Што ако некоја девојка му се допаѓа, а тој не и приоѓа од срамежливост?? Срамежливоста- честа појава кај девојчињата, но колку е присутна кај посилниот пол?? Ваши мислења, искуства?? Споделете тука
па има и срамежливи машки ете јас сум еден од тие кога сакам да придам на некоја девојка оденасж акко да ми се одсечат и рацете и нозете и оставам за друг пат потоа се каам и мислам доколку некое женско свиѓа некое машко да му приде доколку е отворена бидејки не ни е баш лесно и на нас машките поззз
Секако дека е присутна и кај машките и тоа мислам дека кај повеќето, само што некои поуспешно се носат со неа. Одредена доза на срамежливост дури е некако симпатична, барем мене ми е ми изгледа искрено. Повеќе сакам срамежлив кој сепак се обидува некако да реагира, отколку некој фраер на батерии ги викам јас оние со исфорсирано некое по нивна замисла мангупско приоѓање. Ама срамежлив дечко кој не е од никаква акција е веќе проблем. Па, сега ако девојката е поотворена може малку да го поттикне на пристап или разговор, ако па двајцата се претерано срамежливи ќе мора да користат џокер - пријатели .
јас како машко сум срамежлив но само да и придам инаку не сум ке си правам муабет со нив ке се шегувам се но кога сакам да прасам да излезиме или нешто слично како блокиран сум сакам ама ми е страв да не изедам некоја корпа :/
и јас мислам дека има голем број машки кои се срамат... така мн срамежлив е еден врсник мој кој што физички е екстра и остава таков впечаток на фраер шознам ти јас... ама пред женски типацов го нема од срам не ни те погледнува нит здраво вели....мене ми е многу чудно таков тип со кренат нос да се срами од женски некако не ми одат работиве
Пуста срамежливост.. и мојов е многу срамежлив а јас па не знам што е тоа срам - Како ден и ноќ сме.. и ми смета затоа што се си мислам дека крие нешто дека е сумљив си праам филмови во главата он едноставно таков е.. !!
А чекај Бој, зошто срам? Зошто се срамиш, поради што чувствуваш толкав срам за да и пријдеш? Ако си одговориш на овие работи сигурно ќе го надминеш, верувај за што и да се срамиш нема потреба, само имај самодоверба(верувај во себе) и биди ПРИРОДЕН, нормален, позитивен, не гледај по секоја цена да и се допаднеш и во секоја смисла зошто тоа не е можно и не очекувај премногу. Не мора од прво запознавање да знае кои ти се намерите за која-било девојка да се работи. Ако си мислиш предвреме каков впечаток ќе оставиш кај девојката и поради тоа се плашиш поарно ич не и приоѓај. Ај другите примероци од машки пол сакам да ни дадат размислување за како доаѓа до срамење и негово надминување, верувам ќе им биде од помош на тие што читаат, и како ние женските(според кои знаци) ќе знаеме дека тој се срами. Верувам дека според зацрвенување на лице, однесување, ама зошто се јавува таа срамежливост пред приоѓање на некоја?
па види нз како кога ми се свиѓа некоја девојка а воопшто не се познаваме како ке и придам немали да излега глупо (манијачко) а пр кога с запознаеме со некоја девојка и почнеме да се држиме неможам да ја прашам бидејки мислам ке си го расипам пријателството
Епа ако не сте се запознале, ќе се информираш за тоа во кој круг се движи и ќе видиш дали имате заеднички пријатели и сигурно преку нив ќе стапиш во контакт со неа, ако од твоите познаници има еден што ја познава или од нејзините познаници познаваш барем еден решена работа, само треба да посакаш и да смислиш план како ќе биде запознавањето. Дали на познаникот ќе му кажиш да те запознае ама онака без да знае таа демек случајно ти одиш на местото кај што се и се запознавате или ќе чекаш погоден момент познаникот да е со неа за да се запознаеш или сега ако не има и фејсбук и други мрежи па одпрво можеш и преку тоа да стапиш во контакт со неа(ама ова не ти го препорачувам) таа повеќе би го ценела директното запознавање. Значи има начини само ако се сака и нема потреба од срам, нема да испаднеш како манијак нити глупо ако и речеш едно здраво и и поставиш едно прашање(ќе може да се запознаеме?) Сепак зависи многу од ситуацијата. Или само погоден момент ако си до неа и пушташ рака и и викаш Јас сум *** викај ме ****, а ти ? И ете тргна работата после следува покана за прошетка/кафе што знам и така.
благодарам LUX ке пробам да бидам по отворен па нека биде што ке биде па макар и корпа да си ја пробам среката благодарам уште еднаш
јас секогаш сметам дека треба да се ризикува и на сите им давам совет да не се срамат/плашат туку да преземат нешто.. супер ќе биди ако и јас почнам да ги користам тие совети
Мислам грешиш, корпа е корпа и машко и женско ќе го боли да ја добие а освен тоа не се сите машки каваљери така да и тој може да издига нос па да ја погледне у стил која е оваа, не мисли дека на девојките им е многу полесно кога ќе бидат одбиени . Ќе и пријдеш најнормално (без да ти се чита на фаца дека ти се нозете пресечени од страв), ќе и заправиш најпријателски лежерен муабет, ако сака ќе ти заправи и она и или ќе си прејдете на флерт или ако остане ладна и гледаш повремено врти глава и ти прекинува муабет или ти колута со очи ќе и кажеш, фино шо се упознавме, ЧАО и ќе си отидеш . Еднаш ако се пресрамиш после ќе видиш колку е лесно а инаку не се пуштај АПЛА и никад нема АПЛА да добиеш корпа. Мене ако ме одбие за кафе не го сметам за корпа така да викај слободно без страв, некоја ќе рече супер имам време, некоја извини зафатена сум ама таква е играта . Лежерно без страв и ќе биде . Пс. Ова додатно на фините совети од девојките претходно
се согласувам корпа си е корпа и машките и женските знаат да удрат корпа навредливо.. зависи од личноста..
Точно ама треба да не ти е гајле дали е навредлива или не, не сака и толку, не мора да биде фина. Понекогаш повеќе ценам кратка и отсечна (макар и навредлива корпа) за да си знаеш на што си отколку некој да те мафта и си дига его а знае дека само си го губиш времето а знае дека никогаш нема да биде со тебе. Пофино да ми рече јас и ти може заедно само во другиот живот отколку да си имам лажна надеж и да си губам време и да испуштам други прилики . Освен повредно его од навредлива корпа ништо не губиш туку баш си знаеш на што си .
Ќе бидам искрен многу се срамам ... со едно девојче се бендисуваме повеќе време. И таа ми кажа дека ме бендисува и сакам да излезам со неа само една вечер но неможам се срамам. Дај кажете што да направам како да излезиме, па кога да излезиме што да напрам,каде да ја однесам, и како да му се пуштам, да не се обрукам пред чупето , бидејќи е поискусна.Се надевам дека ке ми помогнете да го поминам овај *Сремжлив* проблем!
ако ти кажала дека те бендисува тогаш патот ти е отворен. .едноставно случајно оди кај неа, започнете некој обичен разговор и прашај ја дали сака да излезете.. ако веќе ти кажала дека те бендисува значи сигурно е дека нема да те одбие.. пред тоа, можеш да ја прашаш каде таа обично излегува и според тоа ќе знаеш каде да ја однесеш.. потоа кога ќе излезете сигурно ќе најдеш некоја заедничка тема, зборувајте каде сте биле во летото, за кошарката, филмови, музика и слично... со среќа
Како што кажа Хмен - едноставно одиш и се пушташ.....Да најлесно е преку другар или другарка т.е. некој да те запознае, но сепак ако им кажеш зашто сакаш да те запознае, веќе друга е играта....Додека ако си отидеш сам, тогаш сам си ја кроиш својата судбина.....Никој не бил успешен од прв пат....ехеееееее колку корпи имам изедено у животов, боље би ми било пред да заспијам да бројам корпи од колку овци шала настрана - едноставно се престрашуваш, а со тоа добиваш и искуство....Нема да изгледа манијачки, доколку ти не го направиш да изгледа манијачки....едноставно одиш, се запознаваш, си праиш муабет и ќе видиш како ќе оди....на крај ќе и побараш бројче за да се договорите некој ден на кафе и тоа е тоа... А иначе за срамењето (да кажеме нешто и за темата), секој е срамежлив.....И машко што се пуштило 1000 пати, пак ќе е срамежлив пред да се пушти, пак ќе има пеперутки во стомак пред да отиде....Но штом си се решил да одиш - оди !!!! Не да наоѓаш изговори, па не е погоден момент, па ајде за 5 минути итн, зашто само се лажеш самиот себе дека ќе отидеш а всушност нема.....туку едноставно се решаваш и му викаш на другар ти - БРАТ ОДАМ ЈАС, wish me luck - и идеш у напад....