Темава е со цел да кажеме каде сме се породиле (државно или приватно) и дали природно или царски. Исто можеме и да дискутираме за тоа која опција би ја одбрале ако раѓате повторно и дали треба начинот на раѓање да е избор на мајката или царскиот да е краен избор на докторот.
Јас со двете дечиња се породив спонтано во ГАК, премногу лесно и брзо, 3-то да раѓам пак ГАК би одбрала бидејќи не ми се погодил гаден персонал или некој да ми се испонаша, се беше супер, чисто, доаѓаа често да проверат како сум и бебето си беше се супер и до мене, дури пред мене доаѓаа да го прегледуваат за да слушам и јас, постојано чисто и убаво.
Не сум прочитала, ако некој е информиран да сподели, која е разликата за бебето дали ќе излезе спонтано или ќе го извадат со царски?
Можат да се префрлат и сите мислења што овие два дена се дискутираше во темата за приватните клиники. Имаше квалитетни мислења. Јас не поддржувам бирање начин на породување, има кој за тоа да одлучува. Се породив природно во Чаир, и повторно таму би родила.
http://acibademsistinababy.mk/dete/17-bremenost/poroduvanje/17-ako-se-odlucivte-za-carski-rez Еве извадок од Аџибадем Систина, нај убаво објаснето
Јас се породив на државна во Охрид, како прворотка бев преплашена и на докторката што ме пораѓаше последниот месец кога одев на ЦТГ буквално ја молев да ми закаже за царски зошто сум голем паничар и мислев дека нема да можам да се носам со процесот на природно породување, а таа упорно ме одбиваше и еднаш ми кажа да си моја ќерка последно што би ти направила е царски од тогаш повеќе не спомнав ни ц од царски. Породувањето ми помина како песна отидов на преглед кога веќе бев 4 прсти отворена ме задржаа во предродилна во 14 часот првите болки ми почнаа во 17 часот на веке 7 прсти отворена кога ми го пукнаа и водењакот во 19:05 на свет дојде синко мој. Во 21ч ми го донесоа го ставив да цица а веќе во 22ч бев на нозе со него во раце. Уште сто пати да раѓам би раѓала природно секако не дај боже доколку не би морало да биде поинаку http://pharmanews.mk/carski-rez-rizik-za-majkata-bebeto/
Уште десет деца да треба да родам би родила природно. Самиот чин на раѓање е прекрасен и секоја жена треба да го доживее . Мислам дека девојките во денешно време се преплашени од самиот чин на раѓање попади слушање на непотребни разговори и собирање на информации кои не се корисни кога ќе дојди самиот чин на раѓање. Сепак секоја жена си одлучува на кон начин ќе биде нејзиниот начин на раѓање секоја жена дали со царски или на природен начин природата ја скроила да биде најдобрата мајка на светот. Девојки само храбро и на секоја одделно и честитам за тоа како станала мајка
Со закажан царски во приватна, немаше можност за природно. За темата дали форсираат царски во приватните, еден период и јас такво мислење имав. Но со оглед на тоа што многу блиски се породија во истата болница природно, кај истите доктори, сметам дека не е оправдано тоа мислење.
Немa шaнсa дa пoсaкaм дa ме oперирaaт иaкo целo телo ми се згрчувa oд стрaв oд прирoднo и oд тoa кoлку мнoгу ќе бoли, немaм хрaбрoст дa oдберaм oперaцијa. Привaтнo не би oделa бидејќи е прескaпo. Зa зaкaжувaње нa рaѓaње имaм кaжaнo декa ми личи кaкo зaкaжувaње термин зa шминкa. Сумaрнo: Ќе се пoрaѓaм прирoднo вo држaвнa кaкo милиoн жени пред мене. Сo леснo нa сите
@fana Царскиот рез ако е со индикации секогаш се закажува и тоа порано од терминот. Ако зборуваш за царски рез по желба на трудницата тоа е друго.
Природно во државна болница, односно во Чаир. Еве ме скоро почеток на 7ми месец и без мислење пак ке раѓам таму, пак ке пробам природно и да речат дека пак е бебето 4+, чим едно толкаво излегло ке може уште едно Задоволна сум и од доктори, услови, хигиена и се. Оправдувам царски рез доколку има индикации за истиот, ако мора мора.
Две деца, две цезареи во државна клиника. Да можев да бирам, и да зависеше од мене, природно би се пораѓала, ама ете, не се отворав воопшто. Со првото мораше итно да ме оперираат заради бебето, оти веќе беше ризично да ме чекаат, а не се отворив повеќе од два прсти. Со второто ми дадоа провокација да се отворам, максимум три прсти се отворив, решија да не ме чекаат, оти веќе еднаш сум оперирана, па да не дојде до пукање на матката. Опоравувањето ми беше потешко после втората операција, пред се' поради тоа што изгубив многу крв, имав дополнителни стресови (земјотресите во Скопје во тој период, мајка ми заврши на интензивна на кардиологија, раната потешко ми заздравуваше). Операција е операција, и сметам дека треба да се примени само при апсолутни индикации. Пак ќе кажам, да можев да бирам и да одлучувам, особено да можев да контролирам дали ќе се отворам или не, предност давам на природно породување.
Ќе се пораѓам приватно, зошто за среќа имам некои привилегии. Сакам да биде природно, ама за жал синко цело време е со газот долу и не сака да чуе да се сврти, а докторката што ме води вика тешко дека ќе се сврти зошто нозете ги држи исправени пред фацичка, а имам и срцевидна матка, па како поминува времето шансите да се сврти се скоро минимални. Ќе видиме што ќе каже и докторот што ќе ме пораѓа.
Jas ke kazam za mojata sestra na koja dvete deca I se so carski rez I sega e bremena za treto dete I dr uste na pocetokot I kazaa oti ke mora carski rez I samo kaza of lele pak li secenje pak li operacija za prvoto ne se otvarase I morase so iten carski rez da se porodi za vtoroto oti nemase mi dve god od prviot carski rez I za tretoto pak ke mora so carski jas isto ke moram so carski rez da se poragam sega ako ostanam bremena zaradi operaciite sto gi imam na stomakot taka mi rekoa dr
Јас планирам природно во приватна болница, како ќе излезе ќе споделам искуство отпосле. За мене природното е онака како што треба да течат работите, царски рез е операција која се прави ако има индикација и потреба.
2спонтани пораѓаи во државна болница Прилеп во период од 3години и 4месеци. Што би рекла докторката како по книга. Без епидурал, провокации или било што друго. Поголемиот дел од болките ги држев дома за да и двата бидат брзи, без лежење во предродилна.. Буквално " појдов и се породив". На нозе веднаш , после задолжителните два часа во родилна.. Задоволна од персонал и од целата нега после согласно условите во државна институција.. Во приватна сигурно ќе имав туш, тв, храна по избор. Но три дена можам да поминам со алтернатива. Препорака моја до идите родилки, ако се е во ред дс си одст спонтсно, ако не дај боже има индикација тогаш царски. Информации има достапни дп сите, сигурно ги прочитале бенефициите и маните на двата начини.
Еден царски на гак пред 5 месеци.Исто и јас сакав природно ама не се отворив доволно, а плус три дена со пукнат водењак. Значи ме чекаа док да се отворам повеќе ама пулсот ми отиде над 100 откуцаи и притисокот ми се качи и ме зедоа на итен царски. Инаку сума сумарум многу сум задоволна од Гак, здравје за второ повторно таму
Царски сум во приватна поради индикации (итно задржана поради снемување на плодова вода) и истото ми е потврдено и од матичниот (кој поддржува државни болници, не приватни) уште пред да одам на последната контрола во Систина (кога и ме задржаа) дека плодовата вода драстично се намалува. Нареден пат и да може природно само царски би одбрала сама .
два природни порагаја во државна(т.с гратската болница кај нас).Лесно поминав иако и пред двата пораѓаја барав царски ама никој жив не ми ја фермаше желбата ако еден ден раѓам пак мислам дека царски ке изберам.Незнам ни самата зошто толкав страв имам од природното иако мн лесно се породив