Загревањето на стапалата во суштина помага да се намали општата телесна температура, па така телото полека се лади и ова е сигнал за мозокот да заспие. Според некои истражувања, луѓето што спијат со чорапи заспиваат 7 минути побрзо од оние што спијат боси. Освен тоа, спијат околу 20-30 минути подолго (ако немаат наместено аларм нормално). Како спиете вие, и зошто? И дали може да ја смените навиката, или ве фаќаат с'клети?
Да, секогаш, но за да не те фаќа "с'клет" ќе спиеш со некои потенки и полесни чорапи, не со некои со кои искачаш надвор зимно време ..
Јас се думав да гласам меѓу „не, никогаш“ и „не, не носам чорапи“. Јас чорапи носам само ко ќе треба да клам патики, чевли итн., и то најчесто се тенки чорапи, ептен вака снег да падни па да ставам подебели. А, многу сакам да носам. Ептен ми се убај. Дома сум боса, евентуално влечки шо можам лесно да ги вадам и ставам зошто ми згорештва. Спиење со чорапи ми е невозможно, пукам од жешко.
Без почесто. Имам топли стапалца, па жешко ми е со чорапи. Дома овој период сум со чорапа, знам да заспијам така, но често ги соблекувам некако во сон, сред спиење. Имам и посебни чорапи за спиење, помеки и ептен cozy, но за жал многу ретко ги користам. Лето не носам чорапи.
Обавезно чорапи ама одредени месеци. Чорап сезона ми е од крај на септември до средина на мај Летно време дома не носам, но со патика обавезно, пошто сандали/балетанки не носам.
Додека бев дете и живеев со моите носев обавезно. Некогаш дури и хулахопки под чорапи. Откако се иселив и не ја слушав мајка ми на дневна база да се облечам, затоа што нејзе ѝ е ладно, почнав да спијам без чорапи. Го научив и дечко ми.
Surprise surprise. Секогаш, освен во лето кога е најжешко (јуни, јули и август) спијам со чорапи, и преку ден истото. Сега зимава со термо дебели чорапи и дебели пижами пикнати в чорапи. Нема поубаво чувство.