Dali nekoj go odnel bebenceto vo noviot spa centar za bebinja? Iskustvo, dali ste zadovolni? I ako ste bile koja e cenata
Паа да, точно, некако многу набрзо се сака да се направат пари, нели оти станува збор за најмалите Ама па мојов ептен сака да се бања, се мислам дека би го однела најмалку еднаш
Вреди да се проба ама сепак ако останат со цениве не им предвидувам светла иднина Уживајте во спа третманот
Да точно, убаво кажуваш. Баш сега им ги гледав и ревјуата на фб, и доста имаат дадено ниска оценка ради цените. Можеле да стават некои средни цени да може да поужива и средната народна маса, а не само високата. Инаку фала, како и да е ние сме 4 месеци, да напуниме бар 5,6 па би отишле
Јас им пишав и ми рекоа до 16кг... Инаку да, цените им се соленки.. ако не им оди баш со тие цени може ке намалат
Баш прееска проверив за сигурно викам да видам, на страната им пишува до 18 кг али не е битно може им е некоја грешка.
Тежок припич ми е ова. Една моја познаничка била и не удави сите со приказните. А реално ништо не им прават посебно. 15 минути во вода, одвај 15тина минути ги масираат и толку. Не дека е нешто што не можеш да го направиш сам дома. 1200 денари можеш многу покорисно да ги искористиш.
Убаво е но не вреди за парите. Јас го однесов оти имав доста читано за слични центри во другите држави и се израдував кога го отворија. Битно бебуш уживаше. Да намалат цени па може ќе ги посетиме пак
Ова за тие со вишок пари па колку да се излезе од дома. Жити се дете од 6кг можеш и во полно корито да го ,,пуштиш,, да плива, за када и да не зборам колкав простор е тоа за него. За масажа за бебе туторијали колку сакаш.
Моја другарка го однесе малиот, го имаше снимано, значи најфацка е на клипчето, радости Спојлер Не знам за цениве, солени или несолени - секој си има право да си даде цена на производот/услугата, ако нема кој да го купи - нема да постои. Мене некако ми е без везе да коментирам - да им е поефтино, повеќе ќе можеме да одиме... можеби целта им е да не може скоро секој да си приушти, имајте го и тоа на ум. Сепак е приватен бизнис, а секој бизнис има (или би требало да има) таргет група. Избори
Дали сум единствена што мисли дека ова е тотална глупост? Луѓе од збес не знаат веќе на што да трошат пари. Тотален припич, како што кажа членка пред мене.
Секаде во светот има па на некој му текнало и кај нас, така да си тера бизнис. Како и за се друго, си има група која ќе оди. И гледам дека има луѓе што одат. Јас би го однела моето, забавно ми личи