1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социологија

Дискусија во 'Образование' започната од Someonespecial, 19 февруари 2013.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не видов тема за овој предмет, па ми текна да отворам, ако е дупла се знае :$
    Тука можете да поставувате прашања околу социологијата и да кажете какво мислење имате за предметов :)
    Мене ми е еден од полесните, иако некогаш треба многу учење напамет :!: а и професорката ми е една од најдобрите :)
    Што мислите за предметов? :)
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе го немам предметов. А за учењето, кај нас доста се бараше знаење и не би се сложила со тоа дека е еден од најлесните. Не знам , можеби затоа што доста ( не премногу) ни бараше професорот за учење. :)
     
  3. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Предметов лесен е да можеби затоа што се зборува за најосновните поими во животов со кои вејќе се имаме запознаено од предходно,лесно е за разбирање и имаш и слобода во размислувањето што најмногу ми се допаѓа и да имаме супер профа :D
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Мојот омилен предмет. Кога бев средно знам дека само овој предмет сакав да го учам бидејќи ми беше лесен и интересен и дури во 3та година јас веќе знаев дека сакам да студирам социологија.
    И не се согласувам дека предметов треба да се учи напамет туку со разбирање. Чим јас на факултет така учам, а не па во средно :)
     
  5. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Прекрасен предмет, мене ме влечат тие општествени науки, одвај чекам да го учам од септември. Ги имаме книгите и можам да кажам дека секој ден си ја читкам, преубав предмет, ке видам кој ке ми предава следната година но знам дека ке учам со љубов, обожавам социологија, психиологија, етика, филозофија и се што ке ме нурне до најдлабоките прашања за општеството воопшто :)
     
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Сеуште не го учам предметот.
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас сега од втора година го имам и тоа 2х во недела.Ми доаѓа нешто како граѓанско што го учев во 8мо.
    Ко што слушав не е тешко интересно било па ќе видиме за понатака. :)
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Социологијата ми беше омилена во втора година средно. Имаше интересни лекции за учење. Само таа година имав петка. Другите две години, лекциите не беа интересни. Тие години имав четворка.
     
  9. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Предметов го имав во прва година, ич ама ич не го сакав, затоа и немав добра оценка. Не дека ми беше тежок, глуп или слично, туку заради професорката, многу беше терсене и едноставно прави да го замразиш предметов.
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Ист случај, заради професорката многу го замразив предметот.
     
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Многу го сакав предметот.Овој и филозофија во иста рамка ги ставам,бидејќи иста професорка ни предаваше.Како го засакав?Па прво ми стави проф неколку единици а мене тоа уште повеќе ме мотивираше и потоа се 5ки имав по овие предмети,дури и на матурата нив ги полагав.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Ми беше лесен и имав 5 цело време.
     
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Мислам дека целата наука е #duh. Обично се учат многу очигледни работи и некако не ја сфаќам поентата, stating the obvious.

    Мене општеството секогаш ми било една од омилените работи за дискутирање, ама тоа воопшто не ми ја прави социологијата привлечна, особено кога треба на тест да пишувам дефиниции за апстрактни општествени поими и кога професорот ќе ми одземе поени бидејќи сум напишала особини, а не начела. :D

    Исто така, како што кажав, наукава проучува опасно релативни нешта и како таква е подложна на секојдневни промени. Затоа мислам дека не треба да се учи како наука и како нешто што може да се оцени.
    Потоа, бидејќи социологијата го проучува општеството, а тоа се менува секој ден, некои од работите напишани во учебниците постари од мене апсолутно не важат. На пример, неколку пасуси имаше посветено на тоа како телевизијата е најважен фактор при развитокот на децата. Сериозно? Би очекувала од експерти социолози да имаат подобри теории од секој втор средовечен човек кој мисли дека технологијата го уништува човечкиот род. Исто така, во истата лекција мислам, беше наведено дека возрасната граница на адолесценти се поместила погоре бидејќи луѓето останувале незрели и неодговорни многу подолго време поради xyz и затоа и повеќе разводи и несреќни луѓе и што ти знам. Океј е тоа, ама сега кога ќе ме испраша професорот, треба со цел памет да одговорам дека бројот на разводи е поголем бидејќи родителите не учествуваат во „решавањето на проблемите“. Баш вака е напишано во учебникот, со некој носталгичен југословенски тон,

    А да, и онаа поделбата на социологијата на гранки, биологизам мислам дека беше, органите на луѓето се споредуваат со органите во општеството... Булшитирање левел социолог. Седнал некој и си измилил наука. 8-|
     
    На Lianna Anna, theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial одлична тема! Не знам како не сум ја забележала порано ;)

    Социологијата како наука секако е од општествен,а не од природен карактер бидејќи истата не е константна туку е променлива.
    И сметам дека развојот на човековото општество треба да биде рефлектирана во социологијата.

    Причината поради која социологијата е променлива наука е поради фактот што станува збор за луѓето кои живеат во заедница која настанува како последица на заемното делување на луѓето врз природата и заемно делување во сите сфери на заедничкиот живот.

    Самиот Аристотел рекол дека оној кој не може да живее во општество, или кој нема потреба бидејќи тој е доволен на себеси, е или ѕвер или бог.

    Но општеството како што ние го познаваме е променливо во однос на правила на однесување, начин на функционирање и развој на сфаќања. Сепак, за разлика од овие промени, јас би потенцирала дека општеството е нешто кое оди против самата природа од кој човекот настанал.

    Имено, појавата на човекот во долгиот процес на неговото одвојување од другиот жив свет произведе и појава на општество - заедница на луѓето како посебен ентитет на објективната стварност.
    Всушност, човекот и општеството можат суштински да се објаснат во дијалектична поврзаност со природата.
    Откако човекот сфатил дека е поинтелигентно суштество од останатите во природата, тој самиот одлучил да го одвои човековиот вид од животинското царство, а борбата за егзистенција и природните услови го навеле за започне да се служи со дотогаш непознати средства и орудија за работа.

    Природата е целокупниот жив свет и посебна појава се човекот и општеството.
    Непосредната природа на човекот и општеството е вкупниот материјален свет на нашата планета.
    Живиот свет како посебен дел на материјалниот универзум е посебно значаен бидејќи човекот потекнува од него.

    Значи, човековото општество се развива и менува под делувањето на посебни социјални закони различни од законите кои важат во природата.
    Исто така, човекот сам ја создава својата историја а со самото тоа општествената историја, за разлика од промените во природата, ја создаваат самите луѓе.

    Ако зборувам за социологијата како предмет, би рекла дека дека таа, како и останатите општествени науки секогаш биле подлегнати на промени, за разлика од природните науки и тоа поради динамичната природа и активноста на човекот. И покрај тоа што постарите книги по социјологија содржат материјали кои не важат за денешното модерно општество, а и нашите сегашни книги нема да важат за во иднина, сепак сметам дека е од голема важност да ја имаме во предвид историјата и развојот на нашето општество како успешно одвојување од примитивната природа.

    Што се однесува до она кое @Lella го спомнала во нејзиниот пост во врска со гранките на социологијата и биологизмот, би кажала дека социологијата е всушност поделена на многу гранки како што се аналитичка социологија, архитектуална социологија, бихејвјористичка социологија, колективно однесување, критичка социологија, економска социологија, социологија на храна, едукација, пол, глобализација, влада, брак, право, јазик, литература итн. Причината за постоење на толку многу гранки на социологијата е поради фактот што човекот се издигнува над останатите живи суштества по својата свест, воздржаност, интелигенција, говор, облека, однесување, бипедализам и што е најважно одвојување од природата и создавање на сопствена заедница,а тоа е општеството.

    Кога станува збор за биологизмот, би рекла дека Herbert Spencer ја развил сеопфатната концепција на еволуцијата како прогресивен развој на физичкиот свет, биолошки организми, човечкиот ум и човечката култура и општество. Всушност, Spencer е најдобро познат по изразот "преживување на најсилните", кој го напишал во Principles of Biology (1864), откако ја прочитал On the Origin of Species од Дарвин.
    Овој термин силно сугерира природна селекција, но како што Спенсер ја продолжил еволуцијата во сфери на социологијата и етиката, тој исто така го употребил и ламаркизмот ( идејата дека еден организам може да пренесува карактеристиките што ги има стекнато во текот на својот живот на своите потомци).
    Според оваа идеологија, Herbert Spencer практично станал синоним за Социјалниот Дарвинизам - општествена теорија која го применува законот за опстанок на најсилните за општеството; хуманитарните импулси морале да се спротивстават, бидејќи ништо не треба да биде дозволено да се меша со законите на природата, вклучувајќи ја и социјалната борба за егзистенција.

    Поврзувањето на Спенсер со социјалниот дарвинизам може да потекнува од специфично толкување на неговата поддршка за конкуренција. Додека во биологијата конкуренцијата на различни организми може да резултира со смрт на некој вид или организам, вид на конкуренција која Спенсер се залага е поблиска до онаа што ја користат економистите, каде конкурентните поединци или фирми ја подобруваат благосостојбата на остатокот од општеството.

    Мое мислење во врска со ова е дека иако човекот е одамна одвоен од примитивниот начин на живеење во природата со останатите животински видови, тоа сепак не значи дека не води една борба за егзистенција.
    Можам да кажам дека секој животински вид води некаква борба но според своите можности и капацитети.

    Сепак, и покрај фактот што ние луѓето сме од истиот вид и самопрогласено се наоѓаме на самиот врв од пирамидата на останатите живи суштества населени на планетата Земја, секој одделен и посебен човечки ум преставува посебна приказна за себе (зависно од повеќе фактори како изглед, здравје, опкружување итн).

    Поради тоа се создава ситуацијата каде луѓето со умствено посилни способности имаат тенденција да доминираат врз оние кои поседуваат умствено послаби способности што доведува до т.н. ,, борба за опстанок ,, секако не како онаа која владее во животинското царство каде од постоењето на организмите не се случило никаков напредок, освен можеби ситни и скоро незабележливи знаци на еволуција.

    Значењето на ова е дека и покрај тоа на повеќето луѓе им е овозможено живеалиште, храна, вода и други потреби за софистициран и достоинствен живот, сепак интелегенцијата направила да се создаде друга атмосфера, односно борба меѓу умовите каде, како што претходно споменав, секогаш победуваат луѓето со умствено посилни способности, додека останантите едноставно стануваат потчинети на нивната волја.

    Тоа доведува до заклучокот дека колку и да се размислува дека човекот преставува најинтелегентното суштество на оваа планета и се разликува од останатите организми, сепак неспорен е фактот дека и homo sapiens сепак претставува суштество, цицач кој настојува да си го најде сопственото место во општеството но со развиени и интелектулани методи, но несвесен за можноста за предизвикување јазол меѓу човековото единство и слога, секако инспирирано од себичноста и алчноста.
     
    Последна измена: 9 декември 2017
    На Lianna Anna и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose Сето тоа е во ред во теорија, ама во вистинскиот свет работите стојат поинаку. Не само за теоријата на Спенсер, кој патем ми стои како само да си ја препишал Потекло на видовите. :D, туку и за работите кои ги наброив погоре. Сепак, иако е тука некаде, според мене има премногу дупки за да може да се прифати како legitimate.

    Како и да е, можеби ова се должи и на моето целосно несфаќање на поентата општествените науки. Не на сите, туку на оние менливите. Математиката ја сметам за природна наука, бидејќи едноставно не е можно поинаку. Историјата е во ред бидејќи е колку-толку неменлива. Право, економија, политички науки сметам дека треба да ги изучуваат само луѓето кои планираат да се занимаваат со тоа, и за среќа така е. Филозофија уште не сум учела, но заинтересирана сум за неа, бидејќи не е толку очигледна и треба поголема мисловна активност за да се свари, се надевам. А можно е и да биде учење имиња напамет, ќе видиме.
    Лингвистиката иако проучува делумно менлив општествен поим, поголемиот дел од времето е константна, логична и со јасно зададени правила, закони, формули...
    Другите науки како етика, теологија, морал се ужасно губење време. Мислам, нека си постојат како науки, супер, ама нека не се учат во основно, аман. Перење мозоци...

    Социологијата, пак, тврди дека го собира целокупното човечко знаење и дава слика за општеството во неговата целина, односно тоталитет. (Зборов ме прогонува во соништата)
    Од каде тоа право? Кој реши да постои наука која ќе ги опфати сите други науки, која ќе се стави на повисоко ниво од детализираната историја, лингвистика, антропологија...?
    Значи социологијата си ги прогласува за свои сите тие науки, демек како нејзини дисциплини, со сета сложеност што влегува во нив, а таа самата истапува со нешто, ќе ми простите, ужасно смешно, како улоги во општеството и кооперација и конфликти и сл.


    Зборот ми е, не треба да постои наука што ќе си ги прогласи за свои сите други науки, бидејќи е неправедно и неблагодарно. Социобиологизмот е малку филозофирана биологија, социодарвинизмот е проширена еволуцијата, психологизмот е чиста психологија и ништо повеќе.
    Општествените науки не се гранки на социологијата, туку таа е само еден мал дел од нив.

    Останатите гранки како формализам, функционализам тврдам дека се big pile of bullshit кој не служи за ништо. Sorry not sorry. Ако некој ми каже дека по професија е научник-формалист или структуралист ќе се смеам.

    Наукиве се повеќе измислени и од самото општество кое го проучуваат.
     
    На Someonespecial, macka91, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  16. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    Prepisuvav po ovoj predmet kaj edna losa prof
     
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lella убаво напишано :)
    Суштината на човековото битие е потребата да ја осознае вистината за објективната стварност, за нештата кои го опкружуваат.

    Постојат повеќе форми на осознавање, кои биле условени од стадиумот на развојот на општеството така и од степенот на човековите умствени способности.
    На почетниот развој на човековото општество, во праисторијата не постоела наука.
    Луѓето во праисторијата измислувале легенди со кои се обидувале да си ги објаснат појавите што ги опкружуваат, на пример како е создаден светот, зошто луѓето умираат но и природните феномени, како што е времето.
    Не изостанува ни фактот дека голем број од тие појави се објаснувале на мистичнорелигиозен начин.

    Во подоцнежните фази од развојот на општеството луѓето не се задоволувале со дотогашниот начин на објаснување на стварноста, туку имале потреба од поинаква, пореална слика за појавите што ги опкружуваат.
    Со проширувањата на човековите знаење за светот започнал процесот на осамостојување на научното знаење, кое се разликува од другите форми на осознавање бидејќи објаснувањето на појавите го заснова исклучиво на факти, кои се вистинити, објективни, систематични, проверливи и сл.
    Поради тоа под поимот наука се позразбира систем на вистинити знаења за природата и општеството со кои се објаснуваат појавите, се предвидува нивниот тек и се насочува човековата практична активност.

    Научните сознанија иако претставуваат моќно средство за објаснување и за предвидување на појавите во светот, сепак сеуште не можат да најдат решение за сите проблеми на човештвото.

    Најопштата поделба на науките е според предметот на проучување и во таа смисла тие се делат на:
    a) Општествени науки, во кои спаѓаат историја, социологија, правни науки, филозофија, психологија, економски науки.
    б) Природни науки, во кои спаѓаат хемија, биологија, физика.

    Според ова сметам дека ова се основните науки кои треба да постојат, а се останато кое се измислува а е поврзано со некоја од овие науки, треба да претставуваат нивни гранки.

    Можеби тоа е точно од одреден аспект, но општеството не е константно туку е променливо и се што се измислува е базирано врз него - односно како луѓето функционираат во општеството.
    И овде тоа не е важно дали тоа ќе биде како дел од природните или од општествените науки.
    Самата појава на општеството и развивањето на свеста кај луѓето овозможило да се создадат овие науки како прво и прво и секако дека ќе постојат нови науки и нивни гранки - бидејќи нашата заедница се менува, се адаптира на нови мислења и ставови кои се обидуваат да докажат нешто ново.
    А како всушност се доаѓа до нешто ново? - со поврзување на знаењата кои претходно сме ги знаеле, без разлика на нивната сличност или различност.
    На некој начин ништо не постои само по себе како наука, и ако доволно добро размислиме, ќе успееме да најдеме одредена конекција дури и со нешто за кое сме мислеле дека е невозможно.
     
    На DragonSlayer, Lella и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lella всушност, насоката на оваа дискусија многу ме потсети на работата на Френсис Бејкон, ако си слушнала за него.
    Тој самиот ја критикувал лошата состојба во науката и во филозофијата и ја образложува потребата од нивната обнова, напишано во неговото дело Instauratio magna.
    Според него, додека механичките вештини постојано напредувале, науката и филозофијата стагнирале веќе два века, тврдејќи дека тие напредувале подобро во времето на нивните први творци.
    Притоа, здравите и плодни почетоци на науката и филозофијата тој ги поврзува со старите грчки филозофи како Емпедокле, Анаксагора, Леукип, Демокрит, Парменид, Хераклит итн., додека почетоците на пропаѓањето на науката и филозофијата ги лоцира кај Платон, Аристотел и Зенон, сметајќи дека тие се основачи на реторската мудрост, која е зборлеста и вешта во дискусијата, но бесплодна во животната пракса.
    Во неколку свои расправи, кои требало да претставуваат замена за недовршениот прв дел на „Големата обнова“, Бејкон ги изложил своите сфаќања за класификацијата на науките. Притоа, слично на Аристотел, Бејкон ги комбинирал субјективниот и објективниот принцип, при што, главната поделба на науките ја извршил според субјективниот принцип, додека натамошното расчленување го направил врз основа на објективниот принцип. Меѓутоа, неговиот субјективен принцип се разликува во споредба и со Аристотел и со Платон. Како Платон, Бејкон тгрнал од принципот на раличност на духовната моќ, но за разлика од Платон, тој сметал дека волјата не може да претставува основа за поделба на науките, зашто волјата не е спознајна духовна моќ. Наспроти тоа, според Бејкон, науките може да се поделат само врз основа на интелектуалните духовни функции, како што се: паметење (memoria), фантазија (phantasia) и разум (ratio). Оттука, Бејкон ги поделил науките на: историја (која почива врз паметењето), поезија (која е заснована врз фантазијата) и филозофија (која с етемели врз разумот). Натамошната поделба на науките Бејкон ја извршил врз основа на предметот на проучувањето. Така, предметот на филозофијата е троен: Бог (Deus), природата (Natura) и човекот (Homo), така што таа се дели на природна теологија, филозофија на природата и антропологија. На овие три дисциплини им се придружува и philosophia prima која, според Бејкон, е „заедничка мајка на сите“ и „универзална наука“, така што таа е зачеток на теоријата на спознанието, а не метафизика]та (онтологијата) како прва филозофија според Аристотел. Бејконовата класификација на науките претставувала голем чекор напред во споредба со сфаќањата на Платоновата, Аристотеловата и схоластичката класификација, така што била општоприфатена во текот на 17 и 18 век, а со мали измени неа ја прифатиле и Д'Аламберт и Дидро.
     
    На DragonSlayer, Lella и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Социологијата уствари и не е толку лоша (и покрај тоа што е општествена наука, not real science :D) - ако се заинтересирате за неа надвор од материјалот што се учи по школите.

    Кај нас повеќето луѓе имаат аверзија кон социологијата поради застарените и неинтересни учебници, у комбинација со професорите кои се запишале на социологија само затоа што не ги бивало за „асален“ факултет, па сеа тормозат деца по средни школи. :D
     
    На Lella, Briar Rose, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    received_2189527027729253.jpeg received_2189527344395888.jpeg

    Сериозно, ова е најигнорантниот учебник што постои. Би сакала да ги запознаам авторите и лично да ги прашам дали навистина мислеле дека можат да тресат какви што ќе им текне глупости бидејќи и онака никој не им ја сфаќа науката сериозно.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.