Спремност за брак

Дискусија во 'Брак' започната од worrieddd, 28 септември 2018.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Што го прави човекот(маж или жена) спремен за да биде во брак? Како знаевте дека сте спремни за брак

    Што кога се двајца долго во врска и имаат разговарано за заедничка иднина и брак но тоа никако да дојде т.е е забавено? Односно едниот сака додека другиот мисли дека не е сеуште спремен на таков чекор? До кога ваквото чекање на едниот партнер да се реши за стапување во брак?
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.686
    Допаѓања:
    144.478
    Никогаш не си спремен за брак, затоа што технички не знаеш како ќе изгледа.
    Ама кога знаеш?
    Тогаш кога природно ти иде, дека со тој човек сакаш да останеш засекогаш.
    Не мора да форсираш ништо, туку само си доаѓа како нормален след на настаните.
    Кога во негова близина си посреќен и поисполнет, отколку со било кој друг роднина/пријател/љубовник...
    Итн..
     
    На Harper, crazylady, Anabelle.Amorette и 13 други им се допаѓа ова.
  3. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Машки
    Мое мислење е дека никогаш не можеш да се спремиш за брак, едноставно треба да се направи муабетот за брак меѓу партнерите.
    Искрено многу се одолговлекува чекајки кекои совршености а времето си заминува, треба да се преземат конкретни активности и да се работи на нив. Многу луѓе ги мачат најразлични стравови финаски, имотни, неостварени желби итн. Но ако сакате брак и тој да успее ќе работите на тоа заедички.

    Од православен аспект Светите Кнез Петар и Кнеѓиња Февронија се големи молитвени застапници пред Бога за младите кои сакаат да стапат во брак а ги попречува нешто :)
     

    Прикачени фајлови:

    На edna_malecka, kuc и La.loca им се допаѓа ова.
  4. lost123

    lost123 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    27.366
    Пол:
    Женски
    Добра тема на која одговор не знам ниту јас.
    Во долга врска сум, но сеуште не ми иде на памет за брак...
     
    На crazylady, edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.734
    Пол:
    Машки
    Лично за мене прво исполнување на неколку критериуми, па после знак прашање за брак а тоа се:
    Да сум развиен 100% за да можам да бидам во брак и да креирам деца.
    100.000 + евра чисти на лична сметка.
    "идеален имот во моја сопственост "
    "идеална жена" - стабилна / Љубовта на мојот живот.
    Финансиска независност.
     
    На crazylady, melnicanecot, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.757
    Допаѓања:
    193.806
    Пол:
    Женски
    :D:D:D
    Ова ти е теоријата уствари повеќе желба, еден сон така магичен ко од бајка :D ама праксата у животот друга ќе е.

    Ретко, рертко у денешницава кој има милиони зад себе и идеално живеалиште ко у холивуд:D уште по ретко е дека ќе се најде идеална жена исто како и маж оти идеално нема, не постои, посебно човек идеален на планетава мислам дека сеуште никој не сретнал :D

    Се изнасмеав.

    Се сложувам до некаде тоа што го пишуваш односно посакуваш.
    Според мене и мојот став е супер кога човек створил едно засебно живеалиште или подобро створиле и двајцата, имаат некоја пара на страна, претходно живееле заедно па нормално и логично би им било да си продолжат по исто темпо на хартија со потпис па и за понатамошна фамилија за дечиња и стварање вистински дом со повеќечлено семејство.

    Нормално, не дај боже сите се менуваме со тек на време... ама поентата е дали ќе надминеме се заедно, буквално се што животот носи.
    Бракот не е само љубов и секс.
    Бракот е пријателство пред се, двајца што се меѓусебно почитуваат па после се останато, како и љубов.

    Да сите имаа барем едно живелиште на страна од сите за свој комфор и мир, и некоја паричка на страна се тоа би било толку идеално и немало барем 90 посто од браковите да одат у аут ама за жал вистината е друга кај нас а уште пожално е што ти чука биолошкиот часовник.

    На крај, претпочитам брак со претходно меѓусебно живеење, колку толку сигурна работа и едно сопствено живеалиште.
    Се друго ќе се преброди ако се сака.;)
     
    На Marmarin, crazylady, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.734
    Пол:
    Машки

    Права си дадичке, меѓутоа тоа се моите критериуми и од тоа не одстапувам. ;)
     
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Или ќе се омажиш или не - ако не си ги достигнеш критериумите :D
     
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.247
    Пол:
    Машки
    Со првиот партнер да си земете одма.
    Не е битно кај ќе спиете и што ќе јадете, битно вие двајца заедно ко црева испреплетени ќе сте.
    Заедно ќе се будите.
    Сметки ако има пари ќе се платат, важно ќе се сакате.
    Шетање? Ене го паркот, за рака ќе се фатат и ќе се прошетаат.

    *Се молат 18 годишните деца да ги извадат розевите очила и да гледаат малку пореално на работите*!
    Фмп.
     
    На Abc07, crazylady, realGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    29.716
    Пол:
    Женски
    Темата е спремност за брак но во воведот никаде не прочитав финансиите како пречка бидејќи спремноста за брак е многу подлабока и поопширна него ли само финансиите, многу прашања се мотаат во глава, дали се гледаш себе си со една личност во децениите пред тебе? Дали доволно го/ја сакаш за да делиш моменти исполнети со непредвидливи ситуации и сопки кои ти ги мести животот ....
    А тоа за финансии е само мал дел, бидејќи денес имаш 100.000 на сметка, а утре ги немаш, а тогаш што следува? -развод?
     
    На Marmarin, Abc07, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    119.525
    Пол:
    Женски
    Скромно .
    Чак што више незнам дали во Мк постојат парови кои стапиле во брак без претходно да ги исполниле горенаведените критериуми .

    П.с Да си се држиш до ставот . Без отстапки молам :emo:
     
    На Monella, Mari*, marijaz и 2 други им се допаѓа ова.
  12. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најпрво треба духовно да се спремни партнерите, добро да се познаваат и со маани и со убави страни, да чувствуваат некоја зрелост и способност на носење одговорност и одржување на дом. Финанскиски може и во бракот да се стабилизираат првите години, не мора одма деца, година две работат двајцата нешто се трга на страна, па после создавање фамилија (реалноста само во Македонија не е ваква, поради ниските примања и немањето услови)
     
    На WildMk, edna_malecka, marijaz и 2 други им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Ova prasanje nikoj nemoze da go odgovori, jas pa voopsto.

    Sum bila li spremna za brak?
    Sto zna dete sto e 300 kg uzme pa nosi.
    Od kade da znam sto e brak pa da bidam spremna za nego.
    Toa se ludorii na mladite mozoci, se leta zini ke lapnes.
    I sega da treba da se mazam isto taka razmisluvam.
    Mozes li da go poznavas nekoj, kolku moze mene mm da me poznava koga osven dva saata ke se prosetame ili ke sedneme na nekoja piacka ili ke pojdes na 15 dena zaednicko letuvanje.
    Jas sama sebe ne se prepoznavam od pred 25 god, kakvi smesni misli sum imala, kakvi smesni cekori,.... od kade da znam jas kako toa zivotot ke ni se odviva, pa kako ke reagiral na taa I taa situacija,.....
    Zivotot te nosi niz situacii, pa ednas vaka ke postapis drukpat taka, nema pravilo…

    Brakot e macka vo vreka. Za nego nema spremnost ili nespremnost, vleguvas, probuvas, dodeka e super teras koga tvojte ocekuvanja se poinakvi od ocekuvanjata na partnerot, cao/prietno ideme ponataka barame nesto novo I povtorno "nespremna".(facepalm)
     
    На crazylady, poenta, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Имам зборувано со повозрасен србин најверојатно беше ром, баш ја отворивме темава и ми раскажува како сите негови деца и внуци се во брак. И ме прашува дали јас сум мажена, јас на тоа му одогварам дека е уште рано за тоа, дека кај нас е поинаку, дека се сменети работите, дека не склучуваме брак додека не создадеме доволно услови за независен опстанок и не исполниме некои зацртани цели. Тој на тоа ми одговара дека тоа од една страна е во ред, ама сепак времето поминува а векот е се пократок, дека некои работи нема да има време да се дочкаат и тн. А на тоа зошто дури и на 15-16 години ги венчаат одговара дека додека се млади сеуште не се свесни и не размислуваат, и откако ќе создадат фамилија и ќе созреат дека нема да можат да се откажат и ќе мораат да ја прифатат ситуацијата.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.715
    Допаѓања:
    110.098
    Сакам некогаш да стапам во брак, гледам иднина со дечко ми и имаме зборано за заедничка иднина. Моментално не сум финансиски независна, па тоа е прв чекор - стабилна работа. Следно, неќам да скокнам одма во брак и земам "обврска" туку сакам прво да живејме одделно и да видиме дали "ни оди", шо ако по цел ден заедно и со нашите домашни навики не си одговараме?

    Не дека се плашам од брак, едноставно не гледам на нешто специјално во него и пред да потпишам сакам да знам дека вистина можиме и да живееме заедно без проблеми не само да сме среќни како дечко и девојка.

    Неќам избрзани работи, а веќе извесен период сфатив чувството кога вели некој дека сака да се венча со одредена личност и да го помини животот со таа личност. Го чувствувам тоа, ама неќам да избрзам и да се каам, кога можи се да е "во свое време".
     
    На Harper, cresa-jagoda, Агнес :D и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.769
    Пол:
    Женски
    Мене лесно ми здосадува од луѓе така што ако одиме долго и не ми здосадило од него, ме сака го сакам.Се поддржуваме и сме стабилни луѓе тогаш мислам дека самото по себе ќе ми дојде да осетам.Сирота јас врска не сум имала како што треба не па за спремност за брак да зборувам :$ :makeup:.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    42730787_2105998066129242_2219432291602530304_n.jpg
     
    На Abc07, esperansa777, kosmodiks и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    18.769
    Пол:
    Женски
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    4.881
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена и не планирам во блиска иднина.
    Според мене спремност за брак значи човек да е емоционално зрел, да знае што сака, да има работа, постојано живеалиште и најбитно од се да си ја најде својата подобра половина па потоа да се размислува за брак. Сметам дека сите овие работи си идат со текот на годините.
    Никогаш не сум оправдувала трчање во брак само колку да се рече, без никакви планови како понатаму.
     
    На Агнес :D и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Мислам дека никогаш не може никој да каже да сега сум спремен/спремна за брак. Се тоа си зависи од самата поединка што и како го разбира бракот како заедница.

    Од моја гледна точка за да сум „спремна“ за брак најпрвин би требало јас да сум финансиски стабила, но секако и партнерот треба да има најдено барем некаква работа. Треба да имаме обезбедено кров над глава или тој чекор да ни е во план на реализација но, да може да живееме скромно. Уште поубаво би било кога би можеле да имаме некоја сума на пари заштедено за да може да си дозволиме некој убав одмор или пак да си купиме нешто.

    Но, мислам дека пред да се впуштам во брачна заедница би пробала да живеам сама со партнерот за да видам дали нашиот заеднички живот функционира. Доколку не можеме да живееме како заедница нема потреба да се мачиме, подобро би било на почеток се тоа да се среди одколку кога ќе дојде до проширување на семејството.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.