Девојки дали може да ми дадете совет каде има поголем избор на квалитетни, спални (без плакари) , по пристапни цени??? Ве молам и искуства некои ако може да споделите, оние кои веќе имате купено, од каде, колку сте задоволни, димензии стандардни или поголеми, душек за истите или одат во комплет??? Ве молам за совети
има спални кои одат по елементи,имам искуство со оваа работа кажи конкретно што те интересора ке те упатам поздрав
Провери на страната на Мебел Ви таму има убави лежаи http://www.mebel-vi.com/index.php?optio ... 98&lang=mk
no.name6 значи конкретно ме интересира само лежалот, значи спалната, без никакви елементи. Меѓутоа да не е од едноставните лежаи туку нешто слично на ова Во овој стил да е нешто, слично ,исто.... Цената и квалитетот ми се најважни. SOVRSENSTVO гледав на Мебел Ви, видов цени само за овие понудите кои им се на намаление. Но доколку има некој искуство со Мебел Ви ме интересираат коментари, колку се задоволни?
отвори на almak mebel имас два модели во тој стил можис да бираш и еко кожа,штоф,боја,димензијата му е 1.60 имаат и сандук долу. а обично се делат спалните симни го каталогот од страната и на крајот имаш лежај цезар
Со душек, а да е до 20 000ден???? фантастично, да бидам искрена подобро неможев ни да замислам . Ти благодарам п.с. гледам и во Зона мебел , дефинитивно има убави, само изгледа за поконкретни цени ќе мора на лице место да се види
Е таму можи да бидат поскапички ама мислам околу 20000 бидејки цеела спална доага некадее 1000-1200 евра е па лежајот неможе да биди повеке од 20000
Мојата е од Зона мебел. За цена не ми текнува, ја зедов пред 5 год. и задоволна сум. Види и таму, имаат каталози па можеби нешто ќе најдеш што ти се допаѓа. Душекот накнадно си го купив од Симпо и задоволна сум. Спалните не одат со душек, ретко кои одат со душек. Кој избор и да го направиш гледај одоздола да бидат дасчиња а не да биде целосно затворен лежајот со иверица или лесонит за да може душекот да има провев за да со тек на време не ти се појави буѓа. Тоа ти е еден совет, кој се јавил како проблем кај други што имам разговарано.
Денес бевме во Алекс дизајн(во Радишани), гледавме тапацитани лежаи. Имаше неколку модели и можам да кажам не беа лоши од 14.590- 20 000 , па и поскапи. Душеци исто имаше од 13000- 18000 па можда и повеќе. Значи одприлика лежај со се душек доаѓа без малку и до 30 000 денари, што искрено малку ме замисли,но тоа е
па и според мене е многу. баш го гледам сајтот на Југоекспорт стил има цела спална соба за 25, 999 денари http://www.jugoexportstil.mk/Details.aspx?id=420
Мила да ти кажам искрено и скапо е , не е баш ефтино и ова. Кога ќе видиш пак е без душек, а само тој е колку цел лежај, а мене гардероберот не ми ни треба, зошто сакам лизгачки да биде кој би излегол многу поефтино ... Штознам некако не ми штимат ова цените, посебно не на душеците