1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срамежливост од партнерот....

Дискусија во 'Врски' започната од charliee, 4 јули 2012.

  1. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    епа вака девојки во последно време коа веќе почнав да размислувам за тоа како да го направам сексуалниот живот повозбудлив се сетив на многу работи кои би можела да ги направам но сепак ми е срам од партнерот.дали некогаш сте се нашле во таква ситуација и како сте ја пребродиле??

    ако има ваква тема слободно канта.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D :D страхота беше порано мм порано дечко да ме види ко од мајка родена, строго изгасени светла, ќоор темница или земав по 2-3 ќебиња да ми се најдат :D . Со тек на време како се зближувавме, опуштавме на велико си дојде само по себе. Никогаш не се срамев од своето тело затоа што некогаш имав и некој + кг ама така ми беше многу незгодно.
    Мислам дека тоа е до карактерот. Сум имала другарки кои ги депилирав на препони и голи се шетаа пред мене а мене тоа бог да чува да ми се случи :$ . После незнам колку год. се осудив да појдам на гинеколог за еден обичен ПАП тест а и дете родив. А за да родам си викав од дома жена д-ка да ме породува која е мајка на наша пријателка :).
    Ме знаеше каква сум и не ме присилуваше на ништо. Само по себе и со време си дојде она загасено светло, свеќи, нови пози, експириментирања, заедно капење и сл.

    Сама ќе почувствуваш момент кој ќе те понесе и дека можеш тоа да го направиш - што и да е. Гледај да си повеќе спонтана а така доаѓа и поголема возбуда. Штом еднаш го скршиш мразот :) после ќе немаш гајле. Не дозволувај да те совлада монотонија затоа што ти е срам да направиш нешто ново. Избаци си ја од глава мислата ,,што ќе помисли за мене,, (претпоставувам дека и тоа некогаш ти се врти низ главата) затоа што е нормален нагон/потреба кој секој го има.
    Разговарај со него, онака отворено дека би сакала да пробаш нешто ново или да направиш нешто ново, верувај ќе му се допадне и ќе се потруди максимално да те опушти.
    Епа така, среќно, пали свеќи и вежбај пред огледало :D :D се зезам да те :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    не ми е срам да му се покажам гола си го сакам телото имам доста добро обликувано тело срам ми е на пример да му заиграм стриптиз зашо ова време лани некако ме натера да му играм али некако не беше тоа тоа, сега да кажам усовршив дел од техниките за играње(иако не сум некоја плесачица) па решив да му играм али срам ми е сепак, (си мислам а што ако се сопнам па наместо стриптиз да испадне комедија или такви работи),срам ми е да му побарам некоја нова поза,срам ми е да му побарам орален секс, и уште неколку работи за кои се срамам да му кажам или да му побарам....
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    2 чашки ракија и ќе се вртиш на шипка како профи танчерка :D Озбилно, дрмни нешто да се опуштиш, клекни на колена ако сакаш орален да му пружиш, превземи ги работите во свои раце. Изблесави се, ако наидуваш на отпор, заврзи го за кревет, исполни си ги фантазиите :) Па и да се сопнеш или паднеш ќе биде поинтересно, изведи нешто, снајди се, укажи со дела, не со зборови :)
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Срам ми е од малиот белег кој го имам најдоле на стомакот од царскиот рез :envy:
    Срам ми е и од градите мои кои самата женска природа малце ми ги измени после двете бремености и доења, и се обидувам да се убедам дека нема потреба бидејки гледам девојки кои се сликаат со исти како моите голи и гордо ги покажуваат, но кога ќе помислам колку ми беа цврсти ( ко да ќе прснат ) порано , сега многу се срамам од нив, и тоа ми е некоја кочница за тотално уживање, иако типот ми ги обожава , многу ги мразам моментално.
    Ама за второво има лек, и ќе го применам. :angel: