издаваме под кирија и од нив ке добиваме пари. :)
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.785
    Допаѓања:
    131.354
    Убаво е да почнеш нешто свое, но треба добро да се познава областа. Тоа што имате капитал е огромна предност. Ако си решена за текстил, размисли убаво дали би ги пласирала производите во Македонија или во странство.

    Текстил најмногу се извезува во Германија. Околу 20% од вкупниот извоз оди на текстил. За жал, поголемиот дел се фабрики во кои Германците носат материјали, нашиве само шијат, и после Германците си ги пласираат производите кај нив. Користат само евтина работна рака, а нема никаков ќар. Мислам дека Invest Macedonia можат да ти дадат повеќе информации околу извозот - што, каде и колку се извезува. Контакти се остваруваат и на саеми, има фирми што направиле контакти за извоз на саем.

    И во Македонија има успешни приказни. Да не правиме споредба со големите фабрики, еве да ја земеме Бела , тие почнале ептен на ситно, па еве, имаат добар напредок. Големите конфекции ич не ги спомнувам, тие се друга категорија.

    Јас лично не би одела на купување и рентање станови. Пазарот е веќе заситен, не е како пред некоја година. А и каматите во банка се мизерни, ептен паднаа оваа година. Каматата едвај ти ја крпи инфлацијата. Имаше некои инвестициски фондови, може да видите и таму што ќе ве советуваат.
    Како и да е, не вложувајте се на едно место. И тоа што ќе го работите како примарна дејност, мора да е нешто што добро го познавате.
     
    На imelda и babyboy123 им се допаѓа ова.
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    За овој бизнис да се развие, потребно е прво искуство, и добра мрежа. Потребно е време да се влезе во дадена област и да се направи мрежа , да се научат “финнтите„, итн... прво би ти препорачала да влезеш во некоја фирма која е веќе успешна.

    Пласирање на производи во странство? Земи си пример од некои локални брендови, на пример МОНА од Белград.
    И тие го имале твојот сон, ама МОНА дефинитивно нема да се развие и да стигне ниво на ВЕРСАЧЕ.
    Види создадени се брендови, тешко некој сега да направи Швепс или Кока Кола. Една е Кока Кола.
    Тие имаат пари, и го монополизираат пазарот со маркетинг.

    Според мене Штип е град на модата во МК, на време во екс YU го викале Манчестер. Познавам пријателки во Штип кои имаат соодветно школо за оваа работа, но прво работеа замисли како шивачки во текстилните фабрики, па после напредуваа. Но максимумот кој само една од нив го постигна е што си отвори свое приватно атлје, шие по нарачки, креира и свои модели, создава своја линија, но нешто помасовно, јок.

    Едно е да се има капитал, а друго е да се поседува способност капиталот правилно да се употреби и да се оплоди.
     
    На babyboy123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога ќе престане корупцијата тогаш можеби ке има можност МК да назначи пр:" добри моделари конструктори,или инжињери или што и да е кои ќе бидат вреднувани со тоа што го умеат и знаат а не бидејки имале дебели врски,е тогаш МК ќе има и свој бренд дотогаш ништо....
    А твојот случај може да успее само ако имаш добар моден креатор,добар моделар конструктор и добри шивачки,а ти треба да бидеш фер со плата и точна и успехот е неизбежен
     
    На vinozito1 и babyboy123 им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Според мене, многу е тешко да пробиеш моден бренд било каде, и не е работа на колкав капитал имаш за вложување. Има во македонија место за бизниси кои би биле со поголем процент на веројатност дека ќе успее и врти пари. А бизнисот не е хоби, тоа ме интересира и таму ќе вложам, туку прашањето е што би се продавало. Сепак сакаш од пара да направиш пари.
    Сега едно е да скокоткат парите, ама поарно нека си постојат каде што се некоја година без да се множат нагло отколку набрзина да им го решите проблемот. Твои се. Почекај додека пораснеш па тогаш кога видиш и научиш, одлучи што и како. Излези од земјата, прошетај, види што има надвор а може фали во македонија, од ракав има да извади човек бизнис идеи кои немаат компетиција на маркет во македонија, не ти давам ниту една оти сама треба да ги пронајдеш за да знаеш како да водиш, или дојди слободно прашај ме после некоја година, ама прво собирај знаење, внеси време во разузнавање на сите потенцијални предности и пропусти во секој бизнис, па во еден даден бизнис, разгледај примери за бизнис планови, денар не троши додека немаш свој бизнис план прочешлан од некој со знаење од таа област и кому му веруваш да ти потврди дека планот е булетпруф. Без разлика дали останеш на идејата моден бренд, или нешто сосем трето.
    Не дека родителите не ти мислат добро, напротив, секогаш слушај совет и земај во предвид нивни идеи, ама дедо ти оставил на тебе со причина негова, и спрема него е фер кога ти пораснеш да им правиш рачун, а не сега.
     
    На irena.1 и Ariel им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ајде поправете ме ако грешам, ама мислам дека на нашиов пазар веќе имаше некоја слична идеја како на babyboy123. Па зар КАРА не беше такво нешто. Имаше свои мод. креатори, своја шивалница за поголемо производство, пласман во земјава со обид за во странство, ама не успеа. Понатаму дали се сеќавате на СИСТИНА (не болницата) беа иста шема, мод.креатори, шивалница, пласман (во Скопје имаа голема продавница во ГТЦ) мислам имаа и обид за странски пазар. И двете посветуваа доста внимание на маркетинг, каталози, модни ревии. Ама и двете пропаднаа. Мое мислење е дека за ваков бизнис во МК нема баш клими. Нема голема целна група која би била опфатена, плус е мал пазарот, а тешко е на странски пазар да се пробиеш, без разлика колку пари имаш. Едино АСТИБО-беас мислам работи добро.
    Мое мислење е дека правиот пат е чекор по чекор. Значи не одма фирма со многу вработени, туку прво мало да речам атеље, па собираш искуство и како се зголемува обем на работа се прошируваш. Голема фирма од старт мислам дека е голем ризик.
     
  18. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    А зошто да ризикуваш со правење нови бизниси,фирми,вложувања или не знам ти што кога еве да бидеме искрени во Македонија шансата да успеат е премногу мала. Можеш едноставно да ги чуваш парите,можеби нема да бидете богати како што сте биле со дедови и неговите фирми,но ќе имате за повеќе од пристоен живот. Ќе одите на одмори,ќе патувате,па потоа ќе си се запишеш на некој добар факултет со сигурна работа и сигурна плата, парите ќе си се зголемуваат. А еве ако сакаш толку ќе се распрашаш за вложување на дел од парите во странство на некоја фирма,но за тоа е потребно време,истражување и искуство. Ако сепак тоа те влече повеќе ангажирај си професионалец кој ќе ти помогне со неговото искуство и знаење. Оди на часови по бизнис ако сакаш,дури и на економски факултет можеш да се запишеш. (но да ти кажам ако на крај ништо не испадне од бизнисот со економски тешко да ќе најдеш работа бидејќи премногу се на него запишани,а сосема е мал бројот на тие што решиле да си направат бизнис, најчесто завршуваат како работници в банка или ако има место на факултет или во некое училиште како професори и наставници. Останатите работат сосема трета работа која нема никаква врска со факултетот.) Изборот е твој,но мојот совет за тебе е, еве пример парите подели ги на четири или три дела (зависи колку имаш) и еден дел можеш да го вложиш и инвестираш на берза,но во странство :!: вториот дел чувај го за факултет, третиот општо за живеење (одмори, облека, шминка, излегување) троши го и последниот четвртиот остави го во банка бар додека не наполниш дваесет години, нека ти се зголемува и нека ти влева безбедност за ако нешто се случи или не ти испадне се' по планот да имаш бар мала сигурност,значи мораш бар малку да тргнеш настрана бидејќи никогаш не се знае верувај. Со среќа. :)
     
  19. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Јас сакам да отворам нешто како парфимерија, да има козметика ама и сувенири да биди нешто како продавница за подароци ... дали некој што веќе држи парфимерија може накратко да ме упати од каде да земам козметика и да ми даде некој контакт? Ви благодарам.
     
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ако располагаш со скапи матријали од Италија, Шпанија и ако се дознае за тоа дека со скапи матријали располагаш и скапи машини и те како ке дојдеш до голема пара и да се сликаат пример да креираш долна облека за жени познати личности или модели што и нив треба да ги платеш. Не се откажвуај не ги слушај другите ако стварно си креативна или креативен почни ако ти пропадне пак и пак не се откажувај ако имаш замисла.