Срам ми е да приjдам

Дискусија во 'Сингл' започната од Sramezliv-iot, 12 ноември 2012.

  1. Sramezliv-iot

    Sramezliv-iot Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите од форумов..добро ве најдов :P
    Пред 2 недели идев у град со едно моме шо се свиѓаме и се друго, и како 1во признавам дека Ќутев ко ќор чоек без стап и така седевме пола саат саат и прекувремено нешто така од глупос зборев (до душа ни не памтам шо сум кажал шо бев толку изгубен) и после шетавме малку натаму наваму зборевме од се по нешто али ја Срам Срам ке се сопнам одеејки од срам.
    И сега моментот е тука кога треба да и се пуштам или незнам шо (не сум ја искусен 1 пат ми е) а умирам од срам и дајте некако поможите народе машки женски кој било.... :tmi: :sweat:
     
  2. phoenix1

    phoenix1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Срам ми е да придам

    Братче, чисто информативно, престани да бидеш таков. ЕДНОСТАВНО ПРЕСТАНИ! Не сте свесни колку многу тоа ги иритира женскиве. Значи .. премногу. Па кога веќе сте излегле и се понашате така... уф. хахаха. Искрено, за твое добро и за понатаму, престани да се срамиш, навистина немаш придобивка од тоа. :) А сега.. гледај, прај и поправи си ја грешката, викни ја пак на кафе или нешто и ПОЧНИ да зборуваш. хахаа. Едноставно, не гледај на тоа дека си со неа, како со некоја другарка да разговараш. :)
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.740
    Срам ми е да придам

    те свакам дека ти е срам, ама гледај барем да не го покажуваш пред девојката што ти се допага
    кога ке ја видиш почни некаков разговор, ке видиш како срамот ке го снема :)
    со срека
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Срам ми е да придам

    Одговори си на овие прашања и ќе ти стане јасно дека не треба да ти приде срам?
    Од што се срамиш?
    Што е срамот?
    Во кои други работи освен во љубовта те кочи срамот?
    Зошто ти е срам да пријдеш?
    Дали се срамиш од реакцијата на девојката или се плашиш да не се пушташ на погрешен начин?
    Се плашиш од следниот чекор- што после пуштањето?
    Или воопшто не знаеш како да се пушташ?
    Недоволната самодоверба те тера на срам?

    Секое машко има свој пристап во таа работа и сите машки исто не се "пуштаат", секое машко има различен пристап и различно се пушта дури и на различни женски во согласност со карактерот.
    На некоја ќе и одговара еден пристап, на друга малку поинаков во зависиност од нејзиниот карактер и нејзиното однесување. ;)
    За да знаеш дали правилно постапуваш само следи ги нејзините реакции од тоа што ќе и го кажеш, не штеди милозвучни зборови, ама немој ни да претераш, дели и комплименти, ама нека не бидат пренападни. Доволни се само неколку реченици и разговорот ќе тече во насока во која ти сакаш, ама само ако си умешен да го одведеш во насока која тебе ти одговара, значи нека има и општи теми, ама треба да го процениш моментот кога треба да ја свртиш темата малку кон твојата цел, мислам дека се разбираме.
    Се што ќе кажеш нека има смисла, макар и да е смешно, некогаш е убаво да ја насмееш.
    Нема потреба од срам, тоа е најнормална работа, нели се нешто од нешто мора да започне, во случајов врската започнува со пуштање или додворување.
    Само храбро, биди полн со самодоверба, воодушевија и ќе биде твоја.
     
  5. Sramezliv-iot

    Sramezliv-iot Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Срам ми е да придам

    Хахахах На крај краева
    Она виде-не-Виде самата ме За*апа и сега си се срцкаме :**
    (Глупо е малку шо она беше прва али Whatever.. Супер ни е)....

    Позз со Песната http://www.youtube.com/watch?v=Tv2XP3TJ ... re=related
     
    На GossupGirlxoxo, FotoLina3 и kravce им се допаѓа ова.
  6. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.823
    Срам ми е да придам

    ^Мило ми е што добро поминало, и нема потреба за срам воопшто. Само опуштено и биди си свој.

    Малце оф, ама незнам како темава прво ми се прочита "Срам ми е да прднам" :rofl:
     
    На GossupGirlxoxo, FotoLina3, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.889
    Срам ми е да придам

    леле ненормална сум :tmi: .Наместо придам јас прочитав прдам :tmi:
     
    На GossupGirlxoxo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    Срам ми е да придам

    ХАХАХАХАХАХАХАХА :rofl: :rofl: Исто!!
     
  9. Sramezliv-iot

    Sramezliv-iot Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Срам ми е да придам

    Нема везе Мене не ми е срам да Прдам Ја Секој ден си прдам по дома :lol: хаха
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.231
    Срам ми е да придам

    Сега си без срам и перде :D
     
  11. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    681
    Срам ми е да придам

    хааххаах И јас исто,после гледам во сингл и вака :o
     
    На Sramezliv-iot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sramezliv-iot

    Sramezliv-iot Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Не до толку се контролирам :)
    а Прдењето одамна ми останало Хаха се толерирам понекогаш хаха :emo: :tmi:
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Темава отиде во неповрат, време и е за клуч.
     
    На GossupGirlxoxo, LittlePinky, Name и 4 други им се допаѓа ова.
  14. STEFffff

    STEFffff Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Срамежливост

    Незнам како да и кажам на некоја девојка дека ми се свиѓа бидејки ми е срам. А ако и се приближам не можам да и кажам се збунувам и не успевам. Ајде помагајте што да правам
     
  15. Filip-95

    Filip-95 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Помош: Депресија

    Здраво, имам 17 години. До сега не сум имам девојка, а нету пак некои контакти со женско. Имам онака познанства, ама другарки не. Последниве 7-8 месеци, буквално постојам, а не живеам. Додека траеше школската година, колку-толку имав контак со луѓе во школо, но сега седам само дома и многу глупо се осеќам. Имам само 3-4 другари, но не искачам со нив, само они понекогаш доаѓаат кај мене. Ме викаат да излезам со нив но некако ми е глупо дека изгубив контакт со луѓе. Се мислам дека кога ќе излезам, само ќе седам и ништо нема да зборам, бидејќи нема да најдам тема на разговор па ќе мислат дека сум намќор :D .
    Се си викам од утре ќе се сменам, ама тешко. Не знам како да се понашам спрема девојче, највеќе ради тоа не идам со другарите, зошто има девојчиња во друштвото. Не дека се срамам, туку не знам што ги интересира девојчињата. Ако ме прашаат нешто ќе одговорам и толку. Од друштвото на едниот другар има едно девојче што ми се свиѓа, до сега двапати се имам видено, но незнам како да и покажам дека ми се допаѓа. Исто, ако ме праша нешто ќе и одговорам, и после молчам, и доаѓа до многу незгодна ситуација. Девојчето сигурно си помислило дека сум срамежлив или намќор, а не сум. Едноставно не знам за што да праам моабет. Дури и да ми се пушта девојчето(сум имал такви прилики, од други девојчиња) јас пак нема да и покажам дека ми се допаѓа, ќе се правам дека не сум заинтересиран(а сум), тоа ми е најголем проблем. Правам така, зошто откако ќе се зближиме, незнам како да и пријдам, што да разговарам, незнам да се мувам. Како да и покажам дека ми се свиѓа?

    Мислам дека проблемот е што пребрзо пораснав, па сите муабети ми изгледаат детски. Сите се смеат на нешто, а мене тоа ми е глупо, зошто порано за истото сме зборувале 20 пати. Незнам што ми се случи, порано не бев ваков, но сега буквално ми е страв да излезам на улица, да се замешам со луѓе. Незнам зошто. Кога сум со другарите, сум потполна друга личност него кога сум во друштво каде има барем еден непознат. Помагајте :D
    Како да се сменам, и како да му докажам на девојчето дека ми се свиѓа, а да не добие погрешно мислење за мене, зошто стварно, едноставно незнам како да направам муабет со девојче, никогаш не почнувам прв да зборувам.
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    6.619
    Помош: Депресија

    Pa problemot tvoj i ne mi lici na depresija bas,ednostavno si se povlekol od socijalniot zivot.Mozebi se raboti za minliv period,preispitaj se sto i kako te dovelo do ovaa situacija,koja za tebe e neizdrzliva.Moj sovet e prvo da se opustis i da razgovaras so nekoj drugar ili najubavo so roditelite,koi veruvam deka celosno bi te razbrale i sigurna sum deka zaedno ke go najdete vistinskiot nacin za promena na sitguacijata.Sepak ako spored tebe mislis deka se raboti za nesto poveke od povlekuvanje od socijalniot zivot,te sovetuvam da posetis strucno lice psiholog ili psihijatar koj so razgovor bi te otrgnal od negativnite misli.
     
  17. Filip-95

    Filip-95 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Помош: Депресија

    Изгледа порано требаше да ја отворам темава. :D Баш денес, излегов со другарот и седнавме со неговото друштво кај него во двор. И девојчето што ми се свиѓа беше таму. На почетокот бев здрвен, само седев, но по 7-8 пива никој не можеше да ме запре. :D Не бев пијан, само се опуштив, па почнав со девојчето да правам муабет, онака и почнав да и се допаѓам. :D Ми даде и број, ама сега пак незнам што да правам. Сватив дека премногу размислувам за тоа што ќе кажам, да не биде глупост или слично. Мора да најдам начин како да се ошуштам во друштво со непознати, ама без алкохол :)
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    4.035
    Пол:
    Женски
    Помош: Депресија

    Зврц и викни си ја на кафе , прошетка или било што и само по себе ќе ти дојде ќе се опуштиш . Сепак друго е кога сте само вие двајца друго е кога околу тебе и неа има 32-ца :D ајде крши нога , и се надевам следно ќе се пофалиш дека имаш девојка :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pixy-star

    pixy-star Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Помош: Депресија

    Значи и јас поминував низ таков период. Ги изгубив другарките и другарите.Сите ми го свртија грбот и од тие што очекував некаква поддршка не ја добив.Едниствено тука беа родителите кои и ден денес ми помагаат.Но сепак тоа не е доволно.Се чувствуваш празно и не исполнето.Порано и јас бев таква не дека сега не сум но помалку. Се трудам повеќе да зборувам и секогаш наоѓам некои теми. Многу молчев и сите ме сметаа за дива. Имам фаца на сериозна личност но оној што ме познава не би го потврдил ова. Така да опушти се и не мисли многу што ќе речат другите и не си земај се при срце зошто уште повеќе ќе се повлекуваш.Ова ти го кажувам од лично искуство. Но ако гледаш дека подолго време не ти поминува побарај стручна помош не е ништо страшно или пак поразговарај со некој :D BTW и јас немам некое големо љубовно искуство. :D
     
  20. Filip-95

    Filip-95 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Помош: Депресија

    Абе лесно е да кажеш дека ке се опуштиш ама ајде реализирај го тоа, неможам да се опуштам, незнам зошто. Кога сум сам, размислувам што се требало да кажам кога сум бил со друштво, ама џабе.
    Мене не ми го свреа грбот другарите, туку јас се повлеков од нив и од надворешниот свет. Многу ретко искачам. Тие неколку другари што ги имам, што се знаеме од деца, цело време ми даваат подршка, ме викаат да излезам со нив, ама џабе. Во непознато друштво опуштен сум само под дејство на алкохол како што пишав, да разбијам трема :D Всушност не сум пијан туку, тогаш го добивам она, моето јас. Тоа е она што сакам да бидам, ама неможам.
    Еве зошто: секогаш молчам, незнам што да кажам, а отпосле размислувам што требало да кажам. Каде што има непознати, едноставно ми се блокира мозокот. Се си мислам дека имам некои недостатоци, поради кои останатите ќе ме исмејуваат, а немам. Кога ќе ми текне што се си мислев за мене, се смеам, а истото ќе го правам и за ова што го мислам и сега. Си давам се некои обврски, на пример си викам кога ќе го завршам ова ќе почнам да излегувам, а потоа ќе најдам друга обврска само за да не излезам.

    А за девојчето, :) створно имам шанса и несакам да ја испуштам. Дај кажете вие женските што ви се допаѓа највеќе, кои ви се темите на разгговор и слично, зошто јас само за сериозни теми правам муабет :rofl: За политика, за наука, психологија, и слично. Со врсниците неможам да си направам муабет, а со постари личности можам да водам дискусии со саати. Како што кажав пребрзо пораснав, размислувам за иднината, за вработување и слично.