Состојбата на брат ми...

Дискусија во 'Психологија' започната од Linda.A, 18 декември 2014.

  1. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    здраво девојки,
    имам 25 годишен брат, што не е мал значи, солиден ученик, уште не дипломирал, нема желба за тоа, се одалечи од факултетот кога се вработи во една фирма што добро му оди, се одржува себеси, плус и родитетлите пошто се невработени. Ама работите не се вака супер,
    на работа му се случил еден мал инцидент, еден од пријателите ја повредил раката, почнал да крвари, овој тргнал да му помогне, и целиот со крв се напрајл, не го познава добро пријателот, млад работник од Косово, и брат ми имал рани по рацете, и го носел во болница, го оставил и од тој момент почнал да се сомнева дека од него ќе си закачил некоја болест. Веднаш се јавил кај еден пријател стоматолог, го прашал и тој на смеа му рекол си закачил сида. Брат ми ова озбилно го сфатил, и од тој ден, не е истиот кој што си беше. Инаку карактерно е многу одлучлив, цврста личност.
    Го држел ова во себе месец дена, но на крај станало неподносливо и зборел со еден другар, тој му се смеел. Ми се јави мене, искрено и јас се смеев на почетокот но потоа полека почнав да го испрашувам што како, и разбрав дека детето живее во мака.
    Ден и ноќ мисли дека носи вирус хив, дека ќе умре од сида, или ако носи хив, ни здрав ни болен не сака да живее. Си зема две недели одмор од работа, едноставно не може да функционира. Го молев да оди кај матичниот прво, итишол но не му ја објаснил убаво целата работа. Јас сум надвор од државата, го убедив да му каже се, да му објасни. ако не, нека го прати за анализи за хив и другите вируси и болести што се трансметираат на ваков начин преку крв. Го направил ова, матичниот многу се смеел, и го пратил кај инфектолог, и тој му се смеел, и му рекол да почека една недела, ако не му помине, ќе му даде упатство за Скопје за ХИВ анализите. И сега детето два дена чека демек ќе му помине, тоа полошо станува. Ми се јави вчера и гласот му се тресеше, вика многу ми е страв, знам дека не треба вака, и дека не е логично, но едноставно не можам да го контролирам.
    Има силен немир, не спие, не јаде, не функционира, и ова мачење трае цели три месеци.
    Мноогу се секирав. Го молев рано утре да стане и да оди на психијатар, вика срам му е да побара упат од кај матичниот. Се трудев да го смирам, дека не е крив, дека се збори за болест и дека не е во негови раце, дека има терапија, а за да спие малце го молев да пие дијазепам колку да се смири,
    и навистина не знам што му е,
    како да му помогнам, или како тој да си помогне себеси. Граота, што ке му кажам си прави,
    сака да се ослободи, и не знам како овие не го сфаќаат сериозно, се трудат да го убедат дека ништо не му е, а тој не може да ги убеди дека има потреба од психијатар.
    Кажете ми нешто во врска со ова,
    и од друга страна, што има лошо да ги направи анализите за хив и за хепатит и не знам што. ем ке се смири,ем ќе биде сигурен... навистина не знам,
    тие се доктори, убаво си знаат,
    ама и вака не се поднесува. :(
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Штом дошол во контакт со туѓа крв, ништо не е смешно и необично што сака да се провери од ХИВ и Хепатитите (Б и Ц). Нека му ја објасни ситуацијата на матичниот и нека побара упат за инфектолог, доколку повторно наиде на смеа и несериозност, нека си го смени матичниот. Вакво однесување на луѓе кои ја полагале Хипократовата заклетва и кои што најдобро треба да ги знаат ризиците при допир со туѓа крв, не се толерира.
     
    На Dulceee, beatriz, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    вики имаш право, но работата е што тие не го сфаќаат сериозно, мислат дека преувеличува, дека нема потреба да се мачи да трча по анализи, и ако овај настојува сигурно и ќе го пратат, но мене ме загрижува неговата психичка состојба, дали има потреба од психијатар? тој не знае што му е, што треба да прави, ни кој му е матичен не знаеше, никогаш и не бил болен.
    страв ми е дека и после анализите нема да се смири, како мало дете си плаче. Сигурен е дека ќе умре од сида. Ама од друга страна не сум сигурна за ништо. Живее во мал град, не сака да го бије лош глас, плус инфектологот му рекол џабе ќе си влегол у систем само за оговарање, не знам што, мене ми изгледа доста непрофесионално...
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    И е непрофесионално....како што кажав нема ништо лошо во правењето на анализите, нека го смени матичниот ако не е задоволен од него. Но, мислам дека неговото однесување не е баш на место. Нормално секој би се исплашил, но тој претерува, што искрено не доликува на 25 годишен маж. Не е на одмет и разговор со психолог.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.401
    Пол:
    Женски
    @Linda.A Можеби брат ти имал претходно сознание во врска со состојбата на тој колега, дека пример е носител на ХИВ вирусот или нешто слично.Можеби затоа така реагира. Ако не, тогаш не е лошо чисто да разговара со некој психолог, да му ја смири душичката. Можеби стресната случка била поттикнувачот на состојбата кај брат ти.
    И не значи дека ако никогаш не бил болен дека така и ќе остане. Туку нека мине, што и да е.
     
  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    214
    Линда, прво што треба да направиш е да го смириш брат ти, со разговор да се опушти бидејки е сега во еден грч, и се му е испомешано. Немора да и каже на докторката дека е поради тоа, туку нека и каже дека се исплашил од тоа што се случило немирно спие и му се вртат ужасни сцени во глава од несреќата и има срцебиење. Нека побата да му даде упат за невро псијатар. Таму кога ќе појде ќе му раскаже се убаво, во што се сомнева, зошто се плаши... Верувај има толку глупи фобии кои ги слушат психијатрите, оваа неговава ќе им изгледа многу сериозна и нема воопшто да му се смеат.
    Што се однесува до тестот за сида кај инфектологот може да каже дека бил надвор од земјава и имал ризичен однос и верувај веднаш ќе му направат тест за сида.
    Може и да го смени матичниот, да појде кај некој друг, и наместо тоа, да му го каже ова што го напишав погоре. Дека поради несреќата има кошмари и е во депресија.
    Но пред се треба да разговара со некој за да го разубеди дека се скоро никакви шансите да се зарази. Најважна е психолошката подршка од нај блиските, и уште поважно да разгоарате долго на таа тема, со самото кажување и зборење околу тоа тој се ослободува од стравот.
    Поздравче до тебе и многу гушки и бакнежчиња.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    фала Френди, сто пати го прашував дали го познава дечкото, каков е тој, од кај е сигурен дека боледува од некоја болест, некако избегава да зборува, но мене не ми отишло на памет дека можеби имал претходно сознание во врска со состојбата на тој колега. Јас не сакам да му признам ама и јас сум вознемирена во врска со тоа што ако навистина си закачил некоја болест, не знам од кај се сигурни лекарите што ги посетува дека баш нема ништо, од кај го познаваат тој колегата на брат ми. Еднаш ми рече дека тука е проблемот што дечкото не го познава, само на здраво биле. Да го познавал убаво сигурно дека не би паничил доколку би бил сигурен во негово здравје, дури и на анализи ќе го неосел да се и двајцата сигурни. Ама што и да речам, останува на хипотеза, ништо дефинитивно ни докажано.
     
  8. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Имаше од нз како се викаше ќе пребарам некоја организација што организира анонимно тестирање.Нека дојди Скопје нека го напрај и тоа побрзо,чисто ради него.
    ТИ кога ќе разговоараш со него биди максимално трпелива.
    Како што ти кажаа феминките,промена на матичен и толку.
    А за ова тестирањево во Скопје не треба ни упат ни ништо.
    Чисто да не му е во мисла.
     
  9. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    фала мила.
    се трудам колку што можам, не сака да зборува но многу пишува, кога пишува како да е некој друг, изгледа фамилијарно ни е ова со пишувањето, подобро се изразуваме него се зборење.
    Ништо не може да го убеди дека не е инфициран освен силен доказ, а тоа се анализи, и на нив дали ќе им верува. Но јас се трудам да го смирам дека пред да излезат резултатите не мора да умре од мока и грижи. И сега зборевме, ми вети дека ќе оди утре на психолог кај една моја блиска другарка, па јас меѓувреме ќе се слушнам со неа (иако не сум сигурна дали е паметно да се мешам), и еве изгледа цела ноќ нема спиење, не знам колку е ситуацијата сериозна или смешна, ама тоа е...
    А тебе фала ти за советите, убаво ќе му објаснам, сигурна сум дека психијатрот ќе го свати озбилно и ќе го смири, ај ќе видам и ова психологот што ќе рече.
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.256
    Штом лекарите од кои побарал помош се такви несериозни, а тој не се смирува, нека оди да дарува крв, ако (не дај боже) нешто не е во ред со крвта ќе му се јават и ќе го известат.

    Додека не добие одговор дали е се во ред со него нема да се смири, верувај.

    Срамота за сите што оваа тема ја сфаќаат толку несериозно, и пријателот што му се смеел, и лекарите, срамота!
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    многу ќе ти бидам благодарна,
    тој и така сака да оди во Скопје и приватно да се тестира, (иако нема пари за тоа, ќе се снајдол)
    се надевам ќе се смири кога ќе ги види резултатите,
    уфф...
     
  12. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    214
    Какви рани имал? Обични гребнатинки кои веројатно биле завенати а не отворени, така?
    Кажи му го ова на брат ти, во Македонија, сигурно а веројатно и во светски рамки речиси и да нема пример на некој што се заразол со сида а да не е тоа преку игла, или по сексуален пат, да беше така лесно пренослива сидата веројатно голем дел од популацијата досега ќе ја снемаше. Има случаи да се родат деца со хив вирус заради тоа што мајка им била заразена, но од четка за заби и вакви случаи веројатно речиси и да нема. Овие начини на пренесување на сидата се означени како можни, но со многу мала веројатност, на ниво на теорија се сведени.
    Само колку собраќајки има дневно, колку повредени.... па ако се пренесуваше така лесно ќе беше како еболата.
    Според мене нема место за паника, а уште помалку дека ти треба да бидеш загрижена. Она за што ти треба да бидеш загрижена е психолошката состојба на брат ти, а не дали има сида.
    За да има сида треба и тој да бил повреден со тазе рана каде се гледа слузницата и тој другиот да бил заразен, во спротивно, доколку немал брат ти, отворена рана, тогаш шансите се нула.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    214
    Тестирањето за хив и сида секаде е анонимно, никаде не се земаат лични податоци, така да немора да бара разни организации кома може да го направи во државна институција потполно анонимно со нај сигурни резултати.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    меѓу нив и мене да ми е срам, три месеци трае ова, оној се трудеше да ми каже ама јас едноставно се смеев, иако и јас сум поминала низ психички кризи, не дека не знам што е психа, сум зборела со психолози, сум се мачела со месеци, поминало,
    ама и јас сум барала подршка и сум имала секогаш, ;( многу ми е жал... :(
    Фала за генијалните идеи, ќе му предложам.
    и јас исто мислам, нема да се смири дур не добие одговор од анализи.
     
  15. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    214
    Ако оди да даде крв, нема анонимност туку точно ќе се знасе за кого се работи и ќе биде обележан доколку се резултатите позитивни. Зборувам теоретски ако се позитивни, ма да е тоа невозможно. Но доколку се, ја нема таа димензија на анонимност. Затоа таа идеа не е добра.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    фала драга, имаш право, сето ова ќе му го кажувам, у ствари и сега му пишувам, и му кажувам сам да се приклучи и да чита.
    Јас у ствари затоа и пишав во психологија, затоа што знам дека неговата психолошка состојба не е во ред, што и да му кажувам само моментално го смирува, му пратив разни текстови за пренесување на болести, и за хив, тој си чита сам некои таму текстови, во се си се пренаоѓа, и не знам, типично некако за некој во паника и анксиозност. Но јас ќе го убедам да се тестира тогаш а не знаев дека било анонимно, тој утре рано ќе тргне ако знае дека е анонимно, иако не му е многу гајле да мора да е анонимно, само не знам точно каде да го упатам. Во државно ли, на инфектологија, треба термин од напред да се земе?
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.256
    @Nezna28 , те сфаќам што сакаш да кажеш, ама анонимноста во никој случај ја нема, ко да не знаеш какво општество сме. Секој секаде има некој познат, и после рекла казала муабетот ќе се прошири. Гледај докторите како се испонашале, а дале заклетва.
    Тоа и го кажувам баш поради тоа што и јас мислам дека нема ништо, па ќе даде крв и никому ништо.
    А така демек оди да се тестира анонимно за сида, а веќе ќе го прогласат за заболен.
    Малку ли примери имало во помалите места за девојки кои одат на редовен гинеколошки преглед, а некој ќе искоментира дека одат да абортираат.
    Има многу прости луѓе, тоа е факт. Образовани, а прости.
     
  18. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    214
    Сесилија, се шалиш нели? Јас не би ги поврзала дискрецијата на лекарите со озборувањата на останатите. Мислам дека сеуште дискрецијата и совеста кај здравствените лица е на високо ниво, така да не ти држи вода дека самите доктори веднаш ќе го гледаат како заболен. Таму каде што се тестираат за сида, нема чекална со 100 баби внатре кои оговараат, туку е баш дискретно. Секојдневно се тестираат луге само поради сомнеж, така да не ти држи вода дека веднаш ќе го прогласт за заразен. Плус дечкото е од друг град, нека пушти брада ако не носи, капа на глава и правец на тест. Ќе му дадат бројче и чао пријатно. Ти знаеш за некој кој се тестирал или кој има сида? Секако дека незнаеш нели? А, тоа не значи дека баш никој од твоја околина не се тестирал. За бременоста не се дознава од докторите туку поради нашиот брз јазик, ќе се пофалиме на некоја другарка па после ѓаолот ни е крив.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    7.294
    Пол:
    Женски
    Linda анонимен и бесплатен тест за хив прават во Институт за јавно здравје,во Државна болница во Скопје,институтот мислам дека е во близина на Медицинскиот факултет,но не сум сигурна нека дојде во Скопје во Државна и ќе праша некој ке му каже поточно каде е институтот.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам за информацијата,
    ова ми требаше,
    во државна бил неколку пати таму ќе се снајде,
    фала уште еднаш.
    Колку што разбрав не треба ни упат, ни ништо, само бројче ќе си земе и ќе почека крв да му земат.