1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спортски Оскари

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од solzuska, 22 декември 2010.

  1. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    колку сте запознаени со оваа манифестација???
    во моментов се случува гласањето, може да се гласа за спортист и спортистка на годината, млад спортист и млада спортистка на годината, најуспешен македонски спортист во странство, најуспешна машка и женска репрезентација, најуспешна спортска федерација, најуспешен тренер и најуспешен спортист со инвалидитет.
    со ова сакам да ги поттикнам сите да гласаат, бидејќи го имаме тоа право, а знам дека повеќето прв пат слушаат за ова како и самата јас до пред некое време :)
    може да се гласа на http://www.sportskioskar.com.mk
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Спортски Оскар 2010

    Oва е 3та година по ред.
    Зашто пратам многу спорт и овие ги пратам само не знаев дека годинава започнало гласањето.
    Веднаш ќе гласам.
    Лани спортист на годината беше Кире Лазаров. А во 2008 боксерот Вели Мумин.

    Јас вака гласам...
    -Спортист на годината - Жарко Арсовски сепак има бронза на светско првенство
    -Спортистка на годината - Наташа Илиевска
    -Млад спортист на годината - Бранко Манев
    -Млада спортистка на годината - Наташа Андонова без конкуренција, девојкава е предобар талент каков што немало во Македонија, игра фудбал подобро од мажи ;)
    -Најуспешен македонски спортист во странство - Горан Пандев нормално освои Лига Шампиони и уште неколку титули со својот тим, одличен трансфер направи
    -Најуспешна машка репрезентација - кошарка , овие момци се пласираа на европско првенство во силна група со одлични натпревари, бев на секој натпревар во сала и ги бодрев :)
    -Најуспешна женска репрезентација - ракометна, конечно се пласираа на светско првенство
    -Најуспешна спортска федерација - кошаркарска дека не се разбирам ни пратам карате и куглање иако имаа они многу успешна година и може и да победат во категоријава сите 3 федерации
    -Најуспешен тренер/селектор - Марин Докузовски, човеков е феноменален и одлична атмосфера владееше меѓу тимот за време на квалификациите, спротивно од атмосферата која ја разгоре минатиот селектор
    -Најуспешен спортист со инвалидитет- е тука јас на сите би им дала награда. Секоја чест. гласот го дадов на Ванчо Каранфилов, иако сите заслужуваат најголеми почести

    Во 20 часот на 25ти декември во Универзална сала ќе се одржи доделувањето ;)
     
  3. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Спортски Оскар 2010

    со оглед на тоа дека за овој спортски оскар дознав од другарка ми чија братучедка е номинирана за млада спортистка на годината, морам да кажам дека малку луѓе се информирани за нејзините успеси. Не дека Наташа не игра фудбал поубаво од машко, или Кристина не е помалку успешна ама Симона навистина ми остави впечаток, значи девојчето има само 16 год а до сега има превише сручени рекорди, од кои последните три пред една недела на Светското првенство во Дубаи. Има три медали од Балканијада, 10 место од Европско, 12 место од младинската олимпијада во Сингапур и ред други кои не можам сеа да ги набројувам...
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Спортисти на Годината

    Спортисти на годината 2011

    [​IMG]

    Болдираните се моите гласови

    1.СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА
    ПЕРО АНТИЌ – кошарка, роден 1982 година, освоено 4-то место на Европско првенство – Литванија

    ДИМИТАР ЃОРЃИЕВ – кик-бокс, роден 1993 година, освоено 1-во место на Светско првенство – Скопје, Македонија

    НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ – ракомет, роден 1980 година, најдобар стрелец ИХФ лига, со постигнати 52 гола и влез во ТОП–16 од Лигата на шампиони

    ДЕЈАН НЕДЕВ – традиционално карате, роден 1980 година, освоено 1-во место на Европско првенство – Израел

    2. СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА
    НАТАША ИЛИЕВСКА – карате, родена 1983 година, освоено 1-во место на Европско првенство во Швајцарија и прва на Светска Ранг Листа

    ГОРДАНА ЦВЕТКОВСКА – БОШЕВСКА – кик-бокс, родена 1983 година, освоено 2-ро место на Светско првенство – Скопје, Македонија

    МАЈА МИХАЈЛОВСКА – кик-бокс, родена 1986 година, освоено 2-ро место на Светско првенство – Скопје, Македонија

    3. МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА
    АЗИЗ ИСМАИЛ – карате, роден 1995 година, освоено 2-ро место на Европско првенство – Нови Сад, Србија

    ДАВИД БАБУНСКИ – фудбал, роден 1994 година, најдобар играч на младинскиот тим на Македонија, член на Барселона и најдобар стрелец на Светското клубско натпреварување

    БЕРАТ ЈАКУПИ – карате, роден 1993 година, освоено 1-во место на Медитеранско првенство – Бари, Италија

    4. МЛАДA СПОРТИСТKA НА ГОДИНАТА
    МОНИКА СТЕФАНОВСКА – карате, родена 1991 година, освоено 3-то место на Медитеранско првенство – Бари, Италија

    ФРОСИНА СТОЈАНОВСКА – куглање, родена 1994 година, освоено 9-то место екипно на Светско првенство – Сараево, БИХ

    САРА РИСТОВСКА – ракомет, родена 1995 година, освоено 1-во место Балканско првенство Бугарија –најдобро десно крило

    5. НАЈУСПЕШЕН МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО
    КИРЕ ЛАЗАРОВ – ракомет, роден 1980 година, најдобар играч на Ракометната репрезентација на Македонија, член на Атлетико Мадрид, постигнати 49 гола, ИХФ Лигата

    ИВАН ТРИЧКОВСКИ – фудбал, роден 1987 година, најдобар играч на Фудбалската репрезентација на Македонија, член на АПОЕЛ Кипар, влез во ТОП 16 Лига на шампиони

    ВЛАДО ИЛИЕВСКИ – кошарка, роден 1980 година, освоено 4-то место на Европското првенство во Литванија, член на Анадолу Ефес

    6. НАЈУСПЕШНА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
    Македонска кошаркарска репрезентација, освоено 4-то место на Европско првенство во Литванија

    Ракометна репрезентација на Македонија, прва во квалификациите обезбеди учество на Европско првенство Србија 2012 година

    Ватерполо репрезентација на Македонија, преку Баражот и победата против Франција, обезбеди учество на Европско првенство Холандија 2012 година

    7. НАЈУСПЕШНА ЖЕНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
    Ракометна репрезентација на Македонија, Балкански шампион 2011 година, учесник на квалификации за Европско првенство 2012 година Холандија

    Фудбалска репрезентација на Македонија, учество на квалификации за Европско првенство 2013 година

    Кошаркарска репрезентација на Македонија, учество на Европско првенство за жени М-20 организирано во Охрид, Македонија

    8. НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ НА ЛИЦЕ СО ИНВАЛИДИТЕТ
    АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ – пливање, роден 1994 година, освоено 7-мо и 8-мо место на Светско првенство Коимбра, Португалија

    ОЛИВЕРА НАКОВСКА – БИКОВА – стрелаштво, родена 1974 година, освоено 2-ро место Светски куп Австралија

    БРАНИМИР ЈОВАНОВСКИ – стрелаштво, роден 1961 година, освоено 4-то место Светски куп Австралија

    9. НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР - СЕЛЕКТОР
    МАРИН ДОКУЗОВСКИ – кошарка, роден 1960 година, освоено 4-то место на Европско првенство во Литванија

    БОШКО ЗАБОРСКИ – карате, роден 1964 година, освоени златни и сребрени медаљи со своите натпреварувачи

    ЗВОНКО ШУНДОВСКИ – ракомет, роден 1967 година, 1-во место во квалификационата група и учество на завршницата на Европското првенство во Србија 2012 година

    10. НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА
    Македонска кошаркарска репрезентација, освоено 4-то место на Европско првенство – Литванија 2011 година

    Кик-бокс федерација на Македонија, освоени златни, сребрени и бронзени медаљи на Светското првенство Скопје 2011 година

    Карате федерација на Македонија, освоени златни, сребрени и бронзени медаљи на Европското, Медитеранското и Балканското првенство

    11. НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
    ОУ "Елпида Караманди" – Битола

    12. НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
    ДСУ "Методи Митевски - Брицо" – Скопје

    13. НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ЕКИПА ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ
    Универзитетската ватерполо репрезентација, освоено 3-то место на Универзијада Пекинг 2011 година


    Гласајте и вие
    http://www.sportistinagodinata.com.mk/index.php
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Спортисти на Годината

    Многу ми е криво што вечерва не можев да отидам во универзална и да го гледам овогодинешната манифестација, но сепак примив убави и прекрасни вести, дека спортистка на годината е мојата колешка Оливера Наковска Б. .... а мојот личен тренер е прогласен за тренер на годината :clap: горда сум на нив. Да даде господ уште многу успеси да редат и они и сите други спортисти во Македонија.
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Спортисти на Годината

    Избор на спортисти на Македонија за 2012 година
    На традиционалната свеченост во МОБ, Сојузот на спортски федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт им доделија признанија на спортисти поединци и национални тимови кои го одбележаа македонскиот спорт во 2012. година. Во гласањето учествуваа: медиумите, националните спортски федерации, граѓаните и Совет за спорт при АМС.

    Фото галерија и резултати од гласањето:
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG][​IMG]
    Резултати од екипните спортови:

    [​IMG]

    Покрај осумте награди, статуетки за спортски промотори на Македонија во светот добија и ракометниот клуб Металург, фудбалскиот репрезенативец Агим Ибраими и фудбалскиот судија Александар Ставрев. Постхумно ССФМ и Агенцијата за млади и спорт им доделија плакети на долгогодишните спортски дејци Александар Анастасовски Мац и на Славе Атанасовски.

    Инаку, во пресрет на главната свеченост, АМС им додели сертификати на 500-те млади спортисти, носители на категоријата спортист – спортска надеж, и ги верификува спортските пензии на носителите на највисокото национално спортско признание.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.png
      1.png
      Големина на фајлот:
      27,8 KB
      Прегледи:
      96
    • 2.png
      2.png
      Големина на фајлот:
      33,5 KB
      Прегледи:
      96
    • 3.png
      3.png
      Големина на фајлот:
      32,3 KB
      Прегледи:
      96
    • 4.png
      4.png
      Големина на фајлот:
      14,5 KB
      Прегледи:
      96