Не сум сигурна дали прашањево заслужува засебна тема, може подобро е да се спои со друга... Ме интересираат бројките... Дали со партнерот (и детето/цата) живеете сами, или сте во поширока зедница?
реално, никогаш не сме сами освен ако не сме во куќарка насред планина и пустелија без никој наоколу. стално има комшии кои слушаат.
Ние сме во една куќа ама на различни спратови, на нашиот спрат седиме јас, мм и бебуш, а доле седат мајка му, татко му и брат му.
Сами почнавме со маж ми уште додека ми беше дечко, под кирија . Ќерката се роди во тој кираџиски период. После во стан на моите живеевме , пак сами. И сега последните 7 години во наш стан ( за кој плаќаме кредит сеуште), релативно далеку од сите роднини .