Споро дете

Дискусија во 'Дете' започната од KristinaAna, 26 март 2019.

  1. KristinaAna

    KristinaAna Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки,

    можеби веќе оваа тема ја имате искоментирано но не можам да ја пронајдам. Ме интересира вашето мислење за следната тема - споро дете. Имам детенце кое е прво одделение, знае да се дружи со врсници и брзо склопува другарства со други дечиња, но кога се работи за одговор по математичка задача , цртање
    ( кое му е омилено) и другите предмети се мора темелно , споро и педантно да се одработи. Не дека мене ми пречи, но пречи кога треба да се постигне брзина на часовите , а веќе и другарчињата се подбиваат со него. Совет како да постапам, инаку овие училишта Браин о браин, Малак генијалац итн. се скапи и би сакала да најдам некој друг начин за решавање на проблемот
     
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.212
    Допаѓања:
    21.173
    Јас искрено не би го форсирала. Едноставно детето е такво, да учи и совладува сѐ темелно. Маж ми бил такво дете и сега е таков, крајно аналитичен и сѐ прави бавно и постепено, без да пропушти дури и најмала ситница. Син ми е како него, бавен дури и во зборувањето.

    Ќе ти кажам пример со маж ми кога бил дете, една од наставничките била нестрплива и не можела да го дочека да каже кога го прашувала, па секогаш му ставала ниски оцени поради тоа. После тоа дошла друга која стрпливо го дослушувала до крај и успехот му бил многу подобар, а и самодовербата му се пораснала. Од првава има уште трауми.

    Мислам дека ние возрасните многу грешиме на оваа тема. Премногу брзо живееме и очекуваме сите да се такви. Вистинскиот педагог/психолог треба да знае како да допре до секое дете и на вистински начин да му ја доближи материјата и да го извлече најдоброто од него. Тоа да биде нормално за сите деца, а не на тоа да гледаат со чудење или со потсмев. Детството е најкревкиот период од животот на човекот кога се формира како личност и мора многу внимателно да се постапува со нив. И ние родителите треба да бидеме свесни дека не се сите деца исти и треба да го почитуваме тоа. Сѐ додека детето нема некој здравствен (психолошки) проблем, нема место за паника. Според мене дури и подобро е да се учи детално, затоа што постои можност понатаму да се јават потешкотии поради некои пропуштени делови/ситници.

    Еве уште еден позитивен пример: Имав професорка во средно која беше одличен педагог. Една моја соученичка имаше проблем да се изразува и никако не можеше да ја испраша. Заклучи дека девојчето има преголема трема да зборува пред други луѓе и нејзе секогаш и даваше да се изразува писмено. Девојчето многу учеше, ама имаше добри оценки само кај предметите од оваа професорка. Другите професори не можеа да ја разберат, за жал, па затоа имаше среден успех.
     
    На ane.bella, RedRevolution, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    19.251
    Пол:
    Женски
    Вашето дете е аналитички тип на дете, тоа е неговиот карактер. Вашето дете ќе биде цел живот исто. Детално ќе гледа на сите работи. И нема ништо лошо или загрижувачко во тоа. Но, затоа му треба повеќе време и кога станува збор за цртање, но и за другите предмети. Па се етикетира како споро дете.
    Но сакам и да Ви напоменам дека ниту Вие како родител, ниту одделенската наставничка не смеете да му се обраќате со зборовите: Многу си спор, ајде побрзај, цел ден те чекаме да завршиш една едноставна задача..... Исто така не му упатувајте критики споредувајќи го со неговите другарчиња.
    Бидејќи на тој начин ќе ја уништите самодовербата кај детето, ќе мисли дека не е доволно способно како другите деца и сл.
    Целосно Ве разбирам кога станува збор за брзина на часовите, па од таму Ви се јавува Вашата загриженост.
    Но, како прво и најважно Вашето дете е сèуште мало, прво одделение е. Не секое дете созрева во исто време. Секое дете е индивидуа само за себе. Затоа и вие како родители, но и наставничката треба да имате големо разбирање. Наставничката треба да има диференцирани задачи во неколку нивоа, кои ќе бидат приспособени на способностите на секој ученик. Не може како по шаблон да се работи исто со сите деца. Баш во овој период во кој се наоѓа Вашето дете имаме постепен премин од претходната фаза (Предоперационална фаза) во Фазата на Конкретни операции. Овие фази се две од четирите фази на когнитивниот развој според Жан Пијаже.
    Во овој период кај детето почнува да се развива логичкото мислење кое му е важно за решавање на математички задачи или некои други задачи и активности. Во овој период кај детето се развива способноста на одреден проблем, задача да гледа од повеќе различни аспекти, со цел да може да дојде до вистинскиот, точен одговор. Вашето дете сака темелно и поспоро да работи, сè со цел да не погреши, така се чувствува посигурно, затоа тој процес на завршувањето на обврските му одзема повеќе време. Нема голема самодоверба. Важно е Вие како родители заедно со одделенската наставничка да работите на јакнење на самодовербата кај детето. Со давање на позитивни коментари, пофалби за завршената задача. Да го поттикнувате и мотивирате детето, дека тоа што го прави може да го заврши и многу побрзо, па дури и да згреши дека нема ништо страшно во тоа. Треба да го опуштите детето.
    Исто така важно е вие како родители да одвојувате време дома да му посветите внимание на Вашето дете околу училишните обврски. Ако има проблем во разбирањето на некоја лекција, да му помогнете, да му ја разјасните за да може полесно да сфати и тоа да го научи. Бидејќи, не е доволно времето поминато на училиште за целосно успешно да ги усвои предвидените содржини, потребно е и дома да работи, да учи со Ваша помош кога ќе наиде на проблем, дилема и сл. Но, гледајте колку е можно повеќе кај детето да развивате самостојност.
    Во слободното време заедно играјте игри. Ограничете го со време Вашето дете за колку време треба да направи нешто, а притоа мотивирајќи го дека ќе успее ем брзо, ем успешно да ја заврши одредена задача во играта. Бидете му поддршка цело време, бодрете го, а на крај пофалете го, дури и да направило грешка.
    Натпреварувајте се кој побрзо ќе ја заврши задачата.
    Едноставно забавувајте се заедно со детето, јакнејќи му ја пред сè самодовербата, а истовремено не само што ќе ја зголемува брзината во завршување на обврските, туку постепено и ќе се развива умствено.
     
    На ane.bella, RedRevolution и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  4. RedRevolution

    RedRevolution Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Како да читам за себе, јас бев таква, кога брзав ништо не сработував како што треба, наставниците немаа разбирање за мене, затоа добивав послаби оценки, така терав од прво едделение се до факултет, ако некому му требаа 45 минути да реши тест, мене 100, оставав недорешени, недопишани избрзани и половични одговори, за диктати во школо да не збориме, сите пишуваат во чекор, јас дури напишам, веќе една реченица сум скокнала да слушнам, а не е ниту дека сакав да сум педантна, туку едноставно сум спора.

    Не знам дали е маана, проблем не е доколку наставниците и професорите имаат разбирање за состојбата, во моето време немаа, се надевам дека нешто се променило до сега.

    Јас не би форсирала дете, наместо тоа би зборувала со наставниците, а за другарчињата не се замарам, нема они да ми го изучат школото.

    На детето само му треба малку повеќе време, не гледам ништо страшно тука, мене ми викаа дека брзината се учи, јас не успеав да ја научам, на факултет еден тон 6ки добивав писмено, а усно 8, 9, 10. Никој не ме разбираше, можеби треба да се потрудиме да смениме нешто, да почне ова да се третира како состојба за да се обезбеди разбирање за децата кои се спори, тие не се помалку интелегентни од останатите.

    Зборувај со наставниците и не му правете стресови на детето. :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.