1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Справување со читачка криза 101

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 15 јануари 2019.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека многумина се имаат соочено со т.н. периоди на „читачка криза“ или жаргонски кажано - reading slump, кога едноставно се чини дека ниту една книга која ќе ја земеме во раце не може да го задржи нашето внимание.
    И покрај очајните обиди и желбата да се земе книга во рака и да се прочита до крај со уживање, сепак се чини дека нешто нè одвраќа од книгата и некако, не оди...
    We've all been there. :D
    [​IMG]

    Јас бев убедена дека вакво нешто не постои и дека е уште една Интернет-измислица. И нормално, не веруваш во некои работи додека не ти дојдат на глава. :worried:
    Мислам дека во декември го постигнав рекордот на започнати и недочитани книги; ништо не беше доволно интересно, немав фокус и концентрација, а ужасно многу сакав да читам зашто имам многу интересни наслови на листата за читање, па некако си почувствував дека итно ми треба некоја промена.

    Мислев дека имаме ваква тема, а убедена сум дека баш би имало простор за дискусија, плус тајмингот мислам дека е ептен погоден зашто имам чувство дека „читачката криза“ доста често настапува во вакви празнични или постпразнични периоди.
    Па еве, нека ни служи како прирачник за совети кои ни помогнале да пребродиме читачка криза, може дури и да пишуваме за конкретни книги кои нè извлекле од вакви ситуации. :)


    Како си помогнав јас?
    • Направив пауза од читање.
      Гледав серии, филмови, слушав podcasts, не знам, мала пауза од недела-две се покажа добро зашто почна да ми недостасува моментот да се стуткам во омилената фотелја и да листам страници.

    • Ја средив TBR (to be read) листата на Goodreads
      Низ текот на годините компулсивно „хордав“ секакви книги - дури и такви кај кои немав поим за што се работи, а ми се допаднала убавата корица на пример. :worried:
      Not a good idea, никогаш не кликајте насекаде, проверувајте што се додале на списокот и едноставно, не бидете како мене - не мора да се прочита секоја книга видена на Интернет, не е грев да се одмине ако мислиме дека не би ни се допаднала. :D

    • Мешајте жанрови понекогаш или дајте шанса на нешто ново - можеби нешто нетипично за вас, нов автор, поезија, кратки раскази, биографии...
      Ова го немам пројдено лично, зашто имам повеќе омилени жанрови па често си шарам со различни книги и не можам постојано да читам трилери на пример, ама ми го дадоа како совет па сакав да го споделам.
      Често вметнувам по нешто ново, на пример, читам поезија или некој жанр кој не е својствен за мене - да речеме, езотерија.
    Епа друштво, навалете. :)
    Дали сте искусиле ваква читачка криза?
    Која книга ви помогна да излезете од таков досаден период на неволност?

    Споделете ги вашите искуства и совети околу оваа проблематика. :)
     
    На smooch, Victorian, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  2. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Читачка криза ими се има случено неколкупати и не е убаво ич. :!:
    Самото тоа дека не можеш да се сконцентрираш на дејствието те тера да изгубиш интерес и да ја оставиш книгата. Можеби тогаш сме преокупирани со размислувања и не можеме да останаме сосредоточени или пак сме убедени дека книгата нема да ни се допадне па ја оставаме.

    Ова често ми се случува кога гледам дека немам време и покрај тоа одлучувам да читнам нешто. Е тоаш може една книга и цел месец да ја читам, бидејќи јас сум убедена дека ‘немам‘ доволно време и едноставно не ни ми се исплаќа да седнам и само 10 страници да прочитам(претпочитам повеќе страни наеднаш да прочитам).

    И кога настанува оваа криза и јас исто така си давам пауза од читање и си барам нови книги со привлечни корици и наслови за кои сум сигурна дека ке ми се допаднат. :wasntme:
     
    На Ladu in pink, Skyfall, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Vo momentov sum vo "citacka kriza". |-)

    Mnogu nezgodna situacija :!:.
    Nekolku dena po red se drugo pravam ama kniga ne mi se otvara. Pocna strav da me faka.

    Koga ne jades ke bides gladen ili gladden si, koga ne pies voda zeden si, a koga nekolku dena ne citas verojatno mozokot ke ti se isusi :tmi:.

    Ozbilno ne mi se cita duri I femina ne mi se cita, samo slikicki gledam ]:)
     
    На Skyfall, cresa-jagoda, macka91 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Моментално сум во читачка криза. ;( 2 недели не можам да се натерам да прочитам нешто, а имам толку прекрасни книги што чекаат ред. :(

    Јас кога не читам, гледам филмови и серии и чекам да помине. Не можам да се замислам да читам поезија. :o А на гудридс не да имам нафрлено книги, еве моментално во want to read имам 191 книга, повеќето одбрани на принцип - прочитана една книга од даден автор која ми се допаднала, па ајде се' од тој автор во листа за читање. :clap:

    Кога ќе излезам од кризава, ќе се вратам со совет. :D
     
    На Skyfall, cresa-jagoda, macka91 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено повеќе пати. Но најголемата кога почнав со првата работа. Кај немав искуство кај се ново, непознато и претешко, животот ми беше сведен дома-работа работа дома и ако имав сили да доучувам за последните испити(а ги одолговлекував многу). Немав време да читнам нешто за своја душа.
    Тоа ми беше најзаморниот период, работев како робот, се испланирано до последно а дома ко мртовец бев.
    И тој период беа популарни книгите од Стефани Мајер-Самрак.
    Да не беа тие книги да ме потсетеа на читањето како духовна храна не сакам да замислам колку ограничени видици ќе имав досега.
    Тие 4книги Самрак, Млада месечина, Помрачување и Зазорување толку ме релаксираа, не дека најпаметните случки се опишани во нив, ама ете ми останаа во спомен и ми имаат некое посебно место во спомените како првте книги купени од првите лични приходи.

    Баш вака се осеќав кога ме фати период на долго нечитање, како убаво го опиша:clap:
     
    Последна измена од модератор: 17 јануари 2019
    На Skyfall, cresa-jagoda, macka91 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Мене ова ми се случува секогаш кога ќе завршам некоја добра книга и одма пробувам да почнам нова. Сакаш да се поврзеш со новите ликови, но сѐ уште не си под некоја импресија од досегашните и ти треба малку време за да се сконцентрираш на нешто поразлично.
     
    На Novecento, dunika, Skyfall и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Ааа, значи баш сум го погодила периодот, подобар тајминг не сум можела да најдам за темава. :D

    Комотно можеме да формираме кризирачки клуб и да кукаме. :rofl:

    Мене исто до скоро ме држеше. Мислам дека конечно успеав да излезам од тој непријатен период со помош на една мала книшка - The Book of Proper Names by Amelié Nothomb.
    Има околу 120 странички и е ме-лем за душа!
    Не е за секого, во смисол, необична е и не би била баш everybody's cup of tea, но мене ми остави многу фин впечаток. И штом утрово ја завршив за два часа, одма ми дојде душата на место.
    Препорачувам. :)

    Е сега, друг проблем. Од декември останаа премногу недочитани книги кои имаат потенцијал ама не бев расположена за нив, па затоа што не можам да оставам недочитана книга, ќе ги прочитам и нив. Само не знам кога. :)
     
    На smooch, Skyfall, GoodGirl45 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Нормално е да дојде до некое презаситување, од време на време, од жанр кој ти е инаку најомилен, автор на чии книги се радуваш, тематика која најмногу сакаш да ја читаш...

    Во моментов сум и јас во таков период.
    И како го решавам? Е па погледнете во темата Моментално читам. :D
    Значи лесна, еротски набиена романса кои ги читам само во "читачките кризи" :D
     
    На Skyfall, GoodGirl45, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    И тоа пробав, @Sky-butterfly ама не упали кај мене. A е добра идеја.
    Ама ако ја бива кажи, читам и такви. :wasntme:
    Веројатно одбрав погрешна книга (Heaven, Texas - Susan Elizabeth Phillips) и сега ми е јасно зошто не е преведена кај нас...катастрофа. Се разочарав од СЕФ на момент. :|
    А не беа лоши еротските моменти, ама still no.
    Може па сега беше моментот да ги прочитам 50 нијанси сиво и скроз да се утепам. :rofl:
    Се шалам инаку. :D

    Мене многу ме убиваше во поим тоа колку страници има книгата. Мислам ми се темнеше од сите книги над 350 страници, а немам поим зошто оти тоа не ми било проблем никогаш. Ама ете, од многу прибирање секакви книги се случува и тоа. :)
    Затоа сега сите списоци се прочистени и се чита од строга селекција.

    Ама маливе книшки до по 200 страници ептен ме вратија во колосек. Ете нека стои и тоа, може ќе се спаси уште некоја со помош на кратките книгички. :)
     
    На Skyfall, cresa-jagoda, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Od Amelie isto e dobra Fear and Trembling:)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Ми се имаат случено и во моментов сум во една. Првата читачка криза мислам дека ми беше зошто се форсирав да читам многу глупа книга.

    Втората ми е сега. Од Октомври- Ноември покрај книги почнав да читам и стрипој и то многу во краток период и "прегорив". Сега книгата ја мачам по глава на ден, стрипојте ми се насобират нови глави зошто едноставно ... Неќам да ги прочитам. Па сега си давам време да ми пројди прегорот, па од после ќе бидам внимателна да не прам нешто од поќе.
     
    На Skyfall, GoodGirl45, *Ench@nted* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.724
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено читачка криза, колку и да се форсирам да седнам да читам не можам. Не сум доволно сконцентирана за тоа што се случува, не можам да се поврзам со ликовите и ја оставам книгата. Немам некои посебни начини за да ја прекинам читачката криза. Кога сум во таков период обчично бирам некој трилер за кој што сум прочитала доби коментари, разгледувам низ гудридс што имам на листата за читање, гледам другите колку прочитале и што прочитале, па добивам некоја инспирација дека и јас треба да читам.
     
    На Skyfall, GoodGirl45, *Ench@nted* и 3 други им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога ми се случуваат периоди на читачка криза му откажувам дружба на најдобриот пријател на човекот водена од мислата, кога имаш и добри и лоши моменти остави нека отстојат работите. Истото го правам и со книгите, не се форсирам за да ја одржам мотивацијата зашто знам дека дефокусираноста и декоцентрацијата ми се случуваат поради кулминација на презаситеност од книжевни содржини.
    Во таквите денови се навраќам на активности што сум ги ставила во мирување (боење, решавање крстозбор, составување сложувалки), се до стигнување на фазата правење нешто друго. Во различен период имам потреба од еден вид активност и така го организирам времето.
    Повторно и се враќам на библиотерапијата со препрочитување на омилен автор и дело. Тоа е преоден начин за потрагата по нови наслови.
     
    На smooch, Skyfall, *Ench@nted* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    И мене ме фаќало читачка криза најчесто после колоквиумска или испитна сесија, највероватно од тоа што 24/7 седев над книга учејќи и повторувајќи потоа никаква книга не ми се гледаше а камо ли ваќаше. Се случуваше една те книга да је читам цел месец. Кај мене најдобро функционирало додека ми е таа читачка криза да се свртам кон нетфликс и да гледам филмови/серии некој ден па потоа си се враќам на читање
     
    На GoodGirl45, *Ench@nted*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Не е лоша да ти кажам, приказната е ок, толку лесно читлива, доволно со поглед да ја прелетам страницата, а е на англиски. Не ми треба посебна концентрација :D
    Оваа е од оние free kindle books, има и втор дел, па може и да го купам ако ми се допадне. Обично не се скапи. А и на goodreads оцената и е преку 4.

    Да се вратам на темата...
    И да, пократки книги можат да бидат спас, ама јас дефинитивно морам да сменам жанр, обично нешто лесно.

    Последното презаситување ми беше кога читав Мураками една по друга, а него или го сакаш или не. Јас го сакам, ама дури и мене ми дојдеја претешки и преморбидни некои случки од книгите па морав да направам целосен обрт.
    Тогаш зедов "Бедни луѓе " од Достоевски, и како убаво ме "прочисти" со неговите "чисти " чувства и "невина" содржина, ме врати во едно друго време, после Мураками ептен ми пријаше.
    Сега можам пак да го читам Мураками :D

    Ама се случува да, без оглед колку некоја книга ми се допаѓа, да ја читам и по месец дена, едноставно од немање доволно време, или од другите околности, читам по страна/две колку да не заборавам што се случува, без форсирање, секако се периоди.
     
    На smooch, macka91, Skyfall и 5 други им се допаѓа ова.
  16. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случува, само јас пресериозно ја сфаќам, до депресии паѓање, арно ја отвори темава Мишелке, ако се случи пак, да ве читкам овде.

    Не знам, од кога знам за себе, читањето книги ме дефинирало како личност, не читам туку јадам книги, и сите ме знаат по тоа. Имав лош период во средно, што не беше месеци, ами години, 2 и пол, кога престанав да читам со интензитетот од порано. Ништо не можеше да ме фокусира на книга. И мислам дека полудев луѓе, си го сфатив како криза на идентитетот. Се чувствував како буквално да се изгубив себеси и тоа страшно ме тиштеше. Земав милијарда книги од библиотека, што не ги читав, ама анксиозноста ми растеше ако не ми стоеја во соба.

    Ми требаше време, да излезам од местото каде што заглавив, да си средам некои лични работи, да се смирам и успорам, и пак почнав да читам. А беше многу спор процес. Престанав со серии, почнав со автобуско читање, што ми е во омилените, и полека полека се вратив во нормала.
    Нешто што мислам дека страшно ми помогна, не само со читачката криза, туку и со кризите од ADD-то што ми го козумираше животот, е да престанам да користам смарт телефон, сега имам од старите телефончиња, а музика слушам на mp3 плеер. Животот ми се смени луѓе, милијарда пати на подобро. А и студирам нешто што само по себе бара тони читање, што исто ме потсети колку е убаво да седнеш, и да козумираш зборови, иако се поинаква литература.

    Немам листи, никогаш не планирам што ќе читам наредно, уште од дете сум од тие што влегуваат во библиотека и на лице место душкаат и наоѓаат по нешто. Уште ми е така најубаво. И следам некои фантастични блогови на tumblr, со извадоци од книги/поеми, само од таму ако ме зар'чка нешто го барам за читање. И то. :)
     
    На smooch, 1209, Skyfall и 6 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Исто, верувам средно најлош период ми беше. И се чувствував изгубена, запоставена можеби. Никогаш не сум била љубител на оние најпопуларните книги. Ниту самопомош, ниту сум некој романтичар да читам љубовни приказни. Ниту животни приказни кои се пишувани со цел само да допрат до сентименталната страна на човекот. А тинејџери ко тинејџери - сите тоа читаа. Женски, тогаш највеќе вријат хормоните. Што и да прочитав ми беше како да не сум читала ништо затоа што сите што ги знаев лудуваа по Спаркс, Даниела Стил, а јас никако не се пронаоѓав во тие книги. Не само што не се пронаоѓав, туку и крајно ме иритираа.

    Залутана по психологијата, фикцијата и научната фантастика, сличен таков период имав и пред 2-3 години, кога ја купив The Pact од Picoult. Ми се виде интересна темата, викам ќе има мачење мозок. Не, не и не. Ме уби книгава од површинско гребење на психата и никакво задлабочување. Искрено, помислив дека можеби не сум родена за читање, јас која имам награди од библиотеки за најдобар читател добивано, која сум читала и по 3-4 книги на ден, која морале да ја убедуваат да не чита толку. Искрено, не се ослободив од кризата додека не ја поклонив книгата. Ја дадов на читање на братучедка, да ја чита по летот накај Америка. Не сакаше да ја земе, што ако и се случело нешто на книгата, долг период бил и не сакал да и е обврска да ја пази. И реков дека е нејзина и ме не сакам никогаш да ми ја врати. Тогаш почнав да поклонувам книги кои се потенцијал за предизвикување кризи, а сум ги добила на поклон и некое чудо би ме натерало да ги читам. Коста Петров заврши кај сестра ми.
    Сега сум на It од King. Проблем ми е што имам обврски кои ги запоставувам за читање, па после кога сфатам што правам се префрлам на обврските и паузирам со читањето. 1200 страни ми се џвакаат малку тешко, баш поради таа причина. Сега сум во фаза на читање, да можам уште некако незабележително да го вметнам учењето во читањето би било супер, ама имам осет дека пак ќе го жртвувам едното на сметка на другото.
     
    На macka91, GoodGirl45 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    @dayla тоа со смартфоновите ти е ептен дисциплина, бравос за тоа.
    И јас сум свесна дека мобилниот ми го краде времето ненормално, дури и компјутерот не го користам скоро бидејќи се ми е на телефонот.
    Не би одила до таму да го откажам од употреба ама контрола мора да има.
    И дисциплина. Некогаш треба и да се натераш да ја земеш книгата и ти е тешко, ама кога ја земеш си помислиш зошто тоа не го сторив порано? :)
     
    На 1209, dayla, Wild.Cat96 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Буквално се пронајдов во тоа што си го пишал.
    Лекот е да оставиш два-три дена да поминат да ги средиш впечатоците, па освежен да продолжиш со нова книга. :)
     
    На GoodGirl45, *Ench@nted* и macka91 им се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Најголемата читачка криза досега ме фати минатата година и ме држеше 3-4 месеци тука некаде отприлика не се сеќавам точно.
    Мислам дека беше ради некоја книга којашто не ми беше интересна, па сум ја одолвлекувала премногу и не сум имала желба да продолжам со нејзино читање ниту пак некоја друга да почнам. Некогаш има период кога воопшто не ми се чита едноставно немам желба, но тоа кратко трае и пак си продолжувам со читање.
    Читам долги години и нормално е да ме фати некогаш криза и да немам желба за читање, некогаш имам и некои проблеми коишто не ми е дошло на памет книга да читам.
    Сега толку многу ми се чита што едвај чекам да си дојдам од работа и да започнам со читање. :D
    За да се справиме со читачката криза најдобар лек е да најдеме некоја стварно добра книга што ќе ни го одземе вниманието, мислам од тоа подобар лек нема. ;)
     
    На eliesaab, macka91, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.