Здраво Во последно време ми стана криво што како помал не се запишам да тренирам нешто. Сега веќе ќе полнам 26 години за еден месец па барам нешто на што би можел да се запишам (групно за тренирање, да не е само теретана). Може и да биде некој танц. Дали сте се запишале вие на нешто вака во дваесети години или знаете нешто каде можат да почнат и повозрасни?
Буквално секаде каде што сакаш. Што ти е желба? Сакаш да тренираш одреден спорт, кој? Можеш да се зачлениш и во планинарско друштво, мене тоа ми е најдобра идеја.
Мислам дека тренинг од помлад е клучен ако сакаш да се занимаваш професионално. Ама ако сакаш да си активен и да спортуваш - секогаш можиш. Треба само да имаш желба и да не се нервираш ако некој млад е повешт оти цел живот тренирал. Кај врсници периодов баскет е многу популарно. Неформално е, не дел од клуб туку сами се берат, изнајмуваат сала и си играат бар еднаш неделно. Фудбал малку постари од мене, сум забележала тие за то така се берат. Ова спомнав оти сакаш нешто групно. Индивидуално пливање, карате и планинарење се топ. Конкретни места не знам да предложам, не знам ни кој град си, ама пристапи кон клуб кој го знаеш и најдобро ќе ти дат локални опции.
Буквално се' можеш да започнеш и како повозрасен. Само прашај си на местата што те интересира дали нудат такви групи.
26 години, млад си, можеш да почнеш што сакаш. Кога го прочитав насловот на темата, мислев некој 40-годишен прашува
lmao 26 год. повозрасен бе си се пензионирал пред време ти. Освен ако мислеше на професионално бавење со спорт, тогаш да повозрасен си.