Здраво драги феминки, На крајот на јануари конечно се вселивме во нашиот нов дом. Среќни радносни се додека не се "запознавме" подобро со соседот со кој делиме ѕид. Човекот е во години и живее сам во стан кој го добил бидејки го дал своето земјиште за изградба на нашата зграда (новоградба). Станот е веќе полн со ѓубре, човекот мириса на мочки, и постојано се дере сам во станот или го попушта телевизорот. Вели дека нема повеќе, за по 20 тина минути повторно исто да е, и да се заканува преку ѕидот дека ќе не задави, не пцуе.. понекогаш и пее касно навечер што е крајно језиво. Проба сопругот да зборува со него, му појде на врата и тогаш ја увиде ситуацијата ( со ѓубрето?!?!) Згрозени сме а воедно не фаќа и паника поради тоа што сите знаеме во каква држава живееме. Се сеќавам пред некоја година исто така пронајдоа баба што собирала пелени, а сега понов случај е со близнаците во аеродром. Каде да се обратиме? Кој е надлежен за ова? покрај вознемирувањето најмногу ни е страв од зарази. Ве молам за совет!
Јас мислам да пријавите во полиција доколку пак има бучава од неговиот стан и доколку се заканува, па за понатаму тие би требало да ве упатат.