(Барав ваква тема, не успеав да најдам, ако има, слободно бришете ја или префрлете мислење, благодарам ) Имате ли добивано повици од странство со непознат број? Конкретно денеска добив прво повик од Австрија кој го игнорирав и потоа блокирав, а по неколку часа уште еден повик исто од Австрија со друг број, исто така го блокирав. Проверив на нет и Твитер гледам дека денеска баш истиве броеви вртеле во Македонија и Куба, дали и вас ви вртеа? Дали имаат можност смартфониве автоматски да одбиваат такви броеви?
Не ми се случило досега. Освен опција да напишеш кој број да го блокнеш или автоматски да блокира некој што ѕвони со непознат немам слушнато и мислам дека не постои.
Здраво Сакам да прашам во врска со ова непознат број да врти Јас го избришам повикот а сум на телеком дали ако идам да прашам ке ми извадат кој ме бара со скриен и дали можам да извадам листа на повици и покрај тоа што договорт не е на мое име него на татко ми?
Јас неделата сабајле имав исто повик со префикс од Австрија. Памтам пред неколку месеци и на вести кажуваа, нешто им хакнаа, изгледа сеа е пак исто. Ужас ако си на слушалки и по грешка уклучиш, ако не видиш број али тоа е. Очигледно не можам да одбиваат броеви.
Тоа и јас си помислив, и има и луѓе кои често контактираат во странство, било бизнис или нешто друго, па не знаат кои им звони.
Јас еднаш дури и се јавив, пошто очекував повик од странство за нешо на работно поле, небитно. По 20тина секунди ми стана јасно. Која им е целта со ова и што можат да направат ?
Јас мислев сум го пропуштил "битниот" повик кој го очекував па јас се јавив, после 47s се сетив и веднаш исклучив.
Јас имам пропуштен повик од пред некој ден, +43 6xx xxxxxxx. Побарав за +436, дава за Северна Америка, ама не знам како да видам дали е форматот тој. Едит: Сега изгуглав цел број, дава Австрија. Значо сепак e @Regina.Phalange ко што пишала.
Нели имаше случка ваква...и тоа пред 2-3 месеци... https://www.radiomof.mk/telefonski-...ja-gragjanite-aek-najavi-deka-kje-gi-blokira/
https://spamcalls.net/en/number/436763152837#reports User reports за бројот што ми ѕвонел мене, има од Македонија корисници што се пожалиле, ама и од други земји. Среќа никогаш не кревам на странски број..
Мене ми ѕвонеа од Германија пред некој ден. И не кренав.Никогаш не кревам на странски броеви. Знам дека се некои преваранти.Или пак, пошто ми го има на Инста бројот, ми ѕвонел некој/а.
Извинете може е глупо прашањево, али шо е фората? Работам у странска фирма, често ми вртат непознати броеви, али не ја разбирам суштината на овие јавувања.
Мислам дека се обидуваат да ти земат пари? Кај мене цвонеа едвај 10 секунди и може очекуваат јас да им се јавам. Само тоа ми прави смисла, бидејќи ете и други рекоа не збори некој на линијата