Откако фати ладново, се мислам што е подобро, дали спиење во затоплена соба или во ладна? Синоќа го ставив Ј во спалната каде што не беше затоплено, се разбуди веднаш, па решивме да преноќеваме во дневната каде што беше топло. Јас сакам да го научам да спие на ладно, мајка ми ми вели мал е уште за да спие на ладно. Ваши совети и искуства?
Блонди и јас ја имав истата дилема и се консултирав со неонаталог. Таа ми рече дека најдобра температура за спиење на бебето е 19 степени целзиусови. Се што е под оваа температура и над неа, не чини. Ја послушавме и постојано ја одржувавме таа температура во просторијата во која спиеме и беше многу пријатно и за нас и за бебето. А моите родители од пусто незнаење мене ме свариле кога сум била малечка. Во спалната соба, цело време дувала и акумулирала термо-печка шестица, а мајка ми ме наоблекла, ми ставила памучни ракавички и капче и ме ставила во вреќичка за спиење.Па потоа ме покриле со дупли јорган и ќебе. Утрото кога ме расоблекле сум имала пликови по целото тело, се распаметиле и ме одвеле на лекар. Кога ме видел лекарот, ги направил партал моите и им кажал да ме носат дома, да ме расоблечат и да ме мачкаат со кисело млеко за да ми извлечат температура. И ден денеска не поднесувам топлина. Раководи се според себе, така велат лекарите. Ако на тебе ти е топло и на бебето ќе му е, а ако ти е ладно и на бебето му е. Нека не те плашат ладни ножиња и рачиња, бебињата имаат многу слаба циркулација, затоа е тоа така.
Подобро да е поладно отколку премногу топло. Ете, убаво кажа Геа, околу 18-19 степени да биде, а во просториите во кои престојувате во текот на денот да биде максимално до 25 степени. Ние се грееме со сопствено парно, комбинирано на дрва и струја, па ќе видиме како ќе биде со малиот зимава... пролетта беше ладна, па догревавме во спалната со радијаторче на струја, ама не ја претоплувавме. Инаку, кај мене ко да не важи она дека ако ми е мене ладно, и на бебето ќе му биде и обратно... на татко му се метнал
не морат да е од незнаење еве и ЈАС ја направив истата грешка ми влегуваја во соба свекриви,куми, стрини ,аби тетки и сите ми солеја памет да не се разболело детето и ЈАС под нивни ингеренции го претоплив девојцето и заврсивме на децко три дена ! е после дојде пролет па лето и потпорасна па наредната зима си терав до 18 / 19 степени . А за второто дете се си знаев ! ,, мој совет не слушајте баби, жаби и остали ствари,, ве молам !!! значит до 18 / 19 степени и никако топленје со термопечка таја го сушит воздухот ! или купете си овлажнувач на просторот кај мене имам на работа за продавање и колку што јас можам да видам мене ми изгледаат ефикасни ,,!
Најдобро е 18-19 степени како што кажаа претходо додека се мали. Во оваа ладна Скандинавија 3 годикнки ги оставаат на снег во врекички да спијат да се јачеле. Не знам како не им е на родителите малку тешко да поднесат. Мене почна да ми студи од самата помисла дете да оставам на снег. Ама и докотрите препорачуваат зиме бар 1 час и 20тина мин на ладното да се носат на воздух.
Уф, значи ќе мора да ја загреваме спалната. Се научив јас да спијам на ладно, бидејќи мм така е научен, па морав и јас така да се навикнувам. Ама што се мора за бебето, ќе се направи. Инаку се гледа дека на мене е целиот топло трпи, ладно не. Фала ви на одговорите.
Јас ќерка ми ја сварив првата година, 24-5 степени беше нон стоп. Ни јас не можев да спијам зошто навикната сум да спијам на поладно, ама шта ќеш... читав негде дека на бебињата првите 3-4 месеци им е поладно, па греев ко луда без да консултирам никој После таа зима над 21 степен дома не сум дозволила да се крене, навечер е 19, а преку ден 20-21.
И јас ја сварив ќерка ми првата зима. Се роди на крајот на ноември, и јас од пусти страв да не настине, печката ја пуштав на 3-ка, така што температурата беше некаде 25-6 степени, а кога ја бањав внатре беше фурна, по маица на кимоно се шетав, а неа ја тунтав-боди, чорапи, бебешки ѕиври, шприкозни, капче, да не ги спомнувам тетра и 8-ца пелените, плус и кога ќе ја успиев ја покривав со ќебенце. Бог да чува, ама и јас слушав баби-жаби, вујни, тетки, стринки....го варев детето Среќа не се исфрли после толку наоблекување. Е сега, ние се` уште се грееме со термо печка и почитувајќи ја ефтината струја, само навечер ја полнам, ама температурата не надминува 22-3 степени, може е многу, ама па јас сум зимурлива , мене нон-стоп ми студи, а на мм и ќерка ми им е топло. Спиеме во топла соба, и искрено немам намера да спијам во ладно . Некогаш толку ми студи што знам да се залепам до мм да се стоплам, а кутриот тој се препотил , и малава е на него, и таа се поти...ништо чудно да избегаат од мене и да ме остават сама
И јас знам дека за дечиња идеално е 18-20 степени. Искрено јас не можам да спијам на ладно а не пак детенце да оставам Блонд,најубаво да ставите термопечка па да биде млако,сами ќе си регулирате или пак од овие новите панели. Јас за мене да си кажам дека сум многуууу зимурлива.Во најголем студ спијам со хулахопки,плетени чорапчиња а ако ептен отидат степените надолу и блузон или џемпер облакам врз пижамата ,i don't care,се само да се згреам.Никогаш немам спиено ниту би спиела во ладна просторија.Не ме фаќа сон ,се тресам ко ненормална , Јас да ви кажам дека летно време пи најмало ветре се ежам од ладно,чудак сум
спијам во топла просторија бидејќи мм неможи на ладно и јас морам по цели ноќи да се откривам за да се разладам а иначе подобро ми е во ладна додека да легнам само малку ми е ладно и за 5 мин се затоплувам под постелата и супер ми е ама што да правам сега морам да се откривам ил и да станам да се разладам
И јас сакам на ладно.Ама тоа не значи да на ивицата на јорганот ми се нафаќаат мразулци .Кога спијам на топло насабајле ме боли главата.Е тука се разликуваме со маж ми .Тој да може и 100 степени да постигне во собата нема да му пречат.
имам керка 13 месеци,спие со нас во соба,имаме термометар и секогаш гледаме да ја одржуваме температурата на 21,подобро е за спиење
Блонд бебето мора да спие во потопла просторија не повеќе од 23 степени, барем јас и бебето така спиеме. Јас не поднесувам да спијам во ладна просторија, ама пак да не е потопло од 25 степени, пак така се препотувам и се будам жива вода. Во секој случај подобро би спиела во топло отколку на ладно
Спиењето во ладна просторија го обожавам, секогаш сум посвежна и наспана кога спијам во ладна споредувано со топла..
Кажав претходно поладно подобро. Ваму на снег ги оставаат да спијат во врекички зиме а не на мн топло да ги носат.Се сеќавам така по книги се водеше и мајка ми и на 20тина степени спиеше брат ми и сега страшно се кае што не го оставала да спие на поладно.
И јас неможам во топла просторија. И се чудам на сестра ми како може да спие во дневна кога има запалено оган ,јас неможам да седам на толку топло не па да спијам. Малку поладна просторија,кебе и јорганче супер
ЈАс сум научена уште од мала да спијам на ладно,и толку ми е убаво си ставам 2-3 јорганчиња се стоплам ни да се откривам,ни ништо.и затоа сега и јас и брат ми неможеме на топло,додека сестра ми може таа пак на ладно неможе,мајка ми згрешила со нејзе ама со нас ја опраила работата... ... и сопругаот е навикнат на ладно,сега и нашите ќе пробаме да ги навикнеме на поладно.