1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споредба со други љубовни парови

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 22 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ви се случува ли да се споредувате вие и дечкото со други љубовни парови што ги познавате?
    Повеќе тие споредби вие или пак вашиот партнер ги спомнува?
    Или пак да слушате како некој пар си разговара и се споредува притоа со вас.
    Ви пречат ли таквите споредувања?
    Напротив сметате дека се нормални?
    Често се споредувате, ретко, никогаш?

    Абе ги гледаш Аце и Ане што убаво си излегуваат секој викенд, а јас и ти дома дремеме и гледаме филмови.
    Глеј колку е љубоморен Аце на Ане, биди среќен што не сум јас љубоморен дечко!
    Види го Аце искача стално со другари а Ане дреме дома, среќа ние не сме таков пар и заедно си излегуваме.
    Види ги оние двајца постојано се караат, среќа ние не сме таков пар.
    И илјада други примери.

    Се споредувате? :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Па кој вика дека не се споредува со никого, никогаш, тој лаже.
    Не само со други парови, споредба се врши секогаш, секаде, на секое можно ниво и поле.
    Некој си премолчува, но си прави споредби во главата. А некогаш споредбите доаѓаат неминовно и несвесно.

    Да, јас лично сум се фатила како се споредувам со други парови.
    Во смисла, сум се изјаснила на пример, дека никогаш нема да постапам како Трајанка да речеме, која во јавност му се издерава на дечкото и го омаловажува. Сите кавги и преречувања ги оставам за на само и зад затворени врати. Навистина не гледам поента од такво јавно понижување и расправии и тоа е да речеме еден здрав пример кога споредбата со друг пар довела до една разумна одлука.
    Баш и фала на Трајанка, :hai: откако сама видов колку е грдо да го навредуваш дечко си пред сите, чинам и да ми бркне во џигерот, нема да му се раздерам на таков начин во јавност.

    Обично кога до увцата ми допираат информации како Петкана и Трајко имаат секс два-три пати во месецот, автоматски ми навираат зборови и мисли - леле, фала ти Боже што не сме како нив. :D
    Па нормално е, човечки е, како да не си го помислиш и кажеш тоа?

    Сум зa споредба со други парови, ако тоа води кон нешто прогресивно и подобро.
    Ако споредбата создава завист, љубомора, кавги и негативни чувства, не е на арно.
     
    На FotoLina3, Strumfeta93 и AIT им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Не се споредуваме со никого.Јас да му речам види тој и тој како се однесува а ти... како прво има да ми се налути и муабет нема да ми прави,а како второ ни мене не би ми било пријатно тој да ме споредува со некого нити па јас сакам него да го споредувам.Какви сме такви сме,за себе си сме,наша врска,наши правила.Мислам дека не е во ред споредби со други секој пар си е unique и си ја тераат врската како што им одговара на двајцата,доколку би сакале да променат нешто ,тоа не треба да се каже со споредба со друг пар како прво,а како второ што да не видеше од Аце и Ане немаше да ти текне?Пр.што кажа росонерка тие излагаат а ние само седиме гледаме филмови,епа вие сте си одлучиле за тоа не треба Аце и Ана да дојдат да ви ги отворат очите.
    Јас,а ни мојот дечко никогаш не сме се огледале на некој друг пар,нит па сме си спомнале еден на друг нешто такво. Е сега за пар што се споредувал со вас,слушнав еднаш и дури смешно ми падна.Беше кажано во стилот еееј види дечко и на ѕвончица а ти?За мене ова не беше во ред,но они си знаат. :)
    Е сега морам да кажам дека ми се има случено да се споредам од типот ауу среќа мојов не е таков,или среќа ние не правиме така,или јас како оваа што прави никогаш,но сум си го помислила тоа онака задоволно :D А,за друго не.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.206
    Допаѓања:
    56.793
    Пол:
    Женски
    Искрено не, не се споредувам, нити пак тој некогаш направил споредба.
    Дури и чудна ми дојде темава од насловот.
    Дали е нормално не знам навистина, но мислам дека не би ни сакала да се споредувам.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Добро, на пример имате другарка или братучетка, блиска пријателка, сеедно, чиј дечко е многу посесивен и љубоморен.
    Не си помислувате - фала Богу што ова не сме јас и дечко ми?
    Јас не би трпела таква тортура како неа и би ја прекинала врската?

    Не ви поминуваат вакви мисли низ умот?

    Зашто сето тоа се - споредби.
    Ги има, и негативни и позитивни.
     
    На karenin, lolyta777, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па не дека нешто сега ќе седнам па да ги анализирам паровите околу нас, али се десило дечко ми да каже како некој X другар направил на својата партнерка (пр.ја изневерил, и се развикал пред сите и сл.). И сега тука паѓа дискусија дали тој ќе направи такво нешто или не. Се случило некогаш и јас да искоментирам нешто во тој контекст, но не и сега да се споредувам со Петкана во смисла: „Еј види како му прави пред сите, па јас така никогаш не правам“ или слично.

    И јас исто така сметам дека секој пар си е unique и дека не треба според мене, да се споредува некој пар со друг, затоа што тоа се различни личности со различни сфаќања, различни принципи имаат во врската и сл. така да безлишно е јас да правам споредби помеѓу мојата и врската на некој X пар.
    Чисто може да прокоментирам за некоја постапка на некој партнер/ка во некоја X врска, али не одам до толку далеку да правам споредби.

    :)
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Па и не баш можеби затоа што бевме далеку и од очи и од уши.
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ми се случило но не сум кажала на глас, туку само во себе на пример: Леле како се лапат овие во јавност јас вака нема шанси, или Леле колку е љубоморна оваа не му дава да дише, јас не сум ваква ваљда?

    Значи не се споредувам во права смисла на зборот туку гледам како се однесуваат, гледам што ми пречи во нивното однесување и пробувам да се сетам дали и јас така сум се однесувала некогаш, и пробувам да не се однесувам така како што глеано од страна не изгледа убаво. Гет ит? :D
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.651
    Не сум правела никакви споредби пошо тоа речиси е невозможно :D
    Не дека некогаш си имаме кажано, нема шанси да правеме како они шо прават или види ги какви се, него така ни е природно, како оди-оди :)

    Знам дека никогаш не би се ставале 5464163 пати во врска на фб оти исто толку пати и сме биле во некоја си криза, никогаш не би му оставала срценца и никогаш не би го гњавила во јавност. Ние повеќе функционираме во врската кога сме сами! Знам дека нема да седнеме како многу други и да гледаме романтични филмови, единствено што некогаш заедно сме гледале е порно. Се однесуваме како другари, разговараме на секакви теми, не правеме само циу циу и бац бац и немаме официјален дечко-девојка однос кој многу ме нервира!
    Многу сме блиски, тој ми е најдобар другар и сите тие работи, речиси ништо не кријам од него. Познавам една шо се крие од дечко и дека пуше цигари :D Смешно е!
    И не мора сите да знаат колку јас го сакам и да го опсипувам со љубов во јавност, се знае тоа кај се прави.

    Едноставно не можам да се споредувам и да се опседнам со некој пар како пример за љубов, стабилност или што ти таму не, оти е жално тоа. Пар ко пар, постои разлика како од човек до човек! Оставете ги заљубените да бидат заљубени, гледајте си го вашиот двор :D

    Само некогаш знае да ми дојде тешко кога гледам некои парови, а не сум со него. Од различни градови сме и не се гледаме толку често како шо сакаме ние.
     
    На ForeverYoung и marama им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Споредување во смисол - ајде да видиме чиј е подолг, кој повеќе издржува, кој повеќе цвеќиња и купил на партнерката - со еден збор површни споредби не сум правела никогаш. Не во смисол за на тој мојот да му го треснам тоа во наредната можна прилика - а ти бе магаре низаедно! Виде ли? А ти камо такво нешто да ми направиш? :D

    Оно ко у К15 - аааа петелот колку пати на ден клеца? Толку.
    Глеаш? И тука му маваш една по глава :D

    Значи такви споредби не.

    Но дека сум анализирала и сеуште некогаш анализирам некои постапки на други парови, тоа да. Ќе се лажам себеси ако речам дека не правам ништо такво.

    Искрено кога ќе видам како женине си ги влечкаат партнерите ко трофејчиња, цел муабет им е у тоа „лила ама дечко ми ти не знаеш“ и тука почнува да ги реди сите позитивности - разбирај сите глупости ради кои е среќна што уопште го фатила се со цел да се издигне себеси ко личност а не него ко личност, и после му се врти и се однесува со него ко со 3 - неделна кујнска крпа, малтене уште и синџир и фали па да си го шета со неа како кученце, а овој мулево го гледаш како прави буквално се за да ја усреќи а она просто кажано - се ку*опеца - е тогаш си викам, дека некои луѓе не се заслужуваат едни со други.
    И мака ми е кога ќе видам вакви некои парови. А ова е само еден банален пример.

    Од друга страна пак си велам после вакво непријатно искуство со јавно однесување на парови - ајде мори Пирамидо, сопри си ги мислите затоа што не знаеш како им е по дома. А тоа никој не го знае. И си велам, односно се надевам дека дома им е поубаво.

    Некогаш кога видливо се воочува некакво непријателско однесување кај едниот или другиот да не речам степен на фрустрација, исто сум си рекла - еј ама мора да им е тапа сексот, оваа гарант само у мисионерска легнува и овој кутриот се поти едно 10 минути, и толку :D

    Ете вакви анализи самоволно ми поминале низ главчето, ама никогаш не сум имала тенденција да си го мерам капацитетот на сопствената среќа во љубовта во сооднос со други парови. Колку луѓе, толку животи, и толку различни видови на партнерски соживот и љубов.

    Крај краева, ако се среќни и им одговара, нека се среќни. Среќата денес човек ретко ја гледа па која сум јас да мрчам?! Си мрчнувам на кратко и потоа мавнувам со рачето :)
     
    На lolyta777 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.206
    Допаѓања:
    56.793
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не се споредби, туку впечатоци.
    Да, ми се случува и мене да забележувам нечие однесување во пар, но никогаш реченицата не ја продолжувам со ... а ние, а јас.

    Отсекогаш сум мразела споредување, се ежам од тоа уште од деновите кога баба ми ми велеше "Види ништо не си изела, на Ката внуците знаеш како јадат се’ што ќе им се стави пред нив?" |( :D
    Нема логика и не прави никакво добро ни оваа реченица, а ни споредувањето со парови или што и да било.
     
    На FotoLina3, girl1985 и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Немам обичај да гледам други парови и во суштина не забележувам како се однесуваат се додека тоа однесување не стане наметливо и приметливо за околината. Еве на пример ако си ги тестираат гласовните можности, разменуваат премногу течности или не се обидуваат да ја прикријат сексуалната желба не можам да кажам дека не го приметувам тоа, но тука не правам споредба туку повеќе ми служи како пример како не треба да се однесувам/е (во јавност). Кога се случува да збориме за некој друг пар, тоа повеќе звучи како оговарање или анализирање, но никако како споредување.

    Споредби исто така од типот, види Петре што и купил на Петранка и слично не правам или види он што направил, а ти? Ако нешто ми фали директно си кажувам, не користам туѓа среќа или несреќа како шанса за мое олеснување.

    А кога делам комплименти или кога го фалам тогаш се случува да направам некоја споредба, но тоа го правам пред се од забава, не дека стварно ми е важно кој/што направил.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ние не се споредуваме со никој, ние сме си уникат, па сите ги споредуваме со нас. Како ние убаво функционираме и како не се угледаат на нас.
    И не ми смета некој да прави споредба со нас. Зошто знам какво мислење можат да имаат за нашата врска.
     
    На FotoLina3 и Nine25 им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не се споредуваме, затоа што кога и да сме го правеле тоа, завршувало со караница.
    Секој пар си е приказна за себе, мислам дека нема место за никакви споредби. Некои може да изгледаат и совршено среќни заедно, а позади тоа да не се крие хармонична врска. И обратно, секако.
    Кога гледам други парови, ми поминуваат многу мисли, но ретко ги споделувам со дечко ми.
     
    На Gluvcee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    91.330
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум имала поинаков однос со моите дечковци за разлика од моите другарки. Плус последнава ми е 3 и нешто години, тој од друг град па нема смисла да се споредуваме.
    Некогаш знам да му речам- Еј па дај па биде дечко ко на Стојна, доаѓај со мене ваму, таму ама он не може да дојде затоа што не е тука. Оваа споредба ја користам за да го намамам да дојде :D :wasntme:
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Не се споредуваме со ниту еден пар НИКОГАШ, повеќе се споредуваат со нас :D
     
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сите порано или подоцна се споредуваме.Без разлика дали тоа се гледа дали го прикриваме или не .
    И тогаш кога мислиме дека не се споредуваме и тогаш се споредуваме потсевсно .Дали се работи за добри работи или па за оние помалку убавите.
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас се споредував порано мнооогу и тоа, и секогаш се депримирав, зошто ние не сме ко овие, зошто мојот не е повеќе ко дечкото на таа и таа, па ќе си мислам дали ме сака воопшто, не ме сака доволно и слично.

    Кога сфатив дека никогаш не се знае која врска каква е освен ако ти не си во неа, и дека во јавност нешто може да биде сосема различно од тоа што е зад скриени врати, стиснав кочницата и се преиспитав, сфатив дека нема потреба да се нервирам за глупости, дека нема врска сето тоа споредување.

    Не дека сега не се споредувам, впрочем и не постои некој што не се споредува, само сега и да си помислам некогаш на тоа, секогаш после тоа си велам, Нимериа, внимавај што посакуваш, може и да го добиеш, и навистина е така. Ќе се депримирам зошто дечкото на некоја другарка секој ден и носи по некој подарок, а уствари тој цело време пробува да се искупи заради тоа што ја изварал една пијана вечер.
    Не дека тоа е правило, ама најчесто секогаш имало по некоја скриена приказна во тие претерано совршени врски, каде девојката не може да се изнафали колку е срце дечко и, а тоа врска нема.

    Плус тоа, секоја врска е различна, секоја врска си има падови и издигнувања, и нема тука место за споредби. Ама пуст женски памет (и машки понекогаш).
     
  19. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Се споредувам со една моја школска со која не сме баш блиски. Таа со дечкото се од исто село и двајцата имат повеќе парички и си шетаат каде ќе посакат. Тој има кола, секоја вечер се на кафе,пица во град. Абе што ли не, заедно на одмор.... А дечкоми има проблем со финансиите нема кола и секогаш со такси патуваме. Ретко се случува тој да ме чести. А и до душа не излегуваме ептен ретко и тоа јас со другарките, а заедно не сме излегле пола година веќе. И затоа се споредувам со тој пар зш тие прават се што ќе посакаат. Но, се надевам дека за скоро време ќе се подобри ситуацијата :)
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Би излагала кога би сум рекла дека не сум направила споредба со друг(љубовно-брачен) пар.Понекогаш се дивам на некои и велам браво така треба,а пак некогаш се тешам и си велам боже чувавај ме од вакво зло бидејќи никаде ништо не е совршено,сепак ќе речам сите си имаме по нешто-нека ми здав и жив :inlove: