Во темата за бојкот наидов на коментаров: И ми текна дека на многу места има огромна разлика во цена на еден ист продукт. Тоа е и самата цел на темата, да пишеме доколку приметиме дека во некој маркет цената на продукт варира и е поскапо за разлика од друг маркет. Или исто така може да споделуваме доколку некаде има попуст или добра акција на одредени артикли. Нека види само модератор да не е дупла темата @RainBow
Јас купив кантарионово масло од ДМ за 156 денари. Истото во Зегин беше 108 денари. Фарба за коса Палете во ДМ 202 денари. Во Зегин 187 денари.
Од пред некоја година постои апликација за следење на цени, попусти, акции... "Бадијала-мк (badiala.mk) е првата и единствена апликација, македонски стартап, која ги лови сите малопродажни промоции во маркетите и дрогериите низ Македонија. Знаејки во реално време кои артикли се на попуст, вие со мобилната апликација БАДИЈАЛА штедите пари. Едноставно со клик на продуктот со <3 и додавање во листата на омилени, Бадиала.мк ќе пази за Вас и ќе ве извести кога и каде тој продукт е на промоција"
Средство за чистење мувла Саво во Кит го(Вива фреш) 289, во Кам 156. Луѓе овде дупла разлика, страшно. Затоа овде да си помагаме.
Пакетче животинско царство чоколади на Краш во Жито околу 142 ден, во Стокомак околу 112 беше. Колку за споредба пред година ипол беа околу 60ден.
Сирење Кораб трница со 3 вида млеко Стокомак 429 Кит-го 489 Пред 3 години беа 68 ми се чини, од Кам ги зимав најчесто заради албумот. Сега имам доста дупли од тогаш, гледам истиот албум е уште, си викав уште еден да собирам.. ама за таа цена не фала.
Фрош бејби течниот детергент што го земам за ќерка ми, последно го зедов во кам околу 289 ден мислам беше. А во дм и веро над 400 ден е.
Темава екстра! Само да не се вклучат следбениците на теоријата за I, II, III класа домашни производи и се ќе биди топ.
Конкретно за Колгејт пастите може да има разлика, тие што се произведени во Полска се поскапи за разлика од тие што се произведени во Кина.
Си купував влошки кај еден шоч 40 парчиња за 130 денари, и мислев дека е евтино, кога гледам истите во Дим 79 денари. Сирупот мукоплант бршлен од аптека до аптека има разлика од 40 денари. Пред некој ден земав парацетамол за 25 денари, ми падна чудно, многу евтино, на други места е поскапо. Раствор за леќи Прокулин мало, некаде 250, некаде 210 денари. Има разлика, ама срамота е некако да одиш од дуќан до дуќан да прашуваш за цена и да купиш каде најмногу ти одговара.
Срамота? Зошто срамота? Прашуваш цена, ти одговара или не, ако не ти одговара си излегуваш и бараш подобра алтернатива. Твои пари се. Ним не им е срам да ставаат огромни маржи, тебе ти било срам да прашуваш дали да дадеш 100 денари повеќе или помалку, а со тие 100 денари уште еден производ ќе си купиш.
Затоа овде може да си имаме некое инфо. Или пак една членка пиша имало апликација, само не знам колку е функционална.
И едното и другото. А и во малите места каде сите те знаат, ќе влегуваш, прашуваш на 10 места и ќе излегуваш за нешто како таблети, сируп, ај за облека е друго, добро е да се прошета, да се види, да се проба. Може нешто да се заштеди, не е дека не, и еве знам една пензионерка, сите цени во сите маркети ги знае, па купува два производа на едно место, три на друго, па оди 1.5 км од дома за трето, ама со тоа и време се губи и да речеме дека денеска со тоа рашетување ќе заштеди два леба. Еве во Еурофарм, гроздова маст е 25 денари, а во другите е по 50 или 55 денари, што е двојно повеќе.
Не гледам тука ништо ни срамно ни чудно, од кај сакам од таму ќе купам веќе кога имам избор, на некој луѓе и тие 40 денари за леб им значат.