gingerchild темата не е дали или не ти спуштил слушалка, него- како како реагирате во таква ситуација. Мене ми се десило, и да ми спушти и сум му спуштала. Он кога ке ми спушти му го вадам на нос- ја не кревам со денови
До сега еден пат ми се има случено тоа,тој да ми спушти слушалка. И после тоа 2 дена,не му кренав слушалка.. Обилно јас сум таа што спушта,ама попушта ми тој
ретко се случува он да ми спушти али вака останувам , и пак му вртам за да ми се изнавикам што ми спуштил,
епа како да ти каже како реагира кога и се нема десено тоа јас не сум ни имала врска подолга од една недела ама еве ќе ти пишам како ја би реагирала би му била лута доволно за да не му текне другпат да го напраи тоа или во најлош случај би му раскинала
Епа askme тоа сакаше и да го каже, ако и се нема случено, можела да напише како би реагирала или воопшто да не пишува, како што ти на пример си одговорила
За таков дебилизам на другарка би и` се налутила, не па на дечко. Одбиваш дискусија = не сакаш да ни` се среди комуникацијата, јор лос. Ова не се важи у ситуација кога би била повеќе од безобразна и ми спушта за да не ме отера где сунце не сија.
Скапо ме кошташе тоа што еднаш спуштив слишалка за тоа ќе се каам дур сум жива. Тоа ми беше лекција никогаш повеќе да не го направам тоа колку и да сум лута. А ако се најдам во ситуација да ми спуштат слушалка, би била многу лута, мислам дека би ја казнила личноста така што неколку дена нема да кревам слушалка.
И сум спуштила, а богами и ми спуштиле. Ќе се оладиме и после се јавува тој што спуштил, се продолжува со смирен разговор и се решава проблемот. Со сегашниов сме доста лоши на јазик, па подобро така, него да претераме и да нема назад.
Доста често го добивам овој третман. И не се лутам, подобро да ми спушти него да му се изназборам што мислам и не мислам во афект. Јес да го пцујам здраво откако ќе ми спушти, ама ќе се смирам, па ќе ми се јави по некое време и ќе направиме нормален муабет.
Хаха и сум го направила тоа и ми го направил тоа... Кога јас ке му спуштам знае да се налути но за кратко време попушта А кога тој ми има спуштено слушалка му пишувам смс и после не кревам цел ден или (пократко) зш неможам да држам лутина повеке за да не се караме за глупости....
Ау нервоза ме фати од самиот наслов на темава. НЕ! Ненормално ме нервира спушањето слушалка, катастрофално непочитување ми е не знам зошто толку ама страшно ме иритира тоа. Абе кој сака нека е ако ми спушти ми се спојуваат жичките. Ова ми е првичната реакција кога било кој ќе ми спушти слушалка. На пример мајка ми кога ќе ми спушти, и се јавувам и кажувам два три збора ко на пример дека е некултурна и и кажувам чао Со татко ми веќе отрпнав зошто кога е на работа само врти си кажува што има и трес слушалката, ама немам што да му правам него А додека бевме заедно со човекот леле во моментот кога ќе ми спуштеше во сред разговор/кавга, притисокот максимално ми се креваше, ама не знам ниту да објаснам колкав бес ми задава тоа. Ми идело вратчето вака да му го свиткам После веќе не се караме за првичната причина туку кавгата се префрла на тоа зошто по ѓаволите ми спушта и бега од разговор. Најиритирачко е кога ќе спуштеше и после уште не ми крева, како што кажала виножитка со цел јас да се смирам, а јас со секој поминат момент се повеќе беснеам и се нервирам па посакувам да го треснам телефонот. После секако ќе се смирам ама ќе бидам многу лута и кревав ако врти ама зборував рамнодушно цело време. И од инает почнав и јас да му спуштам да види малку како е па после пеевме друга песна. Не знам, непочитување ми е, навистина некултурно ми е, неубаво, не разбирам зошто луѓето имаат потреба од тоа. Јас не го практикувам(освен во одредени ситуации со него), не сакам да ми спуштаат, без разлика дали се караме или убаво зборуваме, секако муабетот може да се доврши, а и да се караме не е страшно дечкото да ми каже на пример: еј мече многу си нервозна, исто и јас, ајде за еден саат ќе се слушнеме ќе збориме... а не трес слушалката. Навистина, можеби реално не е уау кој знае колкава работа ама... ете, моето мислење е такво.
Како живописно ги претстави ситуацииве Инаку нема потреба од спуштање. Ми се има случено во помладите денови и сфаќам колку било незрело и непромислено Тоа е како да си заминеш сред расправија. Ниту ќе се доискажеш, ниту ќе дослушаш, ниту ќе решиш нешто. Додуша, да се до/сослушуваме и да се ставаме на местото на другиот, не би доаѓало ни до расправии
Многу е кукавички да спуштиш слушалка, тоа значи дека неможеш да најдеш аргументи за да се спротиставиш на другата страна и секако се избира најлесниот пат да се спушти слушалка. Јас не сум спуштила слушалка или барем не памтам, а ми спуштил бившиот дечко и тоа повеќе пати и го разбирам потполно, во расправија тој се нервира, се напнува зошто неможе да се справи со мојата ладнокрвнос, иронија и сарказам. Не држам лутина ако некој ми спушти слушалка, неможам да се лутам за такви банални работи.
Би требало да бидит : изброј до 10 па спушти слушалка. ми се немат десено ни да спушта ни да ми спуштат. ама сепак никому не посакува такво нешто не би се чуствувала убо.
Искуството покажало дека спуштам само кога знам дека не сум во право, те кога сфаќам дека не сум... Инаку цк! А мене не ми спуштиле никогаш, но ми мрчеле ради моето спуштање. Ама после си признавам и се извинувам за реакцијата дур се смешкам под мустаќ. Ваљда дека не било за сериозни работи.
Не ми се случило да ми спуштат слушалка, ама сум спуштала и тоа како, но тоа било во ситуации кога другата страна немала што да каже, лажела, се дерела и слично. Не сум должна да трпам се и сешто.